IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
Автор
Порака
чаир Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 950
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чаир Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
    Испратена: 05.Февруари.2007 во 21:27
скопска пастрамајлија:
за 5 пастрамајлии е потребно 1гилограм свински пафлак, 5 јајца, 1,5 гилограм брашно 2 лажици шекер 5 сол, свинска мас, триена црвена сол или буковец.
подготовка:
откако ке се направи тестото и се стават шекерот и солта се изработива формата на пастрамајлии се оставаат даматени за да има и беа  остојат 15 мин. покри и се ставаени со топли крпи. се полни со месо и рака а не мат се става по две мали лажици сало се пече на 250 степени.  по две минути печење откако салото кесе растопи се стават јајцата но се стават од матено туку од рака за да има белка, откако ќе се испече се премачкуваат краевите со растопено сало за краевите да бидат меки  пријатно јадење
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14596
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2007 во 15:38

БРЗА ПИТА

Состојки

  • 1кг кори за баклава
  • 1 коцка свеж квасец
  • лалку вода
  • малку зејтин
  • фил по желба

Квасецот се става во вода со малку шекер да стаса.Секоја кора се премачкува со зејтин па со квасец.Кога ке намачкаме 5 кори ги филуваме ,ги виткаме во ролат па во полжав и ги ставаме во округла тава.Така продолжуваме со другите кори се додека не ги потрошиме.Ја премачкуваме питата со квасецот и со зејтинот и ја печеме околу 20-30 мин на 180 Ц.

Ако ја правите со сирење ставите малку суво нане и копар  во филот.По шмекерска е

Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2008 во 21:26
За Биба големо%20гушкање


Интегрална слатка пита

100 гр брашно
50 гр интегрално брашно
1 белка од јајце
1 дл сок од јаболко
1 лажица масло
1/2 ванилин шекер
200 гр мармалад од сливи


-Во сад се стават двете брашна заедно со белката сокот маслоѕо ван. шекер и се мати. Се формира топка која ја виткаме во фолија и ја ставаме топката 30 мин во фрижидер.  на два дела тестото. Со едниот дел се расукува тестото да стане тенко и се става во тава каде има намрсена фолија и се боцка дното. Се полни питата со мармаладот од сливи и со другиот дел од тестото правиме ленти, и ги ставаме од озгора вертикално и хоризонтално.Се пече на долната решетка на 180С 35 мин.

Тоа би изгледало вака


Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 13:01
Солена погача
 
Потребни состојки:

· 1 кг пченкарно брашно
· 250 г масло
· 500 г спанаќ
· 250 г сирење со Знак за квалитет
· јогурт со Знак за квалитет
· сол

Начин на приготвување:

Тепсијата во која ќе ја приготвувате солената погача попрскајте ја добро со масло, потоа посипете еден слој од брашното со дебелина од еден прст, а одозгора попрскајте ја со солена вода, да биде натопено сето брашно, но да не биде многу водено. Потоа попрскајте ја сето со масло и ставете го приготвенит фил

Измијте го спанаќот, исечете го ситно, посолете го и изгмечете го малку со раце, па додајте го претходно издробеното сирење.
Врз филот пак посипете брашно и попрскајте ја со вода и со масло како претходната кора, и ставете ја солената погача да се пече. Кога ќе се испече, извадете ја од рерната, попрскајте го со топол јогурт и покријте го за да го впие јогуртот. Се служи топла, со јогурт или кисело млеко.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 15:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 14:24
Топли сендвичи
 
Потребни состојки:

· 150 г сирење трапист
· 150 г шунка со Знак за квалитет
· 3 јајца
· 20 г сирење со Знак за квалитет
· 1,5 дл кисело млеко со Знак за квалитет
· 1 лажица Зачинал
· магдонос, сол, црн пипер
· 8 парчиња леб
· 0,5 дл млеко со Знак за квалитет

Начин на приготвување:

Трапистот се ренда, а шунката се сечка на ситни коцки. Во измешаните јајца се додаваат трапист, шунка, исечкан магдонос, сирење, сол, црн пипер, Зачинал и кисело млеко, па се меша во густа кашеста маса. Секое парче леб кратко се натопува во млеко, и се става во намачкано тавче едно до друго.

На секое од парчињата се ставаат по 2-3 лажици од добиената смеса и се ставаат во топла рерна да се потпече. Се служат со топол чај, пиво или со вино.


Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:58
Tегнета пита

Потребни состојки:

· 1 кг брашно
· 1 филџан зејтин
· половина квасец
· сол
· сирење со Знак за квалитет (спанаќ, праз)
· 1 јајце


Начин на приготвување:

Се замесуваат 1 кг брашно, 1 филџан зејтин, малку сол и половина квасец. Откако ќе се замеси тестото, се дели на 8-10 парчиња. Секоја кора по малку се расукува, се мачка со зејтин, и одоздола и одозгора, и се остава да постои 15 мин. Потоа се тегне, а краевите се сечат. Се попрскува само малку со зејтин и се става фил по желба (сирење со јајце, спанаќ или праз). Се пече во загреана рерна.




Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2011 во 00:30
 
ПОСНА ПИТА СО ПЕЧУРКИ
Се ближи еден од најголемите христијански празници – Велгиден. Оваа недела е недела на строг пост. Затоа, ние ви предлагаме едно посно јадење. Секако, да не се разбереме погрешно, не е само посно, туку и многу вкусно. Оваа пита со печурки е вистински избор за деновите пред Велигден.
 
 
СОСТОЈКИ

за тесто
• 450 гр брашно
• 2 дл млака вода
• малку шеќер
• 10 гр квасец
• 5 лажици масло
• 1 лажица оцет
• 1 мала лажица сол

за премачкување
• 100 гр маргарин
• 2 лажици густин

фил
• малку масло
• 300 гр шампињони
• 100 гр растителен кашкавал

ПОДГОТОВКА
Додадете малку шеќер и квасец во млака вода. Оставете да се растопи.

Во брашното, додадете сол, масло, оцет и растворениот квасец. Замесете тесто. Оставете го замесеното тесто да отстои 30-тина минути.

Откако тестото ќе се подигне, земете еден дел од него и исукајте што е можно потенок круг. Премачкајте го со половина маргарин и нанесете една лажица густин. Радијално пресечете го тестото и преклопете ги деловите за да се добие топка. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го 30 минути во фрижидер.

Постапката повторете ја и со втората половина маргарин и тесто.

По 30-тина минути, нанесете брашно на работната површина и развијте што потенка кора и наредете ја со фил. За да го подготвите филот, малку пропржете ги исечканите шампињони и зачинете ги по желба.

Откако ќе ги ставите шампињоните, изрендајте малку кашкавал. Тестото може да го завиткате како штрудла или да одберете некоја друга форма.

Пред да печете, оставете го тестото уште 15 минути. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 250℃. Печете 15 минути на 250℃, потоа намалете на 180℃ и печете додека не стане румена.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 22:56
Скопска пита со јаболка

За тестото:
250 гр. брашно
120 гр. путер или маргарин
2 јајца
70 гр. мелени ореви
кора од лимон
За филот:
1кг. кисели јаболка
120гр. шеќер
2 лажици рум
125гр. слатка павлака
1 ванила

Измијте ги јаболките, излупете ги и исецкајте ги ситно. Посипете ги со шеќерот, додајте рум и вино и пропржете ги додека не омекнат, оставете ги да се ладат. Замесете го тестото и оставете го на ладно место малку да отстои. Ставете го тестото во подмачкан плех и развлечете го до дебелина од два сантиметри, а потоа ставете го да се пече во загреана рерна. Исеченото тесто премачкајте го со спремениот фил. Изматете слатка павлака и прекријте ја питата.



Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:39

Пита пастрмалија

(За четворица)
1 килограм брашно
40 грама свеж квасец
6 децилитри вода
30 грама сол
две јајца
170 грама свинско месо
н20 грама пастрма
Приготвување: Се замесува тестото со брашното. Квасецот и водата треба да се со средна мекост. Се остава да стаса половина час, и пак се премесува. Се формираат топчиња и се остават да стасаат. Од нив на набрашнета површина се растегнува пита и се формираат краеви. Се реди со свинското месо и по малку пастрма. Потоа се става во рерна на температура од 200 степени да се пече. Пред да биде готова, се кршат јајцата врз месото. Јајцата претходно не треба да се матат, и директно се кршат врз питата. Кога јајцето ќе се запече, тоа значи дека питата е готова. Се сервира со сува пиперка, испечена на оган, и убаво со македонско црвено вино.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 21:22

 
 
 
 
ПАСТРМАЈЛИЈА

- 1 кг бело брашно
- 800 гр свинска кртина
- 5 јајца
- еден квасец
- сол
- масло за јадење

Пред да започнеме со приготвувањето на пастрмајлијата една напомена. Месото е повкусно доколку одлежи 24 часа премачкано со масло за јадење, сол, бибер и буковец.
Започнуваме со подготовка на тестото.
Во сад за матење го ставаме целото количество брашно. Брашното го посолуваме по вкус. На брашното му го додаваме претходно растопениот квасец. Тестото го матиме со електричен миксер со најголема брзина. Во текот на матењето повремено додаваме околу 2 дл вода. Подоцна додаваме и околу 1 дл масло за јадење, со што го подобруваме вкусот на тестото и побрзо расне. Вкусот ќе го почуствувате откако ќе ја вкусите пастрмајлијата. По матење од околу десетина минути го оставаме тестото на страна да расне 30 минути.
Тестото е веќе стасано. Го вадиме од садот. На рамна подлога сипуваме малку брашно и го месиме со раце. Подлогата постојано ја посипуваме со брашно за да тестото не ни се лепи и да го добие потребното количество од истото. Со месењето прекинуваме во оној момент кога тестото ќе ја добие потребната мекост. Откако тоа го постигнавме со нож го сечеме на парчиња. Парчињата се со големина колку што ни е потребно за да го развлечеме тестото и да ја добиеме поскауваната формма на пастрмајлијата. Парчињата ги правиме во топчеста форма и убаво ги месиме со рака постојано посипувајќи ги со брашно.
Земаме обична тава која ја премачкуваме со путер по целата нејзина површина. Во неа ги ставаме топките тесто и ги покриваме со крпа чекајќи да нараснат. Тоа се некаде околу 15-20 минути.
Во друга тава претходно премачкана со путер ги ставаме топките тесто кои со рака ги развлекуваме. Стандардната форма на тестото за пастрмајлија е приближно елипсовидна. Треба да внимаваме на краевите од тестото. Тие треба да бидат здебелени, со што се остава простор каде што ќе го сместиме месото. Во текот на формирањето на тестото, потопувајте ги прстите во вода за да истото не ви се лепи.
Претходно остоеното месо го исецкавме на парчиња со мала големина и го ставаме во количество по желба. Треба да внимаваме месото да не го ставаме едно преку друго. Вака подготвените пастрмајлии ги оставаме да отстојат 5-6 минути. Истото постапка ја правиме и со преостанатите две теста.
Земаме една половина маргарин и го сечеме на крупни парчиња кои подоцна ќе ги ставиме врз пастрмајлиите.
Ја загреваме рерната на температура од 200 степени целзиусови.
Пред да ги ставиме тавите да се печат, на секоја пастрмајлија ставаме по неколку парчиња од маргаринот.
Време на печење околу 20-тина минути.
Во метален сад лесно на рака матиме 6 јајца. Со така изматените јајца, ги полеваме пастрмајлиите и ги враќаме да се допечат. Подоцна краевите од пастрмајлиите ги прамачкуваме со путер и ги враќаме да се допечат уште 5-10 минути.Пастрмајлиите се готови. Краевите повторно ги премачкуваме со маргарин за да омекнат.




Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:05
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 21:54
Ова ти е велешка
Штипската е најубава-без јајца и со мноогу црвен пипер

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 22:12
 

Лесна пита со сирење

 
okrugla%20pita%20sa%20sirom
 
Потребни состојки: (за тесто)
200 мл (1 чаша) вода
600 гр брашно (мерете со истата чаша)
1 лажиче оцет
1 лажиче сол
 
(за фил)
4 јајца
400 гр здробено сирење
3 лажици кисело млеко
125 гр маргарин

Начин на подготовка:
Во длабок сад ставете ги брашното, водата, оцетот и солта и замесете ги убаво. Потоа, извадете го тестото на работна маса и месете го десет минути. Од тестото одвојте шест еднакви топчиња, ставете ги во тава, покријте ги со крпа и оставете ги да отстојат 15 минути. На малку набрашнета површина расукајте едно топче, додека да добие големината на една рака. Растегнете го тестото со дланката од центарот кон нанадвор. А потоа расукајте го со сукало додека не стане тенко и доволно долго. Повторете ја постапката за секое од шесте топчиња. Потоа, подгответе го филот и поделете го на шест еднакви делови. Секоја кора прво премачкајте ја со маргарин, па додадете од филот на средина на кората. Завиткајте ја во форма на полжав и ставете ја на средина на тавата за печење. Повторете ја постапката со останатите кори со тоа што ќе ги виткате околу првата кора што ја ставивте на средина на тавчето. На крајот, со преостанатиот растопен маргарин премачкајте ја целата пита и ставете ја во претходно загреана рерна да се пече на 230 Целзиусови степени додека не зарумени.
Послужете со чаша ладен јогурт и на здравје!

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 21:47

Пекарски кифли

• 1 кг брашно
• 100 гр путер
• 2 мали лажици сол
• 2 мали лажици шеќер
• 25 гр свеж квасец
• 4 дл вода
• 1 голема лажица разреден оцет
• 1 дл млеко

ПОДГОТОВКА
Во пластичен сад ставете брашно, сол и путер. Малку загрејте го млекото и во него додадете ги квасецот и шеќерот. Откако квасецот ќе се спои со млекото, ставете го во садот со брашно. На крајот, додадете топла вода, во која сте ставиле една лажица разреден оцет. Потоа замесете ја смесата за да стане хомогена. Тестото мора да се одвојува од садот.

Кога ќе завршите со месење, покријте го садот и оставете го тестото да отстои околу 50 минути. Потоа, преместете го во друг сад и оставете го уште 25 минути.

Откако тестото доволно ќе отстои, набрашнете ја работната површина и ставете го тестото на неа. Од тестото направете 15 топчиња и оставете ги да отстојат 10 минути.

Секое од топчињата, расукајте го надолжно со помош на сукало. Откако ќе добиете овална форма, започнете да ги мотате кифлите одозгора надолу, притискајќи го тестото со една дланка. Кога ќе стигнете до средина, продолжете притискајќи со двете дланки, сѐ додека не дојдете до крајот. Истата постапка повторете ја и со другите топчиња тесто.

Покријте ја тавата за печење со пекарска хартија и наредете ги кифлите. Оставете да отстојат околу 15 минути да нараснат. Секоја кифла премачкајте ја со вода, посолете ја и печете ги околу 12 минути во загреана рерна на температура од 250℃.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 14:40

 

Naan - Индиски леб

Naan%20-%20Индиски%20леб
 

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ

  • 1  лажичка Шекер
  • 30 грама Сусам
  • 1 лажица  Сол
  • 4 лажица  Масло
  • 2 чешниња Лук
  • 10   Квасец грама
  • 150 милилитри Вода
  • 300 грама Брашно

 

Naan е вид на Индиски леб. Во Индија постојат многубројни видови на леб, чии што разлики се засновани на брашното кое се користи за подготовката, како и начинот на пржење или печење. Покрај Naan меѓу најпознатите Индиски лебови се: pulka, puri, roti, parata...

ПОДГОТОВКА

Во млака вода ставете го шеќерот и додадете го квасецот, па добро измешајте, поклопете и оставете да отстои 10-ина минути.

Брашното и солта помешајте ги со маслото.

Добро измешајте, за да нема грутчиња, кои се создаваат кога ќе се помешаат маслото и брашното.

Додадете ја претходната смеса од шеќер, квасец и вода, па замесете тесто, малку премачкајте го со малку масло и оставете го на топло место околу 1 час, прекријте го со памучна крпа и оставете го да нарасне.

Рерната загрејте ја 230 степени.

Малку премесете го нараснатото тесто и поделете го на 7-8 парчиња.

Секое парче кружно расукајте го, по желба посипете го со сусам или ситно сецкан лук, соберете го во топка, па повторно расукајте го.

Тестото наредете го во плех, па печете додека лебот не добие златна нијанса.

Кога лебот ќе биде печен, можете да го премачкате со малку путер.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.