IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Платните налози ќе се издаваат од нотар
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Платните налози ќе се издаваат од нотар

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Платните налози ќе се издаваат од нотар
    Испратена: 02.Јули.2011 во 13:06
Судовите веќе не се надлежни да постапуваат по извршните предмети. Од сега по налог на доверителот судот извршниот предмет, ќе го трансферира до извршител или нотар во зависност од тоа во која фаза е предметот.

Сега нотарите се тие кои ќе ги издаваат платните налози кои се однесуваат за неплатена струја вода, парно или за други парични побарувања во однос доверител - должник. Идејата е да се растеретат судовите од огромниот број предмети.

„Доколку должникот поднесе приговор на издадениот платен налог, во тој случај законот предвидува дека постапката продолжува пред Надлежниот суд“, рече Михајло Маневски, министер за правда

Извор: А1
------------------------------------------------------

Сепак, треба да се напомене, дека ваквиот начин на издавање решение со кое се дозволува извршување ќе се врши кога станува збор за побарување за кое постои веродостојна исправа.

За тоа што е веродостојна исправа, одговор дава Законот за парничната постапка:

1) јавни исправи;
2) приватни исправи на кои потписот на обврзникот го заверил органот надлежен
за заверување;
3) меници и чекови со протест и со повратни сметки ако тие се потребни за
засновање на барање;
4) изводи од заверени деловни книги;
5) фактури и
6) исправи кои според посебни прописи имаат значење на јавни исправи.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.