IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости - останати спортови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости - останати спортови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јули.2011 во 23:41

ТОП 5 НЕСУДЕНИ ЕВРОПСКИ ПРВАЦИ

Тешко некој може да се мери со Дино Менегин, Давид Баруфет и Франсиско Хенто, рекордери според бројот на освоени европски титули во своите спортови, но трофејот кон кој сите се стремат во своите кариери остана недостижен за голем број врвни спортски имиња. Од македонските спортисти, него го кренаа единствено Дарко Панчев, Илија Најдоски, Горан Пандев, Петар Наумоски, Валентина Радуловиќ и ракометарките на Кометал ЃП. Некои други успеаја само да му се доближат.

1. Кире Лазаров

Најдобриот македонски ракометар повеќе од десет години игра на врвно европско ниво, но вечната потрага по најдрагоцениот трофеј уште не е дојдена до својот крај. Кире двапати играше во полуфиналето на Лигата на шампионите со унгарски Фотекс, а минатата сезона, конечно, отиде чекор подалеку со Сиудад Реал. Титулата, сепак, заврши кај Барселона, но пред Кире се уште неколку сезони на големи можности.

2. Драгана Пецевска

Во првиот тим на Кометал ЃП тешко се пробиваа домашни ракометарки, а Пецевска, конечно, доби шанса во сезоната (2004/05) во која тој стигна до своето трето европско финале. Трофејот тогаш го освои данско Слагелсе, а славните денови на ѓорчепетровки набргу згаснаа. Пецевска си ја проба среќата во Будуќност, кој минатата сезона се одработи совршено, освен полуфиналето на ЛШ со Ларвик.

3. Врбица Стефанов

Петар Наумоски се прослави со Ефес пилсен, а Врба ги доживеа своите ѕвездени моменти во дресот на Монтепаски Сиена. Заедно ја освоија првата титула шампион на Италија во 2004 година, но претходно стигнаа до завршниот турнир на Евролигата. Таму беа поразени од Бенетон во полуфиналето, но веќе следната сезона се изборија за нова шанса. Епилогот беше ист, само што овој пат беа запрени од Скипер Болоња.

4. Владо Илиевски

Монтепаски, најдоминантниот италијански клуб последниве години, е миленик на македонски кошаркари и досега ги имаше тројца во своите редови. Интересно е што и Стефанов и Илиевски и Меккејлеб играле Фајнл-фор на Евролигата со тимот од Сиена. Илиевски ја имаше својата најголема шанса да стане европски првак во 2008 година, кога Монтепаски загуби во полуфиналето од Макаби.

5. Пепи Манасков

Кога во 1997 година се врати во Пелистер, се чинеше дека тоа е крај на неговата интернационална кариера. Но, уследија, можеби, најдобрите две сезони. Пепи премина во тогаш моќниот словенечки првак Целје, кое наредните две години беше меѓу најдобрите четири екипи во Европа. Во 1999 година, Барселона беше подобра за само еден гол, а истиот противник беше видно пресилен сезона потоа

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2011 во 23:26

ТОП 5 НЕОБИЧНИ ОТКАЗИ

Алекс Фергусон има избркано од Манчестер некои од најголемите ѕвезди на клубот, но едно е да се изгуби довербата кај неприкосновениот тренер, а друго е да се раскине договор поради шмркање кокаин, како што заврши епизодата на Адријан Муту во Челзи. Професионалниот спорт е немилосрден и не простува ни најмали грешки, особено во поглед на дисциплината. Слабата форма и недоволната докажаност е, сепак, поспортски начин да се напушти еден клуб.

1. Миле Крстев

Ем пијан, ем лажел. Тогашниот фудбалски репрезентативец неславно ја заврши својата кариера во Холандија во 2008 година, кога второлигашот Фендам му врачи отказ, откако предизвика сообраќајна несреќа, возејќи со 2,2 промили алкохол во крвта. Тоа, можеби, и не било пресудно за ваквата одлука, но Крстев дополнително си ја влошил позицијата, известувајќи го клубот дека нема да дојде на тренинг, со оправдување дека е болен.

2. Димитар Караџовски

Непријатна вест, која пристигна од Исланд во 2008 година, го оквалификува македонскиот кошаркар како клептоман. Според тамошните медиуми, Караџовски оперирал во соблекувалната на својот тим Стјарнан, крадејќи вредни предмети од своите соиграчи и за тоа дури завршил во притвор. Тој подоцна се негираше, но, вистина или не, ова ја запечати неговата кариера во Исланд.

3. Љубомир Савевски

Ај, еднаш да се случи, ама трипати!? Савевски, веројатно, е единствениот тренер во светот кој дури трипати изгубил работа под притисок на своите играчи. Од Кометал ЃП си замина не можејќи да се носи со авторитетот на Валентина Радуловиќ, од машката ракометна репрезентацијата го избрка бојкотот на играчите на Металург, а недолго потоа даде отказ и од Вардар по конфликтот со Борко Ристовски.

4. Никола Илиевски-Џиџи

Бившиот селектор само еден месец го водеше прволигашот Металург, кога неочекувано беше сменет. Официјалното објаснување на клубот беше дека тоа е резултат на тогашната светска економска криза, која го погоди и спонзорот "Макстил", но шпекулациите одеа во друга насока. Клубот, наводно, не сакал повеќе да соработува со популарниот Џиџи по неговото сведочење во случајот "Победа".

5. Александар Петровиќ

Кога навивачите ќе извадат бели шамивчиња на стадионите во Шпанија, тоа е јасна порака до тренерот дека му е време да си оди. Ваква пракса досега не е видена кај нас, но навивачите на МЗТ, секако, имале свој удел кога управата му врачи отказ на тренерот Петровиќ минатата сезона. "Фемили Аеродром", наводно, не можеле да му простат пораз од лутиот ривал Работнички на домашен терен.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2011 во 20:39

ТОП - 5 ФУДБАЛЕРИ ВО ТОП - 5 ЛИГИ

Лесно ќе се најдат македонски фудбалски колонии на Кипар, во Полска, Азербејџан, Бугарија, Србија... но тоа не се лиги во кои може да се оствари голема кариера, туку тие, пред се, се сфаќаат како отскочна штица за трансфер во некој вистински реномиран клуб. Од петте најквалитетни европски првенства, Бундеслигата отсекогаш била најдостапна за македонските фудбалери, додека во останатите - ретки успеале да се пробијат.

1. Горан Пандев

Лига: Серија А
Веќе ветеран во елитата на италијанскиот фудбал, Пандев ја игра својата деветта сезона за калчолигашките клубови, од Анкона, преку Лацио, до Интер. Меѓу петте трофеи освоени со Интер минатата година се наоѓа и првата шампионска титула во Серија А, а е и актуелен трикратен победник во Купот.

2. Николче Новески

Лига: Бундеслига
Под капитенската палка на битолчанецот, Мајнц ги доживеа своите ѕвездени моменти минатата сезона, кога во еден момент се најде на чело на табелата. Тој е еден од најстандардните членови на оваа екипа, за која има одиграно повеќе од 200 средби откако дојде во 2004 година.

3. Ѓорѓи Христов

Лига: Премиерлига
Првиот македонски фудбалер кој заиграл на островот, следен од Гоце Седлоски и Артим Шаќири. Тој беше најголемото засилување за Барнсли, откако клубот за првпат во својата историја обезбеди пласман во Премиерлигата во 1997 година. Таму опстана само една сезона, а Христов се задржа вкупно три години.

4. Митко Стојковски

Лига: Примера
Најдоски во Ваљадолид, Бабунски и Станиќ во Леида и Стојковски во Овиедо, тоа се четирите трансфери на македонски фудбалери во Шпанија и, интересно, сите одиграа по две сезони таму. Сепак, единствено Стојковски и двете ги помина во Примера дивисион, забележувајќи 63 настапи и еден гол.

5. Роберт Попов

Лига: Лиг 1
Ова беше најлесниот избор и, истовремено, несоодветен. Од една страна, Попов е единствениот Македонец кој играл во Франција во последните 20 години, од друга, неговиот престој во Оксер е вреден за заборав. Тој беше член на овој прволигаш две сезони, но поради честите повреди, имаше едвај шест настапи.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2011 во 23:42

ТОП 5 ЛЕВУЧАРИ

Случајно или не, повеќемина од најдобрите македонски спортисти ја шутираа(т) топката со левата рака, односно нога. Научниците дошле до заклучок дека левучарите постигнуваат натпросечни резултати, пред се, во спортовите во кои се бараат брзи реакции и добро расудување во просторот како боксот, тенисот и мечувањето...

...Тоа може да се докаже низ примерите со Мартина Навратилова, Рафаел Надал, Мани Пакјао или со најтрофејниот мечувач на сите времиња, Едоардо Манџароти.

1. Горан Пандев

Кога во јануари минатата година Жозе Мурињо го доведе во Интер, по што се закити со дури пет титули, меѓу кои и во Лигата на шампионите, нашиот најдобар фудбалер, несомнено, стана најголемиот амбасадор на Македонија во светот. Во репрезентацијата со право го наследи Гоце Седлоски како капитен, а со 24 погодоци ја предводи вечната листа на најдобри стрелци.

2. Индира Кастратовиќ

Иако прв голгетер на Светското првенство 1997 во Германија, Индира доби вистинско признание на своите квалитети дури две години подоцна, кога влезе во идеалната седморка на Мундијалот во Данска и Норвешка на позицијата десен бек. Во годините што следуваа, таа им приреди неповторливи уживања на македонските љубители на ракометот и со право се смета за нашата најомилена спортистка во последните 20 години.

3. Кире Лазаров

Десет години чекаше на повторен настап на едно големо натпреварување, а потоа сите сфатија за каков леворак бомбардер станува збор. Иако двапати претходно беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите, тоа не се споредува со 92-та гола постигнати на Мундијалот во Хрватска. Сепак, овој светски рекорд беше остварен во дресот на националниот тим.

4. Артим Шаќири

Погодете со која нога Шаќири ги изведуваше корнерите? Можеби, тоа немаше да остане толку впечатливо да не беше натпреварот во Саутемптон во 2002 година, кога тој ја затресе мрежата на Англија директно од корнер, се разбира, од левата страна. Еден од најголемите глобтротери во македонскиот фудбал ја заврши кариерата со 75 средби и со 15 гола за репрезентацијата.

5. Владо Илиевски

На македонската кошарка никогаш не и недостигале врвни плејмејкери и Илиевски само ја продолжи таа низа, иако не со очекуван придонес во националниот тим. Се чини, попочитуван во Словенија, каде што и семејно се скраси, отколку во Македонија, тој повеќе го докажуваше тоа на клупската сцена, носејќи го дресот на голем број европски гиганти, моментално на Ефес пилсен.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Август.2011 во 18:19

ТОП 5 НАД­МИ­НА­ТИ СПОРТ­СКИ ФЕ­НО­МЕ­НИ

Спор­тот е про­мен­ли­ва ка­те­го­ри­ја. Се ме­ну­ва­ат шам­пи­о­ни и пра­ви­ла, се пос­та­ву­ва­ат но­ви ре­кор­ди и тра­ди­ции. Имав­ме "зла­тен", па "среб­рен гол" на го­ле­ми­те фуд­бал­ски нат­пре­ва­ру­ва­ња, а број на учес­ни­ци и фор­ма­ти на иг­ра­ње од се­зо­на во се­зо­на се по­и­нак­ви. Та­ка, и во спор­тот во Ма­ке­до­ни­ја имав­ме про­це­си и фе­но­ме­ни, кои на свој на­чин ос­та­ви­ја пе­чат врз не­го, па со тек на вре­ме ги сне­ма. За не­кои од нив не нај­дов­ме за­ме­на.

1. Три­фун Кос­тов­ски

Се што ќе доп­ре­ше, го прет­во­ра­ше во шам­пи­он. Пр­во го нап­ра­ви жен­ски­от ра­ко­мет нај­по­пу­ла­рен и нај­ус­пе­шен спорт во Ма­ке­до­ни­ја, па мал­ку се пре­фр­ли на жен­ска­та од­бој­ка, па фуд­бал­ски­от клуб Ра­бот­нич­ки го пос­та­ви на здра­ви но­зе. Ко­га се оби­де да го пов­то­ри тоа и со Вар­дар, нап­ра­ви жи­вот­на греш­ка и од­лу­чи да се пов­ле­че од спор­тот. Ни­кој пред и по не­го не вло­жу­ва­ше во спор­тот со та­ков жар.

2. На­ту­ра­ли­зи­ра­ње ра­ко­ме­тар­ки

Пред­во­де­на од Кас­тра­то­виќ, Вел­ко­ва, Аб­ра­мо­ва, Ки­се­љо­ва и дру­ги Ср­бин­ки, Ру­син­ки, Ук­ра­ин­ки и Мол­дав­ки, па ду­ри и ед­на Кон­го­ан­ка, Ма­ке­до­ни­ја ста­на зна­ча­ен фак­тор во свет­ски­от ра­ко­мет, нас­та­пу­вај­ќи на пет мун­ди­ја­ли и на че­ти­ри ев­роп­ски пр­вен­ства. За пер­и­од од 15 го­ди­ни, по­де­лив­ме 30-ина др­жав­јан­ства, пос­лед­но на Дра­ги­ца Кре­со­ја во 2008 го­ди­на, а по­тоа се пре­фр­лив­ме на ва­тер­по­ло.

3. Пли­ва­чи со нор­ми на ОИ

До пред две олим­пи­ја­ди, Ма­ке­до­ни­ја во­оп­што не­ма­ше ди­ле­ми кој ќе ја прет­ста­ву­ва на нај­прес­тиж­на­та свет­ска спорт­ска ма­ни­фес­та­ци­ја. Ма­лен­ко, Ми­ла­ди­нов­ски, Меш­ков­ска, Бо­шев­ска, Сто­ја­нов­ска и дру­ги не че­каа ми­лост од МОК, ту­ку са­ми се из­бо­ру­ваа за нор­ми, и тоа во по­ве­ќе дис­цип­ли­ни. Пред три го­ди­ни, не­мав­ме ко­го да пра­ти­ме во Пе­кинг, па из­брав­ме по уба­ви­на.

4. Су­дии-ѕвез­ди

Неш­то ка­ко Пјер­лу­и­џи Ко­ли­на, Мар­јан и Дра­ган На­чев­ски се ре­док при­мер за су­дии кои во по­пу­лар­нос­та мо­жеа да се ме­рат со са­ми­те спор­тис­ти. Ма­ке­до­ни­ја и де­нес има су­дии во го­лем број спор­то­ви кои ре­дов­но во­дат ме­че­ви на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, но теш­ко де­ка мо­же­ме да им се се­ти­ме на ими­ња­та. Ма­ке­дон­ски­от ра­ко­мет и де­нес се пре­поз­на­ва ка­ко по Ки­ре, Пе­пи и Ин­ди­ра, та­ка и по На­чев­ци.

5. Ли­га-18, 16, 14...

Ко­га се фор­ми­ра­ше ма­ке­дон­ска­та фуд­бал­ска ли­га, се­кој са­ка­ше да учес­тву­ва во неа, ду­ри и Вар­дар­ски. За сре­ќа, бр­гу се уви­де де­ка баш и не рас­по­ла­га­ме со тол­кав фуд­бал­ски ква­ли­тет, па по са­мо ед­на се­зо­на, бро­јот на клу­бо­ви­те бе­ше на­ма­лен од 18 на 16. Во 1996 го­ди­на до­бив­ме ли­га-14, а од се­зо­на­та 2001/02 таа брои 12 еки­пи. И тоа, се чи­ни, е прем­но­гу, но ба­рем Вар­дар оп­ста­на.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2011 во 12:55
ТОП 5 ОТКАЖУВАЊА

Емерсон требаше да биде капитен на Бразил на СП 2002, но се повреди на еден тренинг изигрувајќи голман и ја пропушти животната шанса да стане светски шампион и прв да го крене драгоцениот трофеј. Тоа се тие непредвидливи моменти кои ги спречуваат спортистите во исполнувањето на нивните најголеми сништа, кои понекогаш им се случуваат непосредно пред да треба да истрчаат на терен.


1. Индира Кастратовиќ

Звучи чудно, но најдобрата македонска ракометарка никогаш не играла на европско првенство. Во периодот од 1997 до 2001 година, Македонија настапи на пет големи натпреварувања по ред, но на двете европски првенства Индира ја немаше во тимот. ЕП 1998 во Холандија го пропушти поради повредено колено, а две години подоцна не отпатува за Романија, откако среде подготовките објави дека е трудна.

2. Кирил Николовски

Лигаменти, менискус, препони, задна ложа... сето тоа спаѓа во редот на класични спортски повреди, ама да се пропушти европско првенство поради заб е веќе бизарно. Токму тоа му се случи на младиот центар на Фени индустри, кој беше вратен од Литванија, два дена пред почетокот на ЕП, зашто му се влошила состојбата со оперираниот заб.

3. Јана Николовска

Македонија имаше скромен тим од само тројца учесници на Зимските олимписки игри 2002 во Солт Лејк Сити, но само двајца од нив излегоа на снежните борилишта. Николовска имаше ретка можност да стане првата македонска скијачка која настапила на две олимпијади, но во тоа ја спречи повредата заработена на еден тренинг, па се повлече од велеслаломската трка.

4. Раде Стојановиќ

Она што требаше да биде круна на неговата кариера се претвори во кошмар. Од левиот бек се очекуваше да биде првотимец на Светското првенство во Хрватска, но, место тоа, првите пет меча ги преседе на трибините, а потоа селекторот Темелковски го прати дома. Без клуб шест месеци во пресрет на СП, тој тврдеше дека Стојановиќ не игра зашто е повреден, а дали нетрпеливоста помеѓу нив доведе до тепачка, остана мистерија.

5. Валентина Радуловиќ

Многумина потоа се прашаа дали женската ракометна репрезентација ќе избореше пласман на ОИ во Сиднеј доколку ја имаше Вале во тимот на СП 1999. Од тоа ја делеше само една победа, онаа над Романија во четврт-финалето, и факт е дека Македонија како да играше без лево крило на тоа првенство. Радуловиќ не можеше да помогне, откако претходно тешко го повреди коленото.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2011 во 16:31
ТОП 5 НЕКОГАШ И СЕГА

Македонија во четвртокот прослави две децении независност. Сепак, македонските екипи и во сезоната 1991/92 настапуваа во преполовените југословенски лиги, додека нашите национални селекции дебитираа на меѓународната сцена во 1993 година. Оттогаш, во некои спортови напредувавме и станавме препознатливо име, во некои стагниравме, а има и такви во кои ништо значајно не успеавме да направиме. Како фудбалот.

Една од ретките добри работи кои му се случија на македонскиот фудбал во изминативе 20 години. - Горан Пандев

1. Македонија - Словенија

Панчев, Најдоски, Канатларовски, Јаневски и друштвото ја растурија Словенија во Крањ со 4:1 на крилјата на тој историски момент за македонскиот фудбал. Осумнаесет години подоцна, Македонија е на 90., а Словенија на 23. место на ранг-листата на ФИФА. Ние се уште губиме од кого ќе стигнеме, а Словенците стигнаа да настапат на две светски и на едно европско првенство.

2. Македонија - Хрватска

Во времето кога хрватските кошаркари имаа квалитет да се носат и со дрим-тимот на САД, каков проблем им беше да победат една млада селекција како Македонија, иако 56 поени разлика навистина изгледаат нестварно. Осумнаесет години подоцна, хрватската јавност се потсети на тој момент, кога нејзината репрезентација не успеа да го помине првиот круг на ЕП во Литванија, за што дел од вината има и Македонија.

3. Ѓорче Петров - Хипо

Победата на, тогаш, анонимните ѓорчепетровки над, тогаш, неприкосновените Австријки од 20:16 засекогаш го смени македонскиот женски ракомет. Во него влезе Трифун Костовски и добивме европски првак. Денес, традицијата се обидува да ја продолжи тимот на Металург, но не со тој обем на трошење пари на големи засилувања. Затоа и Лигата на шампионите е се потешко достапна.

4. Македонија - Русија

Најдобрите македонски ракометари само што формираа репрезентација, а Русија имаше тим кој освои злато на ОИ, СП и ЕП, па поразот од осум гола разлика на "Трофеј Карпати" беше сосема поднослив. Шеснаесет години подоцна, Македонија се сретна со Русија во клучниот дуел од првата фаза на Мундијалот во Хрватска и успеа прерано да го прати дома славниот противник.

5. Македонија - Грција

Пред две години во Полска, повеќе се силевме отколку што навистина имавме некои шанси. Грците излегоа на терен со постудени глави и не прегазија за само десет минути. Разликата до крајот на мечот порасна до 32 поени. Срамно, но реално. Две години подоцна во Литванија - каква промена! Македонија - Грција 72:58! Ниту еден реванш во историјата на македонскиот спорт не бил вака сладок.





Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,438 секунди.