IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Ноември.2015 во 09:56

Предлог ручек: Сочни шпагети - Карбонара


Пастата е вид на храна со најмногу варијации и различни рецепти. Карбонарата е рецепт на паста кој е од Рим, се базира на јајца, пармезан, сланина и црн пипер. Лесен е за подготовка и има одличен вкус.

recept-za-shpageti-karbonara-01.jpg

Потребно време: 25 минути

Подготовка: 15 минути

Готвење: 10 минути

Потребни состојки:

  • 1 пакетче шпагети                                                                                                                                                        
  • 2 кафени лажички маслиново масло                                                                                                                            
  • 500 грама сланина, ситно сечкана на коцки                                                                                                         
  • 4 чешниња лук, истолчени                                                                                                                                              
  • 2 јајца                                                                                                                                                                                       
  • 1 шолја рендан пармезан или пекорино кашкавал           
  • бибер


Подготовка: За 4 до 6 порции

Додека се варат шпагетите подготвувајте го сосот за потоа шпагетите да се топли и готови кога сосот ќе биде готов. Многу е важно пастата да е топла кога се додаваат јајцата за да се спојат како што е потребно.

Земете поширок сад и наполнете го со вода и сол. Оставете ја водата да зоврие и потоа додадете ги шпагетите да се варат од 8 до 10 минути. Исцедете ги добро шпагетите, но зачувајте дел од водата во која се вареле, ќе ви треба за подоцна.

Додека се варат шпагетите на тивок оган, на маслиново масло почнете да ја пржите сланината 3 - 4 минути додека не стане крцкава. Додадете го лукот да омекне, но не повеќе од 1 минута.

Ставете ги топлите, ицедени шпагети во тавата со сланина и лук на тивка температура. Во посебен сад скршете ги двете јајца и додадете го пармезанот или кашкавалот и мешајте ги се додека не се соединат и се изгубат сите грутки и меурчиња кои ги има. 

Тргнете го тавчето од оган и додадете ја смесата од јајцата и почнете да промешувате, додадете малку од водата (отприлика 1 или 2 мали чаши) во која се вареа шпагетите за да се разреди смесата, но и да стане кремаста. Ова никако не го правете на оган, бидејќи јајцата кје почнат да се пржат. Зачинете ги шпагетите со бибер и послужете.

Добар апетит!

recept-za-shpageti-karbonara-1.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2015 во 14:17

ПОТПЕЧЕНИ МАКАРОНИ СО ПЕЧУРКИ, КАШКАВАЛ И ПАВЛАКА

3
За да ја направите оваа вкусна тава со макарони, печурки и павлака потребни ви се:
  • 1 кисела павлака
  • 300 гр маринирани печурки
  • 1 јајце
  • 200 гр кашкавал
  • 1 помала главица кромид
  • 300 гр кравјо сирење
  • 500 гр макарони

Чекор 1: Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сечканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сечкани) со постојано мешање. Пред да почне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна.

Чекор 2: Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со пола павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните

Тавчето, по желба, може да е округло или правоаголно.

Чекор 3: Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење.

Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2015 во 19:18

Тофу „лазања“ и песто


Состојки потребни за маринада:

  • ¾ шолја маслиново масло
  • 6 ленити кора од лимон, плус 1/3 шолја свеж лимонов сок
  • 3 чесиња од лук, толчени
  • Сол и свежо мелен црн бибер, по желба

Состојки потребни за песто:

  • ½ шолја семки од бор, мелени
  • 1 мало чесне лук
  • 2 шолји свеж босилек
  • ½ шолја маслиново масло
  • Сол и бибер, по желба

Состојки потребни за „лазањата“:

  • 1 пакување (околу 400 грама) тофу, исечено по должина на тенки парчиња
  • 5 до 6 тиквички, исчистени и исецкани по должина на тенки парчиња
  • Маслиново масло за премачкување
  • Сол и бибер, по желба
  • 2 средни домати, исецкани на тенки парчиња
  • 18 големи листови од босилек

Чекор 1

Спремање на маринадата: Загрејте го маслото во мала тава, ставете ги парчињата од кора од лимон и лукот, оставте да се запржи и отсранете од огнот, оставете да се олади. Истурете го сокот од лимон. Посолете со ½ лажичка сол и ¼ лажичка бибер.

 

Чекор 2

Спремање на песто: Истурете ги семките од  бор и лукот во блендер и блендирајте. Додајте го босилекот и процесирајте, по тоа додајте масло и посолете со сол и бибер, блендирајте додека не се добие компактна смеса за песто.

 

Чекор 3

Загрејте ја скарата. Наредете ги парчињата тофу во фолија за печење и затворете ги., ставете нешто тешко на нив (две конзерви е доволна тежина), оставете така 20 минути.

 

Чекор 4

Премачкајте ги парчињата од тиквички со масло и посолете ги. Испечете ги на скара и од двте страни додека не омекнат, околу 8 минути. Отсранете ги од скара и прелејти со пола од маринадата.

 

Чекор 5

Истата процеура повторете ја и со парчињата од тофу и прелејте ги со преостанатата маринада. Оставете да се оладат парчињата.

 

Чекор 6

Поставете парчиња од тиквичките во поплиток сад, препорачано во правоаголна форма, премачкајте со песто и наредете парчиња тофу над тоа, посолете. Поставете ред од доматите, посолете. На крај ставете од листовите од босилек. Повторете ја истата процедура два пати. Се служи ладно на собна температура.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2015 во 19:19

Сочна лазања со пилешко


Состојки:

  • 700g пилешко бело месо
  • Тесто за лазањи
  • 230g крем сирење
  • 1 коцка пилешка супа
  • ¼ чаша зовриена вода
  • 230g моцарела
  • 700ml сос од домати

Подготовка:

1. Во големо тенџере загрејте посолена вода и гответе го тестото за лазањи околу 10 минути. Потоа измијте го со ладна вода и оставете го на страна.

2. Во друго тенџерче варете го пилешкото со малку вода, колку да го покрие месото, околу 20-тина минути.

3. Во ¼ веќе зовриената вода изматете ја коцката супа, а потоа помешајте ја со исечканото пилешко, крем сирењето и половина моцарела.

4. Во плех ставете тесто за лазањи, па сосот од домати, одозгора додајте ја мешавината со пилешкото, а потоа повторно тесто за лазањи. Повторувајте го таквиот редослед сѐ додека имате материјал. Кога ќе стигнете до последниот ред на тесто за лазањи над него ставете го остатокот од моцарелата.

Лазањите печете ги во рерна загреана на 175 степени околу 45 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2015 во 19:20

Потпечени макарони со печурки, кашкавал и павлака


За да ја направите оваа вкусна тава со макарони, печурки и павлака потребни ви се:

  • 1 кисела павлака
  • 300 гр маринирани печурки
  • 1 јајце
  • 200 гр кашкавал
  • 1 помала главица кромид
  • 300 гр кравјо сирење
  • 500 гр макарони

Чекор 1: Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сечканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сечкани) со постојано мешање. Пред да почне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна.

Чекор 2: Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со пола павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните

Тавчето, по желба, може да е округло или правоаголно.

Чекор 3: Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење.

Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2015 во 17:19

ПОТПЕЧЕНИ МАКАРОНИ СО ТОПЕН КАШКАВАЛ

9

Потребни ќе ви бидат само 30 минути, а ќе добиете вкусен и сочен солен рецепт кој ќе му се допадне на целото семејство.

Потребни состојки:

  • 6 лажици путер
  • 6 парчиња леб
  • 5 ½ шолји млеко
  • ½ шолја брашно
  • 2 лажички сол
  • Лажичка бибер
  • 2 шолји кашкавал
  • 1 пакување макарони

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Во мала тава ставете го путерот да се растопи и на нив со брзо мешање додадете го брашното сè додека не добиете компактна смеса. На нив додавајте го полека со мешање млекото додека повторно не добиете компактна густа смеса како сос. Во неа ставете ги зачините.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-10.jpg

Во лонец 2 – 3 минути варете ги макароните на зовриена вода, а потоа процедете ги и додадете ги во сосот. Додадете ги и шолјите рендан кашкавал. Добро промешајте.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-12.jpg

На крајот додадете ги парчињата леб кои претходно сте ги исечкале на коцки.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-13.jpg

Вака подготвените макарони оставете ги да се печат во рерна 30 минути.

3-brzi-i-socni-recepti-idealni-za-ladnite-denovi-14.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2015 во 09:02

Брз ручек: Тестенини со спанаќ, брзо и едноставно


Овој рецепт е едноставен и потребните состојки можат да се најдат во најблиската продавница.

testenini-so-spanak-brzo-i-ednostavno-01.jpg

Лесен и брз, може да го приготвите за ручек или вечера.

Потребни состојки за две лица:

  • 4 парчиња пилешки копани, исечкани на парченца
  • Маслиново масло
  • 1 чешне лук, ситно исечкано
  • Каранфилче, по желба
  • 200g тестенини
  • 400g спанаќ, чистен и измиен
  • Мајчина душичка, по желба


Подготовка:

Се ставаат два садови со вода да зовријат.

Пилешкото посолете го и зачинете го со малку каранфилче и со лукот. Пржете го додека не зарумени.

Во меѓувреме ставете го спанаќот да се вари неколку минути сè додека не омекне. Сварете ги и тестенините.

Измешајте го пилешкото со спанаќот (претходно исцеден).

Со така направениот сос прелијте ги сварените тестенини и додајте мајчина душица како зачин.

Уживајте во специјалитетот!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2016 во 13:16

Паста со брокула и туна


По напорните празнични трпези, мора да следи период во кој ќе јадиме полесна храна со цел да ги намалиме килограмите. Поради тоа, ви предлагаме вкусна туна и брокула во комбинација со вашите омилени тестенини, кои може да ги консумирате како појадок, ручек или вечера.


Потребни состојки:

  • 350гр шпагети (или тестенини по ваша желба)
  • 250гр брокули
  • 2 главици кромид
  • 2 лажички капари
  • 85гр зелени маслинки
  • Сок и реднана кора од лимон (количина по желба)
  • 200гр туна во масло
  • 1 лажичка маслиново масло

Начин на подготовка:

1. Ставете ги шпагетите да се готват во вода. Исечете ја брокулата на мали парчиња. Шпагетите треба да вријат 6 минути, а потоа додадете ја брокулата и оставете да поврие уште 4 минути.

2. Додека шпагетите и брокулата се готват, исечкајте го кромидот и помешајте го со маслинките, капари, туната, кората и сокот од лимон.

3. Исцедете ја водата од шпагетите и брокулата и додадете ги во чинијата со туната. Посипете со масло и добро измешајте.

4. Пред да послужите, посипете одозгора уште малку масло, додека на љубителите на лутиот вкус им се препорачува и бибер.

Bon apetit!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2016 во 21:00

ТЕСТЕНИНИ ВО СОС ОД МАСЛИНКИ

22

Ако сте љубител на тестенините ова е вистинскиот избор за вас. Денес подгответе нешто вкусно, лесно и едноставно…

За ова јадење ви се потребни:

500 грама фусили (макарони, шпагети),

200-300 грама маслинки (исечкани),

1-2 главици кромид,

3-4 чешниња лук,

1-2 лаврови ливчиња,

500 мл доматен сос,

малку свеж магдонос (ситно исечкан),

1/2 кафена лажичка нане,

малку морско оревче,

1/2 супена лажица шеќер,

50-70 мл масло за готвење,

малку сол (по вкус) и

малку црн пипер (по вкус)

Начин на подготовка

Едно пакување шарени, а може и обични макарони се варат според упатството што е дадено на нив и се оставаат уште 10 минути во истата вода за убаво да набабрат. Потоа се цедат. На маслото се пржи сечканиот кромид и се додава лукот. Кога е убаво стаклено испржен, се додаваат сечканите маслинки и пак на умерен оган се пропржува. Се додаваат доматното пире, магдоносот, нането, црниот пипер, морското оревче, лавровите ливчиња и сѐ убаво се запржува. На крајот се додава шеќерот, се промешува и се трга од оган. На исцедените макарони полеваме од сосот и послужуваме. Може над нив да се изренда и сирење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2016 во 08:38

Најпознатите италијански јадења кои мора да ги пробате


Пастата и пицата се двете најпопуларни јадења низ светот и по некоја случајност и двете доаѓаат од сончевата Италија. Традиционалната кујна на оваа посебна земја е толку разновидна и неверојатна што е невозможно да издвоите само неколку оброци кои ќе го понесат епитетот највкусни.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-10.jpg

Секој регион има свои традиционални јадења кои се служат низ рестораните и се прават по рецепти кои датираат години и години наназад. Ако на сето тоа додадеме дека највкусната моцарела, пршута и пармезан се токму дел од овие јадења тогаш нема да нè изненади фактот што италијанската кујна е прогласена за една од најубавите кујни во светот.

Panini

„Panini“ се всушност потпечени сендвичи направени од бел леб полнети со шунка, моцарела, домати и песто кои благодарение на својот незаменлив вкус се познати насекаде низ светот.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-1.jpg


Panna Cotta

Омилениот десерт на Италијанците чие приготвување е навистина лесно и едноставно. Сè што ви е потребно е слатка павлака, желатин, ванила и џем од малини. Името на специјалитетот во буквален превод значи „варена павлака“ а истиот потекнува од северна Италија.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-2.jpg


Пилешка Parmigiana

Едно од најпознатите јадења во Кампанија и Сицилија, кое низ годините стекнало популарност насекаде низ светот. Тенко пилешко филе, потпечено во сос од домати и пармезан – зарем не е тоа совршен партнер за омилените шпагети?

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-3.jpg


Gelato

Ниту еден сладолед на светот не може да се спореди со вкусот на вистинскиот италијански сладолед.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-4.jpg


Risotto

Покрај шпагетите, италијанското рижото е едно од најпознатите италијански јадења низ светот. Имајќи го предвид фактот дека оризот е главната состојка, оброкот ви дозволува да си играте со вкусовите, да додадете состојки по ваша желба и вкус без страв дека ќе погрешите.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-5.jpg


Lasagna

Ова традиционално јадење се прави од слоеви тесто и фил, прекриени со сос (најчесто бешамел). Филот може да биде различен динстано или мелено месо, домати, спанаќ, други зеленчуци и секако пармезан.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-6.jpg


Tiramisu

Овој неверојатно лесен десерт има арома на кафе и традиционално се прави со маскарпоне сирење и специјални бисквити „Savoiardi“.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-7.jpg


Tortellini

Овие италијански тестенини во форма на прстен се направени од неферментирано тесто и полнење од месо, сирење или зеленчук. Нивното потекло се поврзува со северот на Италија односно регионот Емилија Ромања.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-8.jpeg


Minestrone

Поимот „minestrone“ всушност значи супа од многу состојки. Традиционално се подготвува во текот на летните месеци со сезонски свеж зеленчук, паста или ориз. Може да се служи и како ладно, но и како топло предјадење.

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-9.jpg


Frittata

Ова јадење претставува традиционален италијански омлет со зеленчук и сирење (рикота или пармезан). Обично фритатата прво се готви на оган а потоа се префрла во рерна. Уште еден пример за лесен и одличен појадок.  

najpoznatite-italijanski-jadenja-koi-mora-da-gi-probate-10.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2016 во 08:31

Dave’s Kitchen: Шпагети во медитерански сос


Ммммм шпагети! Нема кој, не сака шпагети зарем не? 

Но, кога ги приготвуваме секогаш одиме по зацртаната шема, варење на шпагетите на една страна и приготвување на сосот на друга страна.

Давор има одличен рецепт за медитерански шпагети кои можете да ги приготвите во еден сад, а со тоа да си заштедите време и миење садови.

Потребни состојки:

  • 500 грама шпагети
  • 300 мл доматен сос
  • 1 литар пилешки булјон
  • 20-тина сечкани маслинки
  • 1 чешне лук ситно исечкано
  • Оригано и букова сол
  • Сол и црн пипер
  • Маслиново масло

Начин на подготовка: 

Во големо тенџере најпрвин ги ставате шпагетите, потоа ги полевате со доматниот сос и врз нив ги додавате исечканите маслинки.

Откако сте го направиле тоа преминувате кон додавањето на другите состојки почнувајќи од маслиново масло, па потоа лукот со ориганото, буковата сол, солта и биберот. На крајот полевате со пилешкиот булјон.

Сите состојки добро треба да ги промешате и потоа да ја вклучите ринглата на најјако. Кога ќе започне да врие, ја намалувате температурата на половина и промешувате на секои 3 минути за да не се залепат тестените. Кога течноста целосно ќе испари вашето вкусно јадење е подготвено за сервирање.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2016 во 08:12

Се топат во уста: Потпечени равиоли со топен кашкавал


По првото подготвување на равиолите на овој начин, ќе заборавите на секој останат кој сте го практикувале досега.

se-topat-vo-usta-potpeceni-ravioli-so-topen-kaskaval-02.jpg

Ако пак никогаш досега ги немате пробано полнетите тестенини, после сочниот видео рецепт, ќе ви станат задолжителни на неделното мени.

se-topat-vo-usta-potpeceni-ravioli-so-topen-kaskaval-01.jpg

За подготовка потребни ви се:

  • 2 пакетчиња равиоли
  • 1 кесичка рендана моцарела
  • 200g рендан пармезан
  • 1l доматно пире или сок од домати
  • Зачини по желба
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2016 во 15:56
Потпечени макарони со печурки и павлака

Чекор 1: Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сецканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сецкани) со постојано месање. Пред да поцне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна.

Чекор 2: Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со пола павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните

Тавчето, по желба, може да е округлесто или правоаголно.

Чекор 3: Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење.

Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.

Вкусно е за јадење и топло и ладно :)))


Потпечени макарони со печурки и павлака



Изменето од Valerija - 16.Февруари.2016 во 15:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 16:19

Dave’s Kitchen: Фокача по италијански рецепт


Уште еден рецепт од регионот Апулија, овој пат за фокача со шери домати, оригано и маслинки

Потребни состојки:

  • 250 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 20 мл. ладно цедено маслиново масло
  • 10 гр. свеж квасец
  • 100-150 мл млака вода
  • 50-100гр. шери домати
  • Оригано
  • Маслинки 

Начин на подготовка:

Замесете меко и глатко тесто од брашното, солта, маслиновото масло, квасецот и млаката вода и оставете да стасува околу час до час и половина.

Нараснатото тесто распределете го во подмачкана тава и со прстите направете вдлабнатини. Шери доматите пресечете ги на половина и редете ги во вдлабнатините. Ситно исечкајте ги маслинките и наредете ги низ целото тесто, на крајот наросете оригано и распрскајте маслиново масло.

Печете околу 10-20 минути на загреана рерна на 250 степени.

Во Апулија покрај оваа верзија на фокача најчесто се прави и фокача со маслинки и тенки прстени кромид или пак наједноставна верзија со сол и маслиново масло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,547 секунди.