IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Victoria's Secret
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Victoria's Secret

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 14:01

Шоуто на Victoria’s Secret 2015 – хипнотизирачки спектакл


Екстраваганција, сексапил, театралност, сензуалност – 20-тото шоу на Victoria’s Secret спектакуларно ги задоволи огромните очекувања.

Најсексапилната ревија се одржа во Њујорк со учество на 47 долгоноги манекенки кои носеа 75 костими.

Шоуто вклучуваше 6 сегмента. Хипи манијата од 60-тите и шармот на бохо стилот ги диктираа костимите за „Boho Psychedelic“, колоритноста и богатата текстура на крилата на пеперутките го дефинираа „Exotic Butterflies“, женственост и нежност доминираа во„Portrait of an Angel“, американската култура и историја го инспирираа „Pink USA“, деликатноста на мразот и снегулките и спортскиот изглед на скијачите се споија во „Ice Angels“, додека експлозивната и зашеметувачка убавина на огнометите беше прикажана преку „Fireworks“.

Американскиот дизајнер Брајан Етвуд беше задолжен за впечатливите обувки на ангелите.

Шоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VS

Најскапоцената креација беше резервирана за Лили Одриџ. Градникот од фантазиите е проценет на 2 милиони долари, а е изработен од повеќе од 6.500 скапоцени камења како дијаманти, сини топази и жолти сафири и 18-каратно злато.

Шоуто на VSШоуто на VS

Ангелот Марта Хант носеше специјален костим со илјадници сваровски кристали и крилја кои светеа како огномет. Нејзиниот корсет беше декориран со неверојатни 90.000 златни, црвени, зелени и сини кристали, додека на нејзините крилја со LED сијалички беа поставени дополнителни 20.000 кристали.

Шоуто на VSШоуто на VS

Покрај искусните ангели Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Кендис Сванапул, Лили Олдриџ и Беати Принсло, на ревијата дефилираа и 10-те нови ангели Тејлор Хил, Стела Максвел, Роми Страјд, Сара Сампајо, Моника Џак Јагачак, Џасмин Тукс, Лаис Рибеиро, Марта Хант, Екатерина Григориева и Елза Хоск.

Ним им се приклучија и Џиџи Хадид, Кендал Џенер, Даниела Брага, Изабел Голарт, Шанина Шајк, Џоан Смолс, Лили Доналдсон, Грејси Карвало, Синди Бруна, Девон Виндзор, Жаклин Јаблонски, Жозефина Скривер и многу други.

Шоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VSШоуто на VS

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.