IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Германска Бундеслига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Германска Бундеслига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 00:02
Баерн и Баер во ЛШ


Во листата на стрелци се запиша и репрезентативецот на Македонија и капитен на Мајнц, Николче Новески


Откако Борусија (Д) ја освои шампионската титула во германската Бундеслига, остана во игра само прашањето кои клубови ќе ги осигураат местата кои водат во Европа и кој ќе се пресели во втората лига. Покрај "милионерите", кои можеа да си дозволат да загубат од Вердер во Бремен (2:0), Германија следната година во Лигата на шампиони ќе ја претставуваат уште Баер од Леверкузен и Баерн (М).

За разлика од "фармацевтите" кои освоија само еден бод во дербито со Хамбургер, баварците забележаа убедлива победа над повратникот во Втората лига, Ст. Паули (8:1).
- Ја исполнивме првата цел, го осигуравме местото за Лигата на шампиони. Се надеваме на нов кикс на Леверкузен. Ќе биде прекрасно ако завршиме на втората позиција, изјави привремениот тренер на Баерн (М), Андриес Јонкер.

Голем удел во триумфот на Мајнц против Шалке имаше и репрезентативецот на Македонија и капитен на тимот, Николче Новески, кој успеа да ја затресе противничката мрежа и да ги осигура трите бода на гостувањето во Гелзенкирхен.

Резултати: Баер (Л) - Хамбургер 1:1 (Кислинг 54' - Вестерман 2'), Ајнтрахт - Келн 0:2 (Чихи 24', Подолски 90' пен), Волфсбург - Кајзерслаутерн 1:2 (Манџукиќ 6' - Лакиќ 25', Амедик 44'), Борусија (М) - Фрајбург 2:0 (Ханке 80', Ројс 81'), Нирнберг - Хофенхајм 1:2 (Волшајд 16' - Фирмино 40', Сигурдсон 86'), Ст. Паули - Баерн М. 1:8 (Егер 78' - Гомес 10', 52', 86', ван Бујтен 32', Робен 54', 84', Рибери 78', 88'), Вердер - Борусија (Д) 2:0 (Силвестре 6', Пизаро 64'), Шалке - Мајнц 1:3 (Хунтелар 48' - Ширле 52', Холтби 83', Новески 85'), Штутгарт - Хановер 2:1 (Хајнал 58', Оказаки 61' - Штиндл 66').

Табела:

1. Дортмунд

33

22

6

5

64:21

72

2. Леверкузен

33

19

8

6

63:44

65

3. Баерн (М)

33

18

8

7

79:39

62

4. Хановер

33

18

3

12

46:44

57

5. Мајнц

33

17

4

12

50:38

55

6. Нирнберг

33

13

8

12

46:42

47

7. Хамбургер

33

12

8

13

45:51

44

8. Фрајбург

33

13

5

15

41:49

44

9. Хофенхајм

33

11

10

12

49:47

43

10. Кајзерслаутерн

33

12

7

14

45:49

43

11. Штутгарт

33

12

6

15

59:57

42

12. Вердер

33

10

11

12

45:58

41

13. Келн

33

12

5

16

45:61

41

14. Шалке

33

11

7

15

37:42

40

15. Волфсбург

33

8

11

14

40:47

35

16. Менхенгладбах

33

10

5

18

47:64

35

17. Ајнтрахт

33

9

7

17

30:46

34

18. Ст. Паули

33

8

5

20

34:66

29

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:40
Шалке доведе засилување од Мајнц

Екипата на Шалке го доби првото засилување за следната сезона, а се работи за австриксиот репрезентативец, Кристијан Фухс, кој игра на позицијата лев бек.

25-годишниот Фухс потпиша договор на 4 години, но останува непознато колкава е отштетата која ја добил неговиот поранешен тим, каде овој фудбалер имаше одлична сезоната.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2011 во 05:34
Бундес лигата стартува на 5. август

Новата сезона во германската Бундес лига ќе започне на 5. август со дуелот меѓу шампионот Борусија Дортмунд и Хамбургер, одлучено е  со ждрепката која се одржа денеска. Првиот дел од сезоната завршува на 18. декември, а втората половина од шампионатот стартува на 20. јануари, додека крајот на сезоната е на 5. мај следната година.

Парови за 1. коло Бундес лигата:
Борусија Дортмунд - Хамбургер
Вердер - Кајзерслаутерн
Хановер - Хофенхајм
Мајнц - Баер Леверкузен
Штутгарт - Шалке
Келн - Волфзбург
Аугзбург - Фрајбург
Херта - Нирнберг
Баерн Минхен - Борусија Менхенгладбах.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2011 во 22:07
Баер поуспешен од Вердер



Баер Леверкузен минимално со 1-0 славеше над Вердер во дерби-натпревар од второто коло од германската Бундес-лига. Стрелец на единствениот гол беше Кадлец четири минути пред крајот на мечот.
На табелата во водство се Мајнц на македдонскиот репрезентативен дефанзивец Николче Новески и Хановер со максимални 6 бодови. Штутгарт и Борусија Менхенгладбах имаат по четири поени, а осум екипи забележаа по една победа и еден пораз.
Резултати: Баер – Вердер 1-0, Кајзерслаутерн – Аугсбург 1-1, Волфсбург – Баерн 0-1, Хофенхајм – Борусија Д. 1-0, Хамбургер – Херта 2-2, Шалке – Келн 5-1, Нирнберг – Хановер 1-2, Фарјбург – Мајнц 1-2, Борусија Менхенгладбах - Штутгарт 1-1.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2011 во 19:47

keln-500

Вистински трилер меч одиграа Хамбургер и Келн, на кој славеа гостите со 4:3. Многу шанси, голови и пресврти беа видени на овој првенствен меч. Поведоа домаќините со голот на Петриќ во 11.минута од пенал, а по десет минути игра израмни Чихи.

По четири минути во вториот дел Келн поведе со голот на Новаковиќ со што направија целосен пресврт на дуелот. Радоста на гостите траеше десет минути бидејќи Рајковиќ му донесе изненадување на Хамбургер во 59-тата минута. За ново водство на домаќините се погрижи Сон во 62.минута, но тоа не беше доволно за победа.

Келн преку Клементс во 82-та и МекКена во 88-та минута повторно дојдоа до предност, но овој пат домаќините немаа време да се вратат резултатски на мечот.

Бундеслига 4.коло

Сабота:

Фрајбург – Волфсбург 3:0

/Барт 30, Јендришек 40, Макиади 60/

Хамбургер – Келн 3:4

/Петриќ 11 (п), Рајковиќ 59, Сон 62 – Чихи 21, Новаковиќ 49, Клеменс 84, МекКена 88/

Хофенхајм – Вердер 1:2

/Фирмино 37 – Арнаутовиќ 38, Розенберг 83/

Кајзерслаутерн – Баерн 0:3

/Гомез 37 (п), 55, 69/

Нирнберг – Аугсбург 1:0

/Есвајн 76/

Леверкузен – Дортмунд 18:30 ч.

Петок:

Херта – Штутгарт 1:0

Недела:

Хановер – Мајнц

Шалке - Мехенгладбах

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2011 во 00:15

Шалке минимално, реми во Хановер

Фудбалерите на Шалке ја совладаа екипата на Борусија Менхенгладбах, а Хановер и Мајнц ги поделија бодовите.

Хановер и Мајнц одиграа 1:1, а двата гола беа постигнати во првиот дел. Поведоа гостите уште во втората минута со голот на Алагуе, а израмни Абделауе по половина час. За екипата на Мајнц, 90 минути капитенската лента ја носеше нашиот репрезентативец Николче Новески.

На последниот натпревар од четвртото коло, Шалке со голот на шпанецот Раул ја совлада екипата на Борусија Менхенгладбах и освои нови три поени. Со третата победа по ред, Шалке им се приклучи на Баерн Минхен и Вердер на врвот на германската Бундес лига.


Хановер - Мајнц 1:1
Абделауе 30' - Алагуи 2'
Шалке - Борусија Менхенгладбах 1:0
Раул 64'


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2011 во 17:56
Хлеб во Волфзбург

Барселона потврди дека го испратила Александр Хлеб на позајмица во Волфзбург до крајот на сезоната.

Играчот, кој се чини, направи голема грешка со заминувањето од Арсенал одигра само 20-тина меча за Барса, а од 2009. година беше на позајмица во Штутгарт и Бирмингем. Волфзбург го врати за скромни милиони и пол евра.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2011 во 22:33

Манџукиќ го среди Шалке


http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/11/volfs-salke.jpg
Волфсбург со 2-1 го совлада Шалке во дерби дуелот од 5. коло во Бундес-лигата. Гостите поведоа преку Раул (13’), но домаќинот со двата погодоци на Манџукиќ (33’ и 82’) се избори за три бода. На вториот неделен натпревар, Нирнберг како гостин со 2-1 славеше во Келн.
Во саботата, Баерн ја покажа намерата да ја врати титулата во своите витрини со победата од 7-0 над Фрајбург, а рамо до рамо со Баварците е Вердер, кој во Бремен со 2-0 славеше против Хамбургер. 
Резултати: Волфсбург – Шалке 2-1, Келн – Нирнберг 1-2, Вердер – Хамбургер 2-0, Баерн – Фрајбург 7-0, Борусија Д. – Херта 1-2, Мајнц – Хофенхајм 0-4, Борусија М. – Кајзерслаутерн 1-0, Штутгарт – Хановер 3-0, Аугсбург – Баер 1-4. 
Табела: Баерн и Вердер 12, Борусија М. и Баер 10, Хофенхајм, Шалке и Нирнберг 9, Херта и Хановер 8, Штутгарт, Борусија Д. и Мајнц 7, Волфсбург 6, Фрајбург и Келн 4, Аугсбург и Кајзерслаутерн 2, Хамбургер 1 бод



I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 20:14
Баерн Минхен пресилен за Леверкузен, Дортмунд со пресврт до победа против Мајнц

Баерн%20Минхен%20пресилен%20за%20Леверкузен,%20Дортмунд%20со%20пресврт%20до%20победа%20против%20Мајнц
Баерн Минхен убедливо со 3-0 го победи Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд со пресврт славеше на гостувањето кај Мајнц, Шалке го победи Фрајбург.
Баерн Минхен со 3-0 победи во дерби натпреварот против Баер Леверкузен.

Победата на Баварците беше најавена уште во 5та минута кога по асистенција од Рибери, Милер го отвори резултатот.

Во 19та минута Рибери одново асистент, овој пат во улога на реализатор беше дефанзивецот Ван Бујтен.

Точка на натпреварот стави Аријан Робен пред самиот крај на натпреварот.

Борусија Дортмунд со пресврт во второто полувреме славеше на гостувањето кај Мајнц со 2-1.

Домаќините поведоа со голот на Милер во 33та минута, Перисиќ во 64та израмни на 1-1.

Пизчек во 90та минута постигна гол за комплетен пресврт и победа на Дортмунд од 2-1.

Нашиот репрезентативец, Николче Новески ги одигра сите 90 минути за Мајнц.

Шалке во Гелзенкирхен со 4-2 го победи тимот на Фрајбург.

Фарфан, Хунтелар, Холтби и Раул беа стрелци за домаќините, Сисе и Јендисек погодија за Фрајбург.

Во останатите вчерашни натпревари од Бундеслигата, Волфзбург со 1-0 го победи Кајзерслаутерн, Менхенгладбах со истиот резултат славеше над Нирнберг, Аугсбург и Хановер одиграа без голови.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2011 во 19:09

Деветта среќа за Аугсбург

 
Фудбалерите%20на%20Аугсбург%20ја%20прославуваат%20првата%20победа%20во%20Бундеслигата

Новакот во Бундеслигата стигна до првата победа во деветтото коло кое се одигра викендов. Бајерн продолжува суверено да гази, а Хамбург конечно се одлепи од самото дно на табелата.

 

Никој не може да го запре Бајерн Минхен во Бундеслигата. Во саботата „баварците“ извојуваа суверена победа од 4:0 над берлинска Херта. Два гола постигна Марио Гомез кој е на врвот на листата на стрелци со вкупно десет погодоци.

„Денеска одигравме одлично. Во моментов сме на добар пат, и доколку продолжиме со добри игри ќе ја освоиме титулата“, изјави Гомез.

Веднаш зад Бајерн, кој нанижа 22 поени, на табелата е екипата на Борусија Менхенгладбах со пет бода заостанување. Во рајнскиот дуел Борусија (М) одигра нерешено 2:2 против Бајер Леверкузен.

„Денеска пруживме добра тимска партија. Заслуживме и победа, но таков е фудбалот. Мораме да продолжиме на овој начин. Во секој случај покажавме дека сме добар тим, и доколку играме вака и натаму ќе победиме на уште многу мечеви“, изјави напаѓачот на Борусија (М), Марко Ројс.


Дортмунд се враќа во форма

На третото место е бранителот на титулата Борусија Дортмунд, која во петокот го совлада Вердер нагости со 2:0. Ист број бодови, 16, како и Вердер и Штутгарт. Во соседскиот дуел, Штутгарт беше подобар од Хофенхајм со 2:0. Фудбалерите%20на%20Бајерн%20Минхен

„На крајот победи тимот кој беше поорганизиран, а ние одигравме многу концентрирано во одбраната. Добро го запревме нападот на Хофенхајм, а ние одигравме квалитетно и ги реализиравме нашите шанси“, рече Мартин Харник од Штутгарт.

Новакот во лигата, Аугсбург ја забележа првата победа сезонава и воопшто во Бундеслигата. Пенал-ударот на Калсен Бракер беше доволен за победа од 1:0 на гостувањето кај Мајнц.

„Ние бевме единствениот тим во лигата без победа. Пред две недели доживеавме тежок пораз во Дортмунд. Тогаш одлучивме дека единственото што ни преостанува е да се бориме и тоа и го сторивме денеска“, изјави голманот на Аугсбург, Симон Јенч.

Уште еден чекор подалеку од кризата направи и Волфсбург кој го порази Нирнберг со 2:1. Според Ашкан Дежага од Волфсбург, тимот одиграл две различни полувремиња.

„Во првото полувреме игравме одлично, но правевме ситни грешки кои му овозможуваа на противникот да остане во игра. Во вториот дел бевме хаотични, но имавме среќа и ги освоивме трите бода“, изјави Дежага.

Големо изненадување во Гелзенкирхен

За големото изненадување на колото се погрижи тимот на Кајзерслаутерн кој нагости го совлада Шалке со 2:1. Освен изненадувачката победа, мечот го одбележаа и два црвени картони, по еден за двата тима. Лукас%20Подолски%20%28Келн%29%20го%20прославува%20голот%20против%20Хановер

Неизвесно беше и во Фрајбург, каде Хамбургер дојде до втората победа сезонава и се одлепи од дното на табелата. Фрајбург промаши безброј шанси, а на крајот и пенал, но тоа не ја намали радоста на гостите.

„Фрајбург можеби беше подобар противник и имаше чисти шанси. Но моите играчи веруваа во победата, а голманот Дробни имаше одличен ден“, рече привремениот тренер на Хамбургер, Франк Арнесен.

Веќе денеска, на тренерската клупа на големиот клуб од Хамбург ќе седне Торстен Финк.

Во неделата и тимот на Келн им приреди голема радост на своите навивачи по триумфот од 2:0 над Хановер. Двоен стрелец за третата победа во последните 4 меча, беше Лукас Подолски.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2011 во 22:29
Германскиот репрезентативец Лукас Подолски беше најзаслужен за победата на Келн од 3:0 над Аугсбург.

Пoдолски постигна два гола во триумфот на "јарците", а еднаш во листата на стрелци се запиша и Пешко.

Хамбургер и Кајзерслаутерн ги поделија бодовите (1:1). Домаќините од 23. минута останаа со фудбалер помалку по исклучувањето на Слободан Рајковиќ, кој доби директен црвен картон заради удирање со лакт.

Гостите тоа го искористија и поведоа во 38. минута преку Де Вит, но Хамбургер играше одлично во второто полувреме и со играч помалку изедначи преку Паоло Гереро.



Баерн - Нирнберг 4:0
Гомез 2', 69', Швајнштајгер 19', Рибери 39'

Шалке - Хофенхајм 3:1
Раул 28', Хунтелар 73'(п), 77' - Ибишевиќ 63'

Волфсбург - Херта 2:3
Манџукиќ 31', Шефер 84' - Рафаел 28', Кобијашвили 37'(п), Ласога 85'

Борусија Мехенгладбах - Хановер 2:1
Ројс 22', 51' - Погатец 26'

Штутгарт - Борусија Дортмунд 1:1
Ташчи 22' - Пишчек 45'

Мајнц - Вердер 1:3
Бунгерт 23' - Пизаро 29', Хунт 47', Продл 78'

Недела, 30. октомври:

Келн - Аугсбург 3:0
Подолски 19', 24', Пешко 56'

Хамбургер - Кајзерслаутерн 1:1
Гереро 65' - Де Вит 38'

Играно во петок:
Фрајбург - Баер Леверкузен 0:1

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 15:48
Шампионот ја доби битката за Вестфалија

Популарните „милионери“ продолжуваат да „газат“ се пред себе во германското првенство. Бранителот на титулата во Бундеслигата, Борусија Допртмунд, кончено успеа да се искачи на врвот од табелата во тековната сезона. Во дерби пресметката од рамките на 14-тото коло, актуелниот шампион ја доби битката за Вестфалија, совладувајќи го тимот на Шалке 04 од соседниот Гелзенкирхен со резултат од 2-0. Гостинскиот отпор беше срушен уште во 16-тата минута кога репрезентативецот на Полска, Роберт Левандовски, по асистенцијата на Марсел Шмелцер ја доведе домашната екипа во водство. Дилемите околу победникот беа разрешени после точно еден час игра од почетокот на натпреварот, откако Бразилецот, Фелипе Сантана, по една сомнителна акција, го потврди триумфот. 

Со новата победа, Дортмунд изби на првото место на табелата со 29 освоени бодови, односно еден повеќе во однос на Баерн Минхен, кој утре му гостува на Мајнц. Шалке засега останува на четвртата позиција со 25 поени на своето салдо.

Резултати од останатите натпревари:
Нирнберг – Кајзерслаутерн 1-0
Хофенхајм – Фрајбург 1-1
Аугзбург – Волфсбург 2-0
Херта Баер – Леверкузен 3-3
Хановер – Хамбург 1-1

Денес :
Вердер – Штутгарт
Мајнц – Баерн Минхен
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 13:53
Осминафинални натпревари во купот на Германија

Со осминафиналните натпревари во купот ќе биде завршена првата половина на фудбалската сезона во Германија.

Дербито на оваа фаза секако е дуелот во Менхебгладбах помеѓу Борусија и Шалке.

Лидерот во Бундес лигата, во есенскиот дел од шампионатот, Баерн Минхен, не би требало да има проблеми против Бохум, исто како и Борусија Дортмунд која за противник ќе го има Дизелдорф. Мајнц би требало да има најлесна задача од сите Бундес лигаши, екипата на Николче Новевски ќе гостува кај третолигашот Кил.   

Вторник, 20. декември:

Бохум-Баерн Минхен
Нинберг-Гројтер Фирт
Фортуба Дизелдорф-Борусија Дортмунд
Хофенхајм-Аугзбург

Среда, 21. декември:

Херта-Кајзерслаутерн
Кил-Мајнц
Борусија Менхенгладбах-Шалке 04
Штудгарт-Хамбургер



Изменето од емил - 19.Декември.2011 во 13:54
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2012 во 07:38

Баерн се подалеку од титулата

Во дерби натпреварот од 24. коло на Бундеслигата, Баер Леверкузен на домашен терен славеше со 2:0 над Баерн Минхен.


Баерн се подалеку од титулата


Фрајбург се погрижи за изненадувањето, откако пред своја публика го порази Шалке со 2:1. Погодоците за домаќините ги постигнаа Фрајс и Калигури, а Пуки го даде единствениот гол за гостите.„Фармацевтите“ до триумфот стигнаа во финишот на мечот, кога прво Кислинг постигна погодок во 79. минута, а Беларби во 90. минута ги нокаутира „баварците“.

Штутгарт го декласира Хамбургер со 4:0, а два гола од пенал постигна Кузмановиќ, додека во листата на стрелци се запишаа и Ибишевиќ и Харник

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.