IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Германска Бундеслига
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Германска Бундеслига

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2010 во 15:12

Мајнц изненадува голема%20насмевка фаворитите по 4 кола во сенка , се надевам после долга пауза ... "Милионерите" оваа сезона ќе се тркаат до крај за шампионската титула голема%20насмевка

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 10:49
Мајнц пред нов предизвик во Бундес лигата

Водечката екипа во Бундес лигата Мајнц, каде капитенската лента ја носи македонскиот репрезентативец Николче Новески во рамките на 5.коло пред своите навивачи игра со тимот на Келн, кој во претходното коло остана не поразен во дуелот со Баерн Минхен.

Покрај овој натпревар вечерва се играат уште два во Бундес лигата, а двојките се: Хофенхајм – Баерн и Хановер – Вердер.

Утре се играат другите шест натпревари од ова рунда, а двојките се: Баер Леверкузен – Ајнтрахт,
Борусија Дортмунд – Кајзерслаутерн,
Хамбургер – Волфсбург,
Борусија Менхенгладбах – Сент Паули,
Фрајбург – Шалке и
Нирнберг – Штутгарт.

На врвот на табелата е Мајнц со максимални 12 бодови, пред Хофенхајм со 10, Борусија Дортмунд и Фрајбург имаат по 9,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2010 во 12:33
Петта победа за Мајнц во Бундес лигата

Берлин, 22 септември 2010 (МИА) - Најголемото изненадување во Бундес лигата на почетокот од оваа сезона, екипата на Мајнц во чии редови македонскиот репрезентативец Николче Новески е капитен ја постигна и петтата победа во 5.коло.

Синоќа на домашен терен Мајнц со двата гола на Холтби го победи Келн со 2:0.

Со многу среќа и гол во судиското надополнување првакот Баерн славеше на гостувањето кај Хофенхајм. Домашните водеа од првата минута, но холандскиот репрезентативец Ван Бујтен на „баварците“ им донесе три големи бодови.

Во последниот натпревар кој се одигра синоќа од ова коло, Хановер го победи Ведер сo 4:1.

Колото ќе биде комплетирано со вечерашните шест дуели: Баер Леверкузен – Ајнтрахт, Борусија Дортмунд – Кајзерслаутерн, Хамбургер – Волфсбург, Борусија Менхенгладбах – СентПаули, Фрајбург – Шалке и Нирнберг – Штутгарт.

Со максимални 15 бодови Мајнц и по ова коло ќе биде осамен на првата позиција.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2010 во 12:41

Мајнц растураат со победи,изненадување баш ми е мило што Македонец игра во оваа екипада ...

Баерн едвај доаѓа до победа, ако продолжат вака ќе завршат некаде на средина на табелататрепкање
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2010 во 12:42
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

Мајнц растураат со победи,изненадување баш ми е мило што Македонец игра во оваа екипада ...

Баерн едвај доаѓа до победа, ако продолжат вака ќе завршат некаде на средина на табелататрепкање
 
Да, дојдоа до победа со дупли офсајд... не (можеби ја гледаше утакмицата...среќа)
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2010 во 12:46
Зборуваш за натпреварот Баерн - Хофенхајм?
Гледав малку на почетокот, видов дека губат и ги баталивхи,%20хи...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2010 во 11:23
Немаме шанси за титула!

Келн е "прегазен" со 2:0, а Мајнц продолжува да прави чуда. "Пет од пет" за тимот чиј капитен е нашиот Николче Новески. Од ден на ден клубот ја пишува својата историја, но во Мајнц се свесни дека оваа убава приказна нема вечно да трае. Сите во клубот, во градот уживаат во сегашноста и во успесите, а Германија е фокусирана во Мајнц чии резултати, победи и игри се за големи пофалби.

"Македонски спорт" е на линија со капитенот чиј тим е единствениот со перфектен старт во најсилните лиги во Европа.

"Убаво е да се победува, но и да се биде прв во една лига која според бројот на публиката е најдобра во Европа. Келн е нашата нова жртва. Во тимот с4 е нормално, без некои големи еуфории. Свесни сме дека имаме добар старт, но исто така сме свесни дека далеку сме од титулата. Немаме шанси затоа што големите клубови ќе излезат од кризата. Ние мислиме од натпревар во натпревар и не гледаме толку далеку. Има уште многу да се игра од сезоната затоа што сега е само почеток...", изјавува Новески, кој на дуелот со Келн повторно блескаше во одбраната која не дозволи да се тресе мрежата на нивниот тим.

Што сега, како понатаму!? Новески е оптимист и најавува:

"Главниот испит доаѓа в сабота. Гостуваме на Баерн во Минхен. Одиме без притисок и без оптоварувања дека мора да се победи. Само со таква психологија може да стигнеме до нова сензација. Врвот на табелата е убав, но тој не ни дава дополнителен притисок", коментира македонскиот репрезентативен стопер кој со неговиот тим во моментов се вистинско фудбалско чудо. Серија од пет победи, и тоа против силни противници. Секоја чест за Мајнц, но и за нашиот Новески.
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2010 во 15:13
Мајнц гостува кај шампионот Баерн

Берлин, 24 септември 2010 (МИА) - Екипата на македонскиот репрезентативец Николче Новески која се наоѓа на првото место на табелата во Бундес лигата утре го има најтешкиот испит по серија од пет победи по ред во новото првенство. Мајнц гостува на „Алијанц Арената“ кај шампионот Баерн Минхен, тим кој на стартот игра во променлива форма пред се поради повредите на клучните играчи. Почетокот на дербито е во 15:30 часот.

Инаку, 6.коло во Бундес лигата ќе биде отворено вечерва во 20:30 часот со дуелот меѓу Келн и Хофенхајм.

Утре во терминот од 15:30 покрај Баерн – Мајнц играат уште: Шалке – Борусија Менхенгладбах, Штутгарт – Баер Леверкузен, Ајнтрахт – Нирнберг, Сент Паули – Борусија Дортмунд, Вердер – Хамбургер (18:30).

Колото ќе биде комплетирано в недела со натпреварите Волфсбург – Фрајбург и Кајзерслаутерн – Хановер.

Табела: Мајнц 15 бодови, Борусија Дортумнд 12, Хофенхајм и Хановер по 10, Фрајбург 9, Хамбургер, Баер Леверкузен и Баерн по 8,... < = =text/>spodeli();
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Izzy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 161
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Izzy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2010 во 04:36
Sho se deshava so Schalke 04? Potroshija milioni, a rezultati nikade nema. Pocnuva da me fakja zal za Huntelaar i Jurado
UNITED!! UNITED!! UNITED MACEDONIA!!!!
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Септември.2010 во 10:35
Хановер го победи Кајзерслаутерн во последниот натпревар од 6.коло во Бундес лигата

Екипата на Хановер оствари победа на гостински терен против Кајзерслаутерн во последниот натпревар од 6.коло во Германското фудбалско првенство и изби на третата позиција на табелата.

Во вториот вчерашен дуел Волфсбург на свој терен славеше против Фрајбург со 2:1.   

Лидерот на табелата во Бундес лигата, Мајнц ја продолжи серијата победи во новото првенство и во рамките на 6.коло како гостин го совлада шампионот Баерн со 2:1. На „Алијанц арената“ Мајнц во два наврати водеше против првакот и сосема заслужено стигна до нови три бода. Капитенот на Мајнц, македонскиот интернационалец Николче Новески, го одигра целиот натпревар.

На другит саботни натпревари беа постигнати следниве резултати: Шалке – Борусија Менхенгладбах 2:2, Штутгарт – Баер Леверкузен 1:4, Ајнтрахт – Нирнберг 2:0, Сент Паули – Борусија Дортмунд 1:3, Вердер – Хамбургер 3:2.

Во петокот, Келн – Хофенхајм 1:1.

Табела: Мајнц 18 бодови, Борусија Дортмунд 15, Хановер 13, Хофенхајм и Баер Леверкузен имаат по 11, Волфсбург и Фрајбург по 9,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Октомври.2010 во 18:52
Мајнц продолжува со победничкиот од; Шалке повторно поразен
Мајнц изпишува нова историја, откако попладнево го совладаа Хофенхајм со 4-2 и стигна до седмата последователна победа, Шалке повторно загуби овој пат на гостувањет кај Нирнберг со 2-1

Лидерот во шампионатот на Германија на своето конто прокнижи уште нови три бода откако на домашен терен славеше со 4-2 во дуелот со Хофенхајм.

Со оваа победа Мајнц испишува историја бидејќи го изедначи најдобриот старт во Бундеслиага со седум последователни победи на Баерн Минхен од 1994 година, кој беше повторен од Кајзерслаутерн во 2001.

Тимот, чиј капитен е нашиот Николче Новевски стигна во водство по само две минути игра откако напаѓачите на Мајнц одлично избегнаа една офсајд стапица и Сами Алагуи ја затресе мрежата на Хофенхајм.

Во 41та минута Хофенхајм успеа да стигне до изедначување благодарејќи на погодокот на Демба Ба.

Но во второто полувреме домакините се погрижија да не го расипат 100% учиник во Бундеслигата.

Во 47та минута Адам Шалаи прецизно реализираше една полу-контра за водство од 2-1 а по еден час игра Мајнц имаше и предност од два погодоци благодарејќи на погодокот на Луис Холтби.

Хофенхајм во 64та минута го намали водството на Мајнц на 3-2 откако Гилфи Сигурдсон прекрасно биеше од слободен удар.

Но неизвесноста на натпреварот беше решена на 15тина минути пред крајот кога Хофенхајм остана без фудбалер а Ширле го зголеми водството на Мајнц на 4-2 со удар од белата точка.

Мизеријата на Шалке продолжува откако тимот на Феликс Магат загуби на гостувањето кај Нирнберг.

Шалке нешто помалку од 40 минути играше со играч помалку откако во 53та минута Џонс го заработи својот втор жолт картон.

Домакините ја искористија бројчаната предност и Мике Франтц го донесе тимот на Нирнберг во водство во 63та минута откако гостите лошо поставија една офсајд стапица.

Но и со играч помалку, Шалке преку Клас Јан Хунтелар во 74та минута стигна до изедначување. Сепак на пет минути до крајот Волф постигна погодок вреден три бода за Нинберг.

Хамбургер со пресврт во вториот дел стигна до победа пред своите фанови во дуелот со Кајзерслаутерн.

Гостите рано дојдоа до водство уште во третата минута преку Срџан Лакиќ а во првиот дел имаа уште неколку 100% шанси да го зголемат водството.

Откако не успаа во тоа, Хамбургер во последните 20 минути од натпреварот направи комплетен пресврт.

Најпрво Гојко Качар во 70та минута го изедначи резултатот за во 84та минута Чупо Мотинг да ги постави конечните 2-1.

Победа на домашен терен забележа и Фрајбург во дуелот со Келн. По десетина минути игра домакините имаа предност од два гола благодарејќи на Росентал.

Мохамед во 22та минута го намали водството на Фрајбург а во 50та минута Келн стигна до изедначување пеку Матушик.

Но Сисе во 70та минута повторно го врати домашниот тим во водство, резултат што Фрајбург го задржа до последниот свиреж на судијата.

Волфзбург од гостувањето кај Борусија Менхенгладбах заминува со бод. Томас Каленберг во првиот дел им донесе на гостите предност но Торбен Маркс во 65та минута го изедначи резултатот.

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2010 во 10:20
Дербито на 7.коло на Бундес лигата за Борусија Дортмунд

Екипата на Борусија Дортмунд освои нови три бодови и го задржа чекорот со водечкиот на табелата во Бундес лигата, откако во дербито на коло за десет минути го скршија отпорот на шампионот Баерн Минхен и победија со 2:0.

Но, хит на првенството и натаму е Мајнц каде капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески. Лидерот во седмото коло ја постигна седмата победа, овој пат над Хофенхајм со 4:2.

На другите натпревари од 7.коло постигнати се следниве резултати: Штутгарт – Ајнтрахт 1:2, Баер Леверкузен – Вердер 2:2, Фрајбург – Келн 3:2, Хамбургер – Кајзерслаутерн 2:1, Борусија Менхенгладбах – Волфсбург 1:1, Нирнберг – Шалке 2:1, Хановер – Сент Паули 0:1.

Табела: Мајнц 21 бод, Борусија Дортмунд 18, Хановер 13, Баер Леверкузен и Фрајбург по 12, Хофенхајм и Хамбургер по 11,...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Октомври.2010 во 16:52

Бекенбауер се сомнева дека Баерн може да ја одбрани титулата

 
Извор: АP

Легендата на германскиот фудбал, Франц Бекенбауер, смета дека Баерн Минхен има минорни шанси оваа сезона да ја одбрани шампионската титула.

Почесниот претседател на Баерн вели дека „ќе биде тешко да се одбрани титулата, бидејќи во овој момент Мајнц има предност од 13 бодови“.

По седум одиграни кола во Бундес лигата, екипата на Баерн Минхен се наоѓа на дванаесеттото место на табелата.

Бекенбауер во интервју за весникот „Билд“ ја критикуваше играта и тактиката на тренерот Луј ван Гал.

Легендарниот капитен на Германија стравува дека до зимската пауза Баерн може да ја зголеми негативата зад водечките екипи

Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2010 во 18:52
Осмо коло во германското фудбалско првенство

Со натпреварот Келн - Борусија Дортмунд, вечерва од 20 часот и 30 минути почнува 8.коло во Бундес лигата.

Лидерот Мајнц во чии редови капитен е македонскиот репрезентативец Николче Новески утре пред своите гледачи игра со Хамбургер во обид да ја продолжи серија од седум последователни победи.

На другите утрешни натпревари кои започнуваат во 15 часот и 30 минути играат: Баерн Минхен – Хановер, Шалке – Штутгарт, Вердер – Фрајбург и Сент Паули – Нинберг.

Во утрешниот термин од 18 часот и 30 минути Волфсбург го пречекува Баер Леверкузен.

За в недела се закажани два натпревари.
Од 15 часот и 30 минути Кајзерслаутерн е домаќин на Ајнтрахт, додека два часа подоцна играат Хофенхајм и Борусија Менхенгладбах.

На табелата по седум одиграни кола со максимални 21 бод води Мајнц, а по него следуваат, Борусија Дортмунд 18, Хановер со 13, Баер Леверкузен и Фрајбург со по 12...
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.