IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Турска кујна и рецепти од турската кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Турска кујна и рецепти од турската кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2014 во 19:07
2

Турски крофни

Состојки:

За сирупот:

400гр. шеќер

350мл. Вода

1 лажица лимонов сок

За крофните:

220гр. брашно

1 лажица путер

½ лажичка сол

10гр. квасец и

330мл. Вода

Плус: 500мл. Масло, 250мл. Ладна вода, 1 лажичка цимет и 250мл. Крем

Подготовка:

Варете го шеќерот во водата заедно со лимоновиот сок на умерен оган, со постојано мешање се додека не се растопи. Оставете го сирупот да врие 10 минути без мешање, па тргнете го од оган и оставете го да се олади. Брашното измешајте го со растопениот путер и солта. Квасецот растворете го во водата и додајте го на брашното. Добиеното тесто оставете го на топло место околу 20 минути. Загрејте го маслото, па намалете ја температурата до умерена. Со лажица земајте од смесата и спуштајте крофни во врелото масло. Пржете ги се додека не нараснат и вадете ги од маслото додека се бели. Потоа пржете ги одново во истото масло се додека не заруменат. Една четвртина од крофните спуштете ги во сирупот и оставете ги 10 минути да го апсорбираат. Повторете го истото со сите крофни, а потоа прелијте ги со останатиот сируп. Посипете ги со цимет сервирајте ги со изматен крем.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2015 во 08:10

Кескул - турски десерт со вкус на Рафаело готов за 15 минути


Брзо се прави, а уште побрзо се јаде. Турски десерт кој неодоливо потсетува на Рафаело топчињата со кокос, само се подготвува многу поедноставно.

keskul-turski-desert-so-vkus-na-rafaelo-gotov-za-15-minuti-01.jpg

Состојки:

  • 5dl ладно млеко
  • 40g кокосово брашно
  • 60g брашно
  • 80g шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица путер
  • Сечкани ф’стаци, бадеми или лешници за декорација

Подготовка:

Во тенџере со средна големина ставете го млекото, па додајте го кокосот, шеќерот, ванилиониот шеќер и полека истурајте го брашното. Мешајте постојано со дрвена лажица.

Смесата оставете ја да зоврие, но со постојано мешање. На крај додадете го путерот и почекајте да се растопи.

Тргнете од шпорет и додека десертот е уште жежок претурете го во огноотпорни мали садови.

Секој сад покријте го со пластична фолија и оставете го да се олади во фрижидер.

Истурете малку сечкани ф’стаци, бадеми, лешници или збогатете го вкусот со уште малку кокосово брашно.

keskul-turski-desert-so-vkus-na-rafaelo-gotov-za-15-minuti-02.jpg



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Март.2015 во 18:29
Имате ли рецепт за ФЕЛАФЕЛ ќофтиња, проверен?

Јас имам неколку, ама уште го немам добиено оној вкус што го барам кога првпат ги пробав :) 
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 14:17

Десерт на денот: Турска чоколадна торта


Тортата со вкус на чоколадо е секогаш пожелна и сите со задоволство ја јадеме, па затоа ви предлагаме еден поинаков турски рецепт кој сигурно го немате пробано.

recept-na-denot-turska-cokoladna-torta-01.jpg

Ова е торта која најчесто ќе ја сретнете на роденденските прослави во Турција.

Потребни состојки:

  • 2 шолји овесни снегулки
  • 1 лажица какао
  • ½ шолја млеко
  • 1 јајце
  • 1 лажица шеќер (може да додадете и повеќе по вкус)
  • 1 лажичка прашок за печиво

Црн крем

  • 1 ½ шолја млеко
  • 1 лажица нишесте
  • 1 лажица шеќер (може да додадете и повеќе по вкус)
  • 1 ½ лажица какао

Бел крем

  • 1 шолја млеко
  • 2 лажици нишесте
  • Шеќер по желба

Подготовка:

Прво изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте го млекото со овесни снегулки. По неколку минути матење со миксер додајте го какаото и прашокот за печиво. Добро промешајте со дрвена лажица.

Добиената смеса ставете ја во два округли калапи за печење и печете 30 минути на средна температура. Со чепкалка за заби проверете дали е готов пандишпанот.

Темниот крем подгответе го така што ќе ги измешате сите состојки и ќе ги загревате на тивок оган додека не добиете крем сличен на пудинг.

Печениот пандишпан исечете го на два дела (хоризонтално) за да добиете два потенки круга.

Обложете еден овален длабок стаклен сад со пластична фолија и ставете го едниот пандишпан врз неа. Садот треба да има помал дијаметар од самиот пандишпан.

Прелијте го кремот во садот, а потоа затворете со вториот пандишпан. Зацврстете со фолија.

Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер или ако имате време, нека преноќи.

Кога ќе биде целосно оладена, превртете ја на плитка чинија.

Белиот крем подгответе го исто како темниот и прелијте ја тортата одозгора.

Сечете поголеми парчиња за да не се распаднат.

recept-na-denot-turska-cokoladna-torta-02.jpg



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 08:44

Казандиби - турски пудинг од ориз


По вкусниот турски Кескул со вкус на Рафаело, следува уште еден примамлив и брз традиционален турски десерт.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-01.jpg

Се работи за печен млечник од пудинг кој се подготвува од оризово брашно и млеко.

Се служи добро разладен, а во комбинација со некое овошје е супер летно освежување.

Потребни состојки:

  • 1 лажица маргарин
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 120 оризово брашно
  • 30g густин
  • 1200ml млеко
  • 200g шеќер во прав
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • Цимет
  • Овошен сос или џем

Подготовка:

Садот во кој ќе го печете десертот треба да го премачкате со маргарин и да посипете 3 лажици шеќер во прав. Ставете го во рерна на 180 степени и печете 7-8 минути додека шеќерот не се карамелизира. Потоа оставете целосно да се олади.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-02.jpg

Во меѓувреме направете пудинг од ориз така што во сад за варење ќе ставите брашно од ориз, густин, шеќер и ванилин шеќер, па полека ќе додавате млеко и постојано ќе мешате. Варете 15 минути додека пудингот не се згусне.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-03.jpg

Сварениот пудинг ставете го во тавчето со потпечен шеќер и печете на 160 степени околу 30 минути. Печениот пудинг извадете го и ставете го во поголем сад со ладна вода (заедно со тавата во која се печел). Така ќе добие кремаста текстура. Оставете го 10 минути.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-04.jpg

Изладениот пудинг ставете го во фрижидер уште неколку часа, па потоа потурете со цимет. Превртете го од тавчето на рамна чинија и декорирајте со овошен сос или џем по избор.

kazandibi-turski-puding-od-oriz-05.jpg

kazandibi-turski-puding-od-oriz-06.jpg

kazandibi-turski-puding-od-oriz-07.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 21:57

ТУРСКА КУЈНА

Турската кујна во голема мера е наследена од Отоманската кујна, која може да се опише како фузија и рафинираност од централно азиската, блиско источната и балканската кујна.

Турската кујна не е едноставна. Освен главните специјалитет, кои може да се најдат низ цела Турција, постојат и бројни регионални специјалитети. Кујната на регионот покрај Црното Море се одликува со готвење со употреба на пченка и сардели. Во југоисточниот дел од земјата, вклучувајќи ги градовите Урфа, Газијантеп и Адана, карактеристични специјалитети се ќебапите, мезињата и десерти зготвени со тесто, како што се баклавата, кадаифот и кунефето. Во западните делови на Турција, каде што обилно растат маслинови дрвја, маслиновото масло е главен вид на масло, кој се употребува при готвењето.Кујните пак на егејските, мраморните и медитеранските региони покажуваат основни карактеристики на медитеранската кујна, поради тоа што специјалитетите од овие региони се богати со зеленчук и риба.

Најчесто користени состојки во турските специјалитети вклучуваат јагнешко, говедско, пилешко, риба, модар домат, пиперка, кромид, лук, леќе, грав..., но и ореви, ф’стаци, костени, бадеми, лешници, кои заедно со многубројните зачини имаат посебно место во турската кујна. Како најчесто користени зачини се: магдонос, ким, црн пипер, оригано, црвен пипер, нане и мајчина душица.

И покрај здобиената популарност и многу големи странски ресторани за брза храна се отворија низ Турција, Турците се потпираат во прв ред на богатите и пространетите јадења на турската кујна. Покрај тоа некои традиционални турски јадења, посебно ѓозлеме, ќофте, бурек и донер често се сервираат како брза храна во Турција. Јадењето надвор отсекогаш било заедничко во големите комерцијални градови. Еснаф локантаси ( што значи ресторани за трговци) се распространети, нудејќи традиционално турско домашно готвење по прифатливи цени.


Во турската кујна, големо значење имаат и различните видови на супи, а особено чорбите. Супите се обично именувани по нивната главна состојка, а главни состојки, кои се употребуваат при готвењето на супите се леќа, јогурт или пченица. Пред популаризацијата на карактеристичниот турски појадок, за некои луѓе супата не била дел од утринските оброци. Најпознати супи во турската кујна се: тархана, јајла, чорбата со јогурт, езогелин, чкембе чорба, шехрије и балик.

Турската кујна има опсег на вкусни солени и слатки печива
Најпознати турски печива се – ѓозлеме, лахмаџун, пиде, ачма, бурек, јувки итн.


Ѓозлеме е многу вкусна тесто тенко измесено и подмачкано со путер и јајца – пополнето со фил од сирење и магданос и она што е специфично за ѓозлеме е тоа што се пече на традиционален сач.

Lahmacun-(лахмаџун) е тенко крцкаво тесто покриено со слој од зачинето мелено месо, домати, пиперка, кромид или лук. Се служи со лимон и магдонос.

Pide (пиде) e тесто во форма на кајче, слично на македонската пастрмајлија и е специфично за Источна Турција, може да се приготви со кашкавал и суџук и ова е најтрадиционален рецепт, но може да се приготви и со мелено месо, пастрма, сирење и јаца.

Ачма е меко печиво кое го има во многу делови во Туција. Во облик е сличен со симитот, покриен со глазура од сусам и јајце и обично се јаде за појадок. Се подготвува од брашно, топло млеко, топла вода, масло, путер, квасец, сол, шеќер, јајца на собна температура.

Турската кујна е позната и по бројните мезиња, кои се сервираат како предјадење со или без пијалок. Некои од нив можат да бидат сервирани и како главни јадења. Со исклучок на маслинките, зрелото кашар сирење, бело сирење, кисели краставички, мезиња кои често се јадат во Турција се : 
Кисир – салата од булгур;
Барбунија-салата од црвен грав; 
Фава – пире од грав; Tаратор; 
Чиг ќофте – ќофтиња од булгур, мелено месо и зачин; пржен модар патлиџан, пиперки, јогурт со доматен сос со лук итн.

Голем дел од овие јадења можете да ги купите во одделот на пекарата на Рамстор Супермаркетите или сами да се обидете да спремите некои од нив. Сите потребни состојки за подготовка на овие рецепти ги имате на полиците на Рамстор Супермаркетите.



Изменето од Valerija - 18.Март.2018 во 19:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:03

ЧОРБА ОД ЦРВЕНА ЛЕЌА

Потребни состојки

·         1 чаша Елиф црвена леќа
·         1 главица кромид
·         1 морков
·         2 лажици масло за јадење
·         1,2л вода
·         1 супена лажица брашно
·         1 супена лажица ТАТ салца од домати

Подготовка

Во тенџере ставаме масло за јадење и кромид и пржиме на тивок оган. Откако кромидот  ќе добие златна боја, додаваме 1 лажица брашно, 1 лажица салца од домати и мешаме. Потоа ја додаваме црвената леќа, морковот и повторно мешама, малку да се пропржат. Ја додаваме водата и вариме на тивок оган , додека морковот и леќата не омекнат. Зачинуваме по вкус со сол, мешан зачин и црн бибер. На крај целата смеса ја матиме во блендер, додека не се добие кремава целина.  По вкус сервирајте со лимон

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:05


ПИДЕ СО МЕЛЕНО МЕСО

Состојки:

-       Тесто

500гр брашно

1 кесичка сув квасец

100мл млако млеко

100мл млака вода Абант

1 мала лажичка сол

1 мала лажичка шеќер

2 лажички Тариш Ривиерамаслиново масло

1 белка од јајце

-       Смеса со месо

500гр мелено месо од месарата во Рамсторе

1 црвен кромид, 1 бел кромид од пиљарата во Рамсторе

црвени лути пиперки (количина по желба) од пиљарата во Рамсторе

1 домат од пиљарата во Рамсторе

½ чаша доматно салце Тат

½ црвена пиперка исецкана

сол, бибер, чили пиперчиња

-       Подготовка

1.    Квасецот измешајте го со шеќер и малку вода и оставете го да надојде. Измешајте го брашното со солта и додадете го надојдениот квасец и измесете тесто со останатите додатоци. Тестото мора да биде глатко и несмее да се лепи. Оставете го да надојде околу еден саат.

Смеса со мелено месо:кромидот исецкајте го и испржете го малку со масло, додадете ја исецканата пиперка и малку подинстајте ја, додадете го меленото месо, доматот и зачините. Смесата треба да биде густа и не треба многу да се динста бидејќи дополнително ќе се пече.

 

2.    Тестото поделете го на 10 делови или на колку сакате и размесете ги во овален облик, наполнете ги со смесата и преклопете ги краевите. Ставете ги во тепсија, премачкајте ги со жолчка и печете на 180C околу 20-25 мин. Кога се готови премачкајте ги со стопен путер. 

-       Сервирање

Пидето може да го поните и со сирење, спанаќ или по ваша желба.



Изменето од Valerija - 18.Март.2018 во 19:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:10


Припрема:  

1 литар млеко се меша со смесата од кесичката Др.Оеткер Мухалеби, се вари на тивок оган со постојано мешање. Откако ќе зоврие мешајте уште 4 до 5 мин., и оставете да се олади. Во еден прикладен сад наредете суви кајсии на дното и малку оладениот десерт сипете го врз кајсиите.

Потоа ставете го во фрижидер да се олади. При послужување превртете го десертот, дополнително може да декорирате со сецкани ореви, лешници по ваша желба.




Изменето од Valerija - 18.Март.2018 во 19:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 22:13


ПИЛАВ СО АРПА ФИДЕ И НАУТ


Потребни состојки

       2 чаши Сезон Балдо ориз

       1 филџан Долче Виллас арпа фиде

       1 чаша ТАТ варен наут

       2 супени лажици путер

       2 чаши врела вода

       1 кафена лажица сол

Подготовка:

Оризот убаво се мие и се става да отстои половина час во млака вода. Во тенџере го ставаме арпа фидето и го пропржуваме се додека не добие розеникава боја. Исклучете го  шпоретот и почекајте малку да се олади тенџерето. Потоа во фидето додадете путер и мешајте додека путерот не се истопи. Исцедето го оризот од водата и додадете го во тенџерето, продолжете со мешање. Зовриената вода ја додавеме во оризот, додаваме сол и готвиме на средна температура се додека убаво не се свари. Откако оризот ќе се свари го тргаме тенџерето на страна и го покриваме со салфета и затвораме со капак.



Изменето од Valerija - 18.Март.2018 во 19:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 23:06

Поча-турско пециво

2 шолји (200мл) брашно

половина лажица сол

лажица сув квасец (или половина коцка свеж квасец)

четвртина шолја маслиново масло

четвртина шолја омекнат путер

четвртина шолја јогурт

половина шолја издробено фета сирење

лажица магдонос

лажица копар

лажица мајчина душица

Подготовка

Почата е турско печиво кое е прилично вкусно поради миксот од зачини кој се употребува во филот. Секогаш може филот да се прилагоди по желба, но сепак смесата од фета сирење со зачини е најдобрата варијанта за полнење.

1. Во длабок сад се мешаат брашното, солта и квасецот.

2. Се додава путерот, белката, јогуртот и маслото. Се меси меко тесто.

3. Зачините ситно се сецкаат и се мешаат.

4. Издробеното сирење се меша со зачините и со малку јогурт да се добие кремаста смеса. По желба се додава црн пипер или лути пиперчиња.

5. Се зема топче од тестото малку поголемо од орев и се сука, се засекува два пати на едната страна. Во средина се става сирење и се превиткува така што засеците ќе дојдат од горната страна. Се редат на хартија во плех.

6. Се премачкуваат со жолчка од јајце измешана со малку масло

7. Се наросуваат со сусам или ким. Се печат на 200 степени, 15-20 минути.

Зачините може да бидат свежи или суви, какви што имате. Ако се свежи пожелно е да се исечкаат што поситно.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:05

Турска пица


Малку поинаква пица



Подготовка

Од наведените состојки направете меко тесто. Оставете го на топло место околу половина час да нарасне. На доматот отстранете му ја кожата и исечете го на коцки. Кромидот исечете го на тенки парчиња, а исто така и пиперките. Комбинираат состојки се соединуваат со месото а во смесата се додава пикантната вегета, маслиново масло, сол, бибер и Ким. Поделете го тестото на 4 еднакви делови. На секој дел од тестото ставете рендано сирење и една четвртина од смесата со меленото месо. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 ° C околу 30-35 минути.

Време на подготовка од: 40
Време на подготовка до: 60
Kомплицираност: 4

Состав

За тесто:
* 350 г пченично брашно тип 550
* 7 г сув квасец
* 1 лажичка сол
* 1 лажичка шеќер
* 200 мл топла вода
* 1 лажица маслиново масло
За фил:
* 1 голем домат (200 г)
* 120 г кромид
* 250 г жолти пиперки
* 250 г мелено говедско месо
* 1/2 лажица вегета пикантна
* 3 лажици маслиново масло
* сол
* бибер
* Ким
* сирење (200 гр)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 15:44

Турски капи со кокос и какао



Потребни состојки:

 

јајца
мали шолји за кафе - масло
мали шолји за кафе – топло млеко 
35-38 
супени лажици брашно 
1
 ½ кесичка сув квасец 
супени лажици шеќер 
2-3 
лажици какао за темниот дел од тестото
2-3 
лажици кокос во светлиот дел од тестото – но може и без него 
700 
г шеќер 
литар вода

 

Постапка:

 

1.Пенесто измиксајте ги јајцата па постепено додавајте масло, млеко, потоа квасец и лажица по лажица од брашното.

 

2.Потоа тестото поделете го два еднакви дела, во едниот додадете какао а во другиот кокос, па оставете 45 минути да се дигне.


3.Премесете го тестото на работна површина и од секој дел одвојте по 24 топчиња, може и помали, зависно колку капи (турбани) сакате. 

4.Развлечете едно светло и едно кафеаво топче во суканици, исплете ги во круг, а крајот завлечете го оздола, за да не се одвојува при печењето. 

 

5.Печете на 200 степени во претходно загреана рерна околу половина час, малку да потемнат.

 

6.Сварете шербет од 700 г шеќер и 1 литар вода, колку да се растопи шеќерот. Со млакиот шербет потурајте ги турските капи. Ова правете го постепено и полека за да можат убаво да се натопат. Повремено превртувајте ги за да бидат сочни.

 

7.Во првите половина час тоа правете го на секои 10 минути, не треба повеќе.

 

8.Турксите капи послужете ги со црно кафе.




Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 15:47

Tурски погачици





Фото и рецепт: Вера Церфељ

 

Потребни состојки:

 

400 г брашно

250 мл млеко

20 г свеж квасец

2 лажици маслиново масло

1 лажица шеќер

1 мала лажичка сол

1 жолчка

Сусам

црн ким

 


Постапка:

 

Квасецот растопете го во млако млеко со шеќер, и оставете да надојде.

 

Во просеаното брашно додадете го надојдениот квасец и масло.

 

Со раце замесете тесто додека да стане еластично, па оставете да отстои.

 

Тестото поделете го на два дела и развлечете го со раце.

 

Ставете го во тепсија, премачкајте со жолчка и поросете со црн ким и сусам.

 

Печете во загреана рерна на 220 степени, околу 20-тина минути.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.