IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Работнички права на младите родители...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Работнички права на младите родители...

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Работнички права на младите родители...
    Испратена: 24.Јули.2011 во 18:22
 
 

Иако со законот за работни односи посебно се регулирани работничките права на родителите на деца до едногодишна возраст, ретко кој од нив ги знае своите права.

Законски регулираните работнички права на мајките и татковците со бебиња до едногодишна возраст малку им се познати и на работниците, а непознато е дали работодавачите не им обрнуваат внимание или пак не ги почитуваат бидејќи не се компатибилни со нивните интереси, велат во Регионалниот синдикален совет во Куманово. Според правниот советник Гордица Бошковска, Законот за работни односи покрај општите права на
работниците ги содржи овие посебни права во периодот на бременоста на жената работничка, породувањето и родителството. Бошковска објаснува дека е незначителен број жени кои бараат информации за нивните права, во однос на платеното отсуство, пауза за време на доење на детето и право на плата за време на бременоста.

„Едно од правата на овие работнички е за време на бременоста да не смеат да работат во ноќни смени и прекувремено. На оние кои имаат дете од една до три години работодавачите можат да им наложат да работат ноќна смена, но само со нивна согласност.“

Бошковска додава:


„Ваквите работнички апсолутно не смеат да работат на работни места по време на породувањето, бременоста и родителство до една година дете на работни места кои се штетни за здравјето на работничката и на нејзиното дете. Кои се тие работни задачи ги определил. Министерството за труд и за здравство.“

Работодавачите можат да ги распоредат овие работнички на други работни места и да ја усогласат платата, која не смее да биде пониска од онаа што ја добиваат на редовните работни места.

„Една од привилегиите, односно правата и можностите на жените за време на бременоста и породувањето е користење платено отсуство од 9 месеци, а за повеќе родени деца до една година. Истото право го имаат и мајките кои посвојуваат деца, за едно 9 месеци и една година за повеќе посвоени деца. Правото на мајката работничка периодот на користење на породилното отсуство да може да го прекине пред истекот на 9 месеци. Таа остварува целосна плата кај работодавачот кај што се враќа на работа, но и 50 отсто од надоместокот што го прима од Центарот за здравство во вид на плата за време на породилно отсуство. Ова е право кое многу мајки не го знаат и не го користат.“

Бошковска објаснува и дека согласно Законот за работни односи, работничките доилки имаат право право на отсуство од час и половина за доење на детето и тоа до едногодишна возраст.

„И доколку тоа работничката тоа го бара, работодавачот е должен да и го овозможи согласно Законот за работни односи.“

Неинформираноста на работничките им одговара на работодавачите. Меѓутоа, има работнички кои ги знаат своите посебни права во периодот на бременоста и породувањето, но не ги бараат плашејќи се дека ќе го загубат работното место. И не ретко се случува жените по истекот  на породилното отсуство да не бидат вратени на работа.

Според Законот за работни односи и таткото има право на породилно отсуство.
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2011 во 16:18
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

 
Според Законот за работни односи и таткото има право на породилно отсуство.


Мислев ова никој нема да го спомне, но да вистина е и стои!
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2011 во 20:54
I da pogodam ovie zakoni gi pocituvaat edno 5-6 kompanii vo Makedonija....не
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.