IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска Серија А
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска Серија А

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
Автор
Порака
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2010 во 23:16
A sto slusam nesto strajkovi sprema asocijacijata na fudbaleri vo Italija...збунетост
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2010 во 11:39

Аутсајдерите се радуваа во Серија А

.

Вистинска катастрофа на Сардинија доживеа вицепрвакот Рома. Каљари ги совлада римјаните со 5:1. Двоен стрелец беше Матри, по еднаш за Каљари погодија Конти, Аквафреска и Лазари. Натпреварот го одбележа грубиот фаул на Бурдисо над Конти во 22 минута. Бурдисо заработи црвен картон, а Конти заврши во болница.

Чезена го изненади Милан, во чии редови играа Ибрахимовиќ и Робињо. Стрелци за новиот прволигаш беа Богдани и Џекарини

Кон врв
mariija Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 2459
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mariija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Септември.2010 во 11:41
Milanне
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 11:10

Бреша - Палермо 3:2

Катанија - Парма 2:1

Џенова - Киево 1:3

Јувентус - Сампдорија 3:3

Лацио - Болоња 3:1

Лече - Фиорентина 1:0

Наполи - Бари 2:2

Киево е единствената екипа со максимални 6 бодови, додека по 4 бодови имаат Каљари, Сампдорија, Чезена, Бари и Интер.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2010 во 06:43
Originally posted by gonzo gonzo напиша:

A sto slusam nesto strajkovi sprema asocijacijata na fudbaleri vo Italija...збунетост
 
 

Нема штрајк во Серија А?


Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Италија, Џанкарло Абате, очекува дека нема да дојде до најавениот штрајк на професионалните играчи во Серија А.

Абате се надева дека до предвидениот рок ќе биде најдено решение кое ќе ги задоволи двете страни.

„Крајно време беше да се разговара на оваа тема. Сепак во овој момент е најважно да се спречи штрајкот“, изјави Абате.

Асоцијацијата на италијанските фудбалери незадоволна од понудените услови за новиот колективен договор, пред неколку дена најави штрајк. Чекор на сопнување е одредбата во договорот, со која клубот може да одбие трансфер на фудбалер кој се наоѓа пред истекот на договорот.

Доколку решението не биде најдено штрајкот ќе се одржи на 25 и 26 септември

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 22:51

Пато повторно се повреди


Младиот напаѓач на Милан, Алесандре Пато и оваа сезона нема среќа со повредите.

Пато се соочи со тринеделна пауза откако се повреди на синоќешниот дуел во Лигата на шампионите, против Оксер.

Покрај Пато, дуелот со Оксер, на кој Милан победи со 2:0, пред време го заврши и Масимо Амброзини. Капитенот на екипата надвор од фудбалските терени, поради повреда на коленото ќе биде следните три недели. Од претходно во составот на Милан недостасува дефанзивецот Тијаго Силва.

Овие играчи ќе го пропуштат дуелот од третото коло во Серија А, во сабота на домашен терен, „росонерите“ ќе ја пречекаат Катанија

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 15:22
Наполи со пресврт до првата победа во Калчо лигата оваа сезона
 

По водството на Сампдорија од 1:0, фудбалерите на Наполи направија пресврт и стигнаа до првата овосезонска победа во Серија А. Двата гола за освојување на трите бода синоќа на гостувањето во Џенова во финишот на средбата ги постигнаа Марек Хамшик и Едисон Кавани.

Пресврт победа оствари и Интер на Сицилија против Палермо. Ето беше стрелец на два гола по водството на домаќинот во првото полувреме. Македонскиот интернационалец Горан Пандев го одигра речиси целиот меч и беше еден од подобрите кај „нероазурите“. Пандев кој брзо ја залечи повредата на коленото беше заменет во 88 минута.

Серија А, 3.коло резултати: Фиорентина – Лацио 1:2, Милан – Катанија 1:1, Бари – Каљари 0:0, Киево – Бреша 0:1, Чезена – Лече 1:0, Парма – Џенова 1:1, Рома – Болоња 2:2, Удинезе – Јувентус 0:4, Палермо – Интер 1:2 и Сампдорија – Наполи 1:2.

Табела: Чезена и Интер имаат по 7 бодови, Киево, Лацио и Бреша по 6 бодови...

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 15:23
Милан као по обичај дома ... голема%20насмевка слабо игра...
Интер ... на среќа ... врти утакмица во своја корист плазење
А Јуве почна да растура задоволство
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2010 во 15:06
Пораз на Јувентус

Во последниот натпревар од 4.коло од Серија А одигран синоќа во Торино, екипата на Јувентус доживеја нов пораз овојпат пред своите навивачи од Палермо со 3:1.

Гостите водеа со 3:0 со головите на Пасторе во 2.минута, на Иличиќ во 62.минута и на Бово на пет минути до крајот на натпреварот. Почесниот гол за „старата дама“ го постигна Јакинта во 87.та минута.

За екипата на Палермо ова беше прва победа во првенството и со 4 бодови се израмни со вчерашниот ривал Јувентус.




Изменето од Schatzii - 24.Септември.2010 во 15:08
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2010 во 23:40
 Интер остана прв, Лацио послаб со гол-разлика
 
И покрај поразот во Рим во судиското продолжение, фудбалерите на Интер сосе македонскиот репрезентативец Горан Пандев останаа лидери во италијанската Серија А
 

 
 

Интер остана прв поради поразите на двата „најголеми ривали“, Бреша и Киево, кои беа само еден бод зад првакот и имаа по девет бода. Лацио, кој го спречи Киево со победата во Верона од 1-0, сега е ко-лидер со Интер по број на бодови, но со послаба гол-разлика. Лацио е поранешен клуб на Пандев.

Мауро Зарате во средината на второто полувреме го реши победникот во Верона. Бреша, како гостин загуби со 1-2 во Бари, а Фиорентина успеа да ја забележи првата победа во сезоната со триумфот од 2-0 над Парма.

Палермо одигра 2-2 со Лече и се спасуваше од пораз во 93 минута. Гостите имаа водство и речиси сигурна победа поради тоа што водеа со 2-0, но упорните сицилијанци не се прердадоа. Сампдорија не го победи Удинезе и играше 0-0, а ниту Катанија не го искористи домашниот терен, ремизирајќи 1-1 со Болоња.

 

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 14:11
Лацио на врвот од Серија А,Интер и Јуве ги поделија бодовите

 

Во 181 дерби на Италија, Интер на „Џузепе Меаца“ одигра нерешено 0-0 против Јувентус.

Нашиот интернационалец Горан Пандев не беше во составот на нероазурите за овој натпревар.Нерешениот резултат им оди во прилог на Лацијалите кои се искачија на врвот на табелата со 13 бода ,два повеќе од Интер.

Проблемите за Рома и Фиорентина продолжија и во ова коло. Откако во претходното коло Рома успеа да го совлада Интер,  Наполи со триумфот од 2:0 над римската волчица, ја испрати на претпоследото место на табелата.

Фиорентина пак, во шестото коло го доживеа третиот пораз губејќи на свој терен од Палермо со 1:2.

Резултати  од  6. коло:
Лече - Катанија 1:0
Болоња - Сампдорија 1:1
Киево - Каљари 0:0
Фиорентина - Палермо 1:2
Џенова - Бари 2:1
Лацио - Бреша 1:0
Наполи - Рома 2:0
Интер - Јувентус 0:0

Во саботата:
Удинезе - Чезена 1:0
Парма - Милан 0:1

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
окик Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај окик Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2010 во 22:52
Резултати
Денес
Фиорентина - Бари 2-1
Утре
12:30 Парма - Рома
15:00 Болоња - Јувентус
15:00 Киево - Чезена
15:00 Џенова - Катанија
15:00 Лацио - Каљари
15:00 Лече - Бреша
15:00 Удинезе - Палермо
20:45 Интер - Сампдорија
Понеделник
20:45 Наполи - Милан
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 13:14
Наполи и Милан го играат дербито на осмото коло во Серија А

Со натпреварот меѓу Наполи и Милан што се игра вечерва од 20 часот и 45 минути ќе биде комплетирано осмото коло од италијанското фудбалско првенство.

Шампионот Интер синоќа одигра нерешено 1:1 со Сампдорија на домашен терен, а Горан Пандев во игра влезе во 63-та минута при резултат 0:1.
Водечката екипа Лацио ја продолжи успешната серија резултати, откако во Рим го совлада Каљари со 2:1.

На другите натпревари од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Парма – Рома 0:0, Болоња – Јувентус 0:0, Киево – Чезена 2:1, Џенова – Катанија 1:0, Лече – Бреша 2:1, Удинезе – Палермо 2:1 и Фиорентина – Бари 2:1.

Табела: Лацио 19 бодови, Интер 15, Милан 14 (натпревар помалку), Киево 13, Јувентус 12, Наполи 12 (натпревар помалку),...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2010 во 16:49

Бенитез ги обвини судиите за ремито со Сампдорија

Шпанскиот фудбалски стратег на клупата на Интер Рафаел Бенитез по ремито од 1:1 против Сампдорија во осмото коло од Серија А констатираше дека „судијата не си ја вршел својата задача според правилата“.

Спорниот момент за кој порашениот тренер на Ливерпул говори се однесува на воведниот гол на натпреварот, поточно за моментот кога Антонио Касано пред да му асистира на Стефано Губерти, го фаулираше Кристијан Киву.

Го контролиравме текот на натпреварот во кој Сампдорија својата прилика ја бараше низ контранападите. Тогаш примивме гол во кој Касано го фаулираше Киву. Видовте дека и самиот судија го забележа тоа. Знаеше дека тоа е прекршок. Нашиот натпревар го закомплицира тоа што судијата не си ја одработи својата задача.“

Фактот дека тимот постигнува повеќе голови во Лигата на Шампионите отколку во домашниот шампионат, Бенитез го објасни вака:

Италијанските тимови се тактички силни, а со самото тоа потешко е да се стигне до нивниот гол. Освен тоа, не ни помагаат ниту повредените Диего Милито и Горан Пандев. Кога целиот кадар ќе биде расположен, се ќе биде поедноставно.“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 9>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,484 секунди.