IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска Серија А
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска Серија А

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2010 во 14:28
Јувентус го доби дербито со Лацио

Во последниот натпревар од 16.коло во Италијанското фудбалско првенство одигран синоќа во Торино, Јувентус го совлада Лацио со 2:1. Победата на домаќините им ја донесе српскиот интернационалец Милош Красиќ со гол во последната минута од натпреварот, а новите три бода го искачија неговиот клуб на второто место на табелата со ист број на бодови како и Наполи и Лацио.

Водечкиот Милан со победата во ова коло кај Болоња има шест бодови повеќе во однос на најблиските конк*ренти за шампионската титулата.

Резултати од 16.коло во Серија А: Палермо - Парма 3:1, Удинезе - Фиорентина 2:1, Џенова - Наполи 0:1, Болоња - Милан 0:3, Бреша - Сампдорија 1:0, Каљари - Катанија 3:0, Лече - Киево 3:2, Рома - Бари 1:0 и Јувентус - Лацио 2:1.

Натпреварот од ова коло, меѓу Интер и Чезена, е закажан за 19 јануари 2011, поради настап на Интер на Светското клупско првенство кое се игра во Обединетите Арапски Емирати.

Прв на табела е Милан со 36 бодови, а по него следуваат Јувентус, Наполи и Лацио со по 30, Палермо и Рома имаат по 26.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2010 во 11:06

 

Во дербито на 17. коло во Серие А Рома со голот на играчот на Милан на позајмица во Рим, Марко Бориело успеа со 1:0 да слави на Сан Сиро над лидерот Милан.

 

Првенството во Италија стана уште поинтересно откако Рома успеа да го изненади Милан и да слави во гости со 1:0. “Росонерите“ и покрај овој пораз остануваат први со шест бодови предност над Лацио, Наполи и Јувентус, но таа разлика може да се преполови по средбите кои се играат во недела, кога овие три тима ги играат своите натпревари од ова коло.

Дербито беше одлучено во 68. минута, а го реши фудбалерот на Милан кој во Рома се наоѓа на позајмица, Марко Бориело. Во еден обид на Ингасио АбАте да ја испука топката од голманскиот простор десниот бек го погоди Бориело, а топката се одби зад грбот на Кристијан Абиати.

Ова е само втор пораз за МИлан на Сан Сиро оваа сезона, а пред Рома таму славеше и Јувентус. “Римјаните“ со оваа победа стигнаа до 29 бодови и се вклучија во борбата за највисок пласман.

Резултати и парови на 17. коло:

сабота:


Чезена - Каљари 1:0
(Хименез 17)

Милан - Рома 0:1
(Бориело 68)

недела:

Лацио - Удинезе (12:30)
Киево - Јувентус (15:00)
Бари - Палермо
Катанија - Бреша
Парма - Болоња
Наполи - Лече
Сампдорија - Џенова (20:45)

ТАБЕЛА: Милан (+1) 36, Лацио 30, Јувентус 30, Наполи 30, Рома (+1) 29, Палермо 26, Интер 23 ...



Изменето од емил - 19.Декември.2010 во 11:07
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2010 во 08:46
Лацио и Наполи ја намалија предноста на Милан, Јуве пропушти победа кај Киево
Лацио и Наполи го искористија поразот на Милан и ја намалија предноста на лидерот, Јувентус во последните моменти пропушти победа на гостувањето кај Киево.
Во интересен натпревар на Олимпико, Лацио славеше над Удинезе со 3-2 и се доближи до Милан на три бода откако Росоњерите во саботата загубија од Рома.

Лацио поведе уште во 2та минута со голот на Хернанес, по пет минути игра во вториот дел Удинезе израмни преку Санчез.

Во следниот напад Лацио со погодокот на Биава го врати водството, но во 61та ново израмнување, овој пат Денис стрелец за Удинезе.

На две минути пред крајот на натпреварот, Запата си постигна автогол за победа на Лацио од 3-2.

Три бода помалку од Милан има и Наполи кој минимално со 1-0 го совлада Лече на свој терен.

И овој пат херој на Наполи беше Кавани, тој пред самиот свиреж на судијата постигна убав гол за голема победа на својот тим.

Јувентус во последните моменти пропушти победа на гостувањето кај Киево, натпреварот заврши 1-1.

Домаќините први пропуштија шанса да дојдат во водство, Марколини не реализираше пенал во 16та минута од натпреварот.

Кваљарела постигна убав гол во 31та минута за водство на Јувентус од 1-0.

Можеби клучен момент за конечниот резултат беше 52та минута кога Џиандонато заработи црвен картон и го остави Јуве со 10 фудбалери.

Старата Дама се преорентира на одбрана, а таа пукна во 93та минута кога Пелисие постигна гол за 1-1.

Во останатите неделни натпревари од Серија А, Бари и Наполи одиграа нерешено 1-1, Катанија ја победи Бреша со 1-0, немаше голови на натпреварот помеѓу Парма и Болоња.

Градското дерби помеѓу Сампдорија и Џенова се оддложи.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 16:36
Бенитез официјално го напушти Интер

Рафаел Бенитез не е повеќе тренер на Интер. "Нероазурите" издадоа соопштение во кое се вели дека е раскинат договорот по меѓусебна согласност.

"Интер и Рафаел Бенитез се договорија за прекинување на соработката во договор од двете страни. Интер сака да му се заблагодари на Рафаел Бенитез за неговата работа на чело на тимот што доведе до освојување на Суперкупот на Италија и титула во Светското клупско првенство".

"Рафаел Бенитез му благодари на Интер за значајното и професионалното искуство и за заеднички остварените победи", стои во соопштението на клупскиот сајт. Интер сеуште не објави кој ќе биде наследникот на Бенитез, но се шпекулира дека најголеми шанси има поранешниот стратег на Милан, Леонардо.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 00:46
Moram da napisam ... ednostavno moram .... na domasen teren igraa kako bosi .... плазењеголема%20насмевка
 
Juventus vs Parma      1:4
 
 
 
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 01:06
aj ne gi precenuvaj... "bosi"...

Ko na stikli igraa... onie najvisokite... so masnicki ozgora, pa pazea da ne gi izvalkaat...
Incredible Blue
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 01:09
Hahahahahhahaa ... znaev deka ke se javis .... газење%20од%20смеење
 
... голема%20насмевкада
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 01:17
leee... samo da ispadne Milan u LS, kje vidis...
Incredible Blue
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 01:20
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:

leee... samo da ispadne Milan u LS, kje vidis...
 
 
Milan e vo LS ..... Zar ne ti e dovolno toa? плазењегазење%20од%20смеење
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 01:33
aj prebroj titulite, pa izvesti me koga kje gi stignat...
Incredible Blue
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2011 во 01:37
Ne se zivee od stara slava be ejjjjjjj ... i ne se raspravaj so mene ... sega kje ni vleta Shatz ... голема%20насмевка
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јануари.2011 во 07:03
Серија А: Домаќините без загубен бод, „волчицата“ скокна на второто место
 
Максимален ефект од три победи во три меча имаа италијанските фудбалски екипи на отварањето на 21 коло во Серија А, во кое Рома по победата над Каљари скокна на второто место на табелата
 

 
 

Иако многумина се сомневаа во способностите на „волчицата“ сезонава, особено по лошиот старт, Рома успеа да ја направи лигата уште поинтересна со победата синоќа со 3-0, и со тоа да ги прескокне првакот Интер, потоа градскиот ривал Лацио и Наполи.

Франческо Тоти од пенал во 22 минута, потоа Бразилецот Жуан во 70 минута со глава по еден корнер и на крај Жереми Менез на самиот истек на продолженијата, го постави конечниот резултат, по кој Рома им се одмазди на гостите од Сардинија за поразот на стартот на сезоната.

Парма со 2-0 на свој терен му посака добредојде на Диего Симеоне, легендата на Аргентина и Интер, на клупата на Катанија. Парма за пет минути во првата фаза од вториот дел го реши мечот кога Кандевра во 57 и Џовинко во 62 минута ја погодија мрежата на Сицилијанците.

Вториот тим од Сицилија, Палермо се измачи со Бреша, но успеа да ги освои трите бода со голот на Бово на три минути пред крајот. Денеска, Интер на начиот Горан Пандев ќе ја отвори програмата во колото со пладневниот дуел на „Фриули“ против незгодниот Удинезе, а колото продолжува со дуелите Сампдорија – Јувентус, Бари – Наполи, Болоња – Лацио, Киево – Џенова, Фиорентина – Лече (од 15 ч.) и ќе заврши со пресметката Милан – Чезена во 20:45 часот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2011 во 07:52

Матри го врати Јуве на победничкиот пат

    Тимот на Јувентус се врати на победничките патеки во Серија А откако успеа да слави со 3-1 на гостувањето кај Каљари во 24. коло.

    Херој на денешниот дуел беше новиот напаѓач на старата дама, Алесандро Матри, кој постигна два од погодоците за  Јувентус во 22. и во 75. минута од натпреварот а асистираше за третиот.

    Така, тој ги постигна првите погодоци за бјанконерите токму против својот поранешен погодок. Третиот погодок за гостите беше дело на Лука Тони во 83. минута од натпреварот. За Каљари прецизен беше Аквафреска во 50. минута.

    Ова претставува прв триумф за Јувентус во последните пет натпревари во сите турнири, во претходните четири дуели старата дама имаше еден нерешен исход и три порази.

    Успехот над Каљари му го доесе седмото место на Јувентус на табелата во Калчото со 38 поени, додека Каљари останува на 9. позиција со 32 поени во својот скор
    Кон врв
    емил Кликни и види ги опциите
    Сениор
    Сениор
    Лик (аватар)
    зависник идивидовски

    Регистриран: 11.Август.2009
    Статус: Офлајн
    Поени: 85179
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2011 во 08:42
    Супердербито во Милано, Пандев го гледаше од клупа
     
    Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев повторно беше само нем сведок и гледач на дербито на 24 коло и гостувањето на големиот лански ривал на „Џузепе Меаца“, Рома
     

     
     

    Тоа што доаѓањето на Пацини го најави, се оствари на теренот, па Пандев трет меч во низа не доби ниту минута, а Интер со спектакуларен напаѓачки фудбал, стигна до победа со која полека но сигурно се враќа во врвот. Интер ја совлада Рома со 5-3, па дополнително им се посреќи на „нераѕурите“ да ја намалат предноста на градскиот ривал Милан, кој претходно играше 1-1 во Џенова.

    Весли Снајдер со погодок уште во третата минута го отвори суперинтересното дерби, во кое Фабио Симплицио ја врати Рома со израмнувањето десет минути подоцна. Но, следеше клучниот исчекор на Интер ко победата, со три гола, прво на Самуел Ето во 35 минута, па од пенал во 63. минута, и на крај со играч повеќе преку Тиаго Мота.

    Сите веќе видоа сигурна победа, но Рома не се одкажа и со фудбалер помалку, па Мирко Вучиниќ и Лорија, најавија возбудлива завршница. Сепак, „волчицата“ немаше сили за повеќе, а Естебан Камбијасо на самиот крај погоди за конечни 5-3. Интер со триумфот стигна на само пет бода зад Милан и со меч помалку во однос на „росонерите“.

    Наполи профитираше од киксот на „росонерите“ и сега е на три бода зад Милан, откако на „Сан Паоло“, јужноамериканците Кавани и Соса погодија за лесна победа против Чезена. Во другите мечеви вчера беа постигнати следните резултати Бреша - Бари 2-0, Лацио - Киево 1-1, Лече - Палермо 2-4, Парма - Фиорентина 1-1.

    Милан води со 49 бода, следи Наполи со 46, Интер со 44 (-1), Палермо со 40, Удинезе со 40, Рома со 39 (-1), Јувентус со 38...

    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 9>
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,578 секунди.