IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 20212223>
Автор
Порака
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2012 во 21:07

СЛОБОДНО ХАИКУ

под скинат

јорган

штурци

журка

правеле

мразот се топи

Изменето од majstorce62 - 20.Февруари.2012 во 21:08
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2012 во 13:10
Сува ноќ лежи над гробиштата.

На полна месечина зомбите

си ги полнат батериите

со ново мртвило.

Патник ли сум,

во место чекори што брои.

или безлична алка во синџирот…

И ветрот ја иЗгуби смислата

откако ги преселија чемпресите.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2012 во 19:41
ПОСЛЕДНА ПАРТИЈА ПОКЕР

и утре ќе биде вчера

И вчера ќе биде лани

а јас и ти пак сами

ти боса без гаќи

јас со шеширот на чивилукот

чорапите не се признаваат за влог

премногу смрдат на вистина

дели, ти велам,

уште една игра, па да заминам

неподелените карти

стај ги под перницата

последниот влог, секако,

никој нема да го добие

а во сонот појасно се покажуваат грешките…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 02:02
Originally posted by majstorce62 majstorce62 напиша:



чорапите не се признаваат за влог

премногу смрдат на вистина



само твоето отсуство
се признава за влог
кога мириса на нова песна
...

Мајсторе големо гушкање



Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 09:13
tesko se doagja vo posledno vree do repromaterijali, a bez niv sto kje si mu na gradilisteto...   :)
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 17:05


Музите паднале во зимски сон.
Кога да е - пак ќе се разбудат
.намигнување


Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2012 во 20:20
ne veruvam vo muzi samo vo narecnici, a tretata bila pijana i se ispomesala...   :)
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2012 во 20:27
Се повикав на мето право на глас -
Ме прогласија предавник...

Потем, се повикав на правото на слобода -
Ме ставија зад решетки

На крај ,сеповикав на правото на молчење -
Ми го пресекоа јазикот....
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2012 во 19:54
ПИСМО ДО ИЗГУБЕНОТО ДРУГАРЧЕ

Помниш ли, пријателе мој,

Мој пријатељу,

My friend,

Mon ami,

Il mio amico,

Помниш ли кога Таа не беше Таа

А Ти беше Ти

и повеќето од патиштата водеа до Кукулино

а ниту еден до РИМ…

Кога птиците молчеа

А ние зборувавме за Лорка,

За Тагоре,

За Шопов

И во секој збор препознававме

По една нивна мачнина

А во секоја пауза

по една наша далекугледнина…

Помниш ли, пријателе мој,

Мој пријатељу,

My friend,

Mon ami,

Il mio amico,

Помниш ли кога Таа стана Таа

А Ти се откажа од Ти,

Кога се затворија сите патишта

Што ни ја водеа мислата до Кукулино

А ниеден не се отвори за Рим…

Кога птиците пропејаа

А ние заборавивме на Лорка,

на Тагоре,

на Шопов,

И со секој премолчан збор

Бришевме по една развиделина

а секој непромолчен пукаше

под чеканите на тврдоглавоста,

таму, горе, на највисокото,

на пиедесталот на гордоста…

Всушност, мене Рим никогаш не ми бил

Дестинација од соништата…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2012 во 20:26
Тебе ти е ебено здодевна зимата

А јас сум поет на бесмислата

И никогаш не знаев да сменам

Масло во менувачот на авомобилот

И да одделам белка од жолчка

За да ти направам шлаг за кафето…

Велиш, „ Ќе прошетам !“

Цигарите ми се при крај

А ноќта ќебиде долга,

Ебено долга

(Чувствувам дека ќе ме боли забот

Што одложувам да го извадам

Од Митровден

Оти се уште не сум напишал песна

За болењето на шуплив заб) ,

„Купи две пакли на враќање“, велам,

„И пагурче Мастика“…

Имам огледало на тилот

И можам да ти ја видам гримасата

Но јас сум поет на бесмислата

И морам да напишам песна

За болењето на шуплив заб

Во долгата зимска ноќ…

За здрав секс е потребно здраво срце,

Велеше баба стефка кога беше жива

А блогерајот беше жива швалерација…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2012 во 19:38
НАФОРА

Го расфрлив семето на зборовите
по сувите ниви на бесмислата,
по угари и по стрништа,
низ троскоти и паламиди ...
Таму, во глувите ридишта на сонот,
подалеку од лаките:
во пустелиите,
во дубравите.

Се расфрлив себе си -
од себе
низакаде,
а во себе:
глад неодгладнета,
жед неоджеднета -
вознемир во ноќта,
невиделина во денот.

Се расфрлив во времето
од невреме забременто,
јас,
нема песна
во срце на мртва птица,
барајаќи ги жетварите
со срповите:
да ме соберат,
да се најадат –
и од мене,
и од тебе,
како од нафора...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
aurelianus Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 202
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aurelianus Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2013 во 00:23
kluc 13.racvast.газење од смеење 
8"
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 13:06
site do 19 gi zameniv so motorcangla... ima i prednost plus. mozes da izvadis zab so nea...    
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2014 во 13:12
ПЕСНАТА НА КАКТУСОТ

Дојди, дури сеуште сум свеж траг
во песната на славеите,
што ги ловев за тебе во најсветлите шуми
на безгрижните мисли
кога ме маѓепсуваше со твојата едноставност,
Дури тревите на претскажаните времиња
не ме зараснале како гнила пенушка
од лековит јасен, дури зората не го
разбудила сонцето да ги ги испие росите
од сонливите тела на заљубените жита,
дури сеуште ме држи твојата срамежливост
за клетиот корен во песокливата почва,
дојди...

Јас сум кактус, но ти дојди, не плаши се.
Дојди ми со раскрилени раце
божем ќе ме гушнеш како дете својот татко пред спиење
и не плаши се од боцките ми,
јас сум кактус и знам да повредувам,
но ти, сепак, дојди,за тебе ќе крварам со најлековити води
од моето тело
и ќе ја бакнувам секоја твоја рана
од утро до вечер како податливи усни
на мома, дури не ти ја нахранам кревкоста
со мојот незасит...

Затоа, дојди, слетај ми од највисоките врвови
на твоите стравови на рамото и не грижи се ако го повредиш,
имам и друго рамо за носење
на сопствениот крст до најцрната Голгота
и ништо не може да ме скрши
ако те има тебе до мене....
Затоа дојди, не чекај снеговите да го завејат трагот
на моите мириси во тебе,
Ти сеуште си кршливо стебло на цвеќе
Во рането срце на малечка срна..
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 20212223>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.