IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Италија ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италија ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 13>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 01:55
Средновековниот италијански град Спело

Сместен во Умбрија, во централниот дел на Италија, Спело е најшармантниот град во овој регион. Неговата локација ќе ви понуди преубави глетки исполнети со лозја и маслинови дрва. Неговите средновековни ѕидови кријат голем број на цркви од истиот период, ресторани и кафулиња кои нудат вкусна локална храна, вински барови и бутици.   Што го прави овој италијански град толку шармантен? Можеби се неговоте кривулести улички поплочени со камен, кои водат до порти зад кои се крие богата историја. Можеби е пладневната мистериозната тишина откако жителите ќе се повлечат во своите домови. Можеби е моментот во кој можете лесно да се замислите себе си како чекорите по истите овие улици пред стотици години. Што и да е „тоа“, повеќе се забележува во Спело, отколку на било кое друго место. И ако сето ова не ви е доволно, Спело е познат по L'infiorata или Фестивал на цвеќето, кој се одржува секоја година. Листови од цвеќиња буквално го прекриваат целиот град. Љубовта кон цвеќињата продолжува во текот на целата година, каде што жителите на овој град ги редат улиците, нивните скалила и тераси со цвеќиња.












Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 00:02


Como..Italy

posle vakva ubavina koga ke dojde nekoj talijanec ovde kaj nas...i da trubi deka uziva vo ubavinite na nasata zemja...treba eden kUtek da mu se mavne ...da ne ne dupat u zdrav mozok.не 

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2013 во 00:14
газење од смеење.........да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2013 во 21:38
8 градови во Италија кои мора да ги посетите

Ах, таа Италија! Земјата каде храната е вкусна, архитектурата инспирира, уметноста остава без здив, а луѓето се совршено елегантни. Постојат многу интересни италијански градови, но погледнете кои се оние осум, кои едноставно мора да се посетат.

1. Милано

Во Милано, модата, уметноста и дизајнот се начин на живеење. Тука се бутиците на Гучи, Прада, Версаче, Армани, Долче и Габана, кои несомнено го прават Милано еден од најдобрите градови за шопинг во цела Европа. Покрај модата, Милано е исто така познат и по оперската куќа, Ла Скала, а и како дом на едно од најпознатите уметнички дела – Последната вечера на Да Винчи. Кога ќе се изморите од шопингот, одморете се во околните кафетерии и ресторани во делот Навиља, познат по богатиот дневен и ноќен живот.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

2. Неапол

Неапол е еден од најголемите италијански градови и се смета за најважен во јужниот дел на Италија. Градот е сместен под вулканот Везув. Во средниот век бил град-држава, а сега е најмногу познат по производството на пица и развојот на архитектурата. Тој е прекрасна мешавина од симпатични споредни патчиња, масивни зданија, мали пицерии и фини ресторани. Сообраќајот во Неапол, повеќе наликува на град во Југоисточна Азија, но и тоа е дел од неговиот шарм. Иако нема плажа, возењето по брегот Амалфи, особено ноќе, е една од најубавите глетки во светот.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

3. Болоња

Болоња е еден од необичните, средновековни италијански градови и дом на најстариот универзитет во светот. Овде ќе најдете високи кули, импозантни зданија и отворени плоштади. Поради големиот број студенти, во Болоња владее вистински младешки дух. Ова е култен град, кога станува збор за храната. Добро познатиот Болоњезе сос е неизбежен дел од сите ресторани и таверни.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

4. Џенова

Џенова веројатно е најпотценет италијански град од страна на туристите. Се наоѓа во Северна Италија и воедно е главен град на регионот Лигурија. Џенова изобилува со високи згради во впечатливи бои, стрмни патишта и шармантни споредни улички, кои повикуваат да бидат истражени. Секако, тука е и познатото крајбрежје, каде застануваат луксузни бродови, модерни јахти и чамци и каде се ужива во вкусен сладолед или лимончело.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

5. Фиренца

Фиренца е светскиот центар на ренесансата. Моќната династија Медичи, поставила одлични стандарди и принципи, според кои подоцна, уметниците и архитектите успешно се воделе. Богатата уметност и архитектура се главното обележје на овој град. Тука спаѓаат Дуомо, галеријата Уфици, камбанаријата Џото и плоштадите. Прошетајте низ елегантните улици, влезете во некој традиционален ресторан и воодушевувајте ѝ се на Фиренца со чаша Кјанти вино.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

6. Верона

Верона е уште позната како „Рим во мало“. Градот има богато античко наследство, кое датира од 13-от и 14-от век. Верона е четвртиот најпосетуван град во Италија. Најпривлечни за туристите се Римската арена, каде можат да гледаат опера на отворено, куќата на Јулија и величествените цркви.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

7. Торино

Торино има прекрасна локација на ридовите на Алпите и одлични музеи, шопинг центри и места за јадење. Ве обзема уметничко чувство додека чекорите среде античките згради, барокната архитектура и пешачките патеки. Доколку сакате да го почувствувате италијанскиот амбиент, без многу врева, тогаш ова е вистинското место за вас. Торино е истовремено романтичен и современ, модерен и традиционален.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

8. Рим

Кога станува збор за Италија, Рим не може да се изостави. Град со огромна историја и богато античко наследство. Римскиот Колосеум сѐ уште се смета за една од најневеројатните згради во светот. Историски зданија, аристократски дух, модни бутици и ноќни клубови. Со еден збор, Рим е вистински жив музеј, чии експонати се улиците, зградите, античкото наследство и секако, луѓето. Град кој треба да се посети.

8 градови во Италија кои мора да ги посетите

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2013 во 23:28
15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка


1. Атрани

Лоциран на Амалфијската обала, овој град е најмалиот град во јужниот дел од Италија. Оваа убава општина беше дури и прикажана во реклама за автомобилот Fiat 500. 

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

2. Кастелсардо

Лоциран во Сардинија, Италија, овој средновековен град во кој живеат околу 5.000 жители се состои од колоритни згради, кои имаат прекрасен поглед кон Средоземното Море.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

3. Вогоња

Со население од помалку од 2.000 жители, оваа извонредна општина е окружена со цела низа планини и неколку окрузи. Замокот Висконти прикажан на фотографијата, е изграден во 1344 година.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

4. Алберобело

Познат по своите специфични куќички со ѕидан конусен кров, Алберобело е живописно гратче, лоцирано во италијанскиот регион Пуља. Некои од куќичките градени од сув камен (без употреба на малтер) се означени со симболи, што ги прави многу атрактивни за туристите.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

5. Неиве

Гратчево со население од над 3.000 жители, изгледа како совршената дестинација за набљудување на зајдисонцето.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка


6. Монте Изола

Со површина од само 13 квадратни километри, Монте Изола е назначен за најголемиот езерски остров во Италија.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

7. Колета ди Кастелбјанко

Ова античко село е целосно изградено од камен и се верува дека било основано за одбрана од Сарацените во XIII век. Некои од куќите имаат црвени или сини врати, кои го прават овој град уште пошармантен.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

8. Вернаца

Вернаца е еден од градовите кои влегуваат во состав на Чинкве Тере. Во него живеат околу 1.200 жители и е познат како едно од најверодостојните рибарски села на италијанската ривиера. Исто така, нуди „убиствено“ добра глетка.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

9. Отранто

Градот кој некогаш бил познат по одгледувањето коњи, денес има околу 6.000 жители и нуди прекрасен поглед кон кристално бистрите води. Значајна глетка за ова место е Кастело Арагонезе, замок кој е изграден во 1485 година.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

10. Глоренца

Глоренца или некаде познат и под името Глурнс е гратче лоцирано во северниот дел на Италија и во него живеат помалку од 1.000 жители. Интересен е фактот дека повеќето од неговите жители зборуваат германски јазик.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка



11. Доца

Доца е позната по нејзиниот фестивал за насликани ѕидови, кој се одржува на секои две години. Артисти од целиот свет патуваат до овој град, за да го остават својот белег на зградите.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

12. Полињано-а-Маре

Оваа општина во јужна Италија е лоцирана на Јадранското Море и има популарна плажа. Тука исто така има и хотел кој се вика „Grotta Palazzese“, кој има ресторан во пештера, и кој сите коишто го посетиле, го препорачуваат како атракција која вреди да се види.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

13. Малчезине

Малчезине се наоѓа на источното крајбрежје од езерото Гарда и на околу 120 км од Венеција. Живописната глетка и погледот кон езерото го прават овој град вреден за посета.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

14. Кориналдо

Кориналдо е препознатлив по неговите добро сочувани ѕидови од XIV век, како родно место на светицата Марија Горети од римокатоличката црква и по популарниот фестивал за Ноќта на вештерките, кој се одржува секој октомври.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

15. Боза

Овој грандиозен мал град е нареден со згради обоени во свежи бои и палми, а во него живеат околу 8.000 жители. Поголемиот дел од економијата на ова гратче, е обезбедена од агрикултура и риболов.

15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка




Изменето од evangeline - 11.Декември.2013 во 23:28
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 01:05
Венеција повторно е поплавена. Баш денес гледав слики, се смета дека е најголемата поплава во последниве 22 години. Нивото на морето пораснало за 115 цм. Од 1993 година до 2002 Венеција била поплавена повеќе од 50 пати, но најголемата поплава до сега била забележана на 4.11.1966 година кога водостојот бил 194 цм над нивото на морето.



rsz_rialto-woman_
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 10:55

Тоскана, една преубава област од Италија: со многу зеленило, ридчиња со стари замоци, архаични куќи, богата историја и многу добро вино.среќа





ht






Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 14:54
Се за карневалот во Венеција

Карневалот во Венеција оваа година ќе се одржи од 15 февруари до 4 март. Проучете како овие денови да ги поминете во преубавиот италијански град на најдобар можен начин.

Венеција за време на карневалот ќе се ослободи од зимската атмосфера и ќе стане град на маски, боја и добро расположение, како што традицијата налага. Според сликите од 18-ти век кои ги сликале Пјетро Лонги и Габриел Бела, може да се заклучи како луѓето го доживуваат овој карневал. Сепак, јасно е дека не е за секого.


Венеција во тоа време обично е пренатрупана со туристи, а цените за сместување вртоглаво растат. За оние на кои тоа не им пречи, овој карневал е единствена прилика да се види Венеција во сосема поинакво светло.

Кога да одите на Карневалот?
За волја на вистината, тие кои ја посетуваат Венеција на средина од првата недела од карневалот, може воопшто да не сфатат зошто овој настан е толку популарен. Имено, тогаш и нема толку многу интересни активности, ако го исклучиме лизгањето на Кампо Сан Поло и неколку помали манифестации кои се одржуваат во помалите улички. Меѓутоа, ако ви е потребно возбудување, посетете го овој карневал за време на викендите, особено оној последниот.


Веќе неколку години во Венеција се практикува по малку американизираната зомби прошетка на 15 февруари во 16 часот од Затере до Пескерие, во близина на мостот Риалто. За да се придружите на „зомбијата“ на бродот, треба да резервирате место преку мејлот zombiewalkvenezia@outlook.it


Клучни датуми
Volo dell’Angelo (лет на ангелите), кога победничката од натпреварот за убавина се вози на жичарницата од Трга, се одржува на 23 февруари. Изборот за најдобар костум обично се одржува на истото место, а најдобриот костим на денот се бира два пати дневно од 22 февруари, додека големото финале за најдобра маска на карневалот е закажано на 2 март.


Каде да се сместите за време на карневалот?
Пронаоѓањето на сместување по поволна цена за време на карневалот може да биде особено „невозможна мисија“. Во овој момент, доколку ви е битна цената, морате да го планирате заминувањето за 2015 година. Меѓутоа, ако сепак сакате да одите во последен момент, најдобро би било да се сместите во некои од градовите во близина на Венеција кои имаат добра сообраќајна поврзаност со карневалскиот град. Се разбира, тоа не може ниту приближно да биде романтично како Венеција, но затоа е далеку попристапно. Освен тоа, одличен избор се и местата долж крајбрежјето североисточно, како на пример градот Лидо ди Јесоло.


Карневалот: Историја на маски
Склоноста на жителите на Венеција да се кријат позади маски е легендарна: строгиот систем на класите во комбинација со слабите можности сиромашните да се дружат со богатите, ја направиле анонимноста посакувана во овој отсекогаш пренатрупан град. Во 13-тиот век во Венеција бил донесен закон со кој било забрането носење на маски за време на коцкањето. Подоцна станало и нелегално да се носат маски во манастирите или за време на религиозните фестивали.


Алтернативи
Ако сета таа гужва во Венеција ви изгледа малку претерана, регионот Венето нуди бројни алтернативи, вклучувајќи величенствена поворка на бродови за време на последниот викенд од карневалот, како и помал карневал во Верона кој има долга традиција – се организира без прекин секоја година од 1531 година.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:42

Магијата на Италија


Image result for photos of РИМ


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:43

Image result for photos of РИМ




Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:44

Италија одблизу


Image result for photos of РИМ

Related image


Image result for photos of РИМ


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 09:46

Тоскана – гордоста на Италија



Тоскана е можеби најпознатиот регион во Италија, кој се наоѓа во северозападниот дел од оваа медитеранска држава. Тоскана е позната по прекрасните пејзажи, архитектурата, богатата историја, уметноста и постојаното влијание врз високата култура.

Тоскана се смета за родно место на италијанската ренесанса. Таму се родени бројни личности кои оставиле длабок печат во историјата на уметноста и науката. Овој регион од Италија е познат во целиот свет поради одличните вина, а во него се наоѓаат голем број исклучително важни музеи. Дури шест локалитети во Тоскана се прогласени за културно наследство под заштита од УНЕСКО, а во целиот регион има преку 120 природни резервати, поради што бројот на туристите се зголемува секоја година.


Image result for photos of ТОСКАНА



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 13:07
Италија, земја на вкусови

Италија отсекогаш била синоним за „добра храна“, нудејќи непогрешлива комбинација од вкусови, мириси и ароми. Покрај тоа што Италија  има една од најпознатите кујни, таа исто така нуди неверојатна разновидност на различни регионални јадења и рецепти.

Патување низ италијанската гастрономска култура, во потрага по антички рецепти, автентични продукти,  како и едноставната храна инспирирана од класичното италијанско готвење и иновативните креации е нешто што не смеете да го пропуштите. 

Светски реномираните производи како пармезанот „Parmigiano Reggiano“, шунката „Parma“ и “San Daniele“, оцетот „Aceto balsamico“ од Модена, „Pesto Genovese“ од Кампанија, како и белиот тартуф се само дел од симболите на Италија. И како може некоја да ја заборави пицата и тестенините, универзалните обележја на Италија?

Не смееме да ги заборавиме вината, благородните амбасадори на италијанската гастрономија во светот. Античките грци ја нарекувале италија „Енотрија“ поради производството на исклучителни вина. Задоволството да дегустирате вино во родната околина е бесценето. Пробајте Chianti или Brunello di Montalcino во Тоскана, Prosecco di Valdobbiadene во Венето, Lambrusco во Емилија Ромања или некои од сицилијанските вина. 

Италија нуди голем број на вкусови кои мора да се пробаат и кои го предизвикуваат апетитот, очите и срцето.


























Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 16:50

POSITANO – ВОЛШЕБНАТА РОМАНСА НА ИТАЛИЈА

Ви претставуваме италијанска приморска населба, која станува сé попопуларна туристичка дестинација…

Романтичната населба Positano е уникатно место кое мора да се посети !!! Всушност, станува збор за мало село, односно комуна која се наоѓа на брегот Амалфи. Убавата клима, идиличната поставеност на куќите и останатите објекти… целото место предизвикува воздишки и заслужува особено внимание… Додека сончевите зраци се на хоризонтот, ова место ги празнува блескавите бранови… Кога ќе падне мрак и кога целото ова место ќе светне – настанува експлозија од емоции…

Тешко дека ќе можете да ѝ одолеете на оваа убавина !!!


Image result for photos of ПОСИТАНО ИТАЛИЈА



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.