IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2016 во 08:29

Dave's Kitchen: Вкусна домашно подготвена пастрмајлија


Изненадете го Вашето семејство и пригответе им превкусна пастрмајлија.

Ќе ви бидат и повеќе од благодарни! За овој рецепт од кујната на Давор ќе ви бидат потребни следните состојки:

  • 1кгр. Екстра бело брашно Тип 400- Жито Лукс
  • 600 мл. млака вода
  • 2 лажичиња сол
  • 2 лажичиња шеќер
  • 100 гр. масло за јадење
  • 1 квасец
  • 150 гр. ситно исечкано пилешко месо посолено и отстоено во сол минимум 30 минути
  • 1 јајце

Начин на подготовка: 

Од сите состојки се замесува тесто и се остава тестото да стаса околу 90 минути. 

Се размесува и се дели на 4 дела. Секој дел се расукува во форма на чамец со притискање на средишниот дел за краевите да бидат повисоки. 

Се редат парчињата месо низ целата пастрмајлија и се пече во загреана рерна на 250 степени околу 15 минути, па се намалува на 200 уште 10-тина минути. Кога ќе фати кора пастрмајлијата се премачкува со свинска маст. 

Две до три минути пред да биде готова искршете го јајцето, изматете го и прелијте го врз месото. Печете уште 2-3 минути. 

Добар апетит!

За повеќе рецепти од кујна на Давор посетете ја неговата FB странаDave’s Kitchen.



Изменето од Valerija - 25.Април.2016 во 08:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2016 во 18:04

Лисната погача

Потребни состојки за овој рецепт се:

  • 100 мл топла вода
  • 150 мл топло млеко
  • 20 гр квасец
  • Околу 500 грама брашно
  • 6 лажици масло
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце

За премачкување:

  • Жолчка и малку млеко
  • Сусам

Начин на подготовка: 

Замесувате тесто од сите наведени состојки и го оставате да нарасне двојно. Потоа го поделувате на 4 дела и секој дел го развлекувате во мини кори кои ги редите една врз друга така што ставате маргарин помеѓу нив. Во следната фаза расукувате една кора која што ја сечете како што е прикажано на сликата.

Четирите ленти ги мотате во ролна, додека од триаголниците правите кифлички и ги редите во подмачкан плех повторно како што прикажано на сликата. Погачата ја оставете да отстои 15 минути, а потоа ја премачкувате со млеко и жолчка, наросувате сусам и печете во рерна загреана 180 степени околу половина час. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2016 во 08:08

Овошна пита со јаболка за оние кои не се вешти во печење колачи


Crumble или пита која се рони, е рецепт од познатиот готвач Гордон Ремзи, која се подготвува со овошје и тесто. Има вкус на овошна пита, а наменета е да ја подготвуваат домаќинките кои сакаат благи работи, но не се многу вешти во подготвување на истите.


Потребни состојки:

  • 6 лажици бел шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • малку цимет во прав
  • 6 јаболка со лушпи
  • 3 лажици сушена брусница
  • кора од 1 лимон
  • сок од ½ лимон

Потребни состојки за тестото:

  • 100гр брашно
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • малку цимет
  • 4 лажици граноли или мусли со јаткасти плодови

Начин на подготовка:

- Загрејте ја рерната на 200°С. За тоа време направете ја карамелата во мал сад

- Во садот ставете бел шеќер, малку цимет и ванилин шеќерот и ставете ја смесата на оган да се претвори во карамела. Не ја мешајте смесата, туку повремено потресувајте го садот.

- Во карамелата додајте три изрендани јаболка со лушпи, измешајте и оставете ги да се готват минута или две.

- Потоа додајте ги и останатите три јаболка исечени на коцки, лимоновата кора и сокот и на крај сушените брусници. Сето тоа добро измешајте го и тргнете ја смесата од оган.

- Направете тесто од брашно, кафеав шеќер, цимет и коцка ладен путер. Сите состојки мешајте ги со прстите додека не добиете смеса како лебни трошки, а потоа додајте ги гранолите или муслите.

- Истурете го тестото врз печените јаболка и сушените брусници и сето тоа заедно ставете го во рерна на 200 степени околу 12-14 минути додека тестото не добие златна боја.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2016 во 08:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јули.2016 во 09:13

НАЈДОБАР РЕЦЕПТ ЗА ВРТЕНА ПИТА

13

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 гр брашно

2,5 дл вода

1 квасец

малку сол

фил: урда/зелка/праз/спанаќ

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Се замесува тесто од кое се прават 7 топчиња.

Од секое се сука кора и се премачкува со маргарин или маст.

Оставете ги да отстојат 25 минути и потоа тегнете ги една по една.

Секоја кора се попрскува со масло и се става урда/праз/зелка/спанаќ по желба и се витка во ролна.

Се редат вртејќи ги една до една во плех и се попрскуват со масло.

Вртената пита се пече околу половина час на температура од 200 степени.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2016 во 22:07

Dave’s Kitchen: Домашна вртена пита


За оваа превкусна вртена пита ќе ви бидат потребни само неколку нешта кои веќе ги имате во својата кујна.

Потребни состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 250 гр. млака вода
  • Прстофат сол

Начин на подготовка: 

Се меси меко тесто и се остава да одмори околу 10-тина минути. Се дели на 4 дела и се формираат деловите во топчиња. Потоа секое топче се расплескува и во тавче се премачкува со масло за јадење убаво од двете страни.

Се зема едно по едно од деловите тесто и на платнена површина се тегнат полека корите. Се прскаат со масло за јадење и фил по желба. Се виткаат и се редат во круг во округла тава за печење. Се пече околу 30-тина минути на 190 степени.

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB страна,Dave’s Kitchen.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2016 во 21:50

Dave’s Kitchen: Необична пита со портокал


Давор оваа недела за нас подготви невообичаена пита од портокал. Ова е вкусен, летен и најважно лесен рецепт за правење со кој ќе го соберете целото семејството на едно место.

Еве што сè ќе Ви биде потребно за да го направите: 

Потребни состојки:

  • 500 гр. кори за баклава
  • 5 портокали
  • 250 гр. масло за јадење
  • 250 гр. шеќер
  • 250 гр. млеко
  • 2 пакетчиња ванила
  • 3 јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сода бикарбона

За шербетот:

  • 700 гр. шеќер
  • 500 гр. вода

Начин на подготовка:

Од 5-те портокали земете 2 и ставете ги во тенџере со вода, на оган на ниска температура и оставете да стојат околу 1 час. Од останатите 3 портокали изрендајте ја кората и исцедете го сокот. 

Потоа подгответе го шербетот. Кога водата и шеќерот ќе зовријат промешајте за да не останат зрнца од шеќерот. Оставете да врие околу 5 минути и тргнете го на страна. Во шербетот додадете го сокот од 3-те портокали и оставете комплетно да се излади. 

На работната површина извадете ги корите од баклава и одделете ги така што секоја кора нема да се допира една со друга. Оставете ги да се исушат на собна температура околу 1 час или час и половина. Кога ќе почнат да се ронат комплетно тогаш се спремни за следната постапка.

Во блендер ставете ја кората од портокал, двата портокали (со се целата кора, но исцедени од сокот), додадете го маслото и шеќерот. Изблендирајте додека не се соединат сите состојки заедно. Потоа додадете го млекото, ванилата и јајцата. Повторно блендирајте околу 2 минути додека не се соединат сите состојки. На крајот додадете го пецивото и содата. 

Корите искршете ги така што ќе се создадат мали парчиња. Додадете ги во смесата со влажните состојки и убаво промешајте. Претурете ја смесата во тавче за печење кое претходно ќе го премачкате со путер и ќе го посипете со брашно.

Печете околу 35-40 минути на 160 степени или додека не добие убава темна боја. За тоа време сирупот ќе биде веќе изладен. Штом се испече питата посипете ја додека е врела со ладниот шербет. Оставете да го впие шербетот околу 1-2 часа и уживајте во прекрасниот вкус на портокал заедно со Вашите најмили. 

Можете да декорирате со топка сладолед или пак со слатко од портокал и гранче свежо нане. 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2016 во 09:38

Вкусни погачи со ајвар и сирење


Нема некој кој не ужива во топлиот ајвар во комбинација со сирење, а доколку ви досади да го консумирате само намачкан на леб, тогаш направете ги овие вкусни погачки.


Потребни состојки:

  • 4-5 лажици ајвар
  • 250гр путер
  • 350гр брашно
  • 250гр свежо сирење
  • 1 печиво
  • 1-2 лажички сол
  • 2 јајца

Начин на подготовка:



Во голем сад ставете ги сите состојки, а по потреба може да додадете уште брашно. Тестото треба да биде мазно, но по малку лепливо, бидејќи путерот на топлина се растопува.

Ставете го тестото да отстои во фрижидер околу половина час, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 200°С. Откако тестото ќе се олади развлечете го на дебелина од 1см на површина на која пред тоа сте ставиле малку брашно.

Со чаша „сечете“ облици во вид на топчиња, а потоа ставете ги топчињата на масна хартија за печење. Доколку сакате, може да ги намачкате одозгора со ајвар или пак да ставете уште малку рендано сирење.

Печете ги во рерна околу 15-20 минути, додека не поруменат.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2016 во 15:56

Dave’s Kitchen: Погача од тесто за кифли


Ова тесто може да го употребите за подготвување на вкусни и меки кифли, а воедно и за подготовка на погача.

Потребни состојки:

  • 270 мл млеко
  • 2 ½ лажички инстант квасец
  • 60 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 600 гр брашнo
  • 1 лажичка сол
  • 60 мл масло за јадење
  • 1 жолчка и млеко за премачкување
  • 100 гр путер за премачкување

Начин на подготовка:

Замесете тесто од сите состојки и оставете да стаса околу 90 минути. Поделете го тестото на два дела, еден помал и еден поголем дел.

Во средина на тавчето за печење ставете го помалото парче оформено во топка. Од другото парче расукајте правоаголна кора и премачкајте ја со 100 гр путер и свиткајте ја во ролат.

Наредете ја кората околу топката во тавчето, па потоа со ножици пресечете парчиња и свиткајте ги наназад. Оставете да стаса 10 минути и премачкајте со жолчка и млеко. Печете на 180 околу 35 минути.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2016 во 13:25

Вкусна пита од тиква готова за 3 минути

Есента е период на тиквите. Оние кои ги обожаваат, ќе го обожаваат и рецептот за пита од тиква, кој е готов за 3 минути.



Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • Пире од тикви
  • 2 лажици кондензирано млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 2 лажички зачин за тиква
  • ½ лажичка сол
  • 1 лажица мелени бисквити

Начин на подготовка:

Во шолја, која може да ја греете во микробранова печка, измешајте ги јајцата, пирето од тиква, млекото, шеќерот, зачинот за тиква и солта. Исчистете ги ѕидовите на шолјата и ставете ја во микробранова 2-3 минути или додека смесата не е повеќе течна.

Внимателно извадете ја шолјата од печката, ставете ги бисквитите и одозгора украсете со шлаг пена и зачин за тиква.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јануари.2017 во 17:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2017 во 18:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2017 во 15:55

Dave’s Kitchen: Пита со тиквичка

За денешниот ручек, Давор препорачува да приготвите вкусна пита со тиквичка.



Потребни состојки:

  • 500 гр брашно
  • 2 рендани тиквички и исцедени од водата
  • 2 јајца
  • 1 печиво
  • прстофат сол
  • 4-5 лажици масло за јадење
  • 150 мл млеко
  • ситно исецкан магдонос
  • 100 гр. дробено сирење
  • 50 гр. сецкани маслинки
  • 1 лажичка оригано
  • сусам
Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги исцедените тиквички, јајцата, солта, млекото, маслото за јадење, ситно исецканиот магдонос и ориганото. Добро промешајте ги сите состојки за да се соединат. Потоа додадете го брашното со печивото и внимателно мешајте со жица за матење. Додадете го дробеното сирење и сецканите маслинки и целата смеса префрлете ја во тавче обложено со хартија. Одозгора нарусете од сусамот и печете на 180 степени околу 35-40 минути или додека не добие златно кафена боја.

Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2017 во 15:29

Пита со брокули и сирење


Состојки:

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Во тава ставете презла и пропржете.

Во чинија со средна големина ставете јајца, млеко, сос, сол и бибер. Додајте леб и измешајте, а потоа ставете ја во фрижидер.

Гответе ги брокулите на пареа неколку минути, а потоа измијте ги со студена вода и добро исушете ги. Потоа грубо исечкајте ги.

Загрејте масло на умерена температура, па додајте сечкана сланина и кромид. Мешајте додека не омекне.

Додајте ја оваа мешавина со кромид и брокули во мешавината со јајца, а потоа додајте и сирење.

Целокупната смеса ставете ја во подготвен плех.

Печете ја питата од прилика 45-50 минути, додека не порумени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.