IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Факултет за психологија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Факултет за психологија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
devoj4e Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 07.Мај.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај devoj4e Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Факултет за психологија
    Испратена: 07.Мај.2011 во 18:40
decki aj ako mozete malku podetalno mi objasnete za ovoj fakultet dokolu e nekoj zapisan na ovoj. Tezok li e tesko li se zapisuva sto se izucuva sto rabota moze da se najde i dr
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 08:07
Не е толку тежок велат, колку што не ги исполнува очекувањата на дел од студентите кои очекуваат предавања од типот на книгите по тнр. популарна психологија или дури парапсихологија.

Некои пак очекуваат дека студирајќи го факултетот, подобро ќе се запознаат себе си и/или дека ќе ги решат своите проблеми. Но тоа се постигнува преку психотерапија(групна или поединечна), а за тоа не е потребен факултет. Исклучок би било ако некој самиот сака да стане психотерапевт или сл., во тој случај законски предуслов е дипломата.

Во секој случај со диплома од факултет повеќе можности има за вработување(иако не секогаш во струката). А кој факултет ќе се студира за да дипломата/-ите се стекне/-ат, тоа секој сам треба да си одлучи.
Кон врв
m.risto Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Септември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m.risto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 21:47
дали може да ми каже некој повеќе за психологија,кој веќе се запишал.Благодарам однапред
Кон врв
m.risto Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 25.Септември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај m.risto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 21:48
ако може малку околу предметите
Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 11:07
Јас дипломирав на психологија. Џабе потрошено време, пари и нерви. Да знаев, никогаш немаше да се запишам.

1. Нема соодветен кадар кој има вештини да пренесе знаења.
2. Предметите се несоодветни, преопшти, неконкретни.
3. Нема ама никаква пракса.
4. Поголеми ега и пофрустрирани професори не постојат.
5. Нема литература.
6. Се учат курикулуми кои се од времето на дедо Ное.
7. Кога ќе дипломираш, самата диплома нема никаква вредност - доколку сакаш да работиш психотерапија, ќе мора уште 3 години да потрошиш во дополнителна едукација, која е прескапа во Македонија. Ако сакаш да работиш било што друго - пак ти треба дополнителна едукација (бар едно 2 години).
8. Ништо корисно и конкретно нема да научиш.
9. Ако ти е идејата личносен себеразвој - заборави, самиот кадар таму е нереазвиен, прво нема кој тоа да ти го пружи, второ нема таква практична работа и нема кој да ја развие, напиеш и спроведе, и трето, единствено што како личносен себеразвој ќе го добиеш е челични нерви (или нервен слом).
10. И кога ќе ја поминеш дополнителната едукација - нема работа. Психијатрите не ги сакаат клиничките психолози (кафе им варат, им купуваат цигари, весници, коли им перат, не им дозволуваат никаков контакт со психички растроен човек) од една страна, од друга, "тврдата струја" како HR, PR, Corporate Communications и т.н. исто така не ти дава слобода во кариерата, бидејќи имаш кадар од Економски, Правен и E-business, во овој дел сме исто така обични секретарки.
11. Дипломата не е признаена никаде во светот.
12. Прескапо е да се комплетира се`, самиот факс, ќе те чини околу 4000 евра, плус едукациите понатаму уште дополнителни 4000, плус годишна членарина во Комора на психолози и ако сакаш да работиш психотерапевт (што никогаш нема да биде во мкд), за лиценца плаќаш 2000 евра плус испит уште 1500 евра.
Сума сумарум - џабе потрошено време, пари и нерви.

Изменето од pHp - 26.Септември.2013 во 11:22
Ние не сме човечки битија со духовно искуство, туку духовни битија со човечко искуство
Кон врв
volkswagen Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Знам, комшивка ми е!

Регистриран: 18.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4820
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај volkswagen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2013 во 16:49
Јас студирам психологија на друг факултет, не на катедрата. Нормално имам колеги и од катедрата. Едни се фалат, други се жалат, трети не ги занима... сеедно...

Катедрата пропадна поради стари сенилни будали кои се уплашени од отскокнување на квалитети и да не му ја грабни позицијата некој. Мањак на кадар... живо самоубиство.
Комора на психолози... не е и некоја членарина, а не е и некоја комора...кој не гледа перспектива во тоа нешто - џабе се чачка.
Пред да се запишеш на психологија веќе треба пред тебе да стои перспективата.
Како втора генерација психолог во смејствово, по некаква случајност го имам тоа: перспектива, работа во која остварувам пракса, литература, насока.

Вистина, ако не си самиот тој што вложил во професорите, тие никогаш нема да потегнат. Така, никогаш нема ништо корисно и конкретно да научиш ако само седиш и слушаш. Ако сметаш дека имаш доволни предзаења - скарај се со професорот, пошто многу повеќе очекуваше од него и дека тие нешта што ги зборува се за раја, а не за психолози. Имаат и тие осет за некој кој е живец, а верувај му се воодушевуваат на таквите луѓе. За такви предаваат, само ретки се таквите студенти... посочи му дека зборува неврзано, па да видиш дека можи и тој да се растрча. Секако, ако ова му го речиш вака - си се зезнал пак.

Сеедно... ако  се запишиш на психологија и не си спремен да го издржиш сето тоа, со 50% под колегите (лижачи, умилкувачи, длабоки закоравени членови на комори, предкомори и тн...) да неќиш да се видиш, да фрлиш вагон пари ....  само што ќе завршиш да те чека некоја влијателна работа - ... не се запишувај во спротивно!

Инаку ќе молиш за работа, ќе пекаш по трудови и социјални центри...
За психолог треба напорен тип, своеглав и самоуверен... како правник, само смерот е малце поинаков.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.