IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Шпанска Примера
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Шпанска Примера

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
окик Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај окик Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 22:36
Резултати
Денес
Сарагоса - Барселона 0-2
Реал Мадрид - Сантандер 6-1
35' Валенсија - Мајорка 0-2
Утре
17:00 Алмериа - Херкулес
17:00 Еспањол - Леванте
17:00 Гетафе - Спортинг Хихон
17:00 Осасуна - Малага
19:00 Севиља - Атлетик Билбао
21:00 Виљареал - Атлетико Мадрид
Понеделник
21:00 Сосиедад - Депортиво Ла Коруња
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2010 во 10:03

Реал го декласира Расинг

 
Извор: Макфакс

Реал Мадрид го декласира Расинг, Барселона очекувано победи во Сарагоса, а Мајорка направи вистински подвиг со победата во Валенсија. Ова е епилогот на првите средби од осмото коло во Примера дивизија.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10601
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 13:11
Виљареал продолжува со добрите игри во Примера Дивизија

Екипата на Виљареал го задржува чекорот на врвот на табелата откако во синоќешниот натпревар од 8.коло на Примера Дивизија славеше победа пред своите навивачи со 2:0 против Атлетико Мадрид.

Белег на колото во шпанската фудбалска лига сепак се четирите голови на Кристијано Роналдо во победата на Реал Мадрид против Сантандер од 6:1.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Сарагоса – Барселона 0:2, Валенсија – Мајорка 1:2, Хетафе – Хихон 3:0, Алмерија – Херкулес 1:1, Осасуна – Малага 3:0, Еспањол – Леванте 2:1 и Севиља – Атлетик Билбао 4:3.

Вечерва од 21 часот во последниот натпревар од колото играат Реал Сосиедад и Депортиво.

Табела: Реал Мадрид 20 бодови, Виљареал и Барселона по 19, Валенсија 16, Еспањол 15, Севиља 14,...
 
@ Конечно се разиграл Роналдоизненадување
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
окик Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај окик Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 19:58
Копа Дел Ре

Двојки
Денес
Мурчиа - Реал Мадрид
Сеута - Барселона
Утре
Логронес - Валенсија
Реал Унион - Севиља
Кордоба - Расинг Сантандер
Херкулес - Малага
Мајорка - Спортинг Хихон
Поли Ехидо - Виљареал
Португалете - Гетафе
Ваљадолид - Еспањол
Ксерез - Леванте
Бетис - Сарагоса
Универсидад - Атлетико Мадрид
Четврток
Алкоркон - Атлетик Билбао
Осасуна - Депортиво Ла Коруња
Сосиедад - Алмериа
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2010 во 05:19

Кристијано ги спласна надежите на херојскиот Херкулес


Реал Мадрид доста потешко од очекуваното со 3-1 го совлада тимот на Херкулес во натпревар од деветото коло на Примера кој се одигра на стадионот Хозе Рико Перес.

Трезеге го донесе во предност новајлијата во Примера со погодок во третата минута по што домаќините успешно оддолеваа на нападите на кралевите во текот на целото прво полувреме.

Но сепак големината на Реал се докажа во вториот дел кога најпрво Анхел ди Мариа во 52. минута а потоа и Кристијано Роналдо на два пати во 82 и 86. минута ја донесоа победата на белите по што Реал продолжува да биде лидер во Примера.

На денешниот натпревар уште еднаш се виде големината на Специјалниот, имено тој при резултат 1-1 го извади од игра Пепе, најслабата алка во белиот дрес и на негово место го пушти во игра Бензема.

Токму французинот беше творец на победата на кралевите со оглед на тоа што токму тој му асистираше на Роналдо на два пати за победничките погодоци.

При постигнувањето на првиот погодок на Кристијано Роналдо, специјалниот изведе уште еден специјален потег, во игра пушти двајца дефанзивци со што ја отстрани секоја можност за пробив кон Икер Касиљас.

На овој начин тимот на Реал Мадрид се справи со кошмарот на Барселона и продолжува да биде тимот без пораз на овој стадион во сите 20 натпревари, Херкулес покрај солидниот тим со кој располага сеуште се наоѓа во долниот дел на табелата.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10601
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2010 во 14:04
Победа на Мајорка во Примера Дивизија

Мадрид, 2 ноември 2010 (МИА) - Во последниот натпревар од деветтото коло во Шпанското фудбалско првенство, Мајорка синоќа пред своите навивачи ја совлада екипата на Леванте со 2:1 иако на полувремето губеше со 1:0.

Со новите три бодови Мајорка сега има вкупно 14 и се наоѓа на седмото место на табелата, а ист број имаат и шестиот Атлетико Мадрид и осмата Севиља.

Тимот на Леванте остана во долниот дел на табелата со 8 бодови на 17-тата позиција.

На чело на табелата се Реал Мадрид со 23 бодови, пред Барселона со 22, Виљареал 20, Валенсија 17,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2010 во 13:11
Алмерија го отпушти тренерот по катастрофалниот пораз од Барса
  
Алмерија го отпушти тренерот Хуан Мануел Лиљо веднаш по високиот пораз од Барселона од 8-0.
Барселона синоќа ја посрамоти екипата на Алмерија победувајќи ја на нејзин терен со фантастични 8:0.

По овој пораз Алмерија падна во зоната за испаѓање со само една победа и вкупно девет бода по првите 12 кола од Примера.

По катастрофалниот пораз од Барса, клубот се одлучи на експресен отказ за тренерот Хуан Мануел Лиљо.

"Причината е чисто спортска и доаѓа по лошите резултати на Алмерија во изминатите кола кој доведоа до тоа тимот да падне во зоната за испаѓање" - стои во соопштението на Алмерија.

Хуан Мануел Лиљо на клупата на Алмерија седна во декември минатата сезона кога отпуштен беше Хуго Санчез, со серија од добри резултати ја однесе екипата на 13 место и обезбеди опстанок.

 


Изменето од емил - 21.Ноември.2010 во 13:12
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2010 во 10:56
Ла Лига: Барса потврди дека е машина за голови
 
Шпанскиот шампион Барселона потврди уште еднаш дека е машина за голови и тоа на најтешкото гостување во изминатите пет години, кај градскиот ривал Еспањол, кој го сомле со 5-1
 

 
 

Каталонското дерби имаше поинаква најава, поради традиционално незгодните гостувања за Барса во последен период, како и ефективните седум од седум дома на Еспањол. Но сето тоа падна во вода, а Барса со по два гола на Педро и Давид Виља и еден на Чави покажа кој е кој во Ла Лига.

Барселона со победата, која беше обезбедена по само половина час игра, сега има пет бода повеќе од Реал Мадрид, чиј одговор се чека денеска од 21 часот на „Сантијаго Бернабе“ против Севиља.

Синоќа Валенсија се избори за победа на гости кај Реал Сосиедад во Сан Себастијан со победата од 2-1 со пресврт во 90 минута, кога Адуриз погоди за радост на „љиљаците“. Атлетик Билбао беше третиот гостин што се радуваше вчера по победата кај Леванте со 2-1, додека Ла Коруња на минута пред крајот испушти победа против Спортинг Лисабон, играјќи 1-1.

Честа на домаќините ја спаси Виљареал со победата над Мајорка на „Ел Мадригал“ со 3-1. Денеска покрај дербито во мадрид се играат и мечевите Алмерија - Гетафе, Осасуна - Сарагоса и Малага - Атлетико Мадрид, додека во понеделник играат Расинг Сантандер и Херкулес.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10601
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2010 во 12:39

Афелај, четири години во Барса

Фудбалерот на ПСВ Ајндховен, Ибрахим Афелај дефинитивно е нов член на екипата на Барселона и ќе го носи дресот на Каталонците во следните четири години. Афелај вчера го потпиша договорот така што е веќе јасно дека е првото засилување за лидерот во шпанскиот шампионат.

Афелај пристигна уште в четвртокот и тогаш ја имаше првата средба со новинарите. Сепак, откако ги мина прегледите можеше и официјално да биде претставен пред јавноста и веќе ги подели првите автограми во дресот на Барселона.

Афелај ќе биде член на барса во следните четири сезони. Тој потпиша договор на кој стои клаузула од 100 милиони евра така што е јасно дека оние што ќе сакаат ќе мора добро да платат за да го ангажираат.

"Свесен сум дека доаѓам во тим каде има неверојатно добри играчи. Сите позиции се одлично покриени и ќе биде навистина тешко да се изборам за место. Меѓутоа, јас не се откажувам и подготвен сум за работа. Ќе тренирам напорно и ќе се обидам да добијам колку е можно поголема минутажа. Јас сум задоволен што сум во овој клуб бидејќи кога ми се јавија понудата ја прифатив без размислување. Веднаш реков 'да' бидејќи вакво нешто не се одбива", изјави Афелај на прес-конферанцијата.

Холанѓанецот е свесен дека пред него е голем предизвик бидејќи тој треба да покаже дека е добар наследник на Коку, Клајверт, браќата Де Бур... Воедно и сите во Барселона веруваат дека Афелај може да покаже добри партии и да биде на нивото на другите ѕвезди од составот на Каталонците.

Број 20 на дресот

На вчерашната презентација беше соопштено и дека Ибрахим Афелај на својот грб ќе го има носи бројот 20.

Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10601
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2010 во 12:33
Ех, да не беше Барса... ќе имаше човекот помалку главоболкигазење%20од%20смеење

И кога нема натпревари во Примера, секогаш е интересно бидејќи сезонава во Лигата работи Жозе Мурињо, кој никогаш не знае за доста и постојано коментира и го привлекува вниманието на јавноста.

Овој пат коментарите се за 2010 година и за она што го разочара, посебно откако се пресели во Шпанија и седна на клупата на Реал Мадрид.

"Ех, да не беше Барселона се ќе беше далеку поубаво. Ако не загубевме на средбата на Ноу Камп годината ќе беше навистина перфектна за мене. Едноставно се друго сработивме одлично. Тој пораз ни остави 'црна дамка' на целата година", вели Мурињо.

Сепак, ова не е единствениот момент бидејќи има уште еден кој го стави на истото место како и големиот пораз од Барселона.

"Второто разочарување се случи во моментот кога не добив шанса да бидам селектор на Португалија на двете средби од квалификациите за ЕП во септември. Имав голема желба да се најдам на клупата, но клубот не ми дозволи. Сепак, не жалам премногу поради тоа бидејќи во принцип ова беше добра година за мене со само два лоши моменти", заврши Мурињо.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 12:30

Атлетико како шестти ја завршува полусезоната

Со натпреварот на Винсенте Кладерон каде Атлетико Мадрид ја пречека Мајорка, се колплетираше 19 коло во шпанското фудбалско првенство.

Трите бода ги освоиа домаќините откако по деведесет минути резултатот гласеше 3-0.

За домаќините погодуваа Валера во 12-тата, Форлан во 33-тата и Рејес во 93 минута од средбата.
Со вчерашниот триумф Атлетико се искачи едно место погоре на табелата во Примера и полусезоната ја завршува на шестата позиција
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 12:24

  

Барселона со головите на Педро, Иниеста и Меси со 3:0 го совлада Расинг.

Барселона многу брзо се опорави од поразот во Купот на Кралот од Бетис и практично се истури врз Расинг во Примера славејќи со 3:0. Стрелци за Барса беа Педро, Иниеста и Меси.

Каталонците сега имаат седум бодови предност во однос на Реал кој својот натпревар од ова коло го игра вечерва против Мајорка.

Уште во првото полувреме, Барселона ја најави убедливата и сигурна победа. Веќе во втората минута Педро го доведе својот тим во водство, а во 33.минута веќе беше 2:0, откако Меси беше прецизен од ударот од белата точка. По само десетина минути игра во вториот дел од мечот, Барселона го постигна и третиот гол преку Иниеста со што ги постави конечните 3:0.

Триесетгодишниот Баск Адуриз, кој во летниот преоден рок ја засили Валенсија од Мајорка, му донесе на својот тим несекојдневна победа на Местаља на дуелот со Малага. Гостите на овој меч два пати водеа, а потоа и губеa, за да на крајот имаa и бод во „џебот“, но сепак со погодокот во 90.минута Адуриз и донесе три бода на Валенсија за конечни 4:3.

Резултати и парови за 20.коло

Севиља – Леванте 4:1

(Фабиано 28п, 43, 68, Ескуде 39-Циско 58)

Барселона – Расинг 3:0

(Педро 2, Меси 33п, Иниеста 56)

Валенсија – Малага 4:3

(Мата 16п, Солдадо 53, Банега 67, Адуриз 90 – Рондон 10, 35, Баптиста 79)

Недела:

Хетафе – Еспањол

Сарагоса – Депортиво

Хихон – Атлетико

Алмерија – Осасуна

Реал – Мајорка

Виљареал – Сосиедат

Понеделник:

Билбао – Херкулес

Табела: Барселона /+1/ 55, Реал 48, Валенсија /+1/ 40, Виљареал 39, Еспањол 34, Атлетико 30, Севиља /+1/ 29, Билбао 29, Хетафе 27, Мајорка 27



Изменето од емил - 23.Јануари.2011 во 12:24
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10601
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2011 во 16:54
Валенсија избегна пораз против Расинг Сантандер

Фудбалерите на Валенсија успеаја да останат непоразени на последниот натпревар од 21.коло во шпанската Примера. По негативата во првото полувреме, тие на гостувањето кај Расинг Сантандер со голот на аргентинскиот интернационалец Коста Тино изедначија во 78.минута за конечни 1:1.

Аргентинец го постигна голот и за домашната екипа. Ариел Нахуелпан во 33.минута му донесе водство на Расинг Сантандер од 1:0.

На овој дуел беа покажани вкупно три црвени картони, еден за домашните и два за гостите.

Со освоениот бод Валенсија остана на четвртото место со 41 бод, зад Барселона која води со 58, Реал Мадрид со 51 и Виљареал со 45.

Сантандер е на 17.место со 21 бод, три повеќе од Леванте и четири повеќе од Алмерија и Малага кои се наоѓаат во зоната на испаѓање.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85164
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 07:50

Барселона полесно од очекувањата го совлада тимот на Атлетико на домашен терен со што оствари нов рекорд 16 победи по ред во шпанската Примера.

 

Благодарение на својот најдобар фудбалер Лионел Меси кој три пати се запиша во листата на стрелците, лидерот на табелата во Шпанија со својата претпознатлива игра лесно го совлада тимот на Атлетико. Со 16 победа по ред Барса го помина Реал Мадрид во рекордот по најмногу триумфи по ред од 1961 година кој изнесуваше 15. Барселона ќе има плус десет бодови предност пред Реал кој својот дуел го игра во недела на домашен терен со Сосиедат.

Од другите поинтересни дуели во Шпанија, Виљареал е непријатно поразен дома од Леванте со 0:1 со погодокот на Валдо на стартот на вториот дел, додека висок пораз доживеа тимот на Депортиво на гостувањето кај Гетафе со 4:1.

 

Шпанска лига, Примера - 22 коло

Сабота:

Атлетик Б. - Хихон 3:0 (Лопез а.г. 15', Токуеро 27', Љоренте 74')

Сарагоса - Расинг 1:1 (Бутахар 40' - Кристијан 14')

Гетафе - Депортиво 4:1 (Колунга 19', 26', Мику 45', Риос 57' - Рики п. 68')

Алмерија - Еспањол 3:2 (Силва 5', Уче 7', Бернардељо 18' - Верду 34', Алваро 49')

Осасуна - Мајорка 1:1 (Флањо 8' - Кастро 37')

Виљареал - Леванте 0:1 (Валдо 48')

Барселона - Атлетико М. 3:0 (Меси 17', 28', 84')

Недела:

Севиља - Малага (17 ч.)

Реал М. - Сосиедат (19 ч.)

Валенсија - Херкулес (21 ч.)

Табела: 1. Барселона 61, 2. Реал Мадрид 51 (-1), 3. Виљареал 45, 4. Валенсија 41 (-1), 5. Билбао 38, 6. Еспањол 37, 7. Атлетико М. 30, 8. Севиља 30 (-1), 9. Гетафе 30, 10. Сосиедат 28 (-1), 11. Мајорка 28, 12. Сарагоса 23, 13. Хихон 22, 14. Осасуна 22, 15. Херкулес 22 (-1), 16. Сандандер 22, 17. Депортиво 22, 18. Леванте 21, 19. Алмерија 20, 20. Малага 17 (-1).

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.