IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Подот во Вашиот дом
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Подот во Вашиот дом

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Подот во Вашиот дом
    Испратена: 14.Ноември.2011 во 21:57
Gledam deka nema vakva tema.

Site vekje znaeme deka ima golem broj na podni oblogi koi mozeme da gi postavime vo nash*te domovi.

Me interesira dali smetate deka idealno reshenie za domot (osven kujna i banja) e parketot, laminatot, plochkite ili nekoja sosema druga varijanta.


Treba da se zeme vo predvid deka vo dnevniot prestoj go pominuvame najgolemiot del od denot, pa prema toa treba da imame postaveno pod koj e vo soglasnost so nash*te potrebi.

Za kujnata i banjata, pred se bi odbrala mermeren ili graniten pod vo zavisnost od namenata.


Postavete i po nekoja slika koja sto vi ostavila vpechatok ili kakov pod bi sakale da imate.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 21:58
Brazilian cherry


Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 22:01
Bolivian rosewood

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 22:04
Mermeren pod so ubav dizajn :)

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2011 во 22:06
Dobro poznatite keramichki plochki

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2012 во 18:19
Retro-futuristic-house-with-dining-table-and-chairs-wooden-floor-open-view-to-living-room-and-decoration
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2013 во 20:55
http://st.houzz.com/simgs/ac51c8070e4bf465_4-9802/-laminate-flooring.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:52
Избор на подна облога


Паркет

Традиционален паркет – се состои од елементи од масивни дрво, кои при монтажа со лепење се поставуваат еден до друг. Овој тип на паркет може да се најде на пазарот како необработен (суров) или како паркет со заштита.



Готов паркет – може да се сретне на пазарот во две форми. Едниот е масивен готов паркет, кај кого врз долниот слој кој е од поефтино масивно дрво се става квалитетна, механички оптоварлива корисна компонента.

     

Другиот вид готов паркет е немасивен паркет - како корисна компонента се користи тенок дрвен фурнир или слој од пластика. За долен слој на овој вид на паркет често се користат и слоеви од други дрвени материјали, како на пример, плочи од иверка.

 

Долги појасни даски (бродски под) – овој под често се сретнува кај таваните со дрвени греди. За да нагибот на даските кога се под оптеретување биде помал, неопходно е да се води сметка за дебелината на даските која ќе биде усогласена со растојанието на носечките греди. Таа не треба да биде помала од 20 mm. Карактеристично за овој под е појавата на шумови на шкрипење од триењето на даските кога се под оптоварување. Овој под се заштитува од влага и нечистотии со средства како што се восок и заштитни премази за дрво, а можно е и вградување на необработено дрво. Доколку даските поради надворешни влијанија добијат неугледен и неуреден изглед, може да се избрусат и повторно да премачкаат со заштитни средства.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:53
Избор на подна облога


Плочки

Керамички плочки - и во минатото и денес керамичките плочки како подна облога го задржале своето присуство на подот во кујните, бањите итн. Тие се отпорни на гребнатини и исклучително се едноставни за одржување.

Керамичките плочки во процесот на производство се синтерираат - процес со кој на материјалот му се дава затворена површинска структура, така што и без глазура тој има отпорност на влага.

Плочките имаат секогаш постојан облик, отпорни се на абење и имаат долг век на траење. Одржувањето е едноставно - со метење или бришење, па затоа се користат кај подови кои се изложени на поголема фрекфренција на движење (на пр. скали, фоаеја итн.).

Поради нивната добра толинска проводливост често се поставуваат на подови со подно греење; отпорни се на вода, па затоа се користат во бањи, како и во надворешни простори како тераси и балкони.

На нозете делуваат студено и не ја подобруваат заштитата од звуците произлезени од чекорењето.

Кај керамичките, како и кај другите видови плочки, опасноста од лизгање поради капки вода, ситни парчиња овошjе и сл. се намалува ако на подот се поставени помали плочки, поради поголемиот број на фугирани низи (фуги) кај нив, со што се намалува опасноста од лизгање.

Керамичките плочки според квалитетот се групираат во класи.

•  Добро е при купување на керамичките плочки да се изберат плочки од I класа, односно квалитетни керамички плочки. Нивната поголема цена се исплатува поради поголемиот век на траење.

•  Плочките од II и III класа може да бидат и оние кои имаат грешка поради мало отстапување во бојата или димензијата, а тоа е причина да бидат рангирани послабо.

• Обрнете внимание дали на секоја картонска кутија е истакнато името на производителот со точната ознака. Така ќе бидете сигурни дека сте купиле исти плочки (со иста нијанса на боја и исти димензии).

Керамичките плочки покрај отпорноста на вода, отпорни се и на високи температури и добро ги поднесуваат хемиските средства кои се користат во домаќинството. Керамичките плочки се чистат едноставно: доволно е да се употребува вода со минимален додаток на вообичаените средства за чистење. Но, по правило најдобро е да се придржувате на упатствата од производителот.

Според површината на која се предвидени да се поставуваат се делат на две поголеми групи: ѕидни и подни плочки.

Ѕидни плочки - помеки се од подните плочки, најчесто се глазирани (иако се произведуваат и во мат варијанта). Поради тоа тие се лизгави, па не се соодветни за поставување на подот. Подните плочки по правило се малку поскапи од ѕидните.

Подни плочки - во бањата, кујната и ходникот можат да се стават било кои подни плочки, а оние за терасата треба да бидат и отпорни на мраз. Пред да ги купите, пробајте ги, слободно застанете на нив за да видите дали се лизгате на нив, намокрете ги, па видете како ќе се однесуваат.

За високофрекфрентни места, каде најчесто се поминува, особено се препорачува поставување на квалитетни плочки, за да се спречи појавување на изабени места, кои можат да се појават за краток временски период доколку плочките не се квалитетни. Гранитната керамика е соодветна за таа намена - целокупната структура е идентична во секој дел од плочката, па местата каде имало абењето нема да бидат забележливи.

Ако сакате да комбинирате полиран и неполиран гранит, треба да се има во предвид дека плочките од иста серија можат да имаат различни димензии односно калибража – различна калибража значи и различни димензии.

 

При купувањето на плочките потребно е да се обрне внимание на следните ознаки кои се запишани на кутијата или во каталогот:

Отпорност на мраз

Процент на впивање на вода – кај керамиката за надворешна употреба овој процент треба да е што е можно помал

Дебелина на плочките (во просек изнесува 8-9 mm)

Тврдост според MOHS скалата (1-10), при што за илустрација 10 е тврдост на дијамант. За подни плочки вредноста преку 5 е добра вредност.

Отпорност на лизгање – може да изнесува од R9 (најмал коефициент на триење кој обично е случај кај ѕидните плочки) до R13.

Отпорност на хемикалии (обично се користи кога станува збор за индустриски плочки)

Пред да се почне со поставување на плочките треба да се измери просторијата за да се утврди колку плочки, фуг маса и останати материјали се потребни. Растојанието помеѓу плочките е прашање на личен вкус, но сепак најчесто изнесува 3 mm за подни плочки, додека за плочките со рустичен изглед или за оние со нерамни ивици, растојанието е поголемо. Кај ѕидните плочки најчесто растојанието не е поголемо од 3mm.

 

Природен камен – природниот камен се крши во блокови и се режe во плочки (како на пр. мермерот) или директно се реже во плочи. Плочите од природен камен се поставуваат во постелка од смеса на песок, вода и цемент. Некои видови се порозни, па затоа треба да се обработат пред првата употреба. Природниот камен го има на пазарот во различни бои и нијанси.

.

Вештачки камен - подните облоги од вештачки камен по своите својства и изглед потсетуваат на природниот камен; Се произведуваат индустриски, односно се со унифициран изглед, што може да допринесе за ефект на монотонија; Поефтин е од од природниот камен.

Вештачкиот камен претежно се состои од бетон, на кој од естетски причини му се додаваат природен камен и чакал. Понатаму се бруси и полира.

Вештачкиот камен како и природниот се лепи и се составува во постелката од смеса на песок, вода и цемент. Заштита на површината се постигнува по хемиски пат со помош на средства за зацврснување.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:54
Избор на подна облога


Линолеум

Линолеумските подови ги карактеризираат отпорност, долговечност, лесно одржување, еластичност, топлинска изолација како и својство да ги пригушуваат звуците.Суровини за производство на линолеум се маслото од лен и соја, кои заедно со смесата од талк, плута и дрвено брашно се пресуваат под висок притисок на опачината на подлогата од јута.

Покрај многуте позитивни особини, линолеумот има и слаби страни: чувствителен е на влага и неговата цена е релативно висока. Интензивниот мирис истотака е помал недостаток кој се јавува поради лененото масло – најсилно се чуствува после поставувањето, а подоцна исчезнува. Мирисот се ублажува, и се забрзува неговото исчезнување, со загревање и често проветрување на просториите каде што е поставен.

Во тек на производството во основната маса се додаваат пигменти на земјени и минерални бои, па така на пазарот може да се најде линолеум во широка палета на бои. Лесно може да се крои и реже, со што неговото поставување е олеснето.

Линолеумот е погоден за сите видови на станбени простории, а најчесто место за негово поставување се спалните и дневните соби. При допир со боса нога пријатен е и топол. Отпорен е на нечистотии, масло и маснотии, а и лесно се чисти, па затоа е погоден и за кујните. Сепак не се препорачува да се поставува во влажни простории. Поради чувствителноста на влага, и тоа од долната страна, најголемо внимание треба да се посвети на подготовката и сушењето на подлогата на која ќе се постави. Исто е важно и доброто составување ако постојат две ленти, како и заштита на рабовите што се до ѕидот, поради спречување на појава на влага.

Линолеумот се мие едноставно - со мека крпа, топла вода и благ раствор на универзален детергент или течен сапун. Не смеат да се употребуваат агресивни средства за чистење и остри четки кои можат да ја оштетат фината површина. При миењето треба да се внимава кај споевите да не продре вода под линолеумот, што може да предизвика негово бавно, но незапирливо трулење.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 13:55
Избор на подна облога


Ламинат

Ламинатните подови се состојат од следните конструкциски слоеви (гледано од горе па надолe):

• украсен слој и слој против абење од меламинска смола (кој е прозирен, со дебелина помала од 1 mm). Меламинот е пластика која содржи алдехиди или кетони. Овие супстанции хемиски веќе се интегрирани, но под дејство на влагата или веднаш после вградувањето можат да се ослободуваат во воздухот во помали количества.

• декоративно испечатена хартија (илустрација на дрво, камен, мермер и сл).

• носива плоча од MDF, пресувана иверка со дебелина од приближно 6mm

• заштитен слој (меламинска смола за заштита од влага)

 

Предности на ламинатните подови се:

• пониска цена во однос на готовиот паркет, но и неминовно помал век на траење во однос на истиот.

• цврстина

• лесно одржување и чистење, што е предност за луѓето кои се осетливи на алергии

• мала конструкциска висина, така да и стариот под често се остава под ламинатниот под

 

Треба да се обрне внимание на следното:

• Ламинатите не ја сакаат влагата. Таа може да продре низ ивиците на носечкиот слој, што предизвикува нивно набабрување. Затоа: правосмукалката и метлата се доволни во нормални услови, а со мокра крпа да се брише само во одредени случаи и тоа со слабо навлажнета крпа.

• Брусење на оштетувањата на површината не е можно. Ламинатите се осетливи на удари и на напрегање поради дупчење.

 



Изменето од Valerija - 28.Декември.2013 во 13:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2015 во 22:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2015 во 22:00
7-ubav-stan-so-sivi-tonovi
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2015 во 16:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.