IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 20:56

Сардини на скара (Бакалау)


Поздрав од Португалија!!! Меѓу многубројните јадења со риба тука е и „бакалау“ (сушена риба) која се подготвува и продава на илјада различни начини од кои попознати и покомерцијални се „Калдеирада“ (супа од риба) и „Сардињас асадас“ (сардини на скара).



Подготовка

За подготвување на ова јадење најпрво потребно е да се зачини свешата сардина со зачините и да се остави малку да отстои. Значи сардината се посипува со мајчина душичка, сол, црн пипер, а исто така добро е во овој момент да се стави и малку лимонов сок заедно со маслиново масло. Откако сардините ќе отстојат некој час стануваат спремни за печење. Ставете ги сардините во загрена скара, рерна но и пред печење повторно ставете неколку гранчиња мајчина душичка како и лимон и масло. Откако ќе се испечат се оставаат да се оладат. Препорака: Сардините послужете ги со тапенаде, сос од маслинки или едноставно само ставете парченца свеж лимон.

Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 3

Состав

- Свежи сардини 
- Мајчина душичка
- Сол
- Црн пипер
- Масло 
- Лимон

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 18:03

Теријаки лосос


losos1

Состојки:

- 4 филети лосос

- 1/2 чаша вода

- 3 лажици маслиново масло

- 4 лажици мед

- 4 лажици соја сос

- 2 лажици сенф

- 2 лажици сусам

- 1 чешне рендан лук

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги сите состојки освен лососот. Смесата треба да има темно кафена боја.

Маринирајте го лососот во неа, и ставете го во фрижидер неколку часа.

Пржете ја рибата околу 10 минути на 200ºC. Послужете ја со лути пиперчиња за уште подобар вкус.

losos2

losos3



Изменето од Valerija - 22.Февруари.2016 во 18:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2016 во 22:09

Крокети од риба


Барате идеја за лесен летен ручек кој заситува? Пригответе за вашите најблиски крокети од риба.

Крокети од риба

СОСТОЈКИ

За крокетите

4компири
4филети од риба, без коски (риба по избор, пожелно е да е морска)
1јајце
магдонос
1 лажицакапари
1 лажицапавлака
½ лажичкагустин
лимон
презла
сол
бибер

За панирање

1јајце
презла

ПОДГОТОВКА НА КРОКЕТИТЕ

  1. Компирите исечкајте ги на коцки и ставете ги да се варат. Околу 10-15 минути пред крајот, во нив додајте ги филетите риба и продолжете да ги варите заедно. Кога ќе бидат готови, тргнете ги од оган и исцедете ги.
  2. Испасирајте ги компирите и рибата и оставете ги да се ладат. Кога нема да се жешки, во нив додајте ги останатите намирници (јајце, сечкан магдонос, сечкан капари, павлака, сок од лимон или изрендана кора од лимон, густин, презла по потреба). Измешајте. Ако смесата е многу течна, се додава презла, а доколку е сува, можете да додадете јајце. Зачинете по вкус.
  3. Оставете ја смесата во фрижидер околу 1 час (најдобро е да отстои цела ноќ).
  4. Формирајте ги крокетите и тркалајте ги во јајце и презла пред да ги ставите да се пржат во загреано масло. Излегуваат отприлика 20-25 парчиња.
  5. Откако ќе ги извадите од маслото, поставете ги на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.

Крокетите се сервирани со бел сос.

СОСТОЈКИ ЗА СОСОТ

3-4кисели краставички
1варено јајце
2 лажиципавлака
1 лажицамајонез
магдонос
копар
сок од лимон
бибер
сол

ПОДГОТОВКА НА СОСОТ

  1. Краставичките и јајцето исечкајте ги на мали коцки.
  2. Додајте ги останатите состојки и добро промешајте. Зачинете по вкус.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2017 во 10:32

Супер брз и лесен рецепт за пржени лигњи

Многумина од нас кога одат на одмор без проблем ќе потрошат некое евро плус на убава и вкусна морска храна. Лигњите се едни од најчесто нарачуваните јадење во познатите летни одмаралишта и несомнено едни од највкусните. 

Сепак, кога станува збор за нивното приготвување во домашни услови, повеќето се откажуваат од идејата за готвење, плашејќи се дека ќе биде премногу комплициран процес.

Доколку имате желба да ги изненадите своите најблиски со овој морски деликатес, ви предлагаме еден мошне брз и лесен рецепт.

Најпрвин упатете се до најблискиот поголем маркет каде што може да купите свежи лигњи и побарајте од вработениот убаво да ги исчисти. Кога ќе пристигнете дома, проверете дали случајно останале некои цврсти делови. Ако забележите таков дел отстранете го со нож и потоа убаво измијте ги парчињата. 

Со помош на ножот направете мали засеци по површината, така што ќе добиете ромб шара и исечете ја лигњата на помали парченца.

На страна ставете брашно (по потреба) и во него додадете сол, бибер, чили во прав, копар, рузмарин и оригано. Потоа ставете ги парчињата лигња во брашното и убаво извалкајте ги од сите страни. Пржете во фритеза или пак во длабок сад со зејтин.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2018 во 19:21

РАКЧИЊА НА СКАРА

Ракчиња со соја сос


Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 60мл. соја сос
  • 1 лажичка кафеав шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 2 лажици сусам
  • 1/2 лажичка сусамово масло
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 кг. ракчиња, излупени

Подготовка

Во мал сад измешајте го соја сосот со оцет, шеќер, сусам и сусамово масло. Мешајте додека да се растопи шеќерот.
Загрејте ја скарата на најсилно. Во длабок сад измешајте ги ракчињата со маслиново масло. Зачинете со сол и бибер. Промешајте ги добро.
Печете ги ракчињата по 2-3 минути од секоја страна.
Послужете ги веднаш со сосот од соја.



Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2020 во 22:27

Печен лосос со зеленчуци


Лосос со зеленчуци

Состојки (за 2 лица)

2 парчињалосос
зачин за рибаVegeta Natur
20 грпутер
200 грброкула
300 грзелена и жолта боранија
100 гршери домати

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 220°C. Ставете ги парчињата лосос во тава и премачкајте ги со растопен путер. Поросете од двете страни на лососот со зачинот за риба. Печете 15 минути.
  2. Ставете малку путер во тавче на оган на средна температура. Додајте ги зеленчуците и збогатете им го вкусот со Vegeta Natur зачин со зеленчук. Гответе ги минимално за да им ја зачувате максимално хранливата вредност.
Лосос со зеленчуци
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,283 секунди.