|
Бугарски пасош ДА/НЕ |
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Автор | |
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мене ме интересира зошто оние кои земале бг пасош не се откажуваат од мак. пасош? Треба да се донесе закон да им се одземе македонскиот пасош на таквите.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што, тие не припаѓаат веќе на МК?
Скоро секаде во светот има бипатриди и полипатриди, па на никој не му сметаат. Луѓето само сакаат подобар живот. Живот што Македонија не им го нуди!
Изменето од Santijago - 16.Декември.2011 во 17:36 |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите сакаме подобар живот, но сите не земаме бугарски пасош, посебно што Бугарија може тоа политички да го користи за наметнување своја пропаганда во МК. Еве, да речеме пола од Македонците се незадоволни од животот (од било кои причини), тоа се 800 000 луѓе. Сите земат бг пасош. И наредниот попис Бугарија ќе бара да се признае бугарско малцинство во МК кое би било дури и повеќе од албанското малцинство, околу 1/3 од вкупното население... после ќе бараат вакви права, па онакви права... се додека не се подели МК помеѓу Албанија и Бугарија (тоа е најцрното сценарио).
Затоа Санти постојат ПАТРИОТИ и предавници. Се надевам дека мк народ ќе се свести и нема да зема бг пасоши не заради подобар живот, туку дури и заради поволни цени на автомобили и други банални глупости. На крајот ќе испадне дека навистина сме Бугари кои се отуѓиле од Бугарија, како што некои бг националисти тврдат.
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зарем пасошот те прави патриот?
|
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секој со своите убедувања...Ја и би гинел али тоа не... Зошто? Приказните од дедо ми,и неговите патења од бугарите ми се доволни... Ако толку имаш желба да отидеш од државава...Еве ти друга опција мене ми ја нудеа...Не ја прифатив Ожени се бе другар за папири плати си таму толку и толку иљади евричиња Па биди муж по сите правила,сакаш да просперираш издржи....Али не предавај Но пак ќе ти пишам одлучи по своите убедувања....На крај пола држава извади бугарски пасоши Изменето од Орка - 16.Декември.2011 во 22:41 |
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
90 % од луѓето земаа БГ пасоши за купување кола и ситни економски интереси. Останатите, дел дека се чувствуваат бугари, други малку да прошетаат по ЕУ, и божем да работат, барем така мислеа.
Но луѓето не знаеа дека во топ десет држави ( Австрија, Белгија, Германија, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Франција, Британија и Ирска ) на ЕУ, бугарите немаат достап до пазарите на трудот, нешто што БГ го потпиша кога се приклучуваше на ЕУ.
Многу се ретки тие кои економски профитираа од добивањето на БГ пасоши. Се поставува прашањето ( важи за оние кои не се чувствуваат бугари по убедување ) зошто се земаа пасоши на туѓа држава а немаат никаков бенефит од тоа. |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знам пред да се воведе визната либерализација камионџиите зимаа БГ пасоши за да немаат проблеми со визите кога возат низ Европа...Е сега и тоа не е проблем со нашите пасоши...
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како немаат пристап, кога најголемиот дел од Мк со бугарски пасош живеат и работат во Италија? Не знам за др. земји што си ги набројал, но и во Германија и Холандија има еден куп Бугари што работат. Еве една вест од Утрински весник, што мислам не е далеку од вистината. Бугарите се смалија на 7 милиони Бугарските државјани што живеат во странство не се 420.000, како што наведува Националниот институт за статистика, туку многу повеќе. Само во Турција има 300.000 бугарски државјани, во Шпанија 160.000, во Грција, Германија, Италија по 70.000 луѓе во секоја од овие три земји. Во САД и во Канада има 200.000 Бугари. По неколку илјади бугарски државјани има во секој дел од ЕУ, Австралија и, главно, во сите 200 земји низ светот. Изменето од Schatzii7 - 17.Декември.2011 во 14:35 |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поставив еден документ превземен од сајтот на бугарскиот европски комитет или како и да се вика не е битно во кој се наведени рестрикциите за бугарските работници во ЕУ поединечно за секоја држава на ЕУ, во кој е се објаснето, за да не нагаѓаме тука вака било, онака било.
Некој од господата шефови го избришал, највероватно пошто е на бугарски јазик. Па зошто бре бришете вакви постови, а и истите вие бришачи поставувате разно разни линкови на англиски или некој друг јазик. Или сите јазици се дозволени на форумов само бугарски не е?????
|
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
AlbanianGirl
Сениор Регистриран: 17.Февруари.2008 Локација: Cuba Статус: Офлајн Поени: 495 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еееее, па прво што ми текнува е дека никогаш нема да имаш можност да знаеш како е да си ПАТРИОТА, зш од старт ќе те етикетираат како "еретик". А толку е убаво во македонија да си патриот,, сите врати ти се широко отворени. |
|
You think I am a devil. But only because I have lived in hell. I want to get out.
|
|
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве уште еден линк до репортажа од некоја бугарска телевизија, снимано пред 4-5 годиии: Македонците бараат бугарско државјантсво Во репортажата се гледа дека репортерката воопшто не е воодушевена што некој тек така си го добива бугарското државјанство а не е бугарин ниту знае бугарски. |
|
Бог повторно му говори денес на човештвото преку Неговата пророчица, Габриеле од Вирцбург. Тој не ја говори речта на Библијата!
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нешто најново...Од 1ви јануари 2012, под одредени услови нема да биде потребна
работна дозвола за Бугарските и Романските државјани во Германија ...повеќе можете да прочитате овде |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако добро разбрав
Лица со високо образование кои имаат доволно квалификации за да аплицираат кај некој работодавец Сезонските работници |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kako da vie ne ste sakale
|
|
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
|
|
Внеси реплика | страница <1234 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |