IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:29

Печени лигни со компири

Потребно:

* 500 г лигни
* 1.500 г компири
* 100 мл маслиново масло
* сол
* бибер
* 1 лажица зачинал
* 2 чешниња лук
* магдонос

Приготвување: исчистете ги лигните, измијте ги и исечете ги на 2 см широки резанки, а компирите излупете ги и исечете ги на тенки тркалца. Во огноотпорен сад ставете половина од маслото, потоа ред од половина од компирите, посолете ги, па врз нив лигните. Сето тоа зачинете го со бибер, зачинал, истолчениот лук и ситно сечканиот магдонос. Врз сето тоа распоредете го остатокот од компирите, малку посолете ги и прелијте ги со маслото. Поклопете го садот и печете го 45 минути во рерна загреана на 220 степени.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:43

Пијани ракчиња


Пијани ракчиња

СОСТОЈКИ
• 2 мали шишиња пиво
• 1 шолја вода
• ¼ шолја јабо­лков оцет
• 2 кро­мида, исе­чени на четвр­тини
• 1 чешне лук, издро­бено
• 1 голема лажица сос за скара
• 2 лово­рови листа
• 1 лимон, исе­чен на четвр­тини
• 1 лажица лут сос
• 1 кг рак­чиња, излу­пени и исчи­стени
• пар­чиња лимон за гар­ни­рање
• кок­тел сос за скара за гар­ни­рање
• 3 зрна бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ:
Чекор 1: ста­вете ги сите состојки, освен рак­чи­њата, во пого­лем сад за варење. Пуштете го шпо­ре­тот на уме­рен оган и оста­вете сме­сата да се почне да зоврива. Дово­лни се 10-тина минути.

Чекор 2: нама­лете ја темпе­ра­ту­рата. Дода­дете ги рак­чи­њата и варете додека не ста­нат све­тло розови, околу 5 минути. Исце­дете ги рак­чи­њата и ста­вете ги на чинија за серви­рање.

Чекор 3: попр­скајте ги со кок­тел сос за скара. Може да ги кон­су­ми­рате и ладни и топли.

.

Кок­тел сос за скара

СОСТОЈКИ
• ½ шолја сос за скара
• ½ шолја кечап
• сок од 1 лимон
• малку лут сос
• ½ шолја при­го­твен рен

Изме­шајте ги убаво сите состојки во мал сад. Оста­вете да отстои малку во фри­жи­дер. Со овој сос пре­лијте ги пија­ните рак­чиња пред сервирање.


(Emil)



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:23
Охридска Јагула Печена во Пепел

[IMG]Centre Justify
1 јаrула од 2 кгр.
200 гр. кромид
5-6 лути пиперчиња
200 rp. бело вино

Кожата засечете ја пoд главата, а потоа извлечете ја надоле до oпашката. Распорете ја, исчистете ја, измијте ја во неколку ладни води и посoлете ја. Прелејте ја со виното и oставете ја да стои петнаесетина минути. Земете една кеса погoлема од пергамент хартија и ставете ја внатре како и залепете ја. Кесето со јаryлата ставете го во врел пепел, без жар и пoкријте ја од сите страни со дебел слој врел пепел. Печењето трае 1-2 часа што зависи од топлината на пепелoт. Кoга јагулата ќе се испече, внимателно извадете ја од кесата ставете ја на долгнавеста чинија. Налејте ја само со дел од сокот што го пуштила, бидејќи сoкот е масен. Преку јаryлата ставете ситно сечкан кромид, украсете ја со зелени пиперчиња и служете ја со салата.

Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 11:30
Панга со Шампињони

3 филети панга
300гр сок од лимон
мелен црн пипер
1 лажичка путер
1 главица кромид
магдонос
400гр шампињони
80гр путер
кечап (2 лажици)
2 чешниња лук
1дл бело вино
лебни трошки

Рибјите филети се попрскуваат со сокот од лимонот, се посолуваат со сол и црн пипер и се оставаат во тепсија подмачкана со путер. Се прекриваат со ситно исечканиот кромид и исечканиот магдонос. Околу рибата се редат шампињони исечени на подебели листови, па сето ова се прелива со мешавината од растопен путер, кечап, лебни трошки, ситно исечкан лук, бело вино и сол.
Тепсијата се става во рерна претходно загреана на 200 C и се пече околу 25 минути.
Се служи со варени компири и парчиња лимон.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:31

Печен дојрански крап

Печен дојрански крап

Состојки

  • 1 кг дојрански крап
  • 700 г кромид
  • 100 г магдонос
  • 120г масло, 2 лажици брашно
  • 1 лажица црвен пипер
  • 2 домати,сол црн пипер

Подготовка

Исчистениот крап се сече на парчиња.Ситно исечениот кромид се пржи на масло да пожолти, потоа се додаваат исечените домати ,исечениот магдонос,црн пипер,сол, и црвен пипер.Јадењето се потура со масло и се пече во рерна 30-50 мин. Јадењето може да се прелие со матени јајца и да се остави уште 5 мин в рерна.

Јадењето се служи со лимон.





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:37

Печен ослич со компир

Печен ослич со компир

Состојки

  • 9 компира
  • 1 кгр. риба
  • 250 мл. вода
  • 80 гр. маргарин
  • 8 чешниња лук
  • по 1 лажичка сол и вегата, гумбир и толчена пченкарна сол,
  • по малку црвен пипер и 2-3 листа ловор

Подготовка

1. Исечениот компир се става во плек, се додаваат сите зачини - се промешува и се залива со водата. Се додават парчињата риба и сето заедно пак се промешува, се става по површината на коцки исечен маргаринот. Се затвара плекот со фолија, а доколку има капак, нормално се става капакот.
2. Се става во рерна да се пече околу 60 мин, на 200 степена.

Ова е омиленото јадење на ќерка ми, рецептот е наш домашен, а денешниот ручек го спреми таа самата.

Пријатен ручек!

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:38

Ослич во фолија со крајтенбутер

Ослич во фолија со крајтенбутер

Состојки

  • 4-5 парчинја риба
  • 1 пак. крајтенбутер(види рецепт подолу)
  • малку маслиново масло
  • малку сол
  • 5-6 чесниња лук
  • за додаток компир, блитва, тиквици,кромид...
  • 125 гр путер
  • босилок, рузмарин, власец, магдонос,по желба може да се додадат и други зачински билки
  • 4-5 чесниња лук

Подготовка

1. Рибата добро се чисти и се брише со кујнска хартија да биде сува.
2. Добро се трие со сол.
3. Се сечат квадратни парчиња алу фолија и на секое парче се посипува малку маслиново масло, па се става парчето риба. Рибата внатре се полни со крајтенбутер, се става и по малку одозгора на рибата, се прелива со малку маслиново масло и фолијата добро се затвора.
4. Се пече на 200 ст.Ц околу 40 мин( може и повеке ако парчињата се поголеми)
5. Се сервира со варен компир и блитва, зачинети со маслиново масло и лук. О
дозгора се преливаат со сосот од печената риба.

На овој начин може да се приготвува секаков вид риба.

КРАЈТЕНБУТЕР или путер со зачини
Путерот се микса со зачинските билки, се става во прозирна фолија и се прави како цилиндер. Се става во фриз на неколку саати за да може полесно да се сече.
Парченце путер може да се стави на печен бифтек, да се намачка на печено лебче или да се користи по желба. На јадењето му дава посебен шмек.

Овој рецепт го открив на еден познат блог и сега го правам по трет пат. Вкусот е толку добар, што моите дома, покрај пржена риба, најмногу го сакаат овој начин на приготвување. Од се срце ви го препорачувам.





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 22:39

Скуша во фолија

Скуша во фолија

Состојки

  • 2 парчиња риба скуша
  • 1 ловоров лист
  • 200 гр бело вино
  • 1/2 китка магдонос
  • 1 чешне лук
  • 2 лажица мешан зачин
  • 1 лимон
  • 1 лажица рузмарин
  • 100 гр маслиново масло

Подготовка

На почетокот од овој рецепт, ја земаме скушата и добро ја чистиме во внатрешноста, за да не остане ништо што може да горчи. Потоа во тава растегнуваме фолија на која ја редиме добро измиената риба, која претходно сме ја зачиниле.
Во внатрешноста на рибата полниме мешавина од лук, рузмарин и магдонос. Попрскуваме цеден лимонов сок и полеваме бело вино. Заборавив да напоменам дека пред да ја поставам скушата на фолијата попрскав маслиново масло. Со истото ја посипувам рибата .
Сецкаме тенки кругови од лимонот и ги нанесуваме околу скушата. Со филот кој ја наполнивме рибата попрскуваме и над неа. Ја виткаме рибата убаво во фолијата и оставаме да се пече на температура од 200 степени околу 30 минути.
Рибата е готова и спремна за сервирање.
Може да биде убав додаток за варени компирчиња. Тоа го оставам на вашиот вкус. На здравје со прекрасниот мирис на скушата.

Дополнителни фотографии

  • Centre Justify




Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:03

Печен крап

Потребни состојки:

  • 1 крап
  • 1 кромид
  • 1 корен од целер
  • 1 домат
  • 4 моркови
  • 1/2 китка магдонос
  • 200мл бело вино
  • 200мл вода
  • маслиново масло

Начин на приготвување:

  1. Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го на маслиново масло.
  2. Додајте ги морковите и коренот од целер, претходно исечкани на мали кругови. Откако ќе омекнат, додајте го ситно исечканиот домат.
  3. Зачинете со сол, бибер и додајте други зачини по вкус.
  4. Со оваа смеса наполнете ја внатрешноста на крапот и затворете ја со магдоносот.
  5. Прелијте го крапот со вино, вода и маслиново масло. Се пече на висока температура.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:05

Орада во сол 

Потребни состојки:

  • 1,6кг орада
  • 2,5кг крупна сол
  • 4 белки од јајца

Начин на приготвување:

  1. Изматете ги белките со миксер и додајте ги во солта.
  2. Промешајте ја смесата и еден дел ставете на дното од тава за печење.
  3. Добро исчистете ја орадата и ставете ја врз смесата од сол и белки.
  4. Прекријте ја рибата со останатиот дел од смесата од сол и белки.
  5. Печете околу 25 минути на температура од 200°C.
  6. Пред да ја послужите рибата, скршете ја обвивката од сол, одвојте ги кожата, коските и главата и сервирајте исчистено месо. Како гарнир може да се послужат компири или друг вид зеленчук.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:27

Тиквешки крап во бело вино и крем-сос од тиквички (за 4 лица)

Потребни состојки:

  • 2кг крап од Тиквешко Езеро
  • 200мл суво бело вино од сортата ризлинг
  • 3 чешниња лук
  • 2 тиквички
  • 100мл слатка павлака за готвење
  • Маслиново масло
  • Сол
  • Бибер

Начин на приготвување:

Крап

  1. Исечете го крапот на парчиња, посолете го и ставете го во сад.
  2. Во садот додајте бибер, вино, лук и малку маслиново масло.
  3. Прекријте го садот со фолија и ставете го во фрижидер да отстои 10 часа.
  4. Испржете ги парчињата крап на маслиново масло.

Крем-сос

  1. Тиквичките исечете ги на тенки листови и испржете ги во загреано масло.
  2. Додајте едно чешне лук, а потоа и слатката павлака и оставете ја смесата на оган додека не згусне.
  3. Ставете ја смесата во блендер и на крај сервирајте ја со испржените парчиња крап.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2013 во 21:39

Која риба е најдобра да ја јадеме во зима?

Рибата најмногу се јаде инстинктивно во летните месеци, бидејќи топлото време најмногу ни асоцира на јадењето риба, а тоа е така поради одморот, морето, мирисот и сонцето.

Поради тоа во зима многу луѓе подзабораваат на рибата и се насочуваат кон мрсната храна, која ја компензира загубата на енергија. Тука се посните слави кои не потсетуваа на рибата, но потоа доаѓаат новогодишните и божиќните празници каде се јаде претежно мрсна храна.

- Рибата не смееме да ја забораваме. Таа е богата со Омега-3 масните киселини, кои не штитат од срцеви болести и го одржуваат крвниот систем чист. Овие полезни масти ефективно го намалуваат крвниот притисок и ја ограничуваат коагулацијата на крвта, што води до подобра функција на срцето и помал ризик од инфаркт. Омега-3 масните киселини најмногу ги има во морските риби и морските плодови, а во зима најпрепорачливо е да се јаде харингата, чии корисни масни киселини  ги подобруваат виталните функции на организмот, вели Хелен Линквист од Технолошкиот универзитет во Гетеборг.

Харингата има многу корисни својства. Овој вид риба штити од атеросклероза и го штити кардиоваскуларниот систем. Редовното консумирање на харинга помага да се намали "лошиот" холестерол и ги заздравува ѕидовите на крвните садови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:54

Печена риба со маринада (посно)

Печена риба со маринада (посно)

Состојки

  • 1/2 кгр. замрзната риба (Ослич)
  • Маринада
  • по1/8 чаша оцет и бело вино (чаша од 200 мл.)
  • 5-6 чешниња лук
  • поголема врзалка магданос
  • на вкус сол, бибер, сув зеленчук
  • 1/2 лимон
  • за потребата зејтин
  • колку што е потребно брашно
  • За залевање
  • 200 мл. бело суво вино

Подготовка

Дојрански е рецептот, ние ја обожаваме... мека, сочна, деликатесна...
 
1. На полуодмрзната риба олупете ја кожата.

Маринада
2. Во садот во кој ке ја ставите рибата да одлежи, ставете ситно исецканиот магданос, лукот, бибер, сол, сув зеленчук, исецкан лимон, додадете ја на парчиња исечена рибата, измешајте ја.
3. Додадете сега по 1/8 чаша од виното и оцетот, додадете зејтин толку колку што е потребно да заедно со останатите состојки ја прекрива рибата. Оставете да одлежи во неа најмалку 4 - 5 часа.
4. Вака одлежаната риба вадете парче по парче заедно со се што се полепило од него, валкајте во брашно и редете во лесно подмачкано тавче со зејтин.
5. Ставете во предходно загреана рерна на 200 степени и печете ја.
6. Кога е е веќе печена, извадете ја , залијте ја со виното и вратете повторно назад во рерната додека испари виното.
- Пригответе си прилог по ваша желба, салатичка и нека ви е слатко.

Напомена
- Јас откако ќе ја излупам рибата веднаш ја ставам и во маринадата, не чекам да се одледува, а целото тоа го спремам одвечер, за наредниот ден само ја вадам од маринадата, валкам во брашното и печам.
- Ја печам во Ростер тавата и истата не ја подмачкувам. За време на печењето рибата пушта доволно зејтин и затоа не е потребно да ја подмачкувам тавата. Доколку ставате во друга тава, тогаш само маааалку сосема малку да е подмачкана тавата.
- Кога ја вадам рибата од маринадата се трудам да што повеќе од магданосот, лимонот и лукот остане по неа, па така ја валкам, дури и кога ќе ја поставам на даската посипана со брашно, земам од истите и додавам врз неа пред да ја посипам со брашното од горната страна.
- Виното со кое на крај ја залевам многу бргу испарува, затоа внимавајте во тој момент. Тавата треба само да остане сува, да нема течност, извадете ја.
- Доколку не сакате да има толку вино во самата риба, тогаш изоставете ја количината која е напишана во маринадата. Од вино користам бела Смедеревка.
За овој ручек спремавме риба ослич.

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:56

Печена скуша

Печена скуша

Состојки

  • 3 парчиња смрзната скуша
  • 1 китка магдонос
  • 4-5 глави лук
  • 1 лажица благ буковец
  • 1 лажиче лут буковец
  • 1 лажица црвен пипер
  • 5-6 лажици зејтин
  • по вкус сол и вегета
  • 100 мл јаболков оцет
  • 100 мл бело вино
  • 2-3 лимони

Подготовка

Скушата е риба која е подеднакво убава кога е припремена и на скара и испечена во рерна. И во двата случаи може да ја искористите горенаведената смеса за нејзино зачинување.

1. На рибата отстранете и ги главата и перките и излупете и ја кожата.Потоа пресечете ја по должина и убаво исчистете го делот каде што се наоѓаат внатрешните органи. Под нив ќе забележите една темна ципа мезентера, која ги обвивала. Одстранете ја бидејќи знае и да горчи. Исто така има и крвен сад со згрутчена крв, исчистете го и него со помош на остар нож.
Измијте ги половинките под млаз вода и ставете ги во садот во кој ќе ги печите.

2. Исецкајте ги магдоносот со се гранчиња и лукот. Ставете ги во подлабок сад и најпрво додадете им го зејтинот. Промешајте убаво, но не ставајте некоја преголема количина, бидејќи на тој начин рибата станува тешка за јадење. Ова од искуство го знам. Смесата треба да свети од зејтинот и да забележите дека ливчињата магдонос и лукот се слепуваат.
Потоа ставете буковец, црвен пипер, сол, вегета, јаболков оцет и бело вино. Измешајте убаво. Ако немате јаболков оцет можете да го замените со вински или алкохолен 4% оцет. Но,сепак со оцет од јаболка комбинацијата е најубава.

3. Вака подготвената смеса распоредете ја подеднакво врз шестте половинки скуша. Затворете го садот со алуминиумска фолија и печете околу 1 час во претходно загреана рерна на 200 степени.
Може да печете и во незагреана рерна, со што се разбира времето на печење ќе биде пролонгирано. На 10 минути пред крајот доколку сакате тргнете ја фолијата и печете ја рибата отворена, но јас лично скоро и да не ја користам оваа опција.

Сервирајте по две половинки (1 цела риба) со цел лимон. Вака подготвената риба навистина бара киселост, особено ако сте ставиле малку повеќе зејтин.

Добар апетит!

Дополнителни фотографии





Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.