|
вежби за задник |
Внеси реплика | страница <123> |
Автор | |
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абре жени, што се замарате со вежби за задник. Како прво задникот ви е позади и не ви е пред очи да ве нервира. Второ што поголем задник поудобно се седи на неудобен стол. Трето ние мажите ќе фрлиме поглед на било кој женски задник кој ни влезе во радиус, без мана да му најдеме...Така да Маро џабе везеш....
|
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|
Aureus
Сениор Регистриран: 22.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 108 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аха, теши не ти, теши. Тоа е муабетот гонзо, значи да биде поголем, ама подигнат гзот, не како тавче за палачинки правење. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 вежби за цврст задникСекоја жена посакува убаво оформен, цврст и секси задник, точно онаков како на рекламите за производи против целулит. Освен што изгледа убаво и што мажите го обожаваат, цврстиот задник помага и за одржување на подобра положба на телото и стабилизирање на грбот. Затоа, не чекајте и веднаш започнете да го оформувате вашиот задник. За кратко време ќе почувствувате дека облеката ви стои подобро и дека имате поголема самодоверба. Направете голем чекор напред со десната нога и започнете да го спуштате горниот дел од телото надолу додека десното колено не оформи агол од 90°, а левото да биде веднаш над подот. Не поместувајќи ја левата нога, вратете ја десната во првобитната положба. Во текот на целата вежба грбот треба да ви биде исправен. Внимавајте, десното колено не треба да биде понапред од прстите на ногата.Потоа, направете голем чекор со левата нога и повторете ја вежбата. Направете 20 наизменични повторувања (десет со десната и 10 со левата нога). Можете да користите мали тегови што ќе ги држите во рацете, или пак да вежбате без тегови, така што ќе ги ставите рацете на колковите. Со помош на оваа вежба ќе добиете цврст задник и бутови.Оваа вежба е варијација на претходната и исто толку ефективна. Застанете исправени, рацете испружете ги напред во висина на рамената. Направете голем чекор нанапред со десната нога и додека го спуштате левото колено надолу, горниот дел од телото заедно со рацете свртете го надесно. Потоа, свртете ги рацете и горниот дел од телото нанапред, оттурнете се со десната нога и вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата со левата нога. Направете 20 наизменични повторувања. Оваа вежба помага за зацврстување на задникот, стомачните мускули и нозете.Застанете пред скала која не треба да биде повисока од вашите колена. Свиткајте ги рацете кон телото, така што дланките да ви бидат во висина на рамената. Раширете ги нозете во ширина на колковите и потклекнете. Раширете ги рацете и однесете ги наназад. Додека замавнувате со рацете нанапред скокнете на скалата и останете со свиткани колена (како на сликата). Потоа, полека слезете долу. Направете 2 серии од по 8 повторувања. Ако сте почетничка, започнете со една серија. Со оваа вежба ќе ги зацврстите и обликувате задникот и нозете.Легнете на подот, свиткајте ги и подигнете ги колената. Рацете испружете ги на подот покрај телото. Започнете да го подигате задникот нагоре, а потоа спуштете го. Стапалата на нозете за почеток можете да ги чувате целосно залепени на подот (како што е покажано на сликата). Истата вежба може да се практикува и додека стоите на прстите од нозете. Направете 2 серии од по 10 повторувања. Ако сте во добра физичка форма, можете да правите 20-25 повторувања во секоја серија. Горниот дел на нозете и задникот најдобро се обликуваат со оваа вежба.Клекнете на подот и потпрете се на рацете. Внимавајте дланките на рацете да ви се под рамената, а колената под колковите. Започнете да ја подигате десната нога наназад и нагоре, а левата рака нанапред. Исправувајте ги и подигајте ги и ногата и раката додека не бидат во иста линија со вашиот грб (како на сликата). Задржете се во таа положба 2-3 секунди и спуштете ги и ногата и раката на подот. Повторете ја истата вежба, но овој пат со левата нога и десната рака. Направете 16 наизменични повторувања. Оваа вежба не само што ќе ви помогне да добиете цврст задник, туку таа ги зацврстува и грбните и стомачните мускули.Клекнете на подот и потпрете се на рацете (кучешка поза). Рацете поставете ги во распон на рамената. Започнете да ја подигате десната нога нагоре. Не ја исправувајте, треба да биде свиткана во коленото. Стапалото треба да ви биде рамно, т.е. прстите да не се насочени нагоре (како на сликата). Горниот дел на ногата треба да биде паралелен на подот. Откако ќе ја достигнете оваа положба, полека вратете се во првобитната. Повторете ја оваа вежба 10-15 пати со десната нога, а потоа направете една серија со левата. Задникот и горниот дел од нозете имаат најголема корист од оваа вежба.Застанете исправени. Нозете треба да ви бидат раширени во ширина на колковите. Со десната нога направете голем чекор надесно. Горниот дел на телото однесете го на десната страна. Десното колено треба да ви биде веднаш над стапалото, а левата нога права. Со левата рака допрете го стапалото (како на сликата). Оттурнете се со десната нога и вратете се во првобитната положба. Повторете ја вежбата на левата страна. Направете 16 наизменични повторувања (8 со десната и 8 со левата нога). Оваа вежба помага за зацврстување на задникот, страничните стомачни мускули и нозете. Раширете ги нозете во ширина на колковите и застанете исправени. Рацете треба да ви бидат покрај телото. Свиткајте го десното колено и клекнувајте исто како да седнувате на стол, додека ја подигате нанапред левата нога (исправена). Истовремено со подигнувањето на ногата, рацете треба да ги подигнете во висина на рамената (како што е прикажано на сликата). Вратете се во првобитната положба и повторете ја вежбата со левата нога. Направете 16 наизменични повторувања. Ова е одлична вежба за задникот, стомачните мускули и нозете.Земете краток стап или шипка. Легнете на стомак на подот со малку подраширени раце и нозе. Со дланките држете го стапот. Стегнете го задникот и во исто време подигнете ги рацете и нозете од подот на висина од околу 10-15 сантиметри. Гледајте надолу кон подот, за да го држите вратот стабилен. Додека ви се подигнати рацете и нозете, обидете се левата нога да ја подигнете уште погоре (како на сликата). Потоа спуштете ја надолу и подигнете ја десната. Во текот на целата вежба, рацете и нозете се подигнати 10 сантиметри над подот. Направете 20 наизменични повторувања (10 со левата и 10 со десната нога). Спуштете се целосно на подот со рацете и нозете, одморете се 45 секунди и направете уште една серија. Оваа вежба помага за зацврстување на задникот, грбот, нозете и рацете. Ако немате време за сите овие вежби, можете да правите само клекнувања. Најголем дел од експертите го сметаат клекнувањето за најефикасна вежба за зацврстување на задникот. Бидејќи клекнувањето е и одлична вежба за нозе, веќе го имаме споменато досега. Но, еве ја вежбата уште еднаш, за потсетување. Застанете исправени. Нозете треба да ви бидат со распон еднаков на ширината на колковите. Испружете ги рацете напред, во висина на рамената, за да одржувате баланс. Започнете да клекнувате надолу. Внимавајте колената да не ги надминуваат врвовите на прстите на нозете. Задникот треба да го снижувате кон подот, а грбот да го држите исправен.Потклекнете малку, задржете се во таа положба 5 секунди, потоа потклекнете уште малку, задржете 5 секунди и клекнете трет пат (задникот и горниот дел на нозете да бидат паралелни на подот), повторно задржувајќи се во таа положба 5 секунди. Додека се исправувате нагоре, стегнете го задникот. Повторете ја оваа вежба 8 пати. Мускулите на задникот и бутовите имаат најголема корист од оваа вежба. Изменето од Valerija - 07.Април.2017 во 09:18 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
marija1988
Нов член Регистриран: 27.Август.2012 Статус: Офлајн Поени: 2 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нема да е лошо и да пораснам во тој дел со моите 52 кила
|
|
Milko01
Сениор Регистриран: 19.Март.2012 Статус: Офлајн Поени: 180 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу тешки овоа вежбиве......јас друго ќе вежбам...
|
|
ZeZnAtA
Сениор Power Регистриран: 26.Мај.2007 Статус: Офлајн Поени: 19172 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Љубовта владее без меч и врзува без јаже!
|
|
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,,,,,,,,,,,,,,,
,,,,kako vezhba ,,trchajki,,,,, |
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вежби за затегнат задникМногу дами му се воодушевуваат на задникот на Џенифер Лопез, а сите девојки и жени кои сакаат облини постојано се во потрага по идеалната вежба со која можат да постигнат изглед како тој на Џеј Ло. Дејвид Кирш, тренерот на популарната дива открива вежба која ако ја изведувате три пати неделно за релативно краток период ќе забележите резултати. Како се изведува оваа вежба: 1. Раширете ги нозете на ниво на колковите. Вежбата изведувајте ја една по друга нога и тоа од 15 до 20 повторувања без да сопрете, во два до три сета. Тренерот вели дека оваа вежба не е само добра за убаво обликуван и подигнат задник туку и за колковите и обликување на целиот долен дел на телото. Изменето од Valerija - 07.Април.2017 во 09:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
chargerburnout
Сениор Регистриран: 28.Ноември.2015 Статус: Офлајн Поени: 211 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ako nekoja vezba neka ni pokaze kako vezba u nekoe video, oblecena u helanki za motivacija :D
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Три основни вежби со кои за еден месец ќе добиете стегнат и подигнат задникКако што се наближува летото и летните одмори сите стануваат позагрижени како ќе се појават на плажа со неколкуте килограми плус кои дебелата зимска облека совршено ги криеше. Работите изгледаат многу побезнадежно за оние кои имаат премногу обврски во текот на денот, па никако не можат да одвојат време за посета на теретана. Добрата вест за сите вас е дека постојат неколку основни вежби кои доколку правилно ги изведувате ќе ви помогнат да добиете задница каква што сте посакувале. Сè што ви треба се 2 тегови и доволно силна желба да не се откажете после првиот ден вежбање. Шемата за вежбање е развиена од страна на фитнес тренерот Анџела Ли, која укажува дека вежбите треба да ги практикувате минимум 30 дена со цел постигнување на саканите резултати. Бројот на секое поле го покажува бројот на повторувања кои секој ден треба да ги направите. Вежбите се прават во интервали од 2-3 минути со пауза од 1 минута помеѓу сериите. Вежбите никогаш не треба да траат подолго од 11 минути на ден. И не ги игнорирајте деновите за одмор, на вашите мускули им е потребно време за обнова на силата. 1. Основна вежбаВежбата вклучува обични чучнувања. Раширете ги нозете во ширина на рамената, држете го грбот исправен и свиткајте ги нозете во колената при чучнување, но внимавајте колената да не бидат понапред од стапалата. Рацете држете ги исправени пред вас. 2. Вежба со теговиЗа ова вежба треба да застанете исправено, така што нозете ќе ви бидат раширени малку повеќе од ширината на рамената. Држејќи по еден тег во двете раце, започнете да изведувате чучнување така што ќе ги држите грбот и рацете исправени. Започнете го вежбањето со полесни тегови а потоа постепено зголемувајте ја нивната тежина, вежбајќи со најмногу 3-4 килограми. 3. Сложена вежбаЗастанете исправено, така што нозете ќе ви бидат раширени малку повеќе од ширината на рамената. Поставувајќи ги рацете зад главата и одржувајќи го грбот исправен, започнете со изведување на чучнувања. Не притискајте со рацете врз вратот и не ја наведнувајте главата нанапред. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Која е најдобрата вежба за совршен задник?Дали некогаш сте слушнале за clamshells? Многумина не знаат каков вид на вежба е тоа, но верувале или не ова е најдобрата вежба за совршен задник. Станува збор за вежба која што ја препорачуваат терапевтите и личните тренери, најпрво затоа што е многу едноставна, а потоа и затоа што ги зајакнува мускулите кои не можат да се зајакнат со други вежби за задникот. Правете по 20 повторувања, а исто така и обидувајте се да ја вметнете оваа вежба барем три пати неделно во вашите тренинзи. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |