IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87800
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2017 во 21:47

Dave’s Kitchen: Зелник со праз и урда

За оваа недела од кујната на Dave’s Kitchen ви предлагаме рецепт за вкусен домашен зелник со урда и праз.

Потребни состојки:

За тесто

  • 1 кгр. брашно
  • 1/2 свеж квасец
  • 500мл. вода
  • Сол по вкус
  • Масло за јадење по потреба

За фил

  • 4 снопчиња праз ситно исечкани
  • 1 јајце
  • 200 гр. урда

Начин на подготовка: 

Најпрво потребно е да го испржите празот на малку масло додека омекне, тргнете на страна и оставете да се олади. Кога ќе се олади промешајте го со урдата и јајцето. 

Во длабок сад замесете тесто од брашното, квасецот, водата и солта. Оставете да стаса околу 30- тина минути. Тестото поделете го на два дела. Едниот дел поделете го на 3 еднакви делови и расукајте ги во кори големи колку една чинија. Земете ја првата кора нанесете околу 2 лажици масло за јадење. Покријте со втората кора и нанесете повторно масло за јадење распределувајќи го низ целата кора. Потоа покријте ги со третата кора претходните две кори и расукајте една голема кора, малку поголема од тавчето во кое ќе го печете зелникот. Пренесете ја кората во претходно премачкана тава, каде што краевите ќе висат од тавчето. 

Навратете ги краевите така што ќе формирате убава витка. Во средишниот дел нанесете од филот со празот и оставете на страна. 

Расукајте уште една потенка кора од другата половина од тестото, нанесете ја врз филот одозгора така што ќе формирате ,,неправилна,, површина. Тоа ќе даде рустикален изглед на Вашиот зелник. 

Пропрскајте ја со масло за јадење горната кора и печете на загреана рерна на 200 степени околу 20-тина минути, а потоа намалете на 180 степени уште 10-тина минути или додека не добие убава златно кафена боја.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87800
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2017 во 09:07

Dave's Kitchen: Мини погачи со компир



Оваа недела Давор од Dave's Kitchen за вас подготви мини погачи со компир.

 

Потребни состојки:

  • 300 гр. брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 1/2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажица шеќер
  • 240 гр. ладен путер исечкан на коцки
  • 120 гр. пире од компири
  • 120 мл. јогурт
  • 1 јајце за премачкување
  • 1 лажица млеко за премачкување

Начин на подготовка:

Во длабок сад измешајте ги најпрво сувите состојки. Додадете го ладниот путер и со рацете втријувајте го во брашното, формирајќи структура на песок.

На страна измешајте ги пирето од компир и јогуртот. Додадете го во смесата и замесете тесто. По потреба додавајте брашно за да оформите убаво меко тесто.

Расукајте го тестото во кора и со помош на чаша исечете кругови. Наредете ги во тавче обложено со хартија, премачкајте ги со јајце и млеко измешани заедно. 
Нарусете оригано по желба и печете во загреана рерна од 200 степени околу 20 минути.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87800
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2017 во 18:43

Dave’s Kitchen: Пита со јаболка

Овој четврток од кујната на Давор и Dave's Kitchen имаме одличен есенски рецепт - пита со јаболка.

Уживајте во подготовката и вкусот на овој прекрасен рецепт.

Потребни состојки:

За тестото:

  • 300 гр. брашно 

  • 220 гр. замрзнат путер 

  • 2 лажици студена вода 

  • 2 лажици шеќер во прав 

  • 1 жолчка

За филот:

  • 500 гр. јаболка исечкани на коцки 

  • 100 гр. суво грозје 

  • 2 лажички цимет сок од 1/2 лимон 

  • 2 лажички вода 

  • 1 лажица густин 

  • 100 гр. сечкани лешници 

  • 3 лажици џем од кајсии

Начин на подготовка:

Најпрво подгответе го тестото. Во сад ставете го брашното и врз него додадете ги шеќерот во прав, жолчката и изрендајте го замрзнатиот путер. Додадете ја студената вода и со раце замесете тесто. Ставете го во хартија за свежа храна и оставете да се излади и стегне во ладилник околу 1 час. Потоа, тестото поделете го на два дела, од првиот дел расукајте кора и ставете ја врз тавчето во кое ќе ја печете питата (бр.26). Премачкајте го долниот дел со џемот од кајсии. 

Во длабок сад измешајте ги јаболката, сувото грозје, циметот, лимонот, водата, густинот и лешниците. Ставете го филот врз џемот од кајсии и врз филот украсете ја питата со ленти од второто тесто. Оставете ја во замрзнувач околу 20 минути.

Печете ја 15 минути на 200 степени. Оставете да се излади па сервирајте. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87800
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2017 во 11:26

Dave’s Kitchen: Есенска пита со јаболка


Есента е веќе пристигната и нема ништо поубаво од тоа да се ужива со добро подготвен колач од јаболка. 

Давор од Dave’s Kitchen го има совршениот рецепт за колач со јаболка кој со сигурност ќе биде одличен со шолја чај или кафе.

Потребни состојки:

  • 15 лажици брашно
  • 15 лажици шеќер
  • 3 јајца
  • 15 лажици масло за јадење
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 15 лажици млеко
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • Прстофат сол
  • Сок од 1 лимон
  • 800 гр. излупени и изрендани јаболка
  • 100 гр. суво грозје
  • 100 гр. сечкани ореви
  • 2 лажички цимет

Начин на подготовка:

Најпрво во длабок сад со жица за матење измешајте ги заедно јајцата со шеќерот. Додадете го екстрактот од ванила, маслото и млекото. Добро промешајте и додадете ги брашното, солта и прашокот за печиво заедно измешани. Промешајте додека не добиете убава смеса за колач. 

Премачкајте го калапот во кој ќе го печете колачот со масло за јадење и набрашнете ја површината. Истурете половина од смесата и испечете ја на загреана рерна од 180 степени околу 15 минути. За тоа време промешајте ги ренданите јаболка со сокот од лимон, сувото грозје, циметот и исечканите ореви. Филот со јаболка, ставете го врз испечениот пандишпан и врз филот додадете го преостанатиот дел од смесата за колачот. Печете на 180 степени околу 15-тина минути или додека колачот не добие убава златно-кафена боја. 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87800
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 11:02
Сончогледова погача со месо и кашкавал

Сончогледова погача со месо и кашкавал


Состојки
Тесто
500 гр брашно
1 јајце
1 пакетче сув квасец
250 мл јогурт
1 лажица шеќер
6 лажици масло
1 лажичка сол
Фил
300 гр телешко мелено месо
3 главици кромид
1/2 китка магдонос
по вкус сол и црн пипер
За украс
2 жолчки од јајце
по потреба афион
Користени Делимано прои

1. Сите состојки за тестото се промешуваат и се замесува тестото, потоа се остава во топла просторија на 30 минути. Стасаното тесто повторно се меси и се чека 20-30 минути.
2. Фил/ Кромид со месо се пржи, се зачинува и на крај се додава исецкан магдонос. Филот од месото треба да се излади.
3. Тестото се дели на 2 дела и се расукуваат 2 еднакви круга. Првиот круг се става во плех обложен со мрсна хартија и во средината со чинија се формира помал круг каде што се поставува филот од месото. По краевите се поставува изренданиот кашкавал.
4. Сето тоа се покрива со втората кора. Во границата, каде што завршува месото тестото се притиска. Останатиот дел се засекува со нож секој 3-4 см по цел круг. Така исечените ленти се затвараат со притискање на прсти од едната страна и од врвот, па лентите се превртуваат нагоре и се приотвораат, така што се гледа кашкавалот.
5. Погачата се премачкува со жолчките, а во делта на месото се посипува со афион и се пече во загреана рерна на 180 степени на 25-30 минути.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87800
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 13:48
Погача Круна со пилешко месо и кашкавал

Погача Круна со пилешко месо и кашкавал


Состојки
700 гр брашно
250 мл млеко
1 пакетче (10гр) сув квасец
3 јајца
100 мл масло
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
по потреба сусам
Фил
250 гр кашкавал
2 поголеми домати
300 гр варена кокошка
4 главици кромид
Користени Делимано произв

1. Квасецот го раствараме во млако млеко (50 мл) и ги додаваме шеќерот и солта. Активираниот квасец го додаваме во брашното, како и останатото млеко, јајцата и маслото. Го месиме тестото и го ставаме во топло место за да стаса.
2. Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме. Варената кокошка ситно ја сецкаме, како и доматите. Кашкавалот го рендаме.
3. Од стасаното тесто со помош на сукалка правиме голем круг дебел 1 см. Во центарот на тестото цртаме со нож помал круг, потоа го засекуваме на еднакви 8 дела. Покрајот на тестото го редиме филот - испржен кромид + кокошка+сол+домати+кашкавал. И сега го покриваме филот со 8 триаголници од центарот кон краевите.
4. Погачата ја наросуваме со сусам и ја печеме на 180 степени околу 20-30 минути додека не се зарумени.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.