IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Турска кујна и рецепти од турската кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Турска кујна и рецепти од турската кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2018 во 08:56

Тавук гогсу“ – десерт со пилешко месо

Во турската кујна може да се најдат многу десерти кои се прават со млеко, но дефинитивно ретки се оние кои во себе содржат месо. Тавук гогсу (tavuk göğsü) е вид млечен пудинг, дел од традиционалната турска кујна, чие име во буквален превод значи „пилешки гради“. Знам дека звучи малку чудно, бидејќи и јас не можев да поверувам дека од пилешко месо може да се направи толку вкусен десерт. Кога келнерот ми кажа дека станува збор за пудинг од пилешко месо бев изненадена и мислев дека станува збор за шега.

tavuk-gogsu_cover

Всушност вкусот на пилешкото месо воопшто не се чувствува, бидејќи пилешките гради се добро зготвени и обработени. Единствено нешто што ќе забележите се парченцата пилешкото месо што го прави овој десерт оригинален.
Овој популарен десерт, кој им бил служен на султаните во Отоманската Палата Топкапи, денес во Турција се смета за традиционален десерт. Истиот, за оние кои не јадат месо, може да биде приготвен и без месо.

Состојки:

– 7 чаши млеко
– 1.5 чаша шеќер
– 3/4 чаша густин
– 1 1/4 чаша оризово брашно
– 1 1/2 чаша вода
– 1/2 лажица сол
– 1 парче пилешки стек
– цимет

< width="630" height="60" border="0" marginwidth="0" marginheight="0" ="0" ="0" allowtransparency="true" scrolling="no" allowfullscreen="true" id="aswift_1" name="aswift_1" style="left: 0px; : ; top: 0px; width: 630px; height: 60px;">

tavu goksu 1

Подготовка:

Пилешкиот стек го вариме се додека не омекне убаво. Го сечеме попречно на ленти со должина од околу 5 сантиметри. Парчињата ги земаме во рака и ги триеме со дланките додека не се претворат во тенки и долги делчиња. Ги измиваме 3-4 пати со жешка вода, менувајќи ја водата секој пат. Потоа ги цедиме убаво за да останат сосема без вода. Во шерпа ги истураме шеќерот, млекото и солта. Го оставаме шеќерот да се стопи. Во посебен сад ги промешуваме брашното и густинот. Полека додаваме од млекото и мешаме дури да се добие мазна паста. Ја истураме пастата во млеко и мешаме додека не почне да се згуснува. Земаме 4-5 лажици од пудингот и ги ставаме во садот со парчињата пилешко месо. Ги промешуваме со виљушка, па ги враќаме во пудингот. Вариме на тивок оган и мешаме се` додека не се згусне. Кога ќе биде готов го истураме во сад длабок 2-3 сантиметри, кој може да се стави и на оган и во фрижидер. Го потпечуваме малку одоздола и го оставаме во фрижидер 2-3 часа. Потоа го сечеме на правоаголници и го виткаме во тенки ролни со печената страна нагоре. На крај му наросуваме цимет.

Afiyet olsun &amp;amp;#128578;



Изменето од Valerija - 13.Мај.2018 во 08:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:37
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;° &amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°


Турска алва

Состојки
1кг шекер
500гр брашно
250гр маргарин
180мл зејтин
200мл млеко
100гр какао
200гр лешници
2кесички ванилин шеќер

Млекото, зејтинот, маргаринот и шеќерот се ставаат на оган да се стопат. Кон оваа смеса се додава какаото и убаво се меша да се изедначи. Брашното се меша со ванилата и се додава кон целата топла смеса и се пржи-вари околу 10 минути. На крај се додаваат пржените лешници, убаво се изедначува смесата и се истура во калап. Се остава да се олади, а потоа се сече по желба.
Алвата е убава и ако место лешници се додадат печени несолени кикирики или бадеми.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:39
&amp;#208;&amp;#147;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#226;&amp;#128;&amp;#147; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°


Гавурдаги -турска салата

Состојки
2 домати
1 пиперка
1 кромид
1 млад кромид
50 гр сечкани ореви
1/2 китка магдонос
листови од две гранчиња свежо нане
феферонка по вкус
маслиново масло
сируп од калинка или балсамико оцет
лимонов сок
сол и мелен кумин по вкус

На југот на Турција има планина по која оваа вкусна салата го добила името. Одлично оди со ќебапи и ќофтиња, ама и во време на пост со тазе печено лебче.

Подтотовка
Исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња. Во еден сад измешајте ги маслиновото масло, лимоновиот сок, сирупот од калинка и солта. Прелијте го сечканиот зеленчук и оставете 15 минути да ги впие соковите. Додадете ги оревите и послужете.

Забелешка
Доколку немате сируп од калинка ставете една лажица оцет балсамико, не дека е многу соодветна замена, ама и така е вкусна салатата. Може и лук да се насечка во салатата, а може и свежа краставичка, но ова е оригиналниот рецепт, кој може да го комбинирате по вкус и желба.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:41
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;±&amp;#208;°

Турска чорба

Состојки
2 чаши вода
2 чаши јогурт
3 лажици ориз
3 лажици брашно
1 јајце
1 лажиче црвен пипер
1 лажица путер

Најпрво се става оризот да се вари со 1 чаша вода и кога е напола варен се трга тенџерето на страна и се додава другата чаша вода, јогуртот, јајцето и брашното кои се претходно измешани со жица за матење. Тенџерото се враќа на рингла на среден оган и постојано се маша додека зоврие без додавање на сол. Кога ќе зоврие се намалува ринглата и се оства да се вари 10 мин со повремено мешање. После 10 мин се проверува дали е оризот варен и тенџерето се трга од оган и се посолува по вкус. Путерот се става да оган да се стопи и кога ќе се стопи се додава 1 мало лажиче црвен пипер и нането свежо или суво и со ова се посипува супата. Може да се јаде и ладна но може малку да се згусти.







Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:42
&amp;#208;&amp;#162;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;±&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#209;&amp;#134;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#156;&amp;#208;° - Mercimek &amp;#195;&amp;#135;orbas&amp;#196;±


Турска чорба од црвена леќа - Mercimek Çorbası


Состојки
3 лажици масло
1 домат
1 голем компир
1 голема главица кромид
1 морков
2 чешниња лук
200 гр црвена леќа
1-1,5 литар вода
250 мл домата
1 лажиче мешан сув зачин
2 лажички сушено нане

Mercimek Çorbası е традиционално турско јадење. Чорба од црвена леќа е една од многуте чорби кои ги има во турската кујна. Според мене една од поубавите.

1. Кромидот ситно го сецкаме. Компирот го лупиме и селиме на коцки. Морковот го чистиме и селиме на кругчиња. Лукот го сецкаме. Доматот го лупиме и сецкаме. Црвената леќа ја миеме.
2. Во тенџере на оган ставаме масло да се загрее и го додаваме кромидот да се пржи. Го додаваме лукот и доматот. Пржиме.
3. Ги додаваме морковот, компирот и леќата. Додаваме 1 литар вода и доматата. Ги додаваме зачините. Вариме 20-тина минути.
4. Откако ќе се свари целата содржина ја блендираме (со рачен блендер директно во тенџерето или дел по дел смесата ја ставаме во блендер и изблендираната содржина ја тураме во друго тенџере).
5. Доколку чорбата е густа додаваме уште вода. Јас употребив вкупно 1,5 литри вода.
6. Чорбата ја сервираме во чинија, наросуваме сушено нане, а по желба ја сервираме и со кубети.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2018 во 09:33
&amp;#208;&amp;#148;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188; &amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#186; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#132;


Долум екмек кадаиф

Состојки
1/2 кг резанци кадаиф
130 гр путер или маргарин
250 гр ореви (можи и лешник, бадем, фстак)
* За шербет
3 шољи шеќер
2 шољи вода
1/2 сок од 1 лимон
* За крем
1 л млеко
5 лажици гриз
1 прашок за пудинг од ванила
10 лажици шеќер
1/2 сок од 1 лимон
130 гр маргарин
* Фил
200 мл слатка павлака
50 гр ореви ...

Во тавата распоредете половина од резанците кадаиф. Посипете половина од сецканите ореви, па над нив другата половина од кадаифот и најгоре пак преостанатите ореви.

Растопете го путерот и прелијте преку кадаифот, па ставете го да се печи 10-15 мин на 180 степени.

Во меѓувреме спремете го шербетот, кој ќе го оставите да врие 10 мин. Тргнете го од оган и додадете го сокот од лимон.
Прелијте го кадаифот жежок.

Во друго тенџере ставете го гризот и млекото од кое предходно сте тргнале 6 лажици за растворање на пудингот да се варат со повремено промешување. Кога гризот ќе се згусни, додадете го шеќерот и растворениот прашок за пудинг.

Во готовиот крем додадете го сокот од лимон и маргаринот и убаво измиксирајте, па премачкајте го врз кадаифот.

Оставете да се здрви па премачкајте одозгора со изматена слатка павлака и врз неа наросете од сецканите ореви.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2018 во 13:11

Чомлек турски ќебап во грне

Вкусен турски ќебап со прекрасен мирис и неодолив вкус. Подготовката е брза и едноставна и е вкус за вистински гурмани.

Состојки:

  • 1 кг. јагнешко месо
  • 4 лажици маргарин
  • 500 гр. ситен кромид
  • 150 гр. грашок
  • 1 модар патлиџан
  • 2 компира
  • 2 моркова
  • 50 гр. бамии
  • 1/2 китка копар
  • сол
  • црн пипер

Начин на подготовка:

Во грне го ставаме месото исечено на коцки. Потоа редиме 1/3 од доматите (исечкани на парчиња), половина од грашокот, морковите (исечени на кратки по должина), модрите патлиџани (исецкан на четвртинки), кромидот (излупен исечкан на парчиња), 1/3 домат, пиперките (исчистени од семки), компир (исечкан на крукчиња), бамии, остатокот од доматите. Посолуваме, забиберуваме и го додаваме исечканиот копар. Додаваме маргарин и половина чаша вода. Го поклопуваме и го вариме 2 часа на тивок оган.Се служи топло со салата или златна мешавина .


Изменето од Valerija - 03.Јуни.2018 во 13:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2018 во 16:49
&amp;#208;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128; &amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#209;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#128;

Ѓулер инџир

Состојки
200 гр суви смокви
200 гр локум
100 гр сусам
80 гр ф`стаци
1 рендана кора од портокал
малку арома од портокал

Ова е домашен обид за еден прекрасен турски десерт кој го пробав и многу ми се допадна, а имав прилика на лице место да гледам како го обликуваат. Името не му го знам, па бидејќи смоквите се во акцент, со помош на гугл преведувачот им доделив име кое во превод би требало да значи ружи смокви. За вкусот можам да кажам дека успешно го доловив, а разликата во виткањето и спремањето на ружите овде, кај мене е примитивна. Тие прават голема и малку поцврста смеса, која веројатно машински убаво ја месат. Ја наденуваат на метална шипка, наликува како гирото и на сличен начин и ја сечат со специјален нож во тенки лентички, кои ги виткаат како ружи. Е овде, моите се малку подебели, оти силата не ми стигаше за повеќе да ги истенчам, но чуството на една од убавините на Стамбол сепак е доловено ;)

Сомелете ги смоквите. Сусамот малку потпечете го во суво тавче, но внимавајте да не изгори. Ф`стаците исецкајте ги крупно.

Најпрво ставете ги во сад за месење сомелените смокви, исецканиот локум и сусамот. Убаво е сусамот да е уште топол за полесна обработка на розите. Измесете, па додадете ги и останатите состојки и повторно се убаво измесете.

Со помош на сукало и малку повеќе сила направете од смесата тенка кора помеѓу 2 парчиња мрсна хартија или цврст целофан. Оставете малку да се потсуши и исечете на отприлика 2 см траки и ролајте 3-4 пати образувајќи ружи, па пресечете ја траката. На пресеченото место започнете со ролање на нова смоквина ружа.
Завитканите ружи ставете ги во мали хартиени корпиња за да не им лепи дното.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 90667
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2018 во 21:38
&amp;#208;&amp;#148;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#188; &amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#186; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#132;

Долум екмек кадаиф

Состојки
1/2 кг резанци кадаиф
130 гр путер или маргарин
250 гр ореви (можи и лешник, бадем, фстак)
* За шербет
3 шољи шеќер
2 шољи вода
1/2 сок од 1 лимон
* За крем
1 л млеко
5 лажици гриз
1 прашок за пудинг од ванила
10 лажици шеќер
1/2 сок од 1 лимон
130 гр маргарин
* Фил
200 мл слатка павлака
50 гр ореви ...
Последни 3 рецепти

Во тавата распоредете половина од резанците кадаиф. Посипете половина од сецканите ореви, па над нив другата половина од кадаифот и најгоре пак преостанатите ореви.

Растопете го путерот и прелијте преку кадаифот, па ставете го да се печи 10-15 мин на 180 степени.

Во меѓувреме спремете го шербетот, кој ќе го оставите да врие 10 мин. Тргнете го од оган и додадете го сокот од лимон.
Прелијте го кадаифот жежок.

Во друго тенџере ставете го гризот и млекото од кое предходно сте тргнале 6 лажици за растворање на пудингот да се варат со повремено промешување. Кога гризот ќе се згусни, додадете го шеќерот и растворениот прашок за пудинг.

Во готовиот крем додадете го сокот од лимон и маргаринот и убаво измиксирајте, па премачкајте го врз кадаифот.

Оставете да се здрви па премачкајте одозгора со изматена слатка павлака и врз неа наросете од сецканите ореви.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.