IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Италија ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италија ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
Автор
Порака
hristina3 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 01.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај hristina3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2012 во 17:39
prekrasna zemja sakom nekogas da ja posetam
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2012 во 00:39
 Венеција од птичја перспектива


Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

Венеција од птичја перспектива

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
BiBi_G Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BiBi_G Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 19:14
ne znam sto ocekuvav...znam deka ne me fascinira nesto posebno...Venecija... nekako siva i bez dusa.... ubava,ne velam ne... samo, ete...nesto ne ja bendisav mnogu...



Изменето од BiBi_G - 13.Март.2012 во 19:17

NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2012 во 20:59
Почувствувајте ја магијата на Италија ( Тоскана )

Тоскана е еден од најголемите и најубавите региони во магичната Италија. Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата...


...убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно. 

Фиренца важи за еден од најромантичните градови на светот. Преубавите катедрали, комплетната архитектура во градот, можноста да прошетате низ уникатните палати како и да чуете дел од италијанската музика претставува вистинско неповторливо искуство.

Сиена е позната по своето уметничко наследство како и по својот урбанистички средновековен стил.

Овој град бил изграден како римска колонија во времето на императорот Август.

Сиена е позната по натпреварот со коњи познат како Палио, кој се одржува два пати годишно, на 2 јули и 16 август. Се работи за коњска трка во која учествуваат по десет претставници од сиенските квартови или таканаречените контради (итал. contrade). Победничкиот кварт ја прославува победата со банкет до раните утрински часови.

Тосканскиот крај е познат и како срцето на италијанска кујна. Тоскана ја нарекуваат и земја помеѓу морето и падините поради својата положба и климатски особености. Кујната е генерално рустична и едноставна со многу ароми и зачини, базирана на она што го дава земјата. Нема помпезни јадења, кои тешко и мачно се приготвуваат.

Доколку сакате да ја почувствувате вистинската магија на Италија, топло ви препорачуваме да ги искористите Велигденските или првомајските празници и да отпатувате во Болоња, Фиренца, Пиза, Сиена, Верона, Венеција.

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-1

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-2

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-3

pocustvuvajte-ja-magijata-na-italija-toskana-4


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2012 во 12:40
На викенд во Фиренца
 

Доколку сте расположени и со желба за посета на места во кои ќе го почувствувате духот и карактерот на средновековието, каде што уметноста и општествениот живот од секогаш оделе заедно и го обликувале карактерот на целиот град, тогаш Фиренца е местото за вас.

Доколку се решите да ’тркнете‘ до Италија, а целта не ви е да берете грозје по тамошните лојза, туку оние пари кое сте ги заштедиле да ги искористите за задоволување на вашите (веќе некое време) потиснати синеастичко естетски потреби, а истовремено имате и ’фетиш‘ кон средновековните градби кои од секоја своја пора исшуштаат миризба на мистика и езотерии, тогаш прошетката низ Фиренца може да ја започнете од палатата Davanzati.

Куќичкава е исто така позната и како Фјорентинска куќа на антиката (Casa Fiorentina Antica) – и тоа не значи дека овде имало здружение во кое се играл мал фудбал од кое неколку века покасно се оформил денешниот фудбалски клуб Фјорентина – туку едноставно станува збор за неодамна реставрирана куќа на богатото локално семејство со име Florentine од 14 – от век. Овде, во внатрешноста на куќата се наоѓа внатрешен двор со скалила кои што ве носат кон одаите на Пауните и Папагалите, во кои се уште се наоѓаат оригиналните слики на ѕидовите, додека во бањите се истите такви фрески, со сцени од францускиот романтизам и уште еден куп други ствари од ваков тип.

alt

Значи: доколку во себе имате жичка на некрофилија, ова е иеално место за задоволување на вашите влажни соништа. Палатава е отворена секој ден од 8:15 наутро до 13:50, освен недела и некои си таму понеделници (прво, трети и петти во месецот, или нешто во тој стил).

Доколку пак ви се погоди да патувате околу 24 Јули, огнометите кои се приредуваат во градов, во име и чест на заштитникот на градот Свети Џон, ќе можете да присуствувате на спектакуларен огномет, кој што доколку сте типичен стереотипен турист, лесно може да ви стане и најдоброто доживување во животот. За некое од најдобрите места за посматрање, обезбедете си место на Ponte Vecchio.

Но доколку патувате во овој период од годината, а немате некоја посебна желба да ги гледате местата во кои своевремено Микеланџело блудничел, секако добро ќе си поминете низ бутиците на Фиренца. Зошто, па зарем таму не е скапо, би рекле? Е да, но во овој период од годината имате такви попусти на зимска гардероба, а избор каков што може да ви направи Солун да ви изгледа како прошетка по Шутка. Затоа, не мислете му ја доколку сте шопингохолик, ова е вашата Мека. За по некои си 20 – тина евра ќе можете да изнакупувате парчиња облека за кои во Скопје (дури и да ги најдете) ќе треба да платите барем по една просечна македонска плата.

alt

Исто така, доколку сте полни со негативна енергија која што сакате да ја извадите од себе, секоја втора сабота или недела во Фиренза имате одлична можност за тоа. Кога игра домашниот фудбалски тим на свој терен, секогаш можете да се придружите на тифозите и да направите некое добро ’испуцавање‘ со истите такви на гостинскиот тим. Чак што више и дапаче: овде летаат ножеви, бакљи и слични работи со кои можете да осакатите некого како од шала.

Затоа навистина, не мислете му се многу, доклку на сметката имате барем некои 500 евра, влегувајте во воз и правец Фиренца. Нема да пожалите, по што и да сте отишле да барате!

alt

alt

alt

alt

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2012 во 22:47
Искја - шармантниот италијански остров


Искја е најголем остров во Неаполскиот залив и многумина сметаат дека е поубав и од Капри. Искја е вулкански остров кој е долг 10, а широк 7 километри. Планината Монте Епомео го дели островот на два дела. Јужниот и западниот дел се карактеризира со топли и суви ветрови од Африка и кактуси. На северниот дел ќе најдете типични медитерански дрва како бадеми, маслинови дрвја и винови лозја. Мирисот на лимон се чувствува низ целиот остров, додека цвеќињата и бујната вегетација се издигаат на вулканското земјиште.

Иако Искја е прилично населен остров каде што доаѓаат милиони посетители, островот сеуште има напуштени плажи и заливи, а неговата внатрешност претставува празна пасторска идила.

Посетителите најчесто доаѓаат поради термалните извори и вулканските третмани со кал. Островат е исто така богат со историја поради многубројните инвазии во минатото. 

Мирните прошетки во природа, убавите плажи и медитеранската храна го прават овој остров вистински рај.
































I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2012 во 22:52
Шармантниот италијански град Соренто

Сместен на тераса која гледа на преубавото крајбрежје на Амалфи, Соренто е шармантен стар град на југот на Италија. Неговата локација е одлична, изграден на природни тераси и ридови нуди неверојатен поглед на  Неаполскиот залив. Погледот од терасата каде што е сместен градскиот парк, Белведере, нуди преубав поглед на Везув и островот Капри и е одлично место за одмор и релаксација.

Парковите, вилите, дрвјата со лимони, портокали и маслинки, живописните тесни улички, одличната клима, привлекуваат голем број на туристи во текот на целата година. 

Шармот на Соренто е во неговата рустична едноставност. Интересни занаетчиски работилници распоредени низ средновековните улички и мешавината од локални жители и туристи во центарот му даваат посебен шарм на градот. Шетајќи низ тесните улички ќе забележите долги сенки распослани по нерамната калдрма од надвиснатите балкони и тераси кои речиси ќе ви ја допрат главата. Низ уличките ќе видите распослани алишта кои се сушат на попладневното сонце. Карпите покрај крабрежјето на Соренто и луксузните хотели привлекуваат голем број на познати личности. 






















I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 17:13
Комо - едно од најубавите и најшарматни езера



Посетете го градот Комо, кој е стар повеќе од 400 години и кој нуди преубави цркви и историски споменици. Селото Белаџо сместено на јужниот брег на езерото, претставува познато прибежиште за богатите од овој дел на Италија. Тремецо и Чернобио се дом на на некои од најелегантните вили, како што е Вила Карлота, позната по својата ботаничка градина.Езерото Комо е место кое нуди мир, одлична кујна,  планини со снег и богата култура. Лоцирано во сенка на Алпите и на само еден час оддалеченост од Милано, лесно може да се види зошто езерото Комо е популарно место за посетителите повеќе од 100 години. На брегот на езерото се наоѓаат мали села со преубави вили.


Со неговата драматична околина и убава клима, езерото претставува идеално место за патувања со брод и лежерни прошетки. Без оглед дали сакате добра храна, пешачење во природа, шопинг или историски знаменитости, езерото Комо ќе ве воодушеви во секој поглед. 






























I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 17:25

Еееее Комо голема насмевкаљубов
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 17:29
Ми прави мерак и Сирмионевоздивнување
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 21:59
 Милано... Duomo катедрала !
 
 
катедралата може да се фотографира само од напред ,,чиста,, , страничните делови се со огромни рекламни паноа што ја угрдува фасадата на катедралата и ја видоизменува од историски споменик , во рекламно место...
Милано , катедралата Duomo , жалосно за секој турист кој наместо готскиот стил на катедралата ќе гледа патики и други комерцијални работи...жалосно !
101_6867_zpsd015c753.jpg   101_6871_zpsce311f5a.jpg


Изменето од bijonse1 - 27.Септември.2012 во 22:13
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2012 во 22:09
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Еееее Комо голема насмевкаљубов


..еее де,Комо де....воздивнувањемагија...само уште еднаш да го видам...осетам....

мечтаење

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Ноември.2012 во 08:25
Манарола – Чинкве Тере

Манарола е второ најмало село од петте села кои го сочинуваат Чинкве Тере. Неговите куќи во уникатни бои се наоѓаат на ивица на карпа над Лигурското море. Малото пристаниште на Манарола има рампа за бродови, разнобојни куќи, како и место за пливање. Иако тука нема да најдете вистински плажи, ќе најдете совршени места во околината за да уживате во длабоката вода. 






I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7055
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2013 во 14:58
Ова се најромантичните градови во Италија

Во некои делови од Европа постои изрека дека посетата на Италија може да ја спаси дури и најголемата криза во врската на еден пар.

Сите оние кои ја посетиле Италија ќе ви кажат дека во некои градови навистина може да се одмрзнат и најладните срца.

Романтичната Венеција, топлината на Рим се некои од причините што оваа земја е во обликот на љубовта.

Ова е листата на најромантични градови во Италија:

Фиренца – ден или ноќ во о вој град постојано има неверојатна атмосфера.

firenca

Фиренца

Венеција – градот на водатата, мостовите, карневалот и најважно љубовта.

venecija

Венеција

Лече – тесните улици, барокната архитектура и многуте цркви е она што го прави овој град посебен.

leche

Лече

Милано – катедралата во Милано е без соменвање, една од нјубавите цркви кои некогаш биле изградени и совршено го претставува духот на градот.

mialno

Милано

Рим – Џузепе Гарибалди знаел од многу одмана: „Рим е градот за кој вреди да се умре“. Истото ова може да се примени и за љубовта, љубов за која вреди да се умре.

rim
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.