IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:13
  Шпагети со габи и грашок
 
1пакет шпагети
0,200 габи
0,150 грашок (варен или од консерва)
0,100 бекон
1 мала глава крумид
2 с.л.зеjтин
0,150наренден пармезан или кашкавал
1-2 с.л. лимунов сок
сол на вкус
 
 
Во зеjтинот пржиме насецканиот на ситно крумид и бекон.Кон нив ставам габите и после 4-5 мин грашокот и лим.сок.Се  тоа го вариме.Кога се увериме ќе е готово целата таа смес ja исипуваме врз шпагетите и тураме одторе нарендениот пармезан или кашкавал.среќа

(Receptov e od Emil)


Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 08:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:21
                                          Запечени макарони со сирење и печурки


Време на приготвување: 50  минути


Потребни состојки
* 400 г тестенини (мали полжави)
* 40 мл маслиново масло
* 300 г печурки
* 1 лажица вегета
* 600 мл млеко
* 30 г брашно
* 1 лажица сенф
* 170 г сирење гауда
* 25 г пармезан сирење
* сол
* бибер
Начин на подготовка

Сварете ги тестенините во солена води процедете ги.

На масло во тава пропржете ги исечените печурки. Посипете ги со брашно и промешајте. Лесно додадете го млекото, промешајте и оставете да и се вари околу 5 минути.
На сосот додадете ја Вегета, сенфот, солта, биберот и ренданото сирење и мешајте 1-2 минути, додека сосот не стане густ.

Ставете ги тестенините во тавиа прелијте ги со сосот, посипете ги со рендан пармезан и печете ги во претходно загреана да се печат околу дваесетина минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:30
Ма­ка­ро­ни во сос од сар­ди­ни

Пот­реб­но:

300 г ма­ка­ро­ни
сол
За со­сот:
 800 г (1 кон­зер­ва) лу­пе­ни до­ма­ти
 1 ла­жич­ка ше­ќер
 2 ла­жич­ки за­чи­нал
 3 ла­жи­ци мас­ли­но­во мас­ло
 3 чеш­ни­ња лук
 1 ла­жич­ка сит­но сеч­кан маг­до­нос
 400 г сар­ди­ни

При­гот­ву­ва­ње: ма­ка­ро­ни­те сва­ре­те ги во со­ле­на, ври­е­на во­да и ис­це­де­те ги. Сар­ди­ни­те ис­чис­те­те ги, отс­тра­не­те им ги гла­ви­те и сред­на­та ко­ска. Во заг­ре­а­но­то мас­ло про­пр­же­те ги фи­ле­ти­ра­ни­те сар­ди­ни, до­да­де­те ги во нив до­ма­ти­те од кон­зер­ва­та, ис­тол­че­ни­от лук, ше­ќе­рот, за­чи­на­лот, па се­то тоа дин­стај­те го око­лу 15 ми­ну­ти. На крај сар­ди­ни­те со со­сот по­си­пе­те ги со сит­но сеч­ка­ни­от маг­до­нос. Топ­ли­те ма­ка­ро­ни из­ме­шај­те ги со сар­ди­ни­те и со­сот и пос­лу­же­те ги.

(Receptotot e od Emil)


Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 08:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:33

Фокача со компир и сланина


СОСТОЈКИ

ПОДГОТОВКА

  1. Подготовка на тестото1.Во поголем сад, измешајте ги сите потребни состојките за приготвување на фокачата. Месете се додека не добиете компактна смеса и оставете го тестото околу 60 до 90 минути, на топло и покриено, да нарасне.
  2. Лупење на компирите2.Компирите измијте ги, излупете ги и ставете ги во зовриена вода неколку минути. Исечкајте ги на крукчиња и оставете ги да се исцеди водата.
  3. Формирање на тестото3.Врз тава за печење, на хартија за печење, со раце, тестото за фокача растегнете го по целата површина. Оставете го околу 15 минути и повторно растегнете го. Попрскајте малку маслиново масло.
  4. Редење на компирот и кимот4.Врз тестото наредете ги крукчињата компир и наросете сол и ким. Печете 25 минути, на 220 степени.
  5. Фокача со компир и сланина5.Врз компирите наредете го кашкавалот и сланинката и печете уште 5 минути. Оставете малку да се олади и сервирајте ја фокачата.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2013 во 16:35
Канелони со пилешко

Потребни состојки :

1 пиле 1 кг.
1 главица кромид
2 јајца
200 мл млеко
1 павлака
кашкавал,сол бибер
1 пакетче канелони

Бешамел сос :
50гр. маргарин
50гр. брашно
500мл. млеко

Пилето се вари и одкога ке се свари се чисти од коските и се сецка ситно .
Додека се вари пилето се подготвува бешамелот .На растопениот маргарин малку се запржува брашното и се додава малку по малку млекото постојано мешајки да се добие густ сос и се трга од оган.

Настрана се пржи кромидот исецкан и кога ке готов се додава пилето се пропржува уште малку, се додава пола од бешамелот и се зачинува со сол и бибер .Со оваа смеса се полнат канелоните неварени но не многу полни и се ставаат во тава . Во преостанатиот бешамел се доваввт јајцата млекото и павлаката се меша убаво и се тура одозгора над канелоните , одозгора се ренда кашкавал и се пече додека поруменат убаво .Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:02
Паста на римски начин  (или Bucatini alla Romana)



Потребни состојки:

  • 320 грама тестенини (Букатини)
  • 30 грама путер
  • 1 главичка лук
  • 100 грама димена сланина
  • 2 јајца
  • 80 грама пармезан
  • 200 грама грашок од конзерва
  • сол и бибер

Припрема:

Тестенините ги подготвуваме според упатството на пакувањето, во лонец со солена, многу топла вода. Додека се подготвуваат, во загреано тавче се става путер, го додаваме сецканиот лук, сланината исецкана на коцки,зачинуваме со сол и бибер, и на слаб оган пржиме додека состојките не омекнат.

Потоа го гасиме огнот и се заедно ставаме на страна, да се оладат лукот и сланината. Во еден сад ги матиме јајцата, го додаваме наренданиот пармезан и исцедениот грашок од конзервата, зачинуваме со бибер, и во добиениот сос ги ставаме исцедените тестенини и послужуваме.

Пријатен ручек!

**Инаку (Букатини) се слични на шпагетите, но се како цевка...со празен дел внатре!***

(Receptot e od Bella)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:06

Шпа­ге­ти со ло­сос

Пот­реб­но:

400 г шпа­ге­ти
сол, би­бер
500 г фи­ле­ти од ло­сос
2 ла­жи­ци сок од ли­мон
1 лу­то пи­пер­че
2 чеш­ни­ња лук
3 ла­жи­ци мас­ло
150 мл бе­ло ви­но

При­гот­ву­ва­ње: сва­ре­те ги шпа­ге­ти­те во со­ле­на ври­е­на во­да. Ло­со­сот исе­че­те го на ре­зан­ки и пре­лиј­те го со со­кот од ли­мо­нот. Исеч­кај­те ги лу­то­то пи­пер­че и лу­кот. Ис­це­де­те ги шпа­ге­ти­те. Заг­реј­те го мас­ло­то и про­пр­же­те го ло­со­сот со пи­пер­че­то и лу­кот. За­чи­не­те со сол и би­бер и пре­лиј­те со ви­но­то. Се­то тоа ос­та­ве­те го крат­ко да се дин­ста.

(Pak od Emil)


Изменето од Valerija - 19.Септември.2013 во 08:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:08

ЛАЗАЊИ ПО ТОСКАНСКИ РЕЦЕПТ


Потребни состојки:

1 пакување лазањи

500 гр. пилешко филе

500 мл. павлака

4 моркови

200 гр. кашкавал

Сол и црн пипер

Масло за јадење

Припрема:

Исечете го пилешкото на коцки и изрендајте ги морковите, па посолете и наросете црн пипер. Смесата пропржете ја на загреано масло околу 5 минути. Прелијте ја со павлака, почекајте да зоврие и тргнете ја од оган.

Во тава за печење наредете еден ред кори, па премачкајте ги со филот, па повторно повторете ја постапката се додека не ги потрошите сите состојки.

Преку последниот слој тесто изрендајте го кашкавалот и покријте ја тавата со алуминиумска фолија. Печете половина час на температура од 220 степени. Потоа тргнете ја фолијата и оставете ги лазањите да се запечат 10тина минути. Добар апетит!


(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:17
Лазања ’’Болонезе
 
За бешамелот:
1 литар млеко
100 гр. брашно
100 гр. путер
1 лажица вегета
јајце
сол и бибер по вкус
200 гр кашкавал

За лазањите:
Паковка лазањи - 500 гр.
350 гр. мелено месо
0,5 дл. масло
ловор, вегета
1 лист магданос
рузмарин
250 гр. доматно пире
сол и бибер

________________________________________________________-

Бешамел
На растопениот путер додавате брашно, малку го попржувате и го додавате полека млекото и ова се вари. Потоа од кога ќе се олади се додава  изматеното јајце и зачините. Во сетоа тоа додадете пармезан или кашкавал.

Фил: Го пржите месото во маслото и кога ќе омекне го додавате магданосот, ловорот, рузмаринот, доматното пире, вегетата, пола чаша вода и сето тоа го динстате околу 15 до 20 мин.

Во ватростална чинија намачкана со масло ставате ред  лазањи (пред тоа малку сте ги обариле), ред месо и ред бешамел,и се така додека не ги потрошите состојките. Последниот ред треба да е прелиен со бешамел и на крај ставате пармезан.

Лазањите ги печете 30 минути во загреана рерна на 220 степени

(Emil)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 08:21
Италијански грисини

Потребно:

* 1 пакетче свеж квасец
* 500 г брашно
* 40 г путер
* 1 лажичка сол

Приготвување: издробете го квасецет во 250 милилитри млака вода. Во длабок сад измешајте ги брашното, путерот, солта и стасаниот квасец. Замесете тесто и оставете го на топло место да стаса. Потоа, расучете го тестото во кора дебела половина сантиметар и исечете го на тенки ленти. Лентите валкајте ги на работната маса додека не станат цилиндрични како грисини, а потоа наредете ги во тавче обложено со масна хартија за печење. Загрејте ја рерната на 200 степени и оставете ги грисините во близина на рерната да отстојат 10-ина минути за да надојдат уште малку пред печењето. Грисините печете ги 10-ина минути.


(Emil)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 10:37

Лазањи со спанаќ и риба

Лазањи со спанаќ и риба

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 750 грама Спанаќ
  • малку   Сол
  • 125 грама Сирење
  • 60 грама Сенф
  • 40 грама Путер
  • 200 милилитри Млеко
  • 1 лажица/ци Масло
  • 2 чешниња Лук
  • 400 грама Лосос
  • 1   Лимон/и
  • 1   Лазањи
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 250 грама Кисела павлака
  • 30 грама Брашно
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 40 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Нема земја во светот каде што не се прави некој вид на сирење. Сите видови имаат специфичен вкус и се подготвуваат на најразлични начини, но заедничко за сите е млекото, кое може да е кравјо, овчо или козјо.

Првите записи за сирењето се најдени во египетските папируси, но се претпоставува дека постапката за правење сирење е откриена пред повеќе од осум илјади години. Уште тогаш, како што се тврди во некои научни истражувања, се забележало дека ако млекото стои подолго време, се претвара во релативно цврста маса која, откако ќе се исцеди течноста од неа и кога ќе се исуши, може да се чува извесно време . На ваков начин на подготвување, сирењето и денес се прави во некои земји во Африка. Се разбира, сирната индустрија од тоа "прасирање" има отидено многу подалеку, па денес се познати четири илјади видови на сирење.

ПОДГОТОВКА:

Измијте го исчистениот спанаќ, потоа исецкајте ги кромидот и лукот, па заедно пропржете на масло.

Додајте го спанаќот и зачинете.

Рибата исечете ја на половина и попрскајте со сок од лимон.

За бешамел сосот пропржете го брашното на маснотија, прелијте со млеко и додадете ја павлаката, па варете на тивко околу 5 минути, додека не згусне.

Не смее да проврие.

Додадете сенф.

Сирењето исечете го на тенки парчиња.

Во плех, наизменично редете тесто, спанаќ, риба и сос.

Завршете со тестото и одозгора наредете го сирењето.

Ставете ги лазањите да се печат во загреана рерна на 200 степени.

Печете околу 40 минути и служете топло.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 13:34
ПАСТА СО РУКОЛА, СПАНАЌ И ПРШУТА

Потребни состојки:
200 гр паста
1 глава кромид
1 црвена пиперка
250 гр рукола
100 гр спанаќ
100 гр пршута
25 гр босилек
Масло за јадење
Ја вариме пастата во вода со сол.
Ги сецкаме пиперката и кромидот и ги пропржуваме во малку масло. Кога ќе омекнат ги додаваме руколата и спанаќот, ги зачинуваме со сол и бибер и ги поклопуваме 2-3 минути.
Ја цедиме пастата и ја додаваме во зеленчукот.
Сервираме заедно со малку босилек и пршута.


Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 13:43
Добро познат рецепт уште одамна. Главните состојки сланина и јајца мора да ги има во секоја верзија, останатото варира од рецепт до рецепт.
Може да се направат и со шпагети, макарони и слично.

ТАЛИАТЕЛИ “КАРБОНАРА“

Потребни состојки:

200 мл павлака

2 жолчки

Сол

Бибер

20 гр листови босилек

4 делчиња од глава лук

2 глави кромид

60 мл масло

1 кутија талиатели

300 гр димена сланина

150 гр пармезан

Ги поставуваме талиателите да се варат во соодветен сад така што да бидат покриени со вода. Во водата додаваме една лажичка сол и две лажички масло.

Ги сецкаме сланината и кромидот.

Ја запржуваме сланината и кромидот во останатото масло, додека сланината не почне да се витка и да станува помалку крцкава, а кромидот да добие златна боја.

Ја додаваме павлаката и откако ќе проврие оставаме да крчка на оган додека павлаката не ја смени бојата од бела во жолтеникава.

После тоа ги додаваме жолчките.

Готвиме уште 2-3 минути за да може жолчката да коагулира. После тоа го додаваме босилекот и бибер по вкус.

Сварените талиатели ги мешаме со сосот и ги сервираме врели.



Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 14:16
ЛЕТНА ЛАЗАЊА СО ЗЕЛЕНЧУК

Потребни намирници:

1 пакет кори за лазања

400 гр микс од зеленчук

Кромид, моркови, грашок, тиквички, пченка, пиперка, печурки, компир…

3-4 супени лажици зејтин

500 гр доматен сос

200 гр кашкавал

Сол и црн бибер

Малку босилек

За бешамел сосот:

100 гр путер

1 пакетче крем супа од печурки

600 мл млеко

Зеленчукот се обарува во зејтинот и малку вода, се додава сол, бибер и останатите зачини, а на крај се додава сосот од домати – треба да се добие сочна смеса. Се приготвува бешамел сосот –,от се растопува, се додава сувата смеса од крем супата наместо брашно и се разредува со пресно млеко и притоа се меша постојано за да не се направат грутки. Кашкавалот се ренда. Дното на тавата во која ќе се пече лазањата се покрива со сос бешамел. Следи подредување на пластови со кори, врз нив слој од зеленчуковата смеса, повторно кори, бешаме, кашкавал, зеленчук и.т.н. на крај се завршува со доматен сос и повторно бешамел. Над последниот слој се ренда обилно кашкавал. Лазањата се пече на 200 степени околу 30 минути.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.