IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:25

Лосос во сос од јогурт


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 5 лажица/ци Масло
  • 30 грама Мајонез
  • 800 грама Лосос
  • 2   Лимон/и
  • 1   Китка магдонос
  • 30 грама Брашно
  • 200 милилитри Јогурт
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Лосос во сос од јогурт

ПОДГОТОВКА:

Парчињата риба се анакапуваат со сок од еден лимон, се посолуваат и им се додава црн пипер.

Одделно јогуртот се меша со мајонезот и исечканиот магдонос.

Потоа се додава сол и црн пипер.
Парчињата риба се пржат од двете страни по 3-4 минути.

Во секоја чинија се ставаат по 2 парчиња лосос, и по неколку обарени и со путер прелиени компири и се преливаат со сосот од јогурт.

Се украсуваат со магдонос.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:26

Ќофтиња од риба со сусам


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Сусам
  • малку   Сол
  • 50 грама Презла
  • 100 милилитри Масло
  • 500 грама Лосос
  • 1   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ќофтиња од риба со сусам

ПОДГОТОВКА:

Во блендер го ставаме предходно свареното месо од риба исчистено од коски и го миксаме.

Измиксаното месо од блендерот го претураме во поголем подлабок сад.

Јајцето го кршиме и го додаваме во садот.

Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер, додаваме маслиново масло и 2 лажици лебни трошки и мешаме со лажица.

Во садот со преостанатите лебни трошки додаваме половина од сусамот и промешуваме.

Земаме од смесата од длабокиот сад и формираме тркалезни ќофтиња со големина на орев.

Секое ќофте го валкаме во мешавината од лебни трошки и сусам. Ќофтињата ги пржиме во загреано масло.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:27

Тост од ракчиња


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Јајца/це
  • 4   Кришка/ки леб
  • 60 грама Лосос филети
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 4 лажица/ци Презла
  • 100 грама Ракчиња
  • 50 грама Сусам
  • 1 мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Тост од ракчиња. Се препорачува да се служи како предјадење.

ПОДГОТОВКА:

 Испржете ги парчињата леб додека поруменат, а потоа секое парче исечете го на четири дела. 
Изматете ги јајцата. Испржете ги ракчињата и филетите додека станат како каша и зачинете ги со сол, мелен црн пипер и со една лажица од изматените јајца. Измешајте ги презлата и сусамот во еден подлабок сад. Намачкајте мошне дебел слој од кашата од ракчињата и рибата на секое парче тост, брзо натопете го во изматените јајца и извалкајте го во презла и сусамот. Ставете ги така подготвените парчиња тост на една чинија, а потоа испржете ги две минути во многу врело масло. Ако не мора веднаш да ги приготвите, можете да ги оставите во фрижидер додека сакате да ги јадете.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:27

Коктел од ракчиња


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 милилитри Цеден Лимон
  • малку   Сол
  • 200 грама Ракчиња
  • 100 грама Ориз
  • 1 лажица/ци Маслиново масло
  • 80 грама Маслинки
  • 200 грама Кисела павлака
  • 15 грама Кечап
  • 1   Јаболка
  • 40 милилитри Brandy


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Коктел од ракчиња.

ПОДГОТОВКА:

Ракчињата се ставаат во вода што врие, малку насолена. Се варат неколку минути, а потоа се цедат. Оризот го вариме во малку насолена вода, потоа се цеди, и потоа се мие под млаз ладна вода, и повторно се цеди, па се става во длабок сад.

Потоа се додаваат ракчињата, исечканите маслинки, сирењето исечено на коцки, маслиново масло и сето тоа се меша. Потоа се подготвува преливот. Во павлаката се додаваат јаболката, коњакот и кечапот. Сетоа тоа прелива со сок од лимон, и на крај се меша.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:29

Ракчиња со грав


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 100 грама Спанаќ
  • малку   Сол
  • 500 грама Ракчиња
  • 3 лажица/ци Масло
  • 300 грама Грав
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ракчиња со грав

ПОДГОТОВКА:

Спанаќот убаво исчистете го, измијте го и сварете го, истото направете го и со гравот.

Потоа исчистете ги ракчињата, па измијте ги. Варете ги во сад со врела посолена вода 2-3 минути.

Потоа исцедете ги, оставете ги да се оладат, па излупете ги.

На гравот додајте му ги ракчињата и спанаќот.

Посипете ги со листенцата босилок, посолете ги попиперете ги и полијте ги со масло.

Добро измешајте ги и сервирајте.

Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:30

Гратинирани ракчиња


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 50 грама Сирење
  • 50 грама Маргарин
  • 1 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 125 грама Кисела павлака
  • 2   Жолчка/ки
  • малку   Естрагон
  • 60 грама Брашно
  • малку   Бел бибер
  • 125 милилитри Суво бело вино
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Гратинирани ракчиња

ПОДГОТОВКА:

Одмрзнете ги ракчињата.

Исчистете ги шампињоните и исечете ги на по крупни парчиња.

Исецкајте го кромидот и пропржете го на маргаринот околу 3 минути.

Додадете ги шампињоните, наросете ги со црн бибер, пржете ги уште 5 минути.

Додадете го белото вино и варете.

Додека мешате додадете ја киселата павлака откако претходно сте ја измешале со брашното.

Оставете само да зоврие. Додадете ги ракчињата, но престанете со готвење. Измепајте го сирењето со жолчките. По потреба, додека мешате додадете две лажици бело вино или кисела павлака.

Додека се врели ракчињата ставете ги во чинија за послужување. Прелејте ги со кремот од жолчка и сирење.

Препечете на скара додека не добијат златна боја. Сервирајте со бело вино.


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:31

Свежа туна во сос од леблебија


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Конзервирана леблебија
  • малку   Ливчиња ѓумбир
  • малку   Магдонос
  • 1 лажица/ци Масло
  • 3 парче/чиња Младо кромитче
  • 125 милилитри Пилешка супа
  • малку   Сол
  • 40 милилитри Сос од соја
  • 500 грама Туна
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Свежа туна во сос од леблебија

ПОДГОТОВКА:

 Исплакнете ја леблебијата темелно со ладна вода и оставете ја да се исцеди во цедалка. 
Во меѓувреме ситно исечкајте ги белите делови на кромитчето и оставете ги настрана. Земете ги зелени ливчиња од кромитчето и сечете ги дијагонално на кратки прачиња и ставете ги одделно од белите делови. 
Загрејте тава на силен оган. Ставете малку масло и ставете ги парчината тука во тавата. Пржете ги по 2-3 минути на секоја страна. Ставете ја туната во чинија и оставете ја на страна на топло место покриена со фолија.
Во тавата додадете ќумбир и белите делови од кромидот. Намалете на средна јачина. Пропржете мешајќи често 2-3 минути. 
Истурете ја пилешката супа, соја сосот и додадете ја леблебијата. Почекајте додека да почне да врие и мешајте брзо и често додека не испари поголемиот дел од течноста. Тргнете ги од оган. 
Додадете ги зелените ливчиња од кромитчето и додадете сол и бибер по вкус. Ако сакате додадете и соја сос.
Сервирате на чинија каде што врз парчето тука преливате со неколку лажици од сосот. 
Декорирајте со магдонос. 


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 19:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:34

Ослиќ со зеленчук

Ослиќ со зеленчук

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Ослиќ
  • 50 грама Моркови
  • 100 грама Грашок


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

За бебиња над 8 - миот месец

ПОДГОТОВКА:

 Се вари рибата, грашакот, и морковот.

Рибата се ситни и се чисти од евентуални коски.

Потоа се пасира грашокот и морковите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:35

Лосос со мајонез

Лосос со мајонез

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 150 грама Мајонез
  • 300 грама Лосос филети
  • 1   Лимон/и
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Лосос со мајонез

ПОДГОТОВКА:

Филетите зачинете ги со сол и бибер по желба и врз нив истискајте лимунов сок. Намачкајте ја едната страна од филетите со мајонез во тенок слој. Печете на 230 целзиусови степени околу 15 минути додека рибата сосема не омекне.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:22

Бакалар во фолија

Потребно:

* 500 г филети од бакалар
* разновиден зеленчук (по вкус)
* ситно сечкан магдонос
* 1 чешне лук
* 1 лажичка соја сос
* маслиново масло

Приготвување: на малку намаснета со маслиново масло фолија ставете го исчистениот зеленчук. Врз него распоредете ги филетите од бакалар, претходно малку посолени и премачкани со маслиновото масло. Врз нив распоредете ги истолчениот лук и соја сосот. Филетите од бакалар завиткајте ги во фолијата, па печете ги во рерна загреана на 200 степени. Печените филети од бакалар посипете ги со ситно сечканиот магдонос и веднаш послужете ги.


(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:23

Лигни полнети со сирење

Потребно:

* 800 г лигни
* 50 мл маслиново масло
* 2 лажички зачинал
* 100 мл бело вино
За филот:
* 200 г сирење
* 30 г ореви
* 2 чешниња лук
* 2 лажици трошки
* 1 лажица ситно сечкан магдонос

Приготвување: исчистете ги лигните, а краците ситно исечкајте ги. Добро измешајте ги ренданото сирење, сечканите ореви, истолчениот лук, трошките, краците од лигните и магдоносот. Полнете ги лигните со добиениот фил, а краевите составете ги со чепкалки. Пропржете ги полнетите лигни во загреаното маслиново масло од секоја страна по шест-седум минути. Посипете ги со зачиналот, прелијте ги со виното, па уште малку динстајте ги.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:24

Пржени морски плодови

Потребно:

* 1 л масло
* 500 г рибји филети
* 200 г исчистени сипи
* 150 г исчистени шкампи
* сол
* бибер
* 4 лажици брашно
* 1 лимон
* ароматични зачински билки

Приготвување: во тенџере загрејте го маслото. Рерната загрејте ја на 100 степени. Морските плодови измијте ги и исечете ги на парчиња, а сипите исечете ги на тркалца. Рибата, сипите и шкампите зачинете ги со сол и бибер и испрпелкајте ги во брашното. Пржете ги во помали количини во врелото масло додека не добијат златно-жолта боја. Извадете ги од маслото и ставете ги врз хартиена кујнска салфета за да се впие вишокот маснотија. Пржените морски плодови држете ги во загреаната рерна до послужување. По вкус, морските плодови украсете ги со лимон и ароматични зачински билки.

(Emil)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:26

Полнети лигни

Потребно:

* 1 кг лигни со средна големина
* 100 г пршута
* 250 г спанаќ
* 2-3 чешниња лук
* магдонос
* бибер
* 100 мл масло
* 1 лажичка зачинал

Приготвување: лигните исчистете ги, па подгответе ги за полнење: краците и пршутата ситно исечкајте ги, додадете ги спанаќот исечен на тенки, кратки резанки, ситно сечканиот магдонос и истолчениот лук. Сето тоа зачинете го со биберот и зачиналот, па добро измешајте го. Со добиениот фил полнете ги лигните, а отворите затворете ги со чепкалки. Во тавче, во ладното масло наредете ги лигните и полека, поклопени, пржете ги од едната и другата страна околу 15-20 минути. Со пржените лигни послужете зелена салата.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:27

Пастрмки со печурки

Потребно:

* 4 пастрмки
* 1 лажица зачинал
* 3 лажици сок од лимон
* 150 г шампињони
* 150 г буковка
* 2 гранчиња целер
* 50 мл бело вино
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* масло

Приготвување: исчистените пастрмки испрскајте ги со сокот од лимонот, а потоа истријте ги со зачиналот. Во загреаното масло пржете ги пастрмките од двете страни, по околу 5 минути, а потоа ставете ги на топло место. Во истата маснотија пропржете ги исечените гранчиња целер и печурките, па динстајте ги на тивок оган околу 10 минути. Сето тоа малку посолете го, прелијте го со виното и уште малку динстајте го. Топлите пастрмки послужете ги со печурките и гранчињата целер.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.