IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНСКА РИЗНИЦА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 39>
Автор
Порака
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 14:33
Во врска со основното прашање за националноста на Македонците, старата ВМРО имаше нејасни погледи и паѓаше во противречности. Таа го признаваше и, како трн во очите на врховистите, го истакнуваше постоењето на македонскиот народ во самостојната географска и економска целина на Македонија, која ги има сите права да се оддели во независна држава. Но, истовремено во старата ВМРО надвладуваше погрешното убедување дека македонските Словени се Бугари. Во тоа се крие причината зошто таа неможеше до крај да ја издржи борбата против врховизмот и бугарската освојувачка политика спрема Македонија. Во старата ВМРО преовладуваше мислењето дека самостојната борба на македонскиот народ за македонска држава е диктирано од маневриски политички причини: не поради тоа дека Македонија не е бугарска па не треба да се припои кон Бугарија, туку другите заинтересирани држави не би дозволиле такво припојување. Ваквото во основа неточно становиште ги натера скоро сите македонски револуционери да станат
доброволци во бугарската армија за време на балканската војна против Турција
една капитална грешка со катастрофални последици за македонскиот народ. Основната причина за тој историски погрешен чекор се крие во најголемата штета што врховизмот и бугарската освојувачка политика и ја нанесоа на македонската кауза со насадувањето на бугарштината во Македонија и привременото засенување на самостојното национално чувство кај Македонецот. ВМРО (Обединета) не можеше да не извлече поука од таа погубна грешка во македонското минато. Таа неможеше да не им извика гласно на бугарскиот и на балканскиот империјализам: долу крвавите шепи од Македонија! Таа не можеше да непочне борба за зачувување на Македонците од асимилација и за подигање на самостојната македонска национална свест, дека Македонците не се Срби или Грци, ниту пак Бугари, а се одделна нација. Истовремено и имено во тоа ВМРО (Обединета) постави солидна база на македонското ослободително движење за непрекината и аргументирана борба за слободна и независна македонска држава.

“Историјата и суштината на ВМРО (Обединета)”,поднесен на Обласната конференција на ВМРО(Об) за Пиринсиот дел на Македонија од 1926година


Дали е точна годината?

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 20:47

http://www.facebook.com/pages/%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D1%80%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0/117580261671673

Каснковски немам намера да разговарам за годината. Во папката од ДАРМ и во документот на статијата е таа година 1926 година.

п.с.

А тебе уште те чекам за твојата статија , ќе ја испраќаше за 2 сати пред два месециголема насмевка

“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 20:50
Не е возможно во 1926 г. да пишувал такви работи.

Да не си го префрлил 10 години пред можниот временски период?

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2012 во 23:03
Очигледно дека не разбираш ништо од архивистика. 
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 08:01
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Очигледно дека не разбираш ништо од архивистика. 


Фактите говорат друго. Доскоро и jас мислев што датата е верна - 1926 г. (дури имахме спор со Каснаковски). Сега мислим што е после 1934 г. (после доагьането во Бугариjа од СССР) Мотиви: напишаното од Зоран Тодоровски и открито од него извештаj на Шаторов:

Пред извесно време во партиските фондови на Централниот државен архив во Софија пронајдов непознат документ -Извештај на се' уште оспоруваниот Методија Шаторов-Шарло од 1937 година.
Овој Извештај носи наслов:
'Зошто бугарската фашистичка диктатура по 19 мај спроведува отворена противмакедонска политика?'.
Извештајот е доставен до Задграничното биро на Централниот комитет на БКП во Москва, односно до Васил Коларов, и претставува една од најаналитичните проценки за политичката и економската положба, како и за политичкото расположение на македонските емигрантски и бегалски маси во пиринскиот дел на Македонија во меѓувоениот период.
Во Извештајот, областа Петричко, односно пиринскиот дел на Македонија, Шаторов го нарекува македонскиот крај во кој македонското население целосно ја прифатило идејата за изградување масовно македонско движење.

Подвлекувајќи дека во овој македонски крај на прво место треба да се постават прашањата што имаат национален карактер, Шаторов во Извештајот сугерира да се популаризира идејата за создавање единствена македонска народна организација, односно македонска партија, одредувајќи ја приоритетната задача на Македонците во овој дел на Бугарија во изградувањето на македонски народен фронт.
Овој Извештај е напишан токму од самиот Методија Шаторов.
По 19 мај, со воведувањето на отворена фашистичка диктатура, бугарската реакција спроведе поширока терористичка акција против целокупното македонско движење, против се' што е македонско', вели проф. д-р Зоран Тодоровски.

По ова, истакнува Тодоровски, тогашните бугарски власти во македонскиот крај ги симнуваат од училиштата и читалиштата имињата и портретите на видни македонски револуционери, забрануваат било какви беседи или читање реферати по македонски прашања.
Ја отпуштаат македонската интелигенција во државните и општинските установи, како што е случајот во Г. Џумаја, Св. Врачко, и сменувањето на учителите санданисти во Неврокопско и Разлошко, дури и на попот - санданист.
Исто така им се забранува на блиските на убиените Македонци да организираат панихиди, да ги посетуваат гробовите, како што е случајот по повод годишнината од убиството на Т. Александров, на Јане Сандански и др.

'Било забрането Македонците слободно да ги прославуваат своите народни празници, како што се Илинден, Гоцевиот ден, годишнината од Крушевската република и др.
Затоа ВМРО (ОБ.) сета своја активност ја насочува за создавање политички, стопански, културно-просветни, професионални, спортски и други организации на македонскиот народ.
Идејата, која обединува и се јавува како знаме на македонскиот народ, тоа е борбата за национална независност.

'Доколку бугарските империјалисти и фашисти се стремат со сите средства да го убијат МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА БОРБАТА (со големи букви во Извештајот - н.з.), нашиот долг е да бидеме против таа политика и да им разјаснуваме на сите Македонци кои се неговите пријатели и непријатели во Бугарија и во светот, и истовремено високо да го издигнеме знамето на самостојната македонска борба.
При денешната состојба, доколку при водењето на преговори со одделните партии и организации се говори да се дојде до договор на Македонците, за единствена борба против фашизмот и реакцијата во Бугарија неопходно е истовремено да се популаризира идејата за создавање и на единствена македонска народна организација'.
----
Ете краток животопис и да видим каде може да сместим материалот на Андонов Благоjче:

Подоцна, во 1926-та година, учествувал во создавањето на ВМРО (Обединета), а во декември 1927-та година бил делегат на Втората конференција на Коминтерната, каде што дискутирал за македонското прашање.

Во меѓувреме, поради комунистичките идеи, бил осуден на смрт од Ванчо Михајлов, па морал да замине во Виена и Берлин, а во 1930-та година стигнал во Москва каде што ги посетувал ленинските курсеви.

Подоцна, во Коминтерната работел во одделот за школување на партиските кадри од источните земји. Еден период бил инструктор во Кина.

Од Москва заминал во Берлин, а потоа се вратил во Бугарија каде што за ВМРО (Обединета) ја организирал работата во Пиринска Македонија.

За сето време, бугарските власти постојано го прогонувале поради промакедонската револуционерна дејност, па во 1936-та година бил осуден во отсуство на пет години затвор.

Истата година Шарло заминал за Париз каде што собирал помош за интернационалните бригади во Шпанија.
---
Значи единствениот времеви период кога е можел да работи и отговара за Пиринска Македониjа е периодот след врштането од Москва преку Берлин некаде около 1934 г.

Извештаj на Шаторов

Изменето од чоли - 12.Ноември.2012 во 08:04
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 09:05
'Зошто бугарската фашистичка диктатура по 19 мај спроведува отворена противмакедонска политика?'

Чоли едно просто прашање, дали Шарло има напишано само еден извештај ?

Извештајот што го објави Зоран Тодоровски  можеби е од друга кутија. 
Извештајот што  е во Ризница е од друга кутија.

И баш ме интересира што е важно дали е 1926 или 36 година? Содржината на извештајот е таа , кутиите се наоѓаат во ДАРМ , каде што има уште милиони документи кој не се објавени.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 09:25
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

<span style=": rgb251, 251, 253;">'Зошто бугарската фашистичка диктатура по 19 мај спроведува отворена противмакедонска политика?'

Чоли едно просто прашање, дали Шарло има напишано само еден извештај ?

Извештајот што го објави Зоран Тодоровски  можеби е од друга кутија. 
Извештајот што  е во Ризница е од друга кутија.

И баш ме интересира што е важно дали е 1926 или 36 година? Содржината на извештајот е таа , кутиите се наоѓаат во ДАРМ , каде што има уште милиони документи кој не се објавени.</span>

Диктатурата од 1934 г. спроведува политика на забрана на сите политически субекти (во тоа число и на ВМРО, ВМРО (об) и т. н.). Демек - сите партии са забранени! Во началото не бил фашистички преврат во класически стил.. генезата на собитиjата довежда до еднолична монархическа диктатура на Борис ІІІ, коj обрал дивидентите од превратот. (Се мисли што е инспириран од Србите). Учесници во превратот са били Дамjан Велчев и Кимон Георгиевкои били учесници и во преватот на 09 VІ 1923 г. и во комунистичкиот преврат на 9 ІХ 1944 г. Или со еден сбор:

Државниот преврат е пречекан непријателски од сите политички сили, но поради настапувањето процес на разложение во повеќето од нив тие не се во состојба да му се спротивстават. Во исто време и заговорниците се лишени од широка политичка поддршка и се потпираат единствено на поддршката од армијата. Една од првите задачи на новата власт е поставувањето на ВМРО надвор од законот и издавањето на отсуство смртна пресуда над Иван Михајлов. Уште во првите денови на своето постоење новата влада пристапува кон значајни трансформации во внатрешниот живот на земјата: укинува Търновската устав, го распушти собранието, забранува политичките партии, револуционерните организации и синдикатите. Воведува нов систем во државното управување: назначување на градоначалниците од централната власт, создавање на државни професионални организации (Македонски работнички сојуз), креирање на Дирекцијата за јавна обнова и други. Благодарение на српските пари, раздавани великодушно од Југословенската амбасада, регрутираат брзина јавни движења - Бугарско-jyгославeнското друштво и особено студентскo друштво за пријателство меѓу Југославија и Бугарија. Во списоците на овие 2 компании можат да се видат многу познати имиња како Петар Увалиев, Живко Сталев и многу други. Во државниот архив се чуваат покани од 1934 година за прославата на создавањето на Југословенската федерација и заедно до нив - наредбата на тогашниот министер за внатрешни работи Петар Мидилев за забрана на жалост паради по повод годишнината од Нjоjскиoт договор. Насекаде во земјата се одржуваат предавања и сказки во кои се пропагира балканска федерација од врв Триглав (Словенија) до Црното Море и од Бело море до Дунав со главен град Белград и интегралнa Југославија под династијата на Караѓорѓевиќ.
http://bg.wikipedia.org/wiki/Деветнадесетомайски_преврат
---
Односно важноста дали е 1926 или 1936 г. - се трси истината. Каснакоски тврди, што нема начин во 1926 да се држи доклад за "ИСТОРИJА" на нешто токушто создаденото ВМРО (об). И оти во 1926 г. идеjата за македонса нациjа сеуште е била во бебешки пелени.
И ништо не пречи во ДАРМ погрешно да са датирали извештаjот, штом се работи за "милиони документи"
Мунгос - цензорот на Мисирков
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 17:55
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:


И баш ме интересира што е важно дали е 1926 или 36 година? Содржината на извештајот е таа , кутиите се наоѓаат во ДАРМ , каде што има уште милиони документи кој не се објавени.</span>


Важно е, бидејќи никој во 1926 г. не зборувал дека Македонците се посебен народ.
Ако е навистина од 1926 г. Шарло ќе биде првиот Македонец.

И друго - ВМРО /об/ е создадена во 1925 г. Каква историја имала за 1 година?

Сматракалев пишува дека членови на ВМРО /об/ за прв пат во 1932 г. го поставиле прашањето за посебен македонски народ.

Васил Ивановски овие идеи ги прифатил во 1934 г.
Ангел Динев во 1935 г.

Дали е возможно 10 г. порано Шарло да пропагирал такви идеи? Мислам не.

Ако толку мнногу се разбираш од архивистика, дај покажи ја книгата од која си препишувал да видиме кој греши.
Ти или оној од кого си препишувал.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 18:20
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

<span style=": rgb251, 251, 253;">'Зошто бугарската фашистичка диктатура по 19 мај спроведува отворена противмакедонска политика?'

Чоли едно просто прашање, дали Шарло има напишано само еден извештај ?

Извештајот што го објави Зоран Тодоровски  можеби е од друга кутија. 
Извештајот што  е во Ризница е од друга кутија.

И баш ме интересира што е важно дали е 1926 или 36 година? Содржината на извештајот е таа , кутиите се наоѓаат во ДАРМ , каде што има уште милиони документи кој не се објавени.</span>

Диктатурата од 1934 г. спроведува политика на забрана на сите политически субекти (во тоа 
Односно важноста дали е 1926 или 1936 г. - се трси истината. Каснакоски тврди, што нема начин во 1926 да се држи доклад за "ИСТОРИJА" на нешто токушто создаденото ВМРО (об). И оти во 1926 г. идеjата за македонса нациjа сеуште е била во бебешки пелени.
И ништо не пречи во ДАРМ погрешно да са датирали извештаjот, штом се работи за "милиони документи"


Чоли тоа што каснаковски тврди се само негови фантазии , треба да се има некакви докази , а не само нагодувања.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 18:22
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:


И баш ме интересира што е важно дали е 1926 или 36 година? Содржината на извештајот е таа , кутиите се наоѓаат во ДАРМ , каде што има уште милиони документи кој не се објавени.</span>


Важно е, бидејќи никој во 1926 г. не зборувал дека Македонците се посебен народ.
Ако е навистина од 1926 г. Шарло ќе биде првиот Македонец.

И друго - ВМРО /об/ е создадена во 1925 г. Каква историја имала за 1 година?

Сматракалев пишува дека членови на ВМРО /об/ за прв пат во 1932 г. го поставиле прашањето за посебен македонски народ.

Васил Ивановски овие идеи ги прифатил во 1934 г.
Ангел Динев во 1935 г.

Дали е возможно 10 г. порано Шарло да пропагирал такви идеи? Мислам не.

Ако толку мнногу се разбираш од архивистика, дај покажи ја книгата од која си препишувал да видиме кој греши.
Ти или оној од кого си препишувал.


Глупости твои.Имаш доволно теми на форумот од Македонци кои и пред Шарло зборуваат за Македонците и нивната  посебност.

И нема книга , документот за прв пат излегува пред јавност. 
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 18:30
Кои се овие Македонци кои зборувале за посебност? Чуповски и Наце Димов.

Ако нема книга и ти за прв пат го објавуваш, треба да докажеш дека годината е точна. Кажав ти кои ми се аргументите за тоа што документот е некаде околу 1935-6 година.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 18:33
голема насмевка
Сите бре Каснаковски .

Документот  постои , папката и архивот се тие. Оди кај Зоран Тодоровски , плати си за да истражуваш и слободно демантирај. 
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 18:54
Аха, ти покажуваш информации, кои не можат да се проверат, никаде ги нема, само ти ги знаеш и очекуваш јас да одам да ти ги демантирам лагите?

Јас тврдам дека документот /ако постои/ не е од 1926 г.
И друго
1. На кој јазик е оригиналот?
2. Ако е на бугарски јазик, кој го превел на македонски? Сигурно не си ти.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2012 во 19:11
1.Ти можеш и теоријата на Дарвин или на Ајнштајн да ја оспоруваш , ама и за тоа ти треба истражување а не дремење пред компјутер.
2.Информациите се во архив , секој може да оди , да плати и да добие копија од одредена папка.
3.На малезиски јазик.
4.Стручен превод се плаќа во овластени канцеларии , секоја страна чини пари.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 39>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.