IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мафини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мафини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2017 во 21:43

Вкусни мафини со карфиол и сирење


Понекогаш за да подготвите вкусни јадења не се потребни многу состојки, туку и со наједноставните може да подготвите закуски кои откако еднаш ќе ги направите, ќе посакате да ги јадете постојано.

Токму таков рецепт е и следниот за кој ви се потребни само три состојки.


Потребни состојки:

  • 400гр карфиол
  • 200гр сирење
  • 1 јајце
  • зачини по желба (наша препорака: лук во прав и оригано)
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190°С. Сварете го карфиолот во врела вода, а потоа изблендајте го во блендер. Исцедете го вишокот вода и додадете ги јајцето, сирењето и зачините. 

Наполнете ја смесата во калап за мафини и печете од 12-15 минути додека не се заруменат на врвот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2017 во 13:04

Рецепт: Мафини од рогач


Рогачот е дрво чиј плод служи како засладувач, брашно за колачи и кремови и за штрудли.

Истиот може да се користи и како замена за чоколадо, а денеска Ви откриваме рецепт за совршено меки и вкусни мафини. 

Потребни состојки:

• 2 шолји брашно

• ¾ шолји шеќер во прав

• 1 шолја млеко

• 2 шолји изгмечени банани

• 2 јајца

• 3 лажички рогач во прав

• 1 лажичка јогурт

• 1 лажичка екстракт од ванила

• ½ лажичка цимет

• ½ лажичка сода бикарбона

• 150 гр. путер, стопен и малку изладен

• малку сол

Припрема:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и намастете ги калапите за мафините. Измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот, солта, рогачот, содата и циметот. Потоа, во средината додадете ги јајцата, млекото, стопениот путер, јогуртот, екстрактот од ванила и бананите. Мешајте сè додека состојките не се соединат. Наполнете 3/4 од калапите со смесата, а потоа печете околу 20 минути. Извадете ги мафините од рерна, оставете малку да се излади и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Август.2017 во 14:12

Овошни мафини со праски

Искористете го сезонското овошје и направете сочни мафини со праски кои ќе ги обожувате.

Потребно е:

400-500 грама брашно
30 грама квасец
1 лажичка шеќер
малку сол
300 ml млеко

Полнење:

1 пудинг од малини
200 ml млеко
2 лажички шеќер
300 грама праски
50 грама суво грозје

Подготовка:

1. Замесете тесто со квасец, шеќер, млеко и брашно, додадете малку сол. Тестото мора да бид етврдо и мазно.

2. Оставете го да порасне, развијте кора со дебелина од 1 сантиметар, па со чашка извадете крофнички. Развлечете ги малку со рака и обложете ги калапите за мафини. На дното ставете една лажичка суво грозје.

3. Пудингот згответе го во млекото во кое ќе додадете шеќер (по желба). Оладете го малку и ставајте лажичка по лажичка во мафините преку сувото грозје. Преку пудингот втиснете парчиња праски. Покријте ги малку да нараснат и печете ги околу 30 минути на температура од 200 степени.



Изменето од Valerija - 02.Август.2017 во 14:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2017 во 09:00

Мафини со јаболкa и цимет


Вашиот следен рецепт за десерт нека бидат овие вкусни мафини со јаболка и цимет.

Потребно е:

200 гр брашно

140 гр шеќер

1 лажиче цимет

2 лажичиња прашок за пециво

малку сол

1/3 чаша (од 200 мл) масло

1 јајце

1/2 чаша полномасно млеко

1 јаболко, изрендано

1 јаболко, исецкано на коцкички

Подготовка:

– Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво.

– Во друг сад изматете ги маслото, млекото и јајцата. Полека додадете ја оваа смеса кај сувите состојки и мешајте со дрвена лажица.

– Додадете го изренданото јаболко, а потоа и јаболкото исецкано на коцки и измешајте.

– Со горната смеса наполнете ги книжните корпички 1/3 од волуменот.

– Подгответе ја смесата за посипување. Измешајте ги овесните снегулки, шеќерот и циметот и додадете го путерот исецкан на коцки. Со раце замесете ја смесата додека да добиете трошки. Овие трошки посипете ги над смесата во корпичките.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени 20-25 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Септември.2017 во 09:16

Слатко-солени мафини


Несекојдневна комбинација на чоколадни мафини со авокадо, банана и спанаќ за здрава ужина.

Потребни состојки:

2 шолји брашно

1 кафена лажичка прашок за пециво

½ шолја какако

2 јајца

1 лажичка ванила

½ шолја мед

½ шолја павлака

1 банана

1 авокадо

2 шолји спанаќ

½ шолја чоколаден корнфлекс

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2017 во 18:31

Солени мафини со топено сирење

Рецепт за подготовка на многу вкусни солени мафини со топено сирење и кашкавал.

Потребни состојки:

300 грама брашно

½ чаша масло

2 јајца

300 грама јогурт

Малку сол

Пакетче прашок за пециво

150 грама кашкавал, рендан

100 грама топено сирење

2-3 лажици сув босилек

Подготовка:

Во една чашка измешајте ги јајцата, јогуртот и маслото. Во друг сад измешајте ги сувите состојки – брашното, солта и прашокот за пециво.

Потоа измешајте ги двата вида состојки и промешајте енергично, за да се добие хомогена смеса. Конечно додадете рендан кашкавал и исецкано топено сирење. Измешајте и додадете босилек.

Истурете ја смесата рамномерно во калапите за мафини, внимавајќи да не ги преполнувате. Имајте на ум дека тестото ќе нарасне и ќе излезе од форма.

Печете на температура од 180-200 степени околу 30 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2017 во 18:33

Мафини со ванила

Потребни состојки:

2 јајца

7 лажици шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

4 лажици гриз

5 лажици брашно

1 кесичка пудинг од ванила

9 лажици млеко

6 лажици масло за јадење

1 прашок за пециво

За прелив:

100 грама шеќер

200 мл вода

Подготовка:

Веднаш ја вклучуваме рерната да се загрее на 220 степени. Јајцата шеќерот и ванилата заедно ги матиме со миксер. Гризот, брашното, пудингот од ванила, млекото, маслото за јадење и прашокот за печење ги мешаме со лажица.

Потоа  ги соединуваме со другата смеса. Смесата потоа ја ставаме во калапи за печење.

Печиме околу 15 минути, шеќерот и водата ги ставаме во тенџере на оган да се растопат. Откако ќе биде готов шербетот ги поливаме изладените мафини.

Изладените мафини ги ставаме во хартиени корпички и ги декорираме со шлаг пена .

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91279
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2018 во 11:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,093 секунди.