IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
maja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Убавицата и ѕверот

Регистриран: 28.Мај.2005
Локација: Italy
Статус: Офлајн
Поени: 13127
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај maja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти за специјалитети од риба и морски плодови
    Испратена: 26.Октомври.2006 во 22:12
Riba vo crven sos

Potrebno za 4 lica: 800 gr. golema morska riba
                            3 dl. crveno vino
                            1 strak praz
                            1 limon
                            grancinja majcina dushica i ruzmarin
                            30 gr. puter
                            30 gr kopar
                            sol, crn piper, biber vo zrno

Podgotovka: Iscistete go prazot, otstranetegi nadvoresnite listovi izeleniot del.Izmijte go i isushete go.Nadvoreshnite listovi ostavete gi nastrana.Srcevinata na prazotisecete ja da odgovara na dolzinata na ribata.Izmijte go limonot, isushete go i izrendajte ja korata.
Odstranete gi kozata i centralnata koska na ribata, pa otvorete ja bez da ja secete na fileti.Zacinete ja so sol i crn piper.Na sredinata rasporedete ja korata od limon, srcevinata od prazot i koparot.Zatvorete ja ribata i vrzete ja so konec.
Stavete ja ribata vo tava, dodadete go vinoto, puterot,iseckanite listovi od prazot koi gi ostavivte nastrana, ruzmarinot i majcinata dushica i
Pecete ja ribata 25 minuti na 180 C (jas ja pecam okolu 35 min )a potoa izvadete ja od tavata.Isfiltrirajte go sosot od pecenjeto i stavete go da zgusne na tivok ogan.
Servirajte ja ribava isecena na fileti i preliena so crveniot sos.



Shnicli od pecurki

Potrebno: 200 gr shampinjoni
               4 jajca
               2 lazici maslo, malku mleko, sol, biber
               3 parcinja bajat leb
               3 lazici mrvici
              
Podgotovka: Shampinjonite izmijte gi isushete gi i isecete gi na pokrupni parchinja.Vo tendzere zagrejte go masloto i vo nego proprzete gi pecurkite.Vo drugo tavce isprzete kajgana od tri jajca.I pecurkite i kajganata izladete gi, pa izmeshajte gi.Vo megju vreme parcinjata bajat leb potopote gi vo mleko.Natopeniot leb dodadete go vo smesata so pecurkite i kajganata.Potoa dodadete gi izmatenoto jajce, solta, biberot, vegeta.Od smesata pravete shnicli,stavete gi vo mrvicite i przete gi vo vrelo maslo.Sluzete gi topli.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2010 во 14:10
Задушен октопод со маслини и кромид
___________________________________________________________
1 кг октопод
2 дафинови листа
 розмарин
1 ч.л. црн пипер на зрна
1 / 2 ч.ч. зејтин
1 кг мали глави кромид
3 скилидки бел лук
1 ч.ч.  маслини
1 ч.ч. бело вино
600 г домати, обелени и насецкани на кубчета
1 врска копар насецкан на ситно
 сол на вкус
____________________________________________________________
 
1.Октоподот се мие добро, чисти се од внатрешносттите, отстрануваат се човката и очите. Покрива се со вода, стават се дафиновите листа, розмаринот и црниот бибер и се става да се вари на тивок оган околу 45 минути

2.През тоа време во загретиот зејтин се ставаат маслиниве и лукот и се пржи 5-6 мин.После тоа   се стават додава доматите и виното. Сосот се вари врз  оганот за 10-15 мин.Става се  се  сол на вкус и белиот лук насецкан.

3.Октоподот се насецква на парчиња и се додава  во соса. Сите се остават да поврат уште 10-15 мин, се меша со копарот и се сервира. 

 

дададада


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2010 во 17:42
РИБИНА ТАВА СО ДОМАТ

Потребно: 400 гр. макарони, 200 гр. пире од домати, сол, црн пипер,, мајчина душица, две чешниња лук, 20 филети солена риба од конзерва, 4 свежи домати, 150 гр. сирење, 2 лажици масло, 2 лажици копар и 3 лажици рендан кашкавал

Сварете ги макароните. Измешајте го пирето од домати со маслото и мајчината душица. Излупете го, исечкајте го и изгмечете го лукот и измешајте го со доматите. Сето ова посолете го и додајте црн пипер. Со овој сос зачинете ги сварените и исцедени макарони и сипете ги во тава. Сирењето исечете го на парчиња и наредете ги над макароните. Измиените домати, исто така, исечете ги тенко правилно распоредете ги над сирењето. Добро измиените филети од солената конзервирана риба наредете ги накосо во вид на решетки (види фотос). Потоа ситно исечкајте го копарот и посипете ги доматите. На крај врз сето тоа изрендајте го кашкавалот и потпечете го во добро загреана рерна.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2010 во 19:09
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2010 во 13:26

Пржени морски плодови

Потребно:

* 1 л масло
* 500 г рибји филети
* 200 г исчистени сипи
* 150 г исчистени шкампи
* сол
* бибер
* 4 лажици брашно
* 1 лимон
* ароматични зачински билки

Приготвување: во тенџере загрејте го маслото. Рерната загрејте ја на 100 степени. Морските плодови измијте ги и исечете ги на парчиња, а сипите исечете ги на тркалца. Рибата, сипите и шкампите зачинете ги со сол и бибер и испрпелкајте ги во брашното. Пржете ги во помали количини во врелото масло додека не добијат златно-жолта боја. Извадете ги од маслото и ставете ги врз хартиена кујнска салфета за да се впие вишокот маснотија. Пржените морски плодови држете ги во загреаната рерна до послужување. По вкус, морските плодови украсете ги со лимон и ароматични зачински билки.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Декември.2010 во 07:13

Лигни полнети со сирење

Потребно:

* 800 г лигни
* 50 мл маслиново масло
* 2 лажички зачинал
* 100 мл бело вино
За филот:
* 200 г сирење
* 30 г ореви
* 2 чешниња лук
* 2 лажици трошки
* 1 лажица ситно сечкан магдонос

Приготвување: исчистете ги лигните, а краците ситно исечкајте ги. Добро измешајте ги ренданото сирење, сечканите ореви, истолчениот лук, трошките, краците од лигните и магдоносот. Полнете ги лигните со добиениот фил, а краевите составете ги со чепкалки. Пропржете ги полнетите лигни во загреаното маслиново масло од секоја страна по шест-седум минути. Посипете ги со зачиналот, прелијте ги со виното, па уште малку динстајте ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2010 во 22:23

Раженчиња од сардини

Потребно:

* 800 г сардини
* 1 лажица зачинал
* 1 лажица сок од лимон
* 1 лажица брашно
* 50 мл маслиново масло
* 2 чешниња лук
* 50 мл бело вино
* 400 мл сос од домати

Приготвување: сардините исчистете ги, филетирајте ги и преполовете ги. Посипете ги со зачиналот, завиткајте ги во ролнички и набоцкајте ги на стапчиња за раженчиња. Испрскајте ги со сокот од лимонот, посипете ги со брашното и печете ги во загреаното маслиново масло. Готовите раженчиња ставете ги на топло место, истурете го вишокот маснотија и во остатокот додадете го истолчениот лук. Во пропржениот лук додадете го сосот од домати и оставете ја течноста да зоврие. На крај додадете го виното и печените сардини. Сето тоа варете го 5 минути и послужете го топло.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 16:51

Полнети лигни

Потребно:

* 1 кг лигни со средна големина
* 100 г пршута
* 250 г спанаќ
* 2-3 чешниња лук
* магдонос
* бибер
* 100 мл масло
* 1 лажичка зачинал

Приготвување: лигните исчистете ги, па подгответе ги за полнење: краците и пршутата ситно исечкајте ги, додадете ги спанаќот исечен на тенки, кратки резанки, ситно сечканиот магдонос и истолчениот лук. Сето тоа зачинете го со биберот и зачиналот, па добро измешајте го. Со добиениот фил полнете ги лигните, а отворите затворете ги со чепкалки. Во тавче, во ладното масло наредете ги лигните и полека, поклопени, пржете ги од едната и другата страна околу 15-20 минути. Со пржените лигни послужете зелена салата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2010 во 06:09

Запечен лосос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 50 грама Путер
  • 4 лажици Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 300 грама Лосос
  • 1 парче Лимон
  • 1 мала лажица Бибер


  •  

ПОДГОТОВКА:

Подлабок плех за печење подмачкајте го со растопен путер.

Лососот исечен на парчиња исто така премачкајте гo со растопен путер од двете страни.

Сокот и ренданата кора од лимонот, биберот, лукот, магдоносот и маслиновото масло ставете ги во блендер, па матете ги додека сè не се иситни и добиете густа смеса како мајонез.

Од оваа смеса со четка премачкајте го лососот од двете страни, па ставете го во премачканиот плех.

Плехот покријте го со фолија и ставете го во загреана рерна на 210 степени.

Печете го околу 20-25 минути.

Внимавајте да не се запече.

Лососот треба да остане сочен.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2010 во 13:06

Пастрмки во пиво

Потребно:

* 4 пастрмки
* 1 лажица зачинал
* 40 г путер
* 300 мл пиво
* 100 г моркови
* 50 г мали главички кромид
* 1 китка магдонос

Приготвување: исчистените пастрмки добро исушете ги, а потоа посипете ги со зачинал. Кратко пропржете ги во загреаниот путер, од секоја страна по две минути. Пастрмките наредете ги во тавче, прелијте ги со пивото, додадете ги излупените главички кромид и морковите исечени на стапчиња. Рибите печете ги околу 20 минути во рерна загреана на 200 степени. Печените риби посипете ги со ситно сечканиот магдонос и послужете ги со варена палента.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 15:14

Печена скуша

Потребно:

* 8 помали скуши
* 1/2 лажичка рузмарин
* 1 лажичка зачинал
* 3 лажици сок од лимон
* сол
* 50 мл маслиново масло
* 3 чешниња лук
* 1 лажица босилек

Приготвување: рибите исчистете ги, измијте ги и исушете ги. Во внатрешноста на секоја риба ставете рузмарин, посипете ги со зачинал и прелијте ги со сокот од лимон. Така подготвените риби ставете ги на скара или во загреана рерна, па печете ги. Лукот истолчете го, па измешајте го со маслиновото масло и со ситно сечканиот босилек. Печената риба посолете ја и прелијте ја со сосот од лукот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 13:40

Пастрмки со печурки

Потребно:

* 4 пастрмки
* 1 лажица зачинал
* 3 лажици сок од лимон
* 150 г шампињони
* 150 г буковка
* 2 гранчиња целер
* 50 мл бело вино
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* масло

Приготвување: исчистените пастрмки испрскајте ги со сокот од лимонот, а потоа истријте ги со зачиналот. Во загреаното масло пржете ги пастрмките од двете страни, по околу 5 минути, а потоа ставете ги на топло место. Во истата маснотија пропржете ги исечените гранчиња целер и печурките, па динстајте ги на тивок оган околу 10 минути. Сето тоа малку посолете го, прелијте го со виното и уште малку динстајте го. Топлите пастрмки послужете ги со печурките и гранчињата целер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 21:17

Печени лигни со компири

Потребно:

* 500 г лигни
* 1.500 г компири
* 100 мл маслиново масло
* сол
* бибер
* 1 лажица зачинал
* 2 чешниња лук
* магдонос

Приготвување: исчистете ги лигните, измијте ги и исечете ги на 2 см широки резанки, а компирите излупете ги и исечете ги на тенки тркалца. Во огноотпорен сад ставете половина од маслото, потоа ред од половина од компирите, посолете ги, па врз нив лигните. Сето тоа зачинете го со бибер, зачинал, истолчениот лук и ситно сечканиот магдонос. Врз сето тоа распоредете го остатокот од компирите, малку посолете ги и прелијте ги со маслото. Поклопете го садот и печете го 45 минути во рерна загреана на 220 степени.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 14:19

Печена пастрмка

 



Подготовка

Исчистете ја пастрмката и посолете ја минимално. Исчисете го лукот и ситно исецкајте го. Измијте го магдоносот и исецкајте го. Лукот и магдоносот измешајте ги и со добиената смеса наполнете го стомакот на пастрмката. Положете ја вака наполнетата пастрмка во помастено тавче. Покријте го тавчето со фолија. Вклучете ја рерната на 200 степени и кога ќе се загрее ставете го тавчето. Печете точно 15 минути. Исклучете ја рерната, извадете ја фолијата и оставете ја пастрмката во рерна уште неколку минути малку да се зарумени. Сервирајте ја цела во голема чинија и украсете ја по желба.

Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 45
Број на лица: 1
Kомплицираност: 3

Состав

малку Сол
300 грама Пастрмка
1 мала китка Магдонос
3 чешне/ниња Лук

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.