IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2015 во 09:01

Рецепт на денот: Италијански полнет кроасан


Вкусен италијански рецепт кој сигурно не сте го пробале до сега. Може да го послужите за појадок, ручек или вечера, а доброто е што полнењето може да го правите по желба и вкус.

recept-na-denot-italijanski-polnet-kroasan-01.jpg

За оригиналниот рецепт потребно ви е:

  • Готово лиснато тесто
  • 15 парчиња тенко сечкан кулен
  • 8 парчиња тенко сечкана салама по избор
  • Лути или обични пиперки исечкани на прстени
  • 15 парчиња тенко сечкан кашкавал

Подготовка:

Додека го правите кроасанот, рерната загрејте ја на највисока температура.

Лиснатото тесто исечете го на 8 парчиња и наредете го на овална тава. Сите парчиња мора да се поклопуваат како на сликата.

recept-na-denot-italijanski-polnet-kroasan-02.jpg

Потоа започнете да редите - прво куленот, па саламата, па пиперките и на крајот кашкавалот.

recept-na-denot-italijanski-polnet-kroasan-03.jpg

Крајчињата лиснато тесто замотајте ги околу полнењето додека не се спојат со внатрешниот крај.

recept-na-denot-italijanski-polnet-kroasan-04.jpg

Обликувајте венец од тесто, а потоа печете го 20тина минути на највисока температура. Готовиот кроасан има златеста површина.

recept-na-denot-italijanski-polnet-kroasan-05.jpg

Послужете со кечап, мајонез, кари или тартар сос.

Прсти да излижеш!

recept-na-denot-italijanski-polnet-kroasan-06.jpg

recept-na-denot-italijanski-polnet-kroasan-07.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2015 во 09:05

ЗАПЕЧЕНИ ПИЦА МАКАРОНИ

4 copy

Потребни состојки:

  • 400 гр макарони
  • 300 гр шампињони
  • 100 гр шунка
  • произволна количина кашкавал
  • кечап
  • сирење
  • малку суво месо
  • малку оригано

За прелив:

  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт (или павлака за готвење

Подготовка:

Макароните згответе ги во солена вода, исцедете ги и измијте ги со ладна вода. Потоа, додадете ја на коцкички исечената шунка, сувото месо, ренданиот кашкавал, сирењето, кечапот и ориганото. На малку масло, продинстајте ги шампињоните, посолете ги, а потоа додадете ги во останатите состојки. Сето тоа добро измешајте го, па ставете го во некој сад, претходно премачкан со маргарин. На крај изматете ги јајцата и јогуртот, а потоа прелијте ги врз макароните. Ставете ги макароните во рерна и печете на 200 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 13:21

Шпагети карбонара за 10 минути



Шпагети карбонара за 10 минути
Зна­еме дека Ита­ли­јан­ците се мај­стори за јадења кои не бараат пре­многу состојки и кои брзо и едно­ставно се при­го­тву­ваат. И покрај тоа, кога ќе го вку­сите обро­кот, се чув­ству­вате како да јадете гастро­ном­ско ремек дело. Еден таков оброк се шпа­ге­тите карбонара.

СОСТОЈКИ (за 2 лица)
• 250 гр шпа­гети
• 150 гр сла­нина или пршута
• 2 лажици путер
• 250 мл коко­шкина супа
• бибер
• 4 жолчки
• 3 лажици павлака за готвење
• 100 гр рен­дан пар­ме­зан
• 1 гла­вица кромид

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: шпа­ге­тите сва­рете ги „ал денте“. Во меѓу­време, во тава на малку масло, про­пр­жете ја сла­ни­ната со малку кро­мид. Дода­дете путер и пржете додека кро­ми­дот не пожо­лти, а сла­ни­ната не стане крцкава.

Чекор 2: исце­дете ги шпа­ге­тите и дода­дете ги во тавата со сла­нина и кро­мид. Заси­лете го огнот и ста­вете ги супата од коко­шка и бибер. Оста­вете да се вари.

Чекор 3: во мал сад, изме­шајте ги жолч­ките и павла­ката. Кога теч­но­ста од тавата ќе испари, трг­нете ја од оган и дода­дете ја сме­сата од жолчки и павлака. Мешајте сѐ додека не се згу­сне сосот. Попр­скајте со рен­дан пар­ме­зан и сервирајте.



Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 13:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2015 во 03:03
5 помалку познати факти за италијанската кујна


5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-01.jpg

Италијанската кујна е една од најпопуларните во светот. Денес скоро и да нема ресторан (со исклучок на азиските ресторани) во чие мени не е е застапена пицата или пастата.

Но, еве неколку интересни факти во врска со италијанското кулинарство кои можеби не сте ги знаеле.

1. Италија е земја која е позната по белите тартуфи кои одат во совршена хармонија со разни видови паста. Во Тоскана во 2007 година, е пронајден еден од најголемите тартуфи досега со тежина од 1,5 килограм. Бил продаден на аукција за 330.000 долари, што претставува своевиден светски рекорд. Неколку години подоцна (2014) во регионот Умбрија бил пронајден бел тартуф со тежина од 1,89 килограм.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-1.jpg

 
2. Пицата под тоа име за првпат се појавува во Неапол во XVI век во форма на рамен тркалезен леб без никакви додатоци, првенствено наменет за сиромашното население. Дури во 1889 година, Рафаел Еспосито, во чест на кралицата Маргарита ја креирал првата пица со домати, моцарела и босилек, соодветно на боите на знамето на Италија и ја нарекол Маргарита.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-2.jpg

 
3. Пастата во одредена форма се јавува уште многу одамна на територијата на Италија иако се смета дека сушената паста е за првпат донесена во Сицилија од страна на Арапите околу IX век, наспроти општо прифатеното мислење дека таа била донесена од Марко Поло во XIII век. На почетокот се консумирала празна, со оглед на тоа дека то­мато сосот почнал да се користи  многу подоцна. Доматите не биле користени во Ита­­лија пред XVII век. Во Италија доматот првпат се појавува во 1548 година во Тоскана.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-3.jpg

 
4. Интересен е настанокот на фаринатата (вид пита од регионот на Џенова на база на брашно од леблебија) во 1284 во битката кај Мелориа, флотата на армијата на Џенова била зафатена од невреме, во кое биле растурени бродските залихи на брашно од леблебија како и масло. Во невремето сè заедно се измешало со солената морска вода, со цел да ги спасат залихите морнарите ја собирале оваа мешавина која подоцна ја оставиле да се исуши на сонце. Ден подоцна прегладнети почнале да јадат од веќе исушеното тесто и сфатиле дека е вкусно. По враќањето дома решиле да го подобрат рецептот со печење во фурна и додавање одредени состојки како рузмарин, кромид, тиквички и некои видови сирење како горгонзолата.  

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-4.jpg

 
5. Најстарата сочувана книга со рецепти е токму италијанската DE RE CVLINARIA (За готвењето) - која всушност претставува збирка на текстови со инструкции за готвење од римскиот период создадена во доцниот четврти односно раниот петти век.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-5.jpg

Но, италијанската кујна не е само храна, таа е култура, стил на живот, уметност.

Така, кога МекДоналдс бил отворен во 1986 година во Рим, пуристи пред ресторанот раздавале бесплатни шпагети за да ги потсетат луѓето за нивното културно наследство.

Ако претпоставиме дека јадењето не е само физички чин за задоволување на чувството на глад, секој ќе се согласи дека италијанската кујна е збир на вкусови, креативност, историја и традиција од сите делови на Италија. Таму храната е синоним за припаѓање, пиење чаша вино во пријатна атмосфера и со добро друштво

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2015 во 07:54

Секогаш вистинскиот избор - Pasta Fresca


Без разлика на тоа кои сме, во кој дел од светот се наоѓаме, без разлика на нашите вкусови, дома или во ресторан, пастата не изостанува од нашата трпеза. Кога би се запрашале зошто е тоа така можеби би требале малку да се осврнеме на мометнтот како таа се нашла таму...

sekogas-vistinskiot-izbor-pasta-fresca-01.jpg

Може да се каже дека пастата е неизбежен дел од италијанската кулинарска историја. Каде и да оделе Италијанците ја носеле својата паста со себе, така што денес веќе може да се смета за столб на светската кујна. Но, за разлика од другите продукти од италијанската кујна како пицата или томато сосот кои имаат многу понова историја, пастата влече многу подлабоки корени.

Постојат докази за етрурско-римска тестенина направена на истиот принцип како денешната паста, но овој тип на храна за првпат, споменат во 1. век пред нашата ера, не бил варен како што тоа е случај денес, туку бил подготвуван со печење, иако има сличности со денешната паста не можеме во целост да се каже дека била иста.

sekogas-vistinskiot-izbor-pasta-fresca-02.jpg

Првата форма како што ја познаваме денес, барем на нашите простори се јавува во 9. век со доаѓањето на Арапите кога за првпат се појавува сушената паста (pasta secca). Оваа форма како таква настанала поради неможноста за нејзино транспортирање на подолги релации во свежа состојба.

За првпат пред  да го освои светот, пастата во Италија го зема својот замав во 1600 година кога почнува помасовно да се произведува во свежа, а подоцна и во сушена состојба.

Од тука започнува вечната дилема која и до денес опстојува, свежа или сушена паста?

Всушност, секоја паста започнува како свежа паста (pasta fresca). Првата и основна ралика помеѓу овие два вида е употребата на јаца и дополнителна количина вода за да се добие пофина и поделикатна текстура. Според тоа, свежата паста добива едно ниво на сосема поинакво доживување.

Тука мора да го споменеме и моментот дека при подготвување на свежа паста можат да се додадат и една низа состојки и зачини кои ја ароматизираат и бојат, кои не можеме да ги имплементираме при изработката на сушената паста каде почеста е употребата на конзерванси и вештачки бои.

Свежата паста бара многу пократко време за подготвување наспроти сушената, која бара двојно време и значително се зголемува при варењето, затоа по консумирање на свежа паста се чуствуваме многу помалку подуени.

Исто така не смееме да го занемариме фактот дека свежата паста многу подобро ги впива сосовите со кои е подготвена. Не можеме да кажеме дека сушената паста до тој степен губи зад свежата, сепак се работи за вкусови, но фактите говорат за себе.

Служењето свежа паста бара големо чувство и грижа за подготовка, така што немојте да се двоумите да ја искористите секоја прилика која ќе ви биде понудена за проба, а со тоа и да го смените вашето мислење во однос на тоа што е добра паста.

Ние секогаш ќе бидеме тука да ви го понудиме тоа, во моментов и првиот ресторан во Македонија каде можете да пробате свежа паста подготвена на врвен начин само за Вас,

Повелете ве очекуваме,

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2015 во 07:57

Совршен ручек: Сочна лазања со пилешко


Ако немате идеја што да подготвите за ручек, тогаш бидете сигурни дека нема да погрешите доколку ја направите оваа сочна лазања со пилешко месо.

sovrsen-rucek-socna-lazanja-so-pilesko-001.jpg

Начинот на подготовка е лесен и едноставен, а е вкусот е вистинско уживање:

Состојки:

  • 700g пилешко бело месо
  • Тесто за лазањи
  • 230g крем сирење
  • 1 коцка пилешка супа
  • ¼ чаша зовриена вода
  • 230g моцарела
  • 700ml сос од домати

Подготовка:

1. Во големо тенџере загрејте посолена вода и гответе го тестото за лазањи околу 10 минути. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го на страна.

2. Во друго тенџерче варете го пилешкото со малку вода, колку да го покрие месото, околу 20-тина минути.

3. Во ¼ веќе зовриената вода изматете ја коцката супа, а потоа помешајте ја со исечканото пилешко, крем сирењето и половина моцарела.

4. Во плех ставете тесто за лазањи, па сосот од домати, одозгора додајте ја мешавината со пилешкото, а потоа повторно тесто за лазањи. Повторувајте го таквиот редослед сѐ додека имате материјал. Кога ќе стигнете до последниот ред на тесто за лазањи над него ставете го остатокот од моцарелата.

Лазањите печете ги во рерна загреана на 175 степени околу 45 минути. 

sovrsen-rucek-socna-lazanja-so-pilesko-

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2015 во 19:55

ЦЕЗАР ТЕСТЕНИНИ СО ПИЛЕШКО

16

Состојки

  • 1 пакетче тестенини во форма на машнички
  • 1 супена лажица путер
  • 6 пилешки крилца без коски, исечени на коцкички
  • ½ малечка лажичка црн бибер
  • ¼ малечка лажичка сол
  • 250 милилитри дресинг за цезар салата
  • ½ шолја рендан пармезан
  • 1 марула исечена на парчиња
  • 1 голем домат исечен па мали коцки

Начин на подготовка

Сварете ги тестенините и испржете го месото на растопен путер. Во голем сад за салата ставете ги марулата и доматот. Потоа додадете ја пастата и месото. Наросете со сол и бибер и прелијте со дресингот за цезар салата. Доколку не можете да најдете во маркетите ваков сос, наравете сами од неутрална павлака, оцет балсамико и малку сол. Промешајте ја целата смеса и на крај наросете со рендан пармезан.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
AVITAS Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 29.Мај.2015
Статус: Офлајн
Поени: 31
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај AVITAS Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2015 во 21:13
nekolku mnogu ednostavni garniri:)MORKOV: iseckajte go morkovot na trkalca, i varete gi okolu 15min. vo vodata neka ima dodadeno 1 kocka za supi od zelencuk. iscedete gi, i vo tavce rastopete puter , edno cesne luk isturete gi veke svarenite morkovcinja potprzete gi vo puterot.. porosete malku sol, crn piper i po zelba malku ruzmarin.. se posluzuvaat vednas .. no da zaostanat vo fizider mozat da stojat tak podgotveni ili nekogas koga ste vo frka, samo izvadete potprzete gi veke podgovtenite morkovcinja.. m milina po zelba i rendan parmezan.. na ist nacin go podgotvuvam i spanakot, i boranijata .. ednostavno prekrasnoo.. decata go obozavaaat bidejki ima ednostaven vkus:)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 12:27

Топ 8 рецепти за вкусни тестенини

Идејата дека се може да се подготви на многу едноставен начин со само еден подлабок сад произлезе од домовите на сончевата Италија, а сега рецептите се проширени ширум светот.

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-01.jpg

Не е ни чудно што тоа е така. Прилично едноставен процес без многу мачење, трошење на садови за готвење, време, сјај за садови и што ли уште не. Дома можете веднаш да имате топло зготвен и што е најважно вкусен оброк од тестенини.

Еве неколку предлози:


1. Капрезе макарони

Овој рецепт за еден сад е инспириран од класичниот летен оброк кој се подготвува од моцарела, домати, босилек и поголеми количини на лук.

Овој оброк е лесен и свеж. Во себе ги сочинува сите солени вкусови кои можат како главен оброк, така и вкусно предјадење кое сите во семејството ќе го сакаат. Аромата на босилекот и доматите е одлична комбинација за топлите летни денови, а и нема да ви биде потребно многу време за да го подготвите рецептот.

Започнете со готвење на тестените со лукот и потоа додадете ги доматите и моцарелата. На крајот, откако тестенините се добро сварени додадете го и босилекот.

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-1.jpg


2. Тестенините полни свеж зеленчук

Овој рецепт во главно се состои од сите свежи зеленчуци кои во моментот можете да ги сретнете по пазарите и големите супермаркети, па комбинациите се бесконечни. Ова е една брза идеја. Во садот со тестенини ставете: шери домати, виолетов кромид, брокула, кељ и модар домат.

Концептот е едноставен. Сè што имате од зеленчуците ставете го во вода заедно со тестенините во веќе зовриена вода и по 9 минути сте готови.

Од целата комбинација добивате сочен сос кој можете да го надополните со рендан гауда кашкавал или пармезан по желба.

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-2.jpg


3. Пилешки ригатони

Во фрижидерот имате свежи парчиња бело месо? Еве вкусна и сочна идеја како можете да ги употребите. Во само еден сад ставете ги ситно сечканите парченца пилешко месо, свежите шери домати, лукот, пармезанот и доматниот сос.

Оставете сите состојки добро да се сварат и готови сте, а верувале или не нема да ви биде потребно многу време пред да почне да се шири беспрекорниот ароматичен мирис од куната кон сите останати делови од домот.

Веројатно најмалите веднаш ќе дотрчаат до вас да проверат што вкусно им приготвувате оваа недела.

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-3.jpg


4. Тестенини со домати и босилек

Нема ништо сложено. Потребен ви е секако, еден сад со загреана вода, доволна количина на шпагети за целото семејство, свежи шери домати, неколку лукчиња и малку спанаќ.

Што е најважно за неколку минути имате здрав и вкусен оброк за кој не треба премногу да се грижите ниту пак мачите. Го земавте лонецот?

Одлично. Зовриена е водата? Одлично. Сега ставете се во него и оставете 15 минути добро да се свари.
Готови сте. Звучи едноставно нели?

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-4.jpg


5. Тестенини со брокула која се топи во уста

Веќе прилично јасно ви е дека станува збор за рецепт подготвен за час. Потребни состојки? Тестенини по желба, брокули, млеко, лук и по желба печурки како додаток. По 15 минути добивате тестенини со сочен кремаст бел сос.

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-5.jpg


6. Шпагети во кремаст сос од домати

Забрзајте го процесот на приготвување на наједноставните маринара шпагети и сите состојки ставете ги во еден сад со зовриена вода.

Сирењето и доматниот сос добро ќе се измешаат со течноста во која се варат шпагетите и ќе добијат на густина.

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-6.jpg


7. Тестенини со лук и пармезан

Ова е наједноставниот и најсочен рецепт кој некогаш ќе го пробате. Лукот и пармезанот се комбинација на боговите, тоа е сигурно, а уште поважно со нив можете да добиете готов ручек за кој нема да ви биде потребно многу време и секако никој не би го одбил.

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-7.jpg


8. Тестенини со месо

Сè се фрла право во лонецот, вклучувајќи ги и несварените шпагети. Водата нека зоврие и готови сте. Колку е лесен процесот?
За овој рецепт потребни ви се неколку чешниња лук, босилек, сечкани колбаси, домати и малку пармезан.

brzi-recepti-vo-eden-sad-koi-morate-da-gi-probate-8.jpg


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2015 во 08:12

Кремасти шпагети со авокадо и спанаќ


Еден, два, три и ручекот е готов. За следниот рецепт ви се потребни неколку состојки и блендер. Можете да го направите во секое време и
 пријатно да го изненадите како семејството, така и вашите пријатели.

Потребни состојки:

  • 300 гр шпагети или фетучини
  • 1 чешне лук
  • 1 авокадо
  • 200 гр спанаќ
  • 100 гр. ореви
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 шолја од водата во која се вари пастата
  • Неколку ливчиња сечкан босилок
  • Сол и бибер по потреба
  • Рендано сирење или пармезан

Подготовка:

Додека се вари пастата, сите преостанати состојки ставете ги во блендер. Блендајте до оној момент кога сите состојки не се соединиле во една убава кремаста целина, па потоа започнете да додавате од водата во која се вари пастата додека не ја добиете посакуваната густина. 

На крај убаво измешајте ги варената паста и сосот. Од горе ставете од сирењето или пармезанот и уживајте во јадењето додека е топло.



Изменето од Valerija - 19.Јули.2015 во 08:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 14:44

Вкусно и едноставно: Најбрза паста во три чекори


За подготовка на овој вкусен ручек вам ви се потребни неколку состојки една кеса макарони.

Потребни состојки:

  • 3 лажици маслиново масло
  • 4 чешниња лук
  • 1 помал кромид, исецкан
  • 800 мл. конзервиран домат
  • Една шака свеж босилек
  • 500 гр. тестенини по желба
  • 4 шолји вода (960 мл.)
  • 100 гр. рендан кашкава
  • Сол, бибер

Подготовка:

1. Во голем сад загрејте малку масло, па на него издинстајте ги лукот и кромидот околу 3 минути. Потоа додадете ги сите преостанати состојки, прелијте со 4 шолји вода, ставете зачини, посолете и почекајте да зоврие.

2. Кога ќе зоврие, продолжете да варите онолку колку што пишува на пакувањето од тестенините, повремено мешајќи. Кога е готово, нема потреба било што да цедите, бидејќи макароните ќе ја впијат сета течност, а пастата ќе биде готова за служење.

3. Додадете рендан кашкавал и уживајте во брзата вечера. Ако сакате оваа вечера да биде малку покалорична тогаш додадете 150 гр. исецкана и испржена сланина.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 21:16

Најбрзите лазањи готови за 6 минути


Доколку немате на располагање доволно време, а сакате да направите нешто вкусно, ви препорачуваме да го испробате омилениот италијански специјалитет во експресно брза варијанта - лазањи во тегла од микобранова печка.


Пред да почнете со подготовката, ставете ги живите кори за лазањи ги да омекнат во топла вода пред да почнете со подготовката.

Состојки:

  • 1 лажичка маслиново масло
  • ½ чешне лук
  • 1 голема лажица свежо оригано или ½ мала лажичка сушено
  • 1 шолја сос од домати
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер
  • 2 кори за лазањи
  • ¼ шолја рикота сирење
  • 3 до 4 парчиња моцарела
  • 1 лажица пармезан
  • 1 лажица свеж босилек
  • готов болоњезе сос
  • печурки по желба

Подготовка:

Подгответе чиста тегла и во неа измешајте ги маслото, исечканиот лук, печурките, доматниот сос, болоњезе сосот, солта и биберот. Ставете ги во микробрановата печка на 2-3 минути. Земете друга шолја па ставете еден ред искршено тесто за лазањи, ред сос, па ред сирење. Завршете со редењето така што горниот слој биде од пармезан. Ставете ја теглата во микробранова на 30 до 60 секунди. Уживајте во инстантните и вкусни лазањи!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 18:09

Брз ручек или вечера: Кремасти тестенини


Тестенините се секогаш одличен избор кога станува збор за избор на оброк, а со пристигнувањето на есента постојат нови и интересни начини на кои можете да ги подготвуваме. Доволно е да ги употребите производите кои се карактеристични за оваа сезона.

brz-rucek-ili-vecera-kremasti-testenini-01.jpg

За таа цел можете да подготвите еден сосема невообичаен рецепт – тестенини со сос од тиква.


Потребни состојки:

  • 4 лажици путер
  • 1 шолја исечкан кромид
  • 1 лажица рузмарин
  • 1 лажица жалфија
  • 3 шолји тиква исечкана на коцки
  • 1 шолја готова супа
  • 4 шолји млеко
  • 1 шолја пармезан
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • ¼ лажица морско оревче
  • Сол и бибер по желба
  • Тестенини по желба
  • 2 шолји вода


Подготовка:

Ставете го путерот во голем сад. Откако ќе се стопи додадете ги кромидот, рузмаринот и жалфијата. Гответе ги додека не омекне кромидот.

Додадете ја сечканата тиква и готовата супа, измешајте и оставете ја смесата 15-ина минути за добро да се обари тиквата.

По 15-тина минути испасирајте ја тиквата, додадете ги шолјите млеко, пармезанот, кафеавиот шеќер, солта и биберот и малку промешајте.

Додадете ги тестенините, додадете ги останатите две шолји млеко и водата.

Гответе ги додека целосно не се обарат тестенините.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2015 во 08:55

Лазањи ролнички во доматен сос

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* Главичка кромид

* 3 чешнина лук

* 500 грама домати

* 2 лажици маслиново масло

* Сол и бибер и шеќер

* 8 кори за лазањи

* 2 црвени пиперки и 2 жолти пиперки

* Малку магданос и мајчина душица

* 300 грама младо сирење

* Морков

* тиквичка

* 80 грама рендан пармезан

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Излупете ги и исецкајте ги кромидот и лукот. Измијте ги доматите пресечете ги на половина и изрендајте ги, а лушпата фрлете ја.

Загрејте го маслото и додадете ги кромидот и лукот. Малку пропржете па додадете го доматот. Гответе 10-на минути. Посолете, ставете бибер и малку шеќер.

Во големо тенџере варете ги корите за лазањи 5 минути. Изладете ги со ладна вода и оставете убаво да се исцедат.

Измијте ги пиперките исчистете ги од семките и исецкајте ги на коцки. Иситнете го и магдоносот и мајчината душица. Во посебен сад промешајте го сирењето, зачините и пиперките. Посолете ги и ставете малку бибер.

Тиквичките и морковот излупете ги и исецкајте ги на тенки долги траки.

Преполовете ги по должина корите за лазањи и на секоја трака ставете тиквичка и морков, па потоа од смесата со сирење и пиперка и замотајте ги во ролничка.

Ролните редете ги во плех за печење, прелијте ги со сосот од домати и посипете со ренданиот пармезан.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,766 секунди.