IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Семејство
  Активни теми Активни теми RSS - Приказни за добра ноќ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Приказни за добра ноќ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2014 во 09:31
Деновиве сум во акција ама тешко ми оди,да го најдам тоа што барам.
Попат најдов некои интересни збирки од басни и бајки,
па убава прилика тие што како мали немале можност
да бидат лажени пред спиење,да ги лажат своите деца и внуци.
Ханс Кристијан Андерсен-Бајки (српски)pdf

Езоп-Басни (српски)pdf
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2015 во 01:10
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

 
 

Пепелашка

 

Еднаш многу одамна живееше една убава девојка што се викаше Пепелашка, заедно со лошата маќеа и со две приглупави и себични полусестри.

Тие ја тераа да ги врши најтешките домашни работи. Често работеше покрај огништето,па облеката и беше извалкана од пепел.

Еден ден кралот ги повика на забава сите девојки од кралството.

Принцот си бара невеста, па, можеби, една од вас ќе има таква среќа, - рече маќеата на своите ќерки.

Пепелашка немаше свечен фустан и тажно ги гледаше своите полусестри додека се дотеруваа за забавата. Но, наеднаш пред неа се појави добрата самовила и и ги исполни желбите.

Глувчињата ги претвори во слуги, а тиквата во отмена кочија.

Потоа, добрата самовила ја претвори облеката што ја носеше Пепелашка во величествен балски фустан и и направи еден чифт стаклени чевлички.

“Немој да заборавиш дека дворецот мораш да го напуштиш пред полноќ, затоа што тогаш ќе престане дејството на магијата”, - добрата самовила ја предупреди Пепелашка и исчезна.

Веднаш штом се појави на балот, Пепелашка со својата убавина ги засени сите девојќи и го привлече вниманието на младиот принц. Тој веднаш ја покани на танц. Танцувајќи со него предизвикуваше завист кај другите жени.

Сред еден танц часовникот отчука полноќ. Пепелашка се сети на зборовите на добрата самовила и трчајќи го напушти принцот.

Во моментот додека трчаше по скалите го загуби едното стаклено чевличе. Без да се сврти, скокна во кочијата и замина.

Помина полноќ и Пепелашка повторно беше во својата стара и валкана облека.

Следниот ден принцот почна да ги посетува сите куќи во кралството.

“Ќе се оженам со таа девојка што ќе може да го обуе ова стаклено чевличе”,- рече тој.

Со денови залудно го обиколуваше кралството, кога стигна до куќата на Пепелашка. Грдите полусестри безуспешно се обидуваа да ги сместат големите стапала во чевличето.

Потоа се појави Пепелашка и го зема чевличето. На општо изненадување на сите присутни, стакленото чевличе совршено и прилегаше.

Принцот веднаш ја поведе Пепелашка во дворецот, каде што наскоро приреди голема веселба во чест на нивната венчавка.


 


Sto ubava prikazna , da mu ja prepratam na Ninja , mozebi ke go fati....sonнамигнување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2015 во 01:12
Ова скратена верзија ....не знам дали ќе му помогне газење од смеење
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2015 во 01:15
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Ова скратена верзија ....не знам дали ќе му помогне газење од смеење

Ke ja procita dva tri pati i ke mu stane ko orginalotнамигнување
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Devojcence Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Март.2015
Локација: Skopje
Статус: Офлајн
Поени: 497
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Devojcence Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2015 во 00:18
Crvenkapa sekoja vecer
Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Август.2015 во 05:27
Ивица и Марица една вечер (по примената покана од пред месец дена-на имаил) се спремаа за на долго најавуваната забава во кукичката од слама-во шумата, која трите прасиња ја организираа во чест на будењето на Трнорушка.

Таму ке биде сигурно и принцот шармантен кој со својот бакнеж ја рекуперираше Трнорушка-И...Ох, мора да ги видам тие усни ангелски што со бакнежот на љубовта живот подаруваат.(си помисли на момент Марица во себеси) ...кога по саат време спремање и мечтаење ја разбуди остар тон на добро познат глас,

ШО ПРАИШ УНУТРА МА ТИ СААТ ВРЕМЕ...НЕ Е ТОА ДНЕВНА СОБА...ТРЕБА ДА СЕ СПРЕМАМ И ЈАС...АМАН ВЛЕЧЛА НИ ЕДНА !!!


И познатата братско - сестринска кавга започна...повторно...


ПОБРЗАЈ МА ЖИТИ ФЕМИНИЗМОТ...кај и да е ке пристигне Црвенкапа пошо ја замолив јас да дое со нас пошо ми цркна батеријата на ЏПИЕСОТ...она го знае путот низ шумата...(нервозно залепен до вратата на бањата проговори Ивица).

Се доближи до прозорецот и гледаше нанадвор како еден по еден паркираат автомобилите на паркингот пред зградата барајки ја со поглед познатата силуета на црвеното тико(удрено од позади и у лево крило напред и тоа два пати при паркирање) на црвенкапа...


Наскоро...
Марица излезе од тоалетот и со неја облак невидлив од арома од нејзиниот парфем кој го употреби во доволни количини(за да угуши и твор)-поклон од нејзината тетка од Јужна Камбера ет АУС за нејзината матурска...

Ивица...со затнат нос и една наопачки облечена чорапа...влезе во тоалетот и моментално го најави своето соодветно присуство во тоалетот со громогласна анална флатуленција-(анална, пошо има и орална а богами и вагинална-али за задњава нема измислен МК збор-ке биде и тоа тука сум) не затварајки ја вратата намерно и за инат на сестра му.


Тууут...туууут ТУУУУУУУУУУУУТ... звук од сирената на тикото...брканица кој да излезе прв надвор( за другиот да мора да заклучи врата)...кавга по скалите(пошо Ивица коа се отчука еднашка мртов пијан заспа со главата на вратата која се затвараше и отвараше контунуирано цела до Џаволова нок додека не го пронајдоа интоксициран и полужив и лифтоматикот е сјебан од тогаш-одавна) буткање кој да седне на предно седиште у тикото HA HA HAAAAAAAA SUCKER !!!...и ете ги Ивица и Марица во тикото на Црвенкапа...Ивица до Црвенкапа напред и залепени очи на прекратката сукњица црвена (се рабира).


30 километри патешествие низ земјен и делумично асфалтиран пат низ шумата(тикото нејке да чуе ко теренец и е...и стигнаа на една чистинка пред колибата од слама на трите прасиња пред која поставен беше знак со огромни букви


ALL WELCOME ON TONIGHT'S "PISS OFF" PARTY, HAVE FUN - FREE PARKING !!!


to be continued...












Изменето од Mazak - 03.Август.2015 во 05:41
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2018 во 21:16
Приказна за девојката и човекот


Еднаш, не толку одамна во едно царство си живеела една девојка. Таа никогаш не посакувала да стане принцеза. Едноставно, само сакала да биде добра, почитувана и сакана. Нејзиното царство било еден двособен стан кој го наследила од мајка и. Во царството немало слуги, затоа што хероината не била мрзелива и секогаш со задоволство приготвувала ручек, ги миела садовите и ги одгледувала зачините во големи саксии во кујната.

Неа животот не и бил лесен, впрочем како што не и бил лесен животот ниту на Пепелашка, ниту на Снежана. Како средношколка ја изгубила мајка си, набрзо потоа и нејзиниот дедо. Била приморана да работи и да студира истовремено, притoа внимавајќи да не остави многу апарати уклучени на струја како би заштедила на сматката за струја. Немала многу пријателки и не одела во диско, вечерите ги поминувала дома, стуткана во волнено ќебе на малечкиот двосед. Знаела каде е потрошен секој денар, успевала да си купи модерни фармерки, дискретно се шминкала. Таа никогаш не сонувала за Принцот. Знаела дека тој никогаш нема да дојде, затоа што таа не е принцеза и никогаш нема да биде.

Сонувала за Човекот. Да, сонувала за еден најобичен човек, со искрена насмевка, голема душа и раце кои знаат да гушкаат. И бидејќи соништата се исполнуваат, еден ден, од нигде никаде се појавил Човекот. Не се запознале на никаков бал, едноставо се сретнале во книжарницата каде таа кога ќе успеела да заштеди некој денар плус си купувала по некоја книга. Денес, девојката живее заедно со тој човек. Имаат две деца. Не се постојано среќни, понекогаш имаат проблеми, но успеваат да ги надминат. Нивната љубов нема да биде вечна, оти и самите не се вечни. Но, еден за друг се незаменлви. Нивното царство повторно е еден стан, сега малку поголем. Ама е волшебен и исполнет со многу љубов и нежност. Исто како големите царски палати од приказните.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.