|
Турска кујна и рецепти од турската кујна |
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Автор | |
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Домашен локум
Дали некогаш сте пробале локум? Овој вкусен деликатес е еден од најдобрите белези на Турција.Локумот може да биде „обичен“, зачинет со миризлива розина вода, сушено овошје, ореви, кокос… Моите деца обожуваат локум, а живеат во странство и јас не можам секогаш да им ги донесам овие прекрасни задоволства од дома. Но, сега можете да направите локум во вашиот дом! Малку за историјата на турскиот локум. Пред доаѓањето на рафинираниот шеќер во доцниот 18 век, Османлиите правеле сирова верзија на локум со користење мед или мармелад, концентриран гроздов сируп и пченкарно брашно. Хаци Бекир, конфекционер во тоа време, станал познат поради неговата генијална употреба на бел шеќер и пченкарен скроб и бил повикан во Палатата Топкапи да стане пионер во развојот на она што денес е една од знаменитостите на Турција.Варијации на локумот може да се најдат во сите региони на Турција. Сакз (мастика за џвакање) е уште една состојка, почитувана од страна на султаните, а која може да се користи за креирање на верзија на локумот која може да се витка. Рецепт за „обичен“ локум Потребни состојки: - 25 грама шеќер Подготовка: Поставете проѕирна фолија на еден поголем, по можност проѕирен сад за печење и испрскајте го со малку шеќер и со пченкарно брашно на основата. Во друг сад за готвење се ставаат шеќерот во прав, сокот од лимон и 400 мл. вода. Се готви на тивок оган додека не се растворат. Во друг мал сад, промешајте го останатото пченкарно брашно со 100 мл. ладна вода, а потоа додадете го во шеќерниот сируп. Посипете желатин и мешајте се додека ги снема грутките. Смесата треба да зоврие, а потоа да се вари на средна температура уште 20 минути, а за тоа време често мешајте. Смесата треба да згусне и да добие бледо-жолта боја. По готвењето се додава розината вода и по желба боја за готвење за локумот да ја добие посакуваната нијанса. Потоа се става во садот што првично го подготвивме и се остава да одлежи на ладно место во текот на ноќта. Откако ќе се зацврсти исечете го во посакуваната форма и потоа можете да го превртите во мешавина од шеќер во прав и пченкарно брашно за да не се лепи. Вкусниот домашен локум е подготвен, а тој одлично оди со турско кафе.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Едноставни турски лепчиња1. Во млекото го ставаме квасецот, шеќерот и солта. Забелешка
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кисир салата
Салата за 6 лица - Состојки1 чаша булгур Начин на подготовкаБулгурот го вариме. Доматот го лупиме и го сечкаме на ситни коцки. Младиот кромид и магдоносот ситно ги сецкаме. Сите состојки ги промешуваме и ја сервираме салатата. Изменето од evangeline - 06.Февруари.2014 во 21:50 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мантии
Состојкиза тестото - 400 гр. брашно Начин на подготовкаВо сад ги ставаме меленото месо, исецканиот кромид, сол и црн пипер. Ги мешаме и ги гмечеме 2 минути. Го просејуваме брашното. Правиме дупка на средината, во неа ставаме 1 цело јајце, 1 жолчка, сол и 100 мл. вода. Го замесуваме тестото и го оставаме да отстои 1 час. Потоа ја набрашнуваме работната маса и тестото и со оклагија го развлекуваме тестото што е можно потенко. Го сечеме на парчиња од 6*6 квадратни сантиметри и на секое му ставаме по 1 лажица фил. Сите 4 ќошиња од квадратот ги повлекуваме кон средината и може со прсти да ги стиснеме за да се залепат. Ги редиме во огноотпорен длабок сад премачкан со маргарин. Ги премачкуваме со растопен маргарин. Ги запечуваме во рерна околу 25 минути на среден оган додека не поруменат. Потоа ги преливаме со 6 чаши жешка супа. Ги покриваме и ги печеме во рерна се додека има течност. Ги вадиме и ги сервираме во длабок овален сад. Изгмечуваме лук и го помешуваме со јогурт и малку сол, па го истураме одзгоре. Растопуваме маргарин и пропржуваме црвен пипер, па и тоа го додаваме одзгоре. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јајла чорба
Состојки8 чаши пилешка супа Начин на подготовкаОризот го вариме во 8-те чаши супа на тивок оган. Го заматуваме јогуртот со жолчка и брашно. Константно мешајќи додаваме 2 чаши зовриена вода. Потоа го истураме во шерпа и го оставаме да се вари 10 минути. Го растопуваме путерот, додаваме нане и го пржиме 1 минута на слаб оган. Потоа го додаваме во чорбата и чорбата може да се сервира. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Казандиби
Состојки7 чаши млеко Начин на подготовкаПилешкиот стек го вариме се додека не омекне убаво. Го сечеме попречно на ленти со должина околу 5 см. Парчињата ги земаме во рака и ги триеме со дланките додека не се претворат во ситни влакна. Ги измиваме 3-4 пати влакната со жешка вода, менувајќи ја водата секојпат. Потоа ги цедиме убаво за да останат сосема без вода. Во шерпа ги истураме шеќерот, млекото и солта. Го оставаме шеќерот да се стопи. Во посебен сад ги промешуваме брашното и густинот. Полека додаваме од млекото и мешаме дури да се добие мазна паста. Ја истураме пастата во млеко и мешаме додека не почне да се згуснува. Земаме 4-5 лажици од пудингот и ги ставаме во садот со влакната. Ги промешуваме со виљушка, па ги враќаме во пудингот. Вариме на тивок оган и мешаме се додека не се згусне. Кога ќе биде готов го истураме во сад длабок 2-3 см, којшто ќе може да се стави и на оган и во фрижидер. Го потпечуваме малку одоздола и го оставаме во фрижидер 2-3 часа. После тоа го сечеме на правоаголници и со помош на шпахтла го завиткуваме во тенки ролни со печената страна одозгоре. Одозгора му наросуваме цимет. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кадаиф 200 гр. ореви 150-200 гр. путер 300 гр. шеќер 1 лимон 50 гр. суво грозје Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимон сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кадаиф – Рецепт на старите турци500 гр. кадаиф Намачкајте ја тепсијата со путер и наредете половина од кадаифот во тепсијата. Потоа ставете ги толчените ореви помешани со суво грозје, попрскајте со путер и ставете ја другата половина од кадаифот. Попрскајте со остатокот од путерот и ставете го во рерна да се пече околу 40 минути. Шеќерот со 200 гр. вода и сокот од лимон сварете го и прелејте го печениот кадаиф. Кадаифот треба да биде ладен, а шербетот врел. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Цариградска торта1. Најпрвин сувото грозје го потураме со румот. Оставаме да стои околу 30 минути одвреме навреме промешувајќи за да сето грозје прими од румот. Откако ќе отстои го цедиме од румот |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Турски ќебап Состојки (за ќебапот)
Состојки за тавата
1. Смесата за ќебапи се меша, се прават мали ќебапи или ќофтиња и се пржат во масло.
2. Кромидот и морковот се сечкаат на ситно и ги пропржуваме на масло,
додека не стане стаклен кромидот и морковот да омекне. Потоа го додаваме
и оризот, претходно измиен и тој малку да се пропржи. Ги додаваме
зачините, мешаме и ставаме се во тавата во која ќе печеме. Залеваме со
околу три шољи вода. Користев мешано мелено месо, а оригиналната верзија е само со јунешко мелено месо. Изменето од Valerija - 24.Февруари.2014 во 22:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поча-турско пецивоЈадење за 10 лица, во времетраење од 30 минути.Состојки 2 шолји (200мл) брашно половина лажица сол лажица сув квасец (или половина коцка свеж квасец) четвртина шолја маслиново масло четвртина шолја омекнат путер четвртина шолја јогурт половина шолја издробено фета сирење лажица магдонос лажица копар лажица мајчина душица Подготовка Почата е турско печиво кое е прилично вкусно поради миксот од зачини кој се употребува во филот. Секогаш може филот да се прилагоди по желба, но сепак смесата од фета сирење со зачини е најдобрата варијанта за полнење. 1. Во длабок сад се мешаат брашното, солта и квасецот. 2. Се додава путерот, белката, јогуртот и маслото. Се меси меко тесто. 3. Зачините ситно се сецкаат и се мешаат. 4. Издробеното сирење се меша со зачините и со малку јогурт да се добие кремаста смеса. По желба се додава црн пипер или лути пиперчиња. 5. Се зема топче од тестото малку поголемо од орев и се сука, се засекува два пати на едната страна. Во средина се става сирење и се превиткува така што засеците ќе дојдат од горната страна. Се редат на хартија во плех. 6. Се премачкуваат со жолчка од јајце измешана со малку масло 7. Се наросуваат со сусам или ким. Се печат на 200 степени, 15-20 минути. Зачините може да бидат свежи или суви, какви што имате. Ако се свежи пожелно е да се исечкаат што поситно. Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:05 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
TaтлииПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 Шекер лажички ПОДГОТОВКА: Од брашното, прашокот за печиво, 1 ванилин шеќер, јајцата и истопениот маргарин замесете убаво тесто. Тестото оставете го да одмори 15-тина минути. Потоа продолжете со месењето, при што се додава (доколку е потребно) уште малку брашно. Во посебен сад ги месиме оревите, иситнетите урми, циметот и 3-те лажици шеќер. Тоа е филот за татлиите. Од тестото земаме мали топчиња со големина колку орев, со дланката се стискаат, се филуваат, па убаво се затвораат од сите страни за да не испадне филот. Вака подготвените татлии се редат на плех и се печат на 220 степени. Додека татлии се печат се подготвува се подготвува сирупот од 1кг. шеќер, водата. ванилата и лимоновиот сок кој се додава после 15 минути варење. Потребно е сирупот да биде сварен и со светло жолта боја. Кога татлиите ќе се испечат се налеваат со сирупот. Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 14:05 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вкусот на ориентот - ЛахмаџунВо пролетните денови кои се пред нас ви препорачуваме да пробате нешто вкусно и ориентално. Ако досега сте немале прилика да пробате турска пица, позната како лахмаџун, време е да го сторите тоа. Еве уште подобра идеја како да се искористи убавото време - поканете го друштвото и покажете се како вистински експерт во кујна. Подготовката на пицата е брза и едноставна, а во исто време е толку свежа, некалорична и вкусна. Ако се решите да пробате нешто ново, ова е рецептот:
Сите состојки што ви се потребни за тестото ќе ги ставите во еден длабок сад, убаво ќе ги измешате и ќе го оставите тестото да отстои 40 минути. Кромидот и пиперката ситно исечкајте ги или уште подобро измелете ги. Додадете ги доматите, солта, магдоносот, биберот и убаво измешајте. Сите состојки измешајте ги и пропржете ги заедно со меленото месо, околу 10-тина минути. Подготете 2 тепсии со хартија за печење на нив. Ставете малку брашно на работната маса, поделете го тестото на 2 еднакви дела и растегнете ги во кружна форма. Врз тестата нанесете го филот. Рерната вклучете ја на 220 степени и печете од 8 до 10 минути. Откако ќе се испече тестото, пресечете го лахмаџунот и врз секое делче сервирајте зелена салата, исцедете малку свеж лимон, а може и да ги свиткате парчињата во ролна. Добар апетит! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85179 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Турска чорбаНајпрво се става оризот да се вари со 1 чаша вода и кога е напола варен се трга тенџерето на страна и се додава другата чаша вода, јогуртот, јајцето и брашното кои се претходно измешани со жица за матење. Тенџерото се враќа на рингла на среден оган и постојано се маша додека зоврие без додавање на сол. Кога ќе зоврие се намалува ринглата и се оства да се вари 10 мин со повремено мешање. После 10 мин се проверува дали е оризот варен и тенџерето се трга од оган и се посолува по вкус. Путерот се става да оган да се стопи и кога ќе се стопи се додава 1 мало лажиче црвен пипер и нането свежо или суво и со ова се посипува супата. Може да се јаде и ладна но може малку да се згусти |
|
Внеси реплика | страница <12345 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |