IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Бизнис и економија
  Активни теми Активни теми RSS - Приватните пензиски фондови  крахираат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Приватните пензиски фондови крахираат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Приватните пензиски фондови крахираат
    Испратена: 16.Август.2012 во 10:33
Приватните пензиски фондови предвреме ќе ја продаваат еврообврзницата
http://24vesti.com.mk/privatnite-penziski-fondovi-predvreme-kje-ja-prodavaat-evroobvrznicata

Ме интересираат коментарите за еден од најдобро осмислените грабежи....
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2012 во 17:42
Оваа вест веќе беше објавена во пдф Политика и има објаснување:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Под притисок на власта ова се случува 

15.08.2012, 10:01

ПРИ ВАТ НИ ТЕ ПЕН ЗИС КИ ФОН ДО ВИ ЈА ПРО ДА ВА АТ ЕВ РО ОБ ВРЗ НИ ЦА ТА

Вла да та зај ми 20 ми ли о ни ев ра од ид ни те пен зи о не ри

При ват ни те пен зи ски фон до ви во Ма ке до ни ја ку пи ја др жав ни об врз ни ци и со тоа, во из ми на­ти ве де сет де на $ да доа нов за ем на Вла да та од 20 ми ли о ни ев ра. Тоа зна чи де ка со пос лед ни­от за ем, др жа ва та им дол жи на ид ни те пен зи о не ри вкуп но 177 ми ли о ни ев ра, заш то 57% од па ри те во два та фон да се ин вес ти ра ни во др жав ни об врз ни ци.

От ка ко на 8 ав густ ста пи ја на си ла из ме ни те на За ко нот за ка пи тал но фи нан си ра но пен зи ско оси­гу ру ва ње, пен зис ки те фон до ви поч наа да ја про да ва ат ев ро об врз ни ца и свес но да ра бо тат со за гу­ба, заш то влас та со си ла им на мет на но ва ин вес ти ци ска по ли ти ка. Два та фон да ве ќе про да ле две тре ти ни од ев ро об врз ни ца та, ко ја тре ба да дос та са во 2015 го ди на. Та му па ри те на ид ни те пен зи о­не ри се зго ле му ваа со ка ма та од над 7%. Се га ис ти те па ри не мо жат да би дат оп ло де ни тол ку доб ро, заш то се ин вес ти ра ат во об врз ни ци со ка ма та од око лу 5%.
"Мо ра да го по чи ту ва ме за ко нот што бе ше из гла сан ми на ти от ме сец од Соб ра ни е то. Спо ред не го, ние мо ра до 15 ја ну а ри 2013 го ди на да ја про да де ме ев ро об врз ни ца та. Се бо ри ме да нап ра ви ме кол ку што мо же по ма ла за гу ба за на ши те чле но ви", ве ли Јан ко Трен ков ски, ди рек тор на КБ прв от­во рен пен зи ски фонд. 
Ре гу ла тор на та аген ци ја МА ПАС, ко ја ја кон тро ли ра ра бо та та на пен зис ки те друш тва и го шти ти ин­те ре сот на оси гу ре ни ци те, сe уш те не знае кол ка ва ќе би де за гу ба та на чле но ви те по ра ди но во то за кон ско ог ра ни чу ва ње на Вла да та. Ди рек то рот Бу ленд Дер ви ши ве ли де ка не чувс тву ва лич на од­го вор ност, заш то тој не ги но сел за ко ни те. 
"Ќе нап ра ви ме ис тра жу ва ње ко га вра бо те ни те ќе се вра тат од од мор. Уш те не зна е ме да ли ќе има за гу ба и се то ова е са мо ка жа но на ули чен ја зик", из ја ви вче ра Дер ви ши. 
Пред да се до не се За ко нот, тој из ја ви де ка МА ПАС не се сог ла су ва со но ви от пред лог, но де ка ни кој од Вла да та не ги пра шал за мис ле ње. 
Пр вич ни те ана ли зи по ка жаа де ка со пред вре ме на та про даж ба на ев ро об врз ни ца та, 300.000 оси гу­ре ни ци, чле но ви на при ват ни те пен зи ски друш тва, ќе за гу бат око лу 15-20% од па ри те што ги ин­вес ти ра ле во неа. Два та пен зи ски фон да во ев ро об врз ни ца та имаа вло же но вкуп но 75 ми ли о ни ев­ра. 
Р. Фо ти нов ска

Извадено од денешниот број на Вест (про владин) дневен весник... Дали тоа значи дека власта ги губи ингеренциите врз медиумите? 




Види сега, цените на нафтата, гасот и струјата се зголемуваат на меѓународниот пазар, народот го чувствува тоа и своето незадоволство го истура пред владата. Оваа, неможејќи да им нареди на ОПЕК, Саудијска Арабија и оние емирати на блискиот исток да ги намалат цените, а под притисок на народот кој смета дека токму таа е одговорна за с'е, се наоѓа приморана да помогне.

И како оди тоа помогнување ? Со празнење на државниот сеф, од парите кои се собрани со даноците. Вадењето од таму би значело недостаток на пари за социјална заштита, бoлници, училишта... за да не дојде до тоа владата треба да позајмува пари од меѓународни банки. Каматата таму е поприлична за вакви нешта, па останува опцијата да се користат внтарешни резерви од други фондови. СИТЕ влади, не само македонската, најчесто посегнуваат по пензијските фондови. За жал, некои држави буквално ги празнат и ги оставаат идните генерации со празни джебови. Други, како на пример САД и Канада, позајмуваат со продавање на државни обврзници со кои државата губи помалу во плаќање на камати во однос со позајмувањето пари од интернационалните банки.

Во конкретниов случај, пензионерите помагаат на државата да дојде до потребните средства за да можат индиректно и самите да ја користат помошта која ќе се рефлектира со интервенирање во цените на енергијата (нафта, струја, греење...) како и за други потребштини кои ќе ги има народот во есенските и зимските месеци.

Пензионерите наместо 7% ќе направат 5% директен ќар од државата со купување на обврзниците. Тие не губат ништо, туку не реализираат директни 2% од оние на претходните обврзници. Тие нереализирани 2% ќе ги добијат индиректно со плаќањето на намалените давачки кои ќе бидат субвенирани од владата во текот на следните месеци.

Од сета оваа работа не губи никој ништо, иако така изгледа на прв поглед, туку добива сиот македонски народ.





Значи не се работи за еден од најдобро осмислените грабежи, туку е вообичаена практика кај СИТЕ одговорни влади да позајмуваат (со плаќање камата) од други фондови за да ги задоволат барањата на сопствениот народ и истовремено да не го оштетат со нереализирање интерес на тие пари или уште полошо, со дополнителни задолжувања кај интернационалните банки.




Изменето од Messenger - 16.Август.2012 во 18:55
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 08:29
" Со купување на домашни обврзници тие мораат да ја спасуваат економијата на грбот на околу 300.000 осигуреници на приватните задолжителни пензиски фондови кои штедат пари за пензија во вториот пензиски столб.
Овие пари треба да се разрочат по одредена каматна стапка и да се орочат под каматна стапка која не е поволна. Разликата во добивката е загубата. Тоа значи помала сума на средства на сметките на пензионерите членови на задолжителниот пензиски фонд.
Еврообврзницата беше издадена во 2005 година на 10 години, а во неа друштвата имаат вложено од 20 до 30 отсто од нивните вкупни средства. Сега мора да се продаде предвреме, најдоцна до 15 јануари 2013.
Оваа владина мерка тогаш беше правдана со цел да се заштитат парите за пензии на осигурениците од економската криза и да се инвестираат во посигурни средства."
Ова е цитат од од текстот на 24 сати вести на 15.08.2012
Законот на хартии од вредност во член 22 обврзницата ја дефинира како Долгорочна должничка хартија од вредност со која издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или на рати ке му го исплати на определенит ден износот од номиналната вредност на обврзницата и каматата.
Не можи владата која ја издала обврзницата и има обврска кон доверителот да му текнува кога ќе и се посака да ја намалува вредноста на каматата и времетраењето на исплатата на обврзницата и да наложува разрочување на парите и накнадно урочување на истите со помала камата.
Кој би се јавил како доверител ако нема почитување на договорот.
Ова доаѓа исто како да урочиш 100000 долари во Банка со договор на 1 година и каматна стапка од 6 % и после 3 месеци во време на девалвација да ти кажат твоите пари ке треба да ги преурочиш во банката со истиот договор ама со каматна стапка од 3 % пошто на бордот директори така им се сонило.


Изменето од Alekxandar - 17.Август.2012 во 09:54
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 14:57

...невидена работа.Немаш пари за глупостите свои,па брцни во џебот на другиот...

Не ми е јасно каква дрскост и несериознен пристап кон одредени институции во самиот систем.По сево ова што се случува ме тера мислата ...нема иднина оваа држава,кога тогаш ќе се распадне.Тешко на обичниот човек во неа.

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 15:26
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

" Со купување на домашни обврзници тие мораат да ја спасуваат економијата на грбот на околу 300.000 осигуреници на приватните задолжителни пензиски фондови кои штедат пари за пензија во вториот пензиски столб.
Овие пари треба да се разрочат по одредена каматна стапка и да се орочат под каматна стапка која не е поволна. Разликата во добивката е загубата. Тоа значи помала сума на средства на сметките на пензионерите членови на задолжителниот пензиски фонд.
Еврообврзницата беше издадена во 2005 година на 10 години, а во неа друштвата имаат вложено од 20 до 30 отсто од нивните вкупни средства. Сега мора да се продаде предвреме, најдоцна до 15 јануари 2013.
Оваа владина мерка тогаш беше правдана со цел да се заштитат парите за пензии на осигурениците од економската криза и да се инвестираат во посигурни средства."
Ова е цитат од од текстот на 24 сати вести на 15.08.2012
Законот на хартии од вредност во член 22 обврзницата ја дефинира како Долгорочна должничка хартија од вредност со која издавачот се обврзува дека на сопственикот на обврзницата еднократно или на рати ке му го исплати на определенит ден износот од номиналната вредност на обврзницата и каматата.
Не можи владата која ја издала обврзницата и има обврска кон доверителот да му текнува кога ќе и се посака да ја намалува вредноста на каматата и времетраењето на исплатата на обврзницата и да наложува разрочување на парите и накнадно урочување на истите со помала камата.
Кој би се јавил како доверител ако нема почитување на договорот.
Ова доаѓа исто како да урочиш 100000 долари во Банка со договор на 1 година и каматна стапка од 6 % и после 3 месеци во време на девалвација да ти кажат твоите пари ке треба да ги преурочиш во банката со истиот договор ама со каматна стапка од 3 % пошто на бордот директори така им се сонило.

Во случајов се работи за две различни вредносни хартии, а не за намалување на номиналната вредност на интересот на една хартија. Едната се продава по нејзината договорена вредност и другата се купува по нова договорена вредност.

Претходно напишав зошто е направено тоа и како формално пензијскиот фонд не реализира (наспроти "губи") 2% интерес за преостанатите две-три години. Тоа што формално не се реализира ќе се добие назад со субвенции на државата преку регулирање на цените на енергиите и другите потребштини, нешта кои народот бара да му бидат удоволени од владата.

Кажи што е поарно, владата да го стори ова што го рпави сега и на крајот сите да добијат оноа што сметаат дека треаб да го имаат или да остави с'е како што е, па да се задолжи со нови кредити од надвор со најмалу двојно поголеми камати отколку што е интересот  на обврзниците ???

И ќе повторам уште еднаш, ова не е некоја македонска измислица за грабење пари, туку редовна пракса на СИТЕ одговорни влади во светот.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 17:54
Кратењето на непотребните буџетски трошоци и вложување во енергетиката се полесен начин да се стабилизира цената на енергенсите долгорочно затоа што покрај нафтата и цената на јагленот ке скокни на светските берзи.
Инвеститорите ги интересира профит,а не социјални пакети.
Според она шо го образложи доаѓа дека во Септември кога би имало пад на цената на нафтата ,владата би требало да издаде нова обврзница со повисока каматна стапка на обрзницата како би го вратила загубеното на пензискиот фонд.
Мислам дека треба да се вклучат и по некој економист и брокер во целата дискусија.
Интересно е да се види размислувањето на компетентни лица зошто колку и да се напрегаме да објасниме-дообјасниме тие се судираат секојдневно со проблемот.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2012 во 18:09
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:


Според она шо го образложи доаѓа дека во Септември кога би имало пад на цената на нафтата ,владата би требало да издаде нова обврзница со повисока каматна стапка на обрзницата како би го вратила загубеното на пензискиот фонд.
 


Кажаново не прави никаква логика.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 14:48
Александар,

Јас помислив дека си експерт кога видов дека си ја покренал темава.

Ајде да одиме пред коператива, да се напиеме по едно пиво и да зборуваме за фудбал. Барем таму сите сме експерти!

Да зборувам за нешто во кое не сум упатен немам намера посебно за специфики како обврзниците кои се само едне мал домен од работењето на во овие приватни пенсиски (инвестициони) фондови. Тоа треба да го прави и секој друг кој не е упатен во проблематиката.

Меѓутоа ќе ја искористам оваа прилика да ти прикажам како е овде кај мене и како тоа функционира.

Пенсизските фондови или така наречени Superannuation funds се во основа инвестицсики фондови кои работат во интерес на нивните челнови, идните понзионери. Фондовите се регулрани со законска регулатива, а се независни во нивниот делокруг на работа.

Нивната задача е собраната парична маса која овде инзесува минимум 9% од бруто платата на секој еден вработен да ја инвестираат. Инвестициите ги водат инцестициски портфолио менаџери. Тие одлучуваат каде и колку ќе се инвестира. Обично не ги ставаат сите јајца во една кошница. Инвестициите можат да бидат најразлични од вложување во енергетика, инфрастуктура, акции, воена индустрија, обврзници.....

Фондовите им нудат различни стратегии на членовите. Членот сам треба да си избере која стратегија најмногу нему му одговара. Генерално финасиските советници им помагаат при донесувањето на одлуката. Како опција стои и тоа да челнот може да ја промени стратегијата во било кое време.

Во главно има 3 стратегии и тоа

1 брзо растечка погодна за помлади, каде турболенциите се поизразени
2 балансирана погодана средновечни, каде ризикот е избалнсиран
3 споро растечка погодна за позрасни или оние пред пензија, каде не би требело да чувстуваат поголеми растови и падови.    

Целта им е да обезбедат што поголема добивака за членовите, а тоа подразбира и продавање на обврзниците предвреме, ако фондот смета дека тоа е од поголема корист или пак заштита од поголема загуба.

Во оваа светска економска криза мислам непостои фонд кој работи позитивно. Сите имаат огромни црни дупки, па не е ни чудо што се почесто слушаме за иницијативи со кои се предлага продолжување на работниот век.

Дека незборувам на памет ќе ти дадам мој личен пример. Извештај добивам на секои 3 месеци. Во изештајот за последното тромесечие јас во мојот фонд имав 6000 доалри помалку во споредба со предходнот тромесечие. И покрај тоа што допринесував 9%, фондот ми изгуби 6000 + оние 9% што ги уплатував. Како стојат работите сега ако одам во пензија на 65 години ќе ми фалат 40% од моите пари, кои би ми обезбедиле пристојна пензија.

Што ми преостанува?

1 да уплаќам повеќе
2 да работам до 75 години
3 да се надевам дека работите ќе се оправат
4 да се вратам во Македонија и пензијата да ја трошам таму

Значи ако фондот инвестира во така наречени volоtile маркети и индустрии тогаш очекувај да има растови и падови. Тука спаѓа и нафтата и нејзините деривати, а и енергетскиот сектор. Меѓутоа едно е јасно кај нив на долг временски период неможеш да изгубиш, нивниот тренд секогаш е нагорен. Тајмнингот е битен ако си шпекулант.

Ајде на пиво сега!



   



Изменето од Platenik - 18.Август.2012 во 14:53
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 15:40
Се работи за предвреме раскинат договор кој им е наложен на приватните пензиски фондови.
Со последните измени на законот за капитално финансирано пензиско осигурување, пензиските фондови две години порано мораат да се ослободат од овие хартии од вредност
Еврообврзницата има номинална вредност и камата.
Каматата е карот кој го прави пензискиот фонд.
Затоa ме интересира мислењето на економист или брокер да ја објасни новата измена на законот....


Изменето од Alekxandar - 18.Август.2012 во 16:06
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 16:06
Прости не сум во Македонија, па кажи ако можеш кој тоа ги принудил пензиските фондови предвреме да го раскинат договорот?

Колку мене ми е познато приватните фондови се независни во своето работење и никој неможе нешто да им наложи доколку тие несакаат или невидат дека ќе имаат полза од раскинот.

Секоја обврзница има номинална вредност, а каматата би требело да биде добивка, која теретски би тебало да ја заштити вредноста на вложените пари плус да оствари екстра добивка. Во спротивно луѓето не би инвестирале.

И да е донесен нов закон или измена на постечкиот, обично проемните не се применуваат ретроградно. Договор може да се раскине спогодбено или судски. Неверувам дека во овај случај некој некому нешто му наложил.

Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2012 во 16:28
Тука и се направи проблемот , различни медиуми различно ја пласираја веста,а никој не излезе да образложи и да кажи шо се случи со новата измена на законот и дали им е наложено на фондовите да ги продадат предвреме обврзниците или тоа сами тие го направиле .
Ако приватниот фонд како независно тело во своето работење направило ризик и изгубило дел од инвестициите на осигурениците а за тоа никој не ги принудил тоа не требаше ни да се објавува како помпезна вест пошто секоја инвестиција подлежи на ризик.Ако ги принудил некој на таков чекор како што објавија првично медиумите дава лош сигнал зашто кој би инвестирал ако договорот не се почитува.Многу нејасни работи....
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2013 во 10:00
Пензискиот фонд во Македонија бележи дефицит. Причините за тоа според  економистите не се само во неостварените макроекономски индикатори за зголемување на вработеноста и порастот на платите, туку и лошите политички  одлуки.
Ако овој тренд не престане, во една перспектива од 5,10, 15 години Фондот може и целосно да крахира.
 
Владата континуирано ги зголемува пензиите над законски определените износи,  таа јавно кажува дека според законот следуваат 3 проценти годишно, но од Владата добиваат дополнителни 2-3, веројатно заради политичко додворување на пензионерите и фондот постојано има се повеќе и повеќе трошоци, а релативно пониски  приходи“, изјави професор Никола Поповски, кој е и поранешен министер.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија се наведува дека ПИОМ секоја година позајмува се повеќе пари за исплата на пензиите. Лани од државниот буџет биле дадени 166 милиони евра за да може Фондот   да ги исплати пензиите. Како што се намалија придонесите за пензиско, се намали процентот и за здравствено осигурување и тоа доведе до тоа државата да мора да интервенира. Во извештајот стои дека осигурениците на Фондот му должат 208 милиони евра.

Според аналитичарите пропадната е и идејата за независен и самостоен фонд за здравствено осигурување со кој ќе раководат осигурениците. Сега тој е владина устанува која работи како сите буџетски  установи, вели поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Никола Пановски. Причините за тоа не се само во економската ситуација, туку и претходно намалените придонеси за здравствено осигурување како што беа намалени и за пензиското осигурување.
Кон врв
TENDO Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 24.Октомври.2011
Статус: Офлајн
Поени: 10
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TENDO Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Декември.2013 во 22:43
http://educorner.mk/?page_id=227

Како финална анализа во обуката ќе биде изработката на модел за вреднување на една од двете најликвидни акции кај нас. Ќе биде направена историска анализа на финансиките извештаи од последните 5 години, ќе се пресметаат параметри со кои ќе може да се креира финансиски модел за идното работење на компанијата. Па преку дисконтирање на паричните текови, ќе може да се вреднува компанијата и нејзините акции.
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2015 во 14:27
http://telma.com.mk/vesti/drzhava-se-zadolzhi-so-73-63-milioni-evra

По 2 години од последниот пост на оваа тема излегува на површина крахираниот систем а тоа е позајмување на средства за исплата на пензии и плати.
Позајмуваме пари од иднината за да исплатиме плати и пензии во сегашноста.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.