IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Проблеми со глава
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Проблеми со глава

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Проблеми со глава
    Испратена: 26.Март.2014 во 21:32
Која храна предизвикува главоболка?

Главоболката е болест која го погодува најголемиот дел од популацијата, барем во одреден период од животот.

Според проценките на експертите 10-15% од популацијата патат од честа мигрена. Најчесто тоа се жените, дури 40%. Главоболката може да ја предизвикат многу нешта: од недостаток на сон, до промени на времето, а секоја личност има единствен одбранбен систем за главоболката.

Истражувачите сега пронашле доказ дека храната како ореви, грав или сирење, може да биде причина за тешки и болни промени за некои луѓе, пишува во Wall Street Journal.

Причина за тоа е супстанцата тирамин.

Тираминот е дериват на аминокиселината тирозин. После подолго време, тирозинот во некои намирници, како јајца, месо и сирење, бактериите ги претвара во тирамин. Истиот процес се случува и во системот за варење кога е истото забавено.

Сирењата како чедар, бри и други, како и краставиците, кикиритките, бразилските ореви, авокадото и бананите имаат во себе тирамин.

Сепак, да се предвиди кога одредена храна ќе предизвика главоболка е проблематично:

„Храната која во денот кога личноста малку спиела предизвикува јака главоболка, не мора да значи дека ќе предизвика било каква неудобност некој друг ден“ – велат лекарите.

Интервалот помеѓу конзумирање на храната која предизвикува главоболка може да биде околу 48 часа.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 14:16

Природни начини за лекување на главоболка

Природни начини за лекување на главоболка
Сите нас не мачи главоболка, особено во периоди кога времето е многу променливо.Сепак, доколку сте човек што не сака постојано да пие апчиња, можете да се обидете да ја излечите главоболката по природен пат.

Погледнете дел од  најпопуларните природни лекови:

Ладна облога

Ставете ладна облога. Ладните облоги делуваат како локален анестетик. Не мора да имате мраз, едноставно земете замрзнат зеленчук и завиткајте го во крпа. Таквата ладна облога ставете ја на челото или слепоочниците. Можете да искористите и обична крпа намокрена со ладна вода.

Етерично масло од нане

Масирајте се со етерично масло од нане на слепоочниците. Етеричното масло од нане ја намалува главоболката. Но, освен на слепоочниците, со масирање нанесете го и на вратот и рамената за да ја намалите напнатоста.

Кесички чај од нане

Ставете кесички чај од нане на затворени очи. Земете две кесички чај од нане и потопете ги во топла вода. Потоа легнете, затворете ги очите и ставете ги кесичките врз очните капаци. Лежете 10-тина минути.

Лаванда

Потопете ги нозете во топла вода со неколку капки масло од лаванда. Топлата вода ќе предизвика во нозете да надојде повеќе крв и со тоа ќе го намали притисокот во крвните садови насекаде низ телото, вклучително и во главата. Маслото од лаванда со својата арома помага за релаксација и олеснување на болката.

 Чај од камилица, рузмарин или ѓумбир

Напијте се чај од камилица, рузмарин или ѓумбир. Направете 15 минути пауза, направете си чај и пијте го бавно во тивка соба. Чајот од камилица содржи супстанции кои ќе ви ја намалат болката и ќе ви помогнат да се опуштите. Се верува дека чајот од рузмарин го спречува зголемувањето на болката. Ѓумбирот се користи за лекување на главоболка и вртоглавица, а особено помага при појава на мигрена. Ставете две парчиња ѓумбир во половина литар жешка вода, покријте го садот и оставете го да врие многу тивко половина час.

Напијте се кафе (или кафе со лимон).

Повеќето луѓе уште при првиот знак на главоболка се фаќаат за шолја кафе. Да, навистина кафето помага против главоболка, но не треба да претерувате. Една до две шолји кафе можат да ви помогнат, но сè што е повеќе од тоа може да има негативен ефект. Многумина тврдат дека кафето со лимон помага уште повеќе. Па, не е лошо да се напиете силно турско кафе со малку лимон.

Две чаши вода

Напијте се две чаши вода. Верувале или не, водата може да ја отстрани главоболката. Една од најчестите причини за појава на главоболка е дехидратацијата. Па, консумирањето на вода е еден од наједноставните начини за лекување на главоболката. За да го спречите појавувањето на главоболка од дехидратација, пијте редовно вода во текот на целиот ден, а особено ако вежбате или кога времето е жешко.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 00:31
Tret den so Benalgin sum

И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 08:20

Која храна предизвикува, а која смирува главоболка?

Болката може да се јави од разни причини. Можеби предолго сте гледале во компјутерскиот екран, има голема бучава во соседството, ПМС, несоница... За среќа, освен храната која што може да поттикне развој на главоболка, постои и онаа која ја отстранува.

За да знаете на кој начин да се борите против главоболката, клучно е да сфатите како била предизвикана. Понекогаш, станува збор за храната.

Храна против главоболка

Омега-3 масни киселини

Ако главоболката е последица на воспалителен процес, зголеменото внесувањето на омега-3 масни киселини со време може да ја намали болката. Рибата како што е сардината или лосот како и ленот, јаткастите плодови и зелениот лиснат зеленчук се добар избор на омега-3 масните киселини.

Лубеница

Главоболката е често поради дехидрација, или затоа што пиете премногу малку вода или поради тоа што минатата ноќ сте испиле премногу алкохол. Обична вода е одлични решение. Но, исто така може да се јаде храна богата со вода, како што лубеницата, краставиците и доматите. Освен вода, од свежиот зеленчук ќе добиете важни минерали како магнезиумот.

Спанаќ

Најпознатиот зеленчук богат со рибофлавин, железо, витамин Б, кој што е присутен во зелениот лиснат зеленчук. Истражувањата го поврзуваат за спречување на мигрена.

Банана

Бананата има 74 отсто вода, а остатокот најмногу отпаѓа на јагленихидрати и диететски влакна. За да спречи главоболки бананата е добра бидејќи содржи и многу калиум и други минерали како магнезиум, калциум, флуор, фосфор, железо, цинк и бакар. Таа, исто така содржи и бета-каротин, Б група витамини, витамини Ц и Е. Ако главата ве боли поради глад или недостаток на калиум, бананата ќе ви помогне брзо.

Кафе

Кафе има двоен ефект врз главоболка. Оние кои не ја добиле својата дневна доза на кофеин може да добијат главоболка поради недостатокот. Сепак, ако претерате со кафето можна е појава на главоболка. Сепак, кофеинот во мали количини може да ја смири главоболка.

Немојте да пиете повеќе од 200 до 300 мг кофеин дневно и имајте на ум дека кофеинот не е само во кафето, исто така него го има во чоколадо, газираните и енергетските пијалаци.

Храна која што може да предизвика главоболка:

Старо сирење, брза и масна преработена храна и некои од јаткастите производи.



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 07:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2013 во 13:55

Според стручните проценки, 1 од 25 возрасни има повеќе денови со главоболка отколку без. Со тек на време, овие личности самите сфаќаат што им ги поттикнува главоболките и превземаат превентива.

6-nacini-kako-da-ja-sprecite-glavobolkata-01

Кои се најчестите причини за главоболка и како да ја спречите?

Вежбајте

30 минутно шетање, возење велосипед или некоја друга умерена физичка активност треба да станат вашата рутина. Експертите се уште не се сигурни како вежбањето помага против главоболките, но сметаат дека има поврзаност со хормонот ендорфин кој се ослободува во текот на вежбањето.

Намалете ги вишокот килограми

Главоболките се јавуваат кај луѓе со висок индекс на телесна маса, особено над 30, а истражувањата покажуваат дека кога ќе ги намалат килограмите и главоболките се намалуваат.

Спијте редовно

Премалку или премногу спиење може да предизвика главоболки. Стандардна препорака е осум часа сон дневно, иако секој треба бројот на часови да ги прилагоди според сопствениот биоритам.

6-nacini-kako-da-ja-sprecite-glavobolkata-1

Здрава исхрана

Се смета дека одредена храна може да предизвикува главоболки кај некои луѓе. Алкохол и чоколадата се на врвот на листата. Најдобро е да водите дневник на исхрана и да видите која храна ви предизвикува главоболка. Не ја заборавајте водата, бидејќи овој тип на болка може да се јави поради дехидрираност на мозокот. Кога ќе имате главоболка, напијте се две чаши вода за да ја отстраните. Ќе се изненадите колку често болката ќе прекине ако ги промените прехранбените навики и ако пиете повеќе вода.

Престанете да пушите

Две истражувања покажале дека пушењето на цигари ги зголемува можностите да добиете главоболка.

Ограничете го стресот

Постојано присутниот стрес влијае на многу начини на телото, а еден од нив е предизвикувањето на главоболка. Кај некои луѓе се јавува во стресните ситуации, а кај други еден или два дена подоцна кога телото ќе се опушти. Во двете ситуации решение е да го намалите стресот. При напад на главоболка важно е телото да се релаксира со масажа, вежбање или медитација.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2013 во 01:05
Jas imam problem so edna glava od 101 ...mi mesa maslo i voda ...збунетост
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2012 во 06:02


Главоболката многу често може да биде предизвикана и од некоја одредена храна која ја внесуваме во нашето тело. Тоа всушност значи дека имаме алергиска реакција на некој продукт кој сме го конзумирале. 


Но, во ублажувањето на симптомите, односно во спречувањето на главоболката може да ни помогне лимонот.

Во тој, случај наместо да земате лекови против главоболка, експертите советуваат, да јадете лимон. Исцедете неколку парчиња лимон во чајот, тоа би требало веднаш да ги ублажи болките.

Исто така, од изренданите кори од лимон или излупените, може да направите облога за главата. Овој лек е најделотворен кога главоболката е предизвикана од висока температура.


Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 20:39

Еве прочитај  ....

Главоболката е чест невролошки симптом. Причините за нејзината појава се многубројни, почнувајќи од психогени, па до тумори на мозокот. Од друга страна, ретко постои телесно заболување кое не е проследено со главоболка. За да се утврди кои се најчестите структури во регијата на главата и вратот кои се болно чувствителни и предизвикуваат болка направени се низа испитувања и многубројни опсервации во текот на пооделни хируршки интервении на главата и горниот дел на вратот. Структурите во самата черепна јама кои се најчувствителни на болка се големите крвни садови, особено a. cerebri media. Истегнувањето на крвните садови е едно од најважните причини за главоболката кај интракранијалните процеси. Структурата на мозочното ткиво сама за себе не предизвикува главоболка, бидејќи мозочната структура е нечувствителна на болка. Друга причина за главоболка се кранијалните нерви и нивните ганглии. Истотака долготрајната контакција на мускулите на черепот, како и заболувањето на тие мускули предизвикуваат болка.
 Инфекцијата или блокадата поради хиперемија на параназалните синуси, секогаш е следена со болка во максиларниот или фронталниот синус. Блокадата од етмоидалниот или свеноидалниот синус е локализирана длабоко во средната линија покрај носот. Механизмот на болката е притисок и иритација на синусниот ѕид. При наведнување болката се засилува.
 Главоболката која се јавува поради слабост или оптоварување на очите, по правило е локализирана во орбитите, челото и слепоочниците. Хиперметропијата и астигматизмот предизвикуваат контракција на екстраокуларните, односно фронталните, темпоралните и окципиталните мускули, што резултира со силна болка. Корекцијата на рефракторните грешки ја отстранува главоболката. Иридициклитот и глаукомот предизвикуваат пораст на интраокуларниот притисок и предизвикуваат постојана болка на регијата на окото која што иридира кон челото.
 Главоболките предизвикани од заболување на лигаментите, мускулите и апофизеалните зглобови на горниот дел на ’рбетот, се протегаат кон окципиталната регија и вратот на истатаа понекогаш се протегаат према челото. Таквата болка се јавува кај повозрасната популација поради ревматскиот хипертрофичен артрит и има тенденција да се јави по повреда или други форми на ненадејна флексија, екстензија или торзија на главата и вратот. Ако болката е последица на артрит, првото движење е секогаш болно.
 Главоболката која е резултат на менингеална иритација (инфекција или крварење) е акутна, силна, генерализирана и е проследена со укочен врат.
 Мигрената е тип на главобилка кој спаѓа во васкуларните главоболки, а дијагнозата не мигрената се засновува само врз книничките критериуми.
 Мигренозниот тип на главоболки, иако не именувани како такви, биле опишани уште од 3 000 година п.н.е. во стар Валилон. Со уште поголеми податоци е опишана мигрената во папирус од 1 550 година п.н.е. кој бил пронајден закопан покрај една мумија во Теба. Дури и таткото на медицината Хипократ во 460 –та година п.н.е. опишал состојба која е повеќе од јасно дека станува збор за мигрена. Тој опишал силна светлина која била видена со едното око по што следувало силна болка која започнувала од слепоочниците и продолжувала да се шири на целата глава и надолу кон вратот. Хипократ бил многу пред неговото време со тоа што прв ги поврзал овие главоболкисо напорот при вежбањето и сексуалниот однос.
 Дефинирано мигрената представува група на симптоми што во себе ги вклучуваат рецидивирачките пароксизмални и обично еднострани главоболки, зафаќајки ја едната или другата страна на главата, често проследена со гадење, повраќање или губење на апетитот. Двата синонима кои се вообичаени при опишувањето на мигрената се „болна главоболка“ и „напад на жолчка“ кое ја потврдува мислата дека болката во главата е честопати проследена со некој вид на гастроинтестинална непријатност. Мигренаската главоболка е честопати здружена со раздразливост на болниот, фотофобија, повраќање, опстипација или дијареа. Обичната болката се ограничува на главата, а може да се прошири и на лицето и вратот.
 Мигрената е фамилијарно заболување. Се смета дека 70 % од болните со мигрена имаат фамилијарна предиспозиција. Таа започнува во детството на околу 5 годишна возраст, може да се јави во адолесценцијата или до 30-годишна возраст.
 Од мигрена боледуваат 10 % од активната општа популација. Од 16 годишна возраст, мигрената е 2-3 пати почеста отколку кај мажите.
 Нападот на мигрена може да биде умерен, силен или толку силен што ќе го онеспособи болниот за било каква активност. Може да се појави еднаш во две години, или пак еднаш до три пати неделно. Некои болни со мигрена се прикажани како „мигренозни личности“ бидејќи се перфекционисти, присилни и опсесивни личности, ситничари, амбициозни и секогаш многу интелегентни. Тие се склони кон создавање тензија, пречувтвителни се, наклонети се кон опсесивност и лесно се фрустрираат.
 Нападот на класичната мигрена се јавува во три дела:
1. Аура
2. Главоболка
3. Пост-главоболна состојба

Главоболките во хомеопатијата се третиратт симптоматски или конституциски. Терапијата на главоболките е подолготрајна, и резултати може да не се почуствуваат неколку месеци од терапијата. За почеток се намалува бројот и интензитетот на главоболките. А по подолготрајна терапија може и целосно да исчезнат.
Препарати кои се користат симптоматски се следниве:
Belladona тоа е првиот препарат на кој ни текнува кога станува збор за главоболки. Симптомите на овој препарат се јасни и остро дефинирани. Бревтањето е главен знак, но не се за занемарување и насилните јаки главоболки, кои го излудуваат пациентот. Пациентите со овој вид на главоболки неможат да легнат, мораат да бидат седнати, истотака неможат да поднесат светлина, провев, бука. Болката е главно локализирана во фронталната регија, или десностарно. Пациентот е со зацрвенето лице со дилатирани зеници. Glonoine  е единствениот препарат кој има симптоми на бревтање како и Belladonna-та. Но симптомите на Glonoine се смируваат со рздвижување, лицето не е толку темно црвено, главоболката се подобрува со зафрлање на главата наназад. Главоболката на Glonoine најчесто се опишува како стегнат затегнат стегач. Belladonna има слични симптоми како и Nux vomica и Bryonia тоа е симптомот дека главата ќе експлодира. Главоболките кај Belladonna-та се појаќи околу пладне.
 Сепак Nux Vomica е најчесто издаван препарат во денешницава. Бидејќи главоболките пред се се предизвикани како презултат на ѕлоупотреба на алкохол, тутун, кафе, од прејадување, или пак главоболки кои се јавуваат при долготрајна опстипација, и во случај на автоинтокцикација при хепатална исуфициенција. Како додатни сиптоми кои може да го определат овој препарат се присуството на хемароиде или проблеми со жолчката. Болката е локализирана над едното или другото око, но за овој препарат се карактеристични и главоболки низ целата глава. Ништо карактеристично не ја намалува главоболката. Чувството на матност е постојано присутно. Главоболките се поизразени во текот на утрото, движењето на очите и воопшто движењето ги влошува симптомите.
Iris versicolor  е карактеристичен за главоболки кои се придружени со делумно слепило, или замаглување на видот. Со овој симптом препаратот наликува на Gelsemium и Kali bichromicum. Инаку Iris е карактеристичен за главоболки кои се предизвикани поради проблем со желидникот или жолчката. Главоболката најчесто се јавува откако замагленоста на видот ќе исчезне. Овој препарат помага за така наречените „Неделни“ главоболки, односно моментот на ослободување на затегнатоста, во периодот на одмор. Главоболката најчесто се јавува над очите, во супраорбиталната регија, најчесто е едностана и тоа почесто е деснострана. Главоболката може да биде или тапа или многу јака. Често провоцира повраќање, и при тоа повратеното е толку кисело од што трнат забите. Главоболката кај овој препарат се подобрува со силни движења, ладен воздух и кашлање. Ако главоболките и гадењето се резултат на јадење благо, овој е најсоодветниот препарат.
Gelsemium е другиот препарат кај кој еден од првите симптомите е делумното слепило, и овој препарат е најкарактеристичен за главоболки кои се испровоцирани од подолго напрегање на очите. Главоболката која е карактеристична за Gelsemium започнува во тилот ја обзема целата глава и се задржува на очите. Чувството во главата е како да е меѓу два чинели (була која несака да стивне) и при тоа има многу изразено печење со секој обид да се придвижат очите. Карактеристично за главоболките на Gelsemium е што болката олеснува по долго уринарење. Пациентот воопшто не  е жеден. И исто така добар сон помага при овие главоболки.
Друг препарат за тилна главоболка е Cocculus. Главоболката започнува во долниот дел на тилот и се движи кон вратот. Овој тип на главоболки најчесто се придружени со вртоглавица и гадење. Овој препарат е за главоболки испровоцирани од патување во автомобил или некое друго превозно сретство. Специфичен симптом за овој препарат е чувтвото како тилот да се отвора и затвора.
Silicea-та е многу корисен препарат кај главоболките, но многу ретко издаван. Ако пациентое ја има свиткано главата во крпа или шал за да си ја олесни главоболката има два препарати кои може да дојдат во обзир Argentum nitricum ако главата е свиткана и силно затегната. Бидејќи главоболката кај овој препарат олеснува со притисок. Доколку причината е затоплувањето на главата, и ако топлото ја олеснува главоболката тое е важен симптом за издавање на Silicea. Најчесто лицето на пациентот е бледо, но како што се зголемува главоболката така лицето се зацрвенува, а низ телото поминуваат морници. Бука и движење ги влошуваат симптомите. Како додатен симптом за да се издаде препаратот Silicea e екстремната сензитивност на скалпот.
Cimicifuga (Actea racemosa) е најчестиот препарат кој се издава за неуралгична форма на главоболка. Овој препарат одговара на главоболки кои се јавуваат кај студенти и кај луѓе кои се истоштени од замор. Почетокот на главоболката го предводи чувството како темето на главата да се подига. Потоа чувството дека мозокот се движи како на бранови, и чуство на силна главоболка која се шири од темето до челото, како клин забиен во главата. Главоболките најчесто се поврзани со некои гениколошки проблеми. Накратко тука може да го споменеме препаратот Sepia кој добротворно би делувал на мигрени кај пациентки со долгогодишна леукореа.
Во случаите кога главен симптом е чувството дека главата е огромна како прв препарат кој би го издале е Argentum nitricum. Друг симптом е досадната болка на левата страна на челото. Thuja има сличен симптом, но е по изразен. Кај Thuja чувството е како шајка да е забиена бо челото. Ignatia и Coffea исто така го имаат тој симптом, но болката е остра и појако изразена. Пациентот кај кој би го издале препаратот Argentum nitricum многу често има чувство дека ќе полуди. За да ја олесни главоболката пациентот многу често ја врзува главата и силно ја затега.
Natrum muriaticum се издава за главобока кај која доминира чувтвото дека повеќе мали чекани удираат во главата. Симптомите се влошуваат со движење на главата или очите. Главоболката се јавува најчесто наутро, околу 10 часот. На главоболката и предходи делумно слепило, слично на симптомите на Iris и Gelsemium. Чувството на малите чекани кои удираат како симптом се среќава и кај Psorinum. Natrum muriaticum e препарат кој се издава кај млади девојчиња кои имаат главоболки во периодот на менструалниот циклус. Овој препарат се издава и кај млади луѓе кои патат од главоболки и изнемоштеност како резултат на подолготрајна анемија. Болката е локализирана во пределот на увото, потоа се движи кон слепоочниците или тилот.

Др. Биљана Ѓуроска Mob.: +38971303601
Кон врв
op12eh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 242
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај op12eh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2011 во 01:56
Originally posted by buce_86 buce_86 напиша:

Veke dve nedeli imam problemi so glavata,znaci imam bolki vo predelot nad ocite i pozdi kaj vratot!Bolkite mi se uzasni pa postojano mew tera da povrakam ili pak mi smetaat sekakvi mirisi na hrana!Snimav sinusi ne pokazua nisto bev na ocno i tamu se e ok...me pratija na nefro,od tamu mi rekoa deka treba da pravam EEG na glavata!Isplasena sum i neznam veke sto da pravam


шилци имаш во вратот......нема лек........ама не се секирај
Кон врв
bazo2k Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Ноември.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bazo2k Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2010 во 19:13
Nema voopsto so da ti e strav. Podobro da otides na EEG a i bi ti preporacal da naprais MNR na mozokot. najubavo ke se vidi so e. Bi ti go preporacal DR. Мето Чепреганов, najdobar za toa. Vo Avgust bev i jas...mene me bolese glavata kako so rece ti ...napred nad ocite, Nad slepoocnicite, mi se matese od vreme navreme, navistina se uplasiv...no ete izleze deka ne e nisto ...verojatno period i taka ...ke pomine !!!
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANITA11 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2010 во 13:23
imam i jas glavobolki kontinuirani ama pred da dobijamлутина...no ponekogash i od samiot stres,brziot nacin na zivot ,i vremenskite promeni isto taka.
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 14:13
Ги имам и јас овие
Немаат врска за главоболка тие се вештачки солзи само за прочистување за очите.

Мислам се работи кај тебе за мигрена,во овој периот кога е променливо времето највеќе страдаат тие случаи.
Ако ти смета бучава,најмало шушкање додека одмараш,ако бараш повеке темна просторија за одмор...веројатно е тоа
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14596
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 12:19
Можеби премногу време поминуваш пред компјутер

Еве јас ги имам истите симптоми ако седам 9 саати пред компјутер. Затоа морам да ставам tears naturale капки за очи кои одма ми ја смируваат главоболката

Кон врв
apce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Октомври.2007
Локација: Malaysia
Статус: Офлајн
Поени: 2717
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај apce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2010 во 11:08
jas mislam deka imas migrena

gi imav istite simptomi i duri znaev da se onesvestam
od glavobolka dodeka ne nauciv da ja kontroliram

probaj so ketonal i dijazepam 2mg i miruvaj vo poluzatemneta prostorija
ako ne ti pomogne toa probaj so nomigren i dijazepam

pozdrav
apce
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.