IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Кањони ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кањони ...

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Кањони ...
    Испратена: 27.Декември.2010 во 21:47

Сите сме слушале и гледале фотографии од славниот Grand Canyon и неговата совршеност над конк*ренцијата. Но, дефинитивно постојат повеќе чуда од овој вид расфрлани низ целиот свет. Погледнете ги 10-те најголеми ривали на најголемото чудо од Аризона. Меѓу нив и нашата Матка.

Antelope Canyon - Navajo Nation, AZ, USA

Blyde River Canyon - Mpumalanga, South Africa

Charyn Canyon - Kazakhstan

Colca Canyon - Arequipa, Peru

Copper Canyon (Barranca del Cobre)- Chihuahua, Mexico

Glen Canyon- Utah/Arizona, USA

Kings Canyon - Northern Territory, Australia

Matka Canyon - Macedonia

Waimea Canyon- Kauai, Hawaii

Yarlung Zangbo Grand Canyon - Tibet, China


Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2010 во 23:01
sepak...na grand canyon mu nema ramen!да

..

Glass Bridge over Colorado River (Grand Canyon Skywalk




...samo,...ne mi e jasno koj ti kazal deka i matkava e megju desette....збунетост



Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 09:53
Матка ...си е Матка.
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 10:14
a shto drugo bi bila?збунетост
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 10:16
aman be, vazno e i nie imame konj za trka!намигнување
always look on the bright side of the life!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 22:07
"На брза кањонот" .. некое сликиче и малки текст

Гранд Кањон

Гранд Кањонот е стрмен кањон создаден од водите на реката Колорадо. Ова е еден од првите национални паркови во САД. Целиот кањон е долг 446 километри, широк и до 29 километри, а на места достигнува длабочина од 1,83 километри. Реката Колорадо го пробивала својот пат низ теренот речиси 15 милиони години, со што се создадени прекрасни засеци и се гледаат различните слоеви од карпи.
Интересно, иако на места во кањонот не може да се најде вода, ова подрачје било населено до домородни индијански племиња кои живееле во околните пештери. Првите европски освојувачи кои го посетиле кањонот ги барале митолошките Седум Градови од злато. Денес кањонот е многу позната туристичка атракција, и многу луѓе доаѓаат да го посетат. На неколку локации има зони за кампување, а особено популарни активности се кајак по водите на Колорадо, планинарење и трчање. На Западниот Раб е изградена платформа за разгледување, основата е од стакло, и се добива впечаток дека се оди по воздух над кањонот.


Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 22:20
Bryce Canyon - Utah - USA



Havasu Canyon - Arizona - USA
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 05:24

Патување низ една од најопасните патеки во светот


Клисуратата Mont-Rebei е најубава клисура, создадена од реката Noguera Ribagorçana кога таа се врзува во Sierra de Montsec – планински венец во Шпанија, која што формира природна граница меѓу провинциите Арагон и Каталонија.

1(1068)

Тоа е единственото големо дефиле во Каталонија, кое е недопрено од пат, железница или електрична линија. Овој пат се преминува само низ тесен обележан простор што се „печати“ на ѕидовите на кањонот во 1980 година.

2(1109)

Денес, патеката го привлекува вниманието на авантуристички расположените туристи кои се радуваат на неверојатната глетка. Ѕидовите на клисурата се високи над 500 метри во некои точки, а тоа е со широчина не повеќе од 20 метри во дијаметар.

5(867)

Постоел и друг делумно изграден пат, кој е изграден и отворен во 1924 година, за да се олеснат врските меѓу долината и селото во планината. Тој, сепак, бил преплавен при ослободувањето на браната. Така новиот пат е откриен во 1984 година, и се наоѓа во средината на вертикалниот ѕид и доста над максималното ниво кое би ги достигнало водите на браната.

6(728)

7(643)

Ако тргнете по неа, ќе се восхитувате не само на неверојатна глетка, туку и ќе се судрите со бројни птици како грифон мршојадци, орли, египетски мршојадци како и многу видови на лилјаци.


Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 05:28

Кањоните и клисурите отсекогаш ги изненадувале посетителите со нивната длабока тишина, чувството на бегство од секојдневието и автентичните звуци. Затоа овие места се сметаат за природни засолништа.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Кањонот Антилопа во Аризона

Овој комплексно извајан кањон во Навахо, во близина на Аризона, е вистински магнет за туристите. Кањонот Антилопа настанал така што водата создала длабоки и искривени ходници во песочникот, а од меката карпа произлегле форми во кои се испреплетени светлината и сенките. Најдобро време за да го доживеете овој феномен е периодот помеѓу март и октомври, кога сонцето е доволно високо на небото за да блесне директно во кањонот.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Клисурата Вердон во Франција

Клисурата Вердон, која се наоѓа во областа Прованса, во Франција, не беше целосно истражена сè до почетокот на 20-от век. Клисурата длабока 2.000 метри го добила своето име според реката Вердон која поминува низ варовничките карпи покриени со зимзелени дрвја, создавајќи необична мешавина од камен и вода. Најдобар начин да ја истражите оваа клисура е да изнајмите кану, или да се движите по пешачките патеки низ специфичната флора и фауна.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Големиот кањон во Аризона

Големите карпести форми во црвена и кафеава боја се простираат во недоглед пред очите на посетителите, создавајќи една незаборавна глетка. Боите на Големиот кањон се менуваат во зависност од светлината, па така овие карпи може да добијат и темно виолетова боја. Овој кањон е создаден од водите на реката Колорадо и дава увид во историјата на Земјата.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Трите мали клисури во Кина

Трите мали клисури во областа Вушан, во Кина, се лесно достапни за посетителите. Реката Данинг, позната по зелената боја, може да се помине и преку стариот мост направен од штици кој се наоѓа во најкратката од трите клисури. Сите три клисури се дом на смарагдно-зелениот бамбус и на ретки видови птици. Бродовите кои секојдневно минуваат низ овие клисури се најдобар начин да уживате во оваа природна формација.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Кањонот Брус во Јута

Фасцинантните карпести формации се главна карактеристика на прекрасниот пејзаж што го формира кањонот Брус во Јута, Америка. Црвено-розовите карпи од далеку изгледаат како стар, разрушен и напуштен град. Во овој кањон никогаш не течела река. Тој, всушност бил формиран со ерозија, надвор од платото, поради што, личи на огромен природен амфитеатар.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Клисурата Тароко во Тајван

Клисурата Тароко е една од најпосетуваните дестинации во Тајван. Препознатлива е по стрмните карпи и бујната вегетација. Клисурата е дел од Националниот парк Тароко и е дом на многу животни, меѓу кои и црната мечка, разни видови мајмуни и над 100 видови птици. Оваа клисура, меѓу другото, изобилува и со многу топли извори, водопади, висечки мостови, храмови и светилишта.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Кањонот Вулингјуан во Кина

Кањонот Вулингјуан во Кина не е обичен кањон. Наместо карпи, овој кањон е составен од огромни и остри песочни столбови покриени со зимзелени дрвја. Вулингјуан, кој се наоѓа во провинцијата Хунан, стана првиот национален парк во Кина, а УНЕСКО во 1992 година го прогласи за светско наследство. Жичарницата на овој кањон води до неговата највисока точка од каде што може да уживате во прекрасниот поглед на пејзажот.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Клисурата Тодра во Мароко

Клисурата Тодра во Мароко се смета за една од највисоките клисури во светот. Таа е вистинско чудо на природата, создадена од мароканските планини познати како Големи Атласи. Теренот овозможува качување по планините, но доколку повеќе сакате да пешачите, додека минувате низ клисурата може да забележите како нејзините ѕидови ја менуваат бојата, во зависност од положбата на сонцето.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Бакарниот кањон во Мексико

Бакарниот кањон го добил своето име според бојата на неговите ѕидови. Составен е од шест помали кањони во областа Чивава во Мексико, кои заедно сочинуваат еден голем кањон. Кањонот изобилува со тополи и со дабови шуми. За да се разгледа целиот кањон, потребни се околу 15 часа патување со воз.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Кањонот на реката Тара во Црна Гора

Кањонот на реката Тара во Црна Гора е најдлабокиот кањон во Европа. Формиран од реката Тара, варовничките ѕидови на овој кањон се издигнуваат над 1.600 метри над реката. Реката Тара се смета за една од најдобрите реки за рафтинг. Доколку поминувате по мостот Ѓурѓевица, може да уживате не само во бистрата вода на Тара, туку и во густите и зелени ридови покрај кањонот.

Кањони и клисури - неоткриена убавина

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 17:49
7 најубави европски кањони за летно освежување: За оној под број 2 дефинитивно ќе се согласите!

За време на високите летни температури побарајте освежување во длабока ладовина и на пријатна надморска височина. Тргнете во истражување на некои од најспектакуларните кањони на европскиот континент, рекреирајте се и уживајте во фантастичниот поглед на недопрената природа.

1. Кањонот Викос, Грција


Иако првата помисла на Грција е токму нејзиното крајбрежје и острови, се работи за главно ридско-планинска земја. Љубителите на планинарењето обврзно го посетуваат националниот парк Викос во рамките на планинскиот масив Пинд кој што се наоѓа на северозападот на земјата, а во кое се крие и фантастичниот истоимен кањон долг 20 километри со длабочина од 1.6 километри.

2. Кањонот Матка, Македонија


Тесниот кањон во долниот тек на реката Треска недалеку од Скопје, е вистинска дестинација за љубителите на активниот туризам. Матка зафаќа површина од околу 5.000 хектари, при што го опфаќа истоименото езеро, стрмни карпи, возбудливи пештери, средновековни манастири, како и единствена флора и фауна. Ако не сакате нешто особено да шетате, тогаш упатете се на тура со чамец низ самиот кањон, и уживајте во погледот.

3. Cava D' Ispica, Сицилија


Ова не е италијански пандам на Гранд Кањон, но 13 километри долгиот кањон на истокот на Сицилија е секако вреден за да се спомене. Изненадувачки бујната вегетација, чудесната фауна и доказите за населеноста од древната историја ќе ги задоволат и најпребирливите авантуристи.

4. Gorges Du Verdon, Франција


Најголемиот европски кањон е сместен на југот на Франција помеѓу провансалските Алпи и областа Вар. Долг е околу 25 километри, а длабок 700 метри. Неговите камени ѕидови се двојно поголеми од Ајфеловата кула, а истите ја обрабуваат реката Вердон која што се пробива како змија во рамките на одличната природа.

5. Partnach Gorge, Германија


Оваа туристичка атракција во Баварските Алпи кај Гармиш-Партенкирхен годишно ја посетуваат илјадници туристи. Долга е скромни 700 метри, а нејзините камени ѕидови се издигнуваат на 80 до 90 метри.

6. Vintgar Bled, Словенија


На околу четири километри од познатиот словенски бисер Влед, е сместен кањон долг околу 1.600 метри, чии што карпи се издигаат на околу 50 до 100 метри изнад реката Радовна. Реката е полна со брзаци, а завршува со 16 метри високиот водопад Шум.

7. Cares Gorge, Шпанија


Кањонот долг 12 километри во долината на реката Карес, на северот на Шпанија, е вистински избор за љубителите на авантуристичкиот туризам. Ако не се осудувате да ја истражите нејзината прекрасна природа во кајак, може да прошетате по драматичното шеталиште изградено на илјада метри високите карпи
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2018 во 15:21

Тиркизна долина -ова е најубавиот европски кањон

Кањонот настанал околу реката Вердон која извира во Алпите и која се карактеризира со неверојатно тиркизна боја на водата. Тоа што е наречен за најубавиот европски кањон нема да Ве зачуди, а во прилог ќе Ве увериме во тоа.

Gorges du Verdon или кањонот Вердон е сместен во јужна Франција, долг е 25 километри, а на одредени делови е длабок околу 700 метри. Од француската ривиера оддалечен е околу два часа возење со автомобил, па многу често се наоѓа на листата на туристички атракции на посетителите кои патуваат во Франција. 

Не само што туристите имаат можност да крстарат со брод или да кајакарат по ова природно чудо, туку можат да уживаат и во неговите спектакуларни карпи кои најмногу ги привлекуваат бројните авантуристи.

Прекрасната река Вердон е опкружена со варовни карпи, а можете да истражите 150 различни видови на пешачки патеки.

Ова подрачје има умерена медитеранска клима, а особено е убаво во пролет, кога бадемовите дрвја ќе расцветаат и за време на летниот период кога аромата на цветот на лаванда сѐ повеќе се чувствува во Грасеу, подрачјето околу кањонот.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2020 во 10:33

Неверојатен кањон кој долго време бил опасен за јавноста – сега е мирен, тиркизен „убавец“ кој привлекува безброј туристи



Неверојатната моќ на мајката природа се крие на Исланд. Кањонот Студлагил е сместен во источниот дел на Исланд во долината Јокулдалур и дури неодамна бил откриен на светот.


Станува збор за скриена скапоценост на Исланд која што својот неверојатен облик го добила од силното делување на реката Јокле која што е долга 150 километри. Од десната страна се пружа поглед на брдовитиот пејзаж полн со овци и локални фармери.

Поради својата сила и водостојот ова место долго се сметало за опасно, па никој не одел таму ниту пак светот знаел за него.

Дури по 2009-та година подигната била хидроелектрана, па ситуацијата се променила. Вoдостојот на реката опаднал, па повеќе кањонот не претставувал опасност за луѓето.

Некогашната река која што со својата моќност течела низ кањонот, носејќи еден тон пластика и кал, сега е мирна, тиркизна убавица.

Таа дава неверојатен поглед и доживување - поради тоа кањонот денеска привлекува многу туристи од светот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.