IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Шпанска Примера
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Шпанска Примера

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
Автор
Порака
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44207
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2011 во 11:26
Нека му ја мисли Барса сега
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2011 во 22:03
Ova ne e Chuck Noris... Ovoj na slikava se smee...
Incredible Blue
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44207
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2011 во 15:32
Како велеше шпенди шпонди во филмон со Лепа Брена
-Колико кошта ова куча?
-Није на продаји.
-Све је на продаји...
Па и насмевката на Чак имала добра цена изгледа
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 19:44

Фантастичен пресврт на Валенсија

Во првиот натпревар од шпанската Примера, Реал Сосиедад на гости го победи Спортинг Хихон, а стрелец на двата голови беше напаѓачот Иманол Агириче.

Валенсија беше пред пораз но на крај успеа да го совлада Сантандер кои имаа водство од 1:3. Солдадо ги донесе домаќините во водство уште во втората минута, но по неколку минути си постигна и автогол, а веќе по 14 минут Сантандер водеше со 1:2. Адриај во 56-та минута го постигна и третиот гол за гостите, но бргу возврати Рами. Во самиот финиш од натпреварот, Солдадо постигна уште два гола за голем пресврт и прва победа за Валенсија во новата сезона.

Бетис на гостувањето кај Гранада победи со единствениот гол на Кастро во финишот од натпреварот.

Спортинг Хихон - Реал Сосиедад 1:2
Де лас Куевас 69'п - Агириче 35', 65'
Валенсија - Расинг Сантандер 4:3
Солдадо 2', 88', 90', Рами 58' - Солдадо 6'аг, Акоста 14', Адријан 56'
Гранада - Бетис 0:1

Недела:
Атлетико Мадрид - Осасуна 12:00
Атлетик Билбао - Ваљекано 16:00
Хетафе - Леванте 18:00
Мајорка - Еспањол
Сарагоса - Реал Мадрид
Севиља - Малага

Понеделник:
Барселона - Виљареал 21:00



Валенсија - Расинг 4:3 да

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2011 во 00:08
Реал славеше со убедливи 6-0 кај Сарагоса

Реал%20славеше%20со%20убедливи%206-0%20кај%20Сарагоса
Реал Мадрид имаше блескав старт во новата сезона од Ла Лига и славеше со 6-0 на гостувањето кај Сарагоса, натпревар на кој Кристијано Роналдо постигна хет-трик
Роналдо, кој минатата сезона ја освои Златната Копачка на Европа благодарејќи на 40те погодоци во Ла Лига, ја започна новата сезона со ист стил.

Португалецот го отвори резултатот на гостувањето кај Сарагоса во 24та минута по асистенцијата на Месут Озил. Воедно ова беше 100от погодок на CR7 во дресот на Реал Мадрид.

Четири минути подоцна Марсело го донесе Реал во водство од 2-0, резултат со кој се отиде на полувреме.

Во 64та минута Чаби Алонсо упати прецизен удар по земја од околу 25 метри и го совлада голманот на Сарагоса за зголемување на предноста на Реал на 3-0.

Кристијано Роналдо во 71та минута се најде на вистинското место и по додавањето на Ди Мариа ја смести топката во празната мрежа.

Новолезениот Кака во 82та минута прецизно стрелаше за водство од 5-0 а во финишот на средбата Бразилецот му асистираше на Кристијано Роналдо за конечните 6-0.

Мајорка исто така забележа победа во воведниот натпревар, славејќи со минимални 1-0 во дуелот со Еспањол.

Де Гузман беше стрелец на единствениот погодок.

Атлетик Билбао во дуелот со новајлијата Рајо Ваљакано одигра само 1-1. Баскијците дојдоа во водство во 56та минута преку Итураспе но пет минути подоцна резултатот го изедначи Мовиља.

Со ист резултат заврши и средбата помеѓу Хетафе и Леванде.

Федор во 62та минута ги донесе домакините во водство но Хуналу во 77та минута се избори за бод за Леванте.

Во првиот натпревар што се одигра денеска, Атлетико Мадрид и Осасуна ремизираа 0-0.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2011 во 22:35

Победа на Реал (М) против Гетафе, Барселона одигра само 2:2 со Реал Сосиедад


“Машинеријата“ на Барселона, “зариба“ во вториот дел од натпреварот со Реал Сосиедад. Избраниците на Пеп Гвардиола, после десет минути игра со погодоците на Чави и Фабрегас имаа водство од 2-0. Како го направи водството Барса, така и го прокоцка во само две минути Агире и Гризман ја анулираа предноста и успеаја да и “скинат“ планирани бодови на актуелниот првак.

Киксот на конк*рентот беше добре дојден за фудбалерите на Реал Мадрид, кој со нови три бода остварени на домашен терен совладувајќи го Гетафе со 4-2 изби на чело на табелата. Французинот во дресот на “кралевите“ Карим Бензема два пати ја затресе противничката мрежа, Роналдо и Угаин по еднаш додека погодоците за Гетафе беа дело на Федор.

Резултати: Сосиедад - Барселона 2-2, Виљареал - Севиља 2-2, Реал Мадрид - Гетафе 4-2, Валенсија - Атлетико Мадрид 1-0.

Табела: Реал Мадрид 6 бодови, Валенсија 6, Барселона 4, Реал Сосиедад 4. . .


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 19:58

Барселона и Реал Мадрид покажуваат сила на домашен терен

По непријатните резултати, односно ремијата минатото коло, двата најдобри шпански клубови им се вратија на победничките патеки и тоа со убедливи триумфи пред своите гледачи. Иако сега засега изненадувачки Бетис е лидер на табелата во Примера, тоа набрзо би требало да се смени. Иако Реал Мадрид и Барселона она стартот од оваа сезона на два пати непријатно не изненадија, вчерашните нивни престави покажаа дека имаат намера повторно да се бидат најдоминантните сили во шпанскиот фудбал.

Барселона можеби на гостувањата постојано игра 2-2, но затоа на домашен терен на трите одиграни натпревари има гол разлика од 18-0. По Вилјареал и Осасуна, нова жртва на „Камп Ноу“ синоќа беше Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ водени од добрата форма на последните два натпревари се надеваа на добра игра и позитивен резултат и во Барселона, но домаќинот не мислеше така. Беше испукана нова „петарда“, која ја почна Вилја, потоа помогна Миранда со автоголот, а Меси ја заврши со хет-трик.

Реал Мадрид го пречека својот далеку помал градски ривал, кој добро го испоти фаворитот особено во првото полувреме. Гостите интересно поведоа уште во петнаесетата секудна од мечот, но во последните 7 минути од првото полувреме „кралевите“ направија пресврт преку Роналдо и Игуаин. Португалецот погоди од белата точка за 3-1, но гостите не се предадоа и постигнаа гол за намалување на негативата. Откако Ди Марија заработи втор жолт картон некои помислија дека ќе се повтори натпреварот против Леванте, кога Реал го доживеа првиот пораз сезонава. Сепак Французите Фаран и Бензема не дозволија никакво изненадување на „Сантијаго Бернабеу“. Точка на натпреварот и конечните 6-2 ги постави Кристијано Роналдо со неговиот втор гол од 11 метри.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 19:15

Нови победи за Реал и Барселона

Реал Мадрид со 4-1 славеше во дуелот со Бетис; Барселона рутински стигна до нови три бода по победата над Расинг

Бетис успеа да ја зачува својата мрежа во првото полувреме но веќе на стартот на вториот дел Реал Мадрид дојде во водство.

 

Марсело упати длабочинска топка за Кристијано Роналдо кој несебично го проигра Игуиан а напаѓачот не можеше да погреши и само рутински ја смести топката во небранетата мрежа.

 

По еден час игра Реал веќе имаше предност од 2-0. Роналдо одново асистираше но овој пат сите заслуги одат на адреса на Кака кој прекрасно ја пласираше топката на подалечната статива.

 

Во 69та минута гостите ја намалија предноста на Реал преку Молина но по само една минута Гонзало Игуан со својот втор гол на средбата ја врати предноста од два погодоци за домакините.

 

Аргентинецот потоа во 73та минута со мајсторски лоб удар одново се запиша во листата на стрелците и ги постави конечни 4-1.

 

Ова беше втор хет-трик во низа на Гонзало Игуаин откако напаѓачот три погодоци му даде и на Еспањол во минатото коло.

 

По оваа победа Реал Мадрид само неколку часа се најде на врвот во Ла Лига бидејќи Барселона лесно стигна до триумф од 3-0 над Расинг.

 

Вообичано Каталонците имаат проблеми по паузата за репрезентативни средби но Меси уште во 10та минута најави дека трите бода остануваат на Камп Ноу.

 

Напаѓачот на Барса најпрво двојно проигра со Иниеста, се протна помеѓу дефанзивците на Расинг а потоа го помина и голманот на гостите за на крајот рутински да ја смести топката во мрежата.

 

Чави го зголеми водството во 27та минута откако постигна за него невообичаен погодок со глава по нафрлената топка на Педро.

 

Конечните 3-0 беа поставени во 69та минута кога ударот на Андрес Иниеста заврши во стативата а прв до одбиената топка стигна Лео Меси и без проблем одново ја затресе мрежата на гостите.

 

Валенсија пропушти добра можност да прокнижи нови три бода и одигра 1-1 на гостувањето кај Мајорка и покрај тоа што имаше предност се до самиот финиш.

 

Во 38та минуга Лос Че дојде во водство преку Адил Рами. Беше изведен корнер од левата страна а во мешаницата најдобро се снајде францускиот интернационалец кој немаше тешка задача од само еден метар да ја турне топката во мрежата на домакините.

 

’Островјаните’ се изборија за бод во екстра периодот од вториот дел кога судијата покажа на белата точка а реализатор на најстрогата казна беше Хемад.

 

Средбите Хетафе-Виљареал и Гранада-Атлетико Мадрид завршија со почетниот резултат 0-0
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2011 во 22:22

Леванте конечно загуби, Реал Мадрид лидер во Примера


 

Веќе нема непоразена екипа во шпанската прва лига. Фудбалскиот клуб Леванте од Валенсија конечно “падна“ во 10. коло, откако беше поразен од Осасуна во Памплона со 2:0.

До вечерва Леванте беше лидер во Примера со 7 победи и две ремија, но по вечерашниот пораз, сега Реал Мадрид го превзема лидерското место со 25 бодови, пред Барселона со 24 и Леванте со 23. Вчера Реал минимално со 0:1 го совлада Реал Сосиедад во Сан Себастијан, додека Каталонците со 5:0 лесно се справија со Мајорка на Камп Ноу.

Осасуна “го реши“ Леванте уште во првиот дел со головите на Сехудо во 39. и Нино во 42. минута. Иако, во 59. минута беше исклучен стрелецот Сехудо, Леванте немаше сили за пресврт.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2011 во 06:26

Иниеста со 1,2 мил. евра го спасува Албасете

 
 

Еден од ретките шпански репрезентативци, кој е добредојден на сите стадиони во Ла Лига - Андрес Иниеста, уште еднаш го покажа своето големото срце. Фудбалски волшебник решил да го спаси својот матичен клуб Албасете со тоа што лично извадил од џеб сума од 1,2 милиони евра ви ја уплатил во касата на тимот.

Иниеста како дете во периодото од 1994 до 1996 година настапуваше во оваа екипа, каде беше забележан од Барса која го зема во нивните редови. Веќе 15 години по овој момент Андрес се уште се сеќава на добрите моменти во екипата каде почна да игра фудбал и реши да стане главен акционер во тимот, кој испадна од втората во третата шпанска лига.

Информацијата беше потврдена од потпретседателот на Албасете, Аурелио Миа. 27-годишниот фудбалер не сакал да зборува за износот на средства вложени во Албасете, но медиумите во Шпанија велат дека станува збор за сума од 1,2 милиони евра

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 15:41

Џинот Барса му се поклони на малиот Хетафе


Барселона му се поклони на малиот Хетафе. Во синоќешниот последен неделен натпревар од шпанската Примера "џинот" Барселона на гостувањето кај малиот мадридски тим од предградието Хетафе си замина без нити еден освоен поен.

Среќата беше сојузник на Хетафе кој во својата игра повеќе наликуваше на италијански катанаџо тим кој се бранеше со 10 играчи при константите напади на Барселона.

Во 67 минута од корнер Хетафе ги шокираше каталонците со погодок кој му донесе значајна победа а Барса сега заостанува 6 поени зад Реал Мадрид кој пак во градското дерби го победи Атлетико Мадрид со 4-1.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2012 во 23:40

Тешка победа на Реал Мадрид на гостувањето кај Мајорка


Реал Мадрид се изнамачи за да дојде до трите бода на гостувањето кај Мајорка.
 
Кралевите со пресврт во финишот од натпреварот славеа со 2-1.
 
Тимот на Мурињо не блескаше, играше борбено, но имаше потешкотии да биде опасен кон голот на домаќините.
 
Во 39. минута Хмад постигнува гол за водство на Мајорка од 1-0.
Пред крајот на првото полувреме, Серхио Рамос по удар со глава ја погоди пречката од голот на Мајорка.
 
Во вториот дел Жозе Мурињо додаде на офанзива, фрли се на една карта и на крајот тоа се исплатеше.
 
Натпреварот не помина без судиски грешки, во една ситуација Калехон беше соборен во шеснаесетникот на Мајорка, судијата не сметаше дека тоа е доволно за пенал, домаќините изведоа контра која беше прекината поради неправедно досуден офсајд.
 
Во 72. минута Реал Мадрид конечно израмнува на 1-1, асистенција на Озил, Игуаин реализира.
 
Реал Мадрид продолжуваше со нападите, Кристијано Роналдо со прекрасен шут ја погоди пречката од голот на домаќините.
 
На пет минути до крајот, по една мешаница топката дојде до Калехон кој ја смести во мрежата на Мајорка за водство и победа на Реал Мадрид од 2-1.
 
Во останатите денешни натпревари од Примера, Севиља одигра 0-0 на домашен терен против Еспањол, Ваљекано со 2-1 победи на гостувањето кај Гранада, Гетафе и Сарагоса одиграа 1-1.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2012 во 09:44

КОПА ДЕЛ РЕЈ: РЕМИ НА МЕСТАЉА







Иако не победија, повеќе причини за радост имаат Каталонците.


Валенсија и Барселона одиграа интересен прв натпревар во полуфиналето од Купот на Кралот. Барселона имаше повеќе шанси за гол, но може да биде задоволна што голманот Пинто не доби црвен картон во првото полувреме, откако играше со рака надвор од шеснаесетникот.


Како и да е први во водство дојдоа домаќините откако по центаршутот на Матје од левата страна, Жонас од околу 10-ина метри го совлада голманот на Барселона.


Водството на домаќините траеше само осум минути, кога Пујол, слично како и на натпреварот со Реал Мадрид, по еден корнер со глава го совлада голманот на Валенсија, Диего Алвеш.


До крајот Барселона имаше уште неколу убави можности за гол, а Меси ја пропушти најубавата кога промаши удар од белата точка. И Дани Алвес имаше убава шанса после асистенцијата од Меси, но неговиот удар заврши во стативата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2012 во 06:16

ronaldo 

Реал славеше со 4:2, најмногу благодарение на хет-трикот на Кристијано Роналдо, а неочекувано први до водство стигнаа гостите.

Сепак, Леванте им пружи отпор на „кралевите“ само четириесеттина минути, кога Ибора играше со рака во шеснаесетникот, доби втор жолт картон, а Кристијано Роналдо беше немилосрден од белата точка за 1:1.

Во второто полувреме набрзина се беше решено. Португалецот повторно стапи на сцена и со погодоците во 50-та и 57-та минута му донесе предност на Реал од 3:1.

До крајот на мечот Леванте успеа да намали на 3:2 со погодокот на Аруна Коне, но веќе во 66-та минута Бензема ги реши сите дилеми околу победникот кога ги постави конечните 4:2.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.