IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Филмски вести ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Филмски вести ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
XStrongAngelX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
секојдневна форумџика

Регистриран: 15.Август.2010
Локација: Argentina
Статус: Офлајн
Поени: 126
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај XStrongAngelX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Филмски вести ...
    Испратена: 16.Август.2010 во 13:35
Izleze nov film Dolina na volcite Irak vo koi glavni ulogi se Seherezad od 1001 nok i Polat od Dolina na volcite ne e laga ako postoi vakva tema slobodno izbrisete ja 

 



eve video http://www.youtube.com/watch?v=RUUZi9tjnbI&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=6NaO6DU4D3I&feature=related

Изменето од zamislena - 16.Август.2010 во 19:29
Дедо мраз злато
мое љубов неверна
неможам без тебе за нова година
Дедо мраз злато мое
жива превара
сал не моташ пак не заеба

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Август.2010 во 19:26
 Еве  нека има и една ваква тема ....во која би
ги ставале најновите вести од областа на филмот...
... актери..актерки ..кој, која, и каква  улога  има ....кој со кого снима .................среќа
 
.............
 
 
 
Betsy Russell....  глумицата која играше во последните пет филмови
 од областа на хорор жанрот ..најавува дека е можно снимање и на
осмиот дел од ... Saw .....серијалот ....
..Сепак сценаристите  кажуваат нешто друго .. двете последни
приказни ќе ги спојат во ..... 'Saw 3D'  ....  и тоа ќе биде последниот
филм од овој серијал .....  барем сега за сега .....а во кино салите ќе
биде пуштен   Октомври месец  2010 ....
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 16:10
 
 ..Една  трач..вест за ... ... Мојот  Омилен  Актер .....црвенеење
 
 
Во последно време Mel Gibson е во центарот на внимание поради препукувањата со својата поранешна жена Oksana Grigorieva со која се бори за старателството над нивната 9 месечна ќерка Lucia.

Покрај многуте конфликти со полицијата, и со неговите расистички изјави сега повторно е на првите страни на медиумите поради сообраќајната несреќа во која го искрши своето Maserati во Малибу!

Актерот кој има 54 години бил сам во автомобилот кога ја загубил контролата во еден од опасните свиоци и излетал во надвор од патот во карпите.

Иако автомобилот го искршил тој е неповреден, полицијата направила алхо-тест на кој се покажало дека Gibson е трезен, поради неговото минато кога често возеше под дејство на алхокол.

 
 
 
 
 
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 17:42
filmot,..t.e....bioskopite,...odamna se izumreni,....tuka!


ochigledno deka ,..na ovdeshnava maldina,..vishe im lezi tegnebje coca-cola ili malo pivo,..dva saati,...

...otkolku gledanje film ,..

Изменето од brza - 17.Август.2010 во 17:43
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
XStrongAngelX Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
секојдневна форумџика

Регистриран: 15.Август.2010
Локација: Argentina
Статус: Офлајн
Поени: 126
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај XStrongAngelX Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2010 во 18:03
http://gordonandthewhale.com/wp-content/uploads/2010/02/new-low-sundance-2010-movie-poster.pngnov film na TV1000 sniman vo 2009 god a pusten 2010(nezz tocno koj datum) голема%20насмевка
Дедо мраз злато
мое љубов неверна
неможам без тебе за нова година
Дедо мраз злато мое
жива превара
сал не моташ пак не заеба

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2010 во 23:44
 
Една од најубавите жени на светот, популарната американска актерка Анџелина Џоли не изгледа лошо ни како маж. 

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли поминувала неколку часови пред огледало, маскирајќи се во маж со помош на лажни уши, нос и врат од латекс за потребите на филмот ’Salt’.

Ефектот бил толку уверлив што ни нејзиниот син Медокс не ја препознал за време на снимањето на филмот, а нејзиниот сопруг Бред Пит одбил да ја бакне, пишува Дејли меил.
 
Го викнав Медокс да се поздрави, а не му кажав која сум. Кога дојде, не ме препозна. Дури кога го повикав со прекарот ’Мед’, тој сфати која сум и беше избезумен. А Бред одби да ме бакне. Не се осуди“, вели Џоли.
Во акциониот трилер 35-годишната актерка го глуми оперативецот на ЦИА,Евелин Солт, која е обвинета дека е руски шпион. Во еден момент, таа се преправа во маринец, за чија улога беше неопходна успешната трансформација. 
 
 
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Август.2010 во 13:31
 
 
 
 

Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, кој со работен наслов „Како бебе“ се снимаше лани во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и во Гостивар, светскатапремиера ќе ја доживее на 13 септември наИнтернационалниот филмски фестивал во Торонто, еден од најголемите

во светот од А категорија. 
Филмот се најде во престижната програма „Специјални презентации“ на јубилејното 35-то издание кое се одржува од 9 до 19 септември, откако за делото на Манчевски лично се заинтересирал директорот на фестивалот, легендарниот Пирс Хендлинг, кој го гледал филмот и го ставил во програмата. 
Според Хендлинг, „Мајки“ е еден од најдобрите филмови што ги видел во последните години, како поради храбрата, експериментална синематска структура, така и поради содржината. Тој е автор и на текстот за „Мајки“ во каталогот на фестивалот, а и лично ќе го претстави филмот пред светската премиера во Торонто. 

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2010 во 10:38
 
 
 
..Невозможната  Мисија ...Продолжува  ....среќа
 
Mission_Impossible_Third_Season_DVD_Review
 
 
Официјално е потврдено дека ќе има и четврт дел од шпионскиот серијал „Мисија: Невозможна“, повторно со Том Круз во главната улога.
 
                 mission-impossible-cruise
Официјалната изјава гласи дека во четвртиот дел, наводно и последниот, Том Круз ќе ја репризира својата улога како агентот Итан Хант. Повторно ќе го видиме и Винг Рејмс како експертот за технологија, Меги Кју, Џонатан Рајс Маерс и Сајмон Пег (сите имаа улога и во третиот дел). 

Новите членови на екипата ќе бидат Џереми Рајнер, кој имаше главна улога во оскаровецот „The Hurt Locker“ , додека пак за женскиот дел од екипата се шпекулира помеѓу Пола Патон од „Deja Vu“ и (преубавата) Кристин Крук, која најдобро ја паметиме од серијата „Smallvile“. Но, најверојатно улогата ќе ја добие Пола....
Сè уште не е потврдено, но ова може да биде сосема нов „Мисија: Невозможна“ филм - акцентот во филмот да не е на Итан Хант, туку на ликот на Џереми Рајнер, кој би требало да ја продолжи „традицијата“. А како да го направат тоа? Па, со нов наслов. Имено, насловот на четвртиот дел ќе нема да пишува „Мисија: Невозможна“, туку нешто сосема друго, исто како во случајот на „Dark Knight“ - во насловот го немаше зборот „Batman“.
Mission-Impossible-4-Tom-Cruise-and-Jeremy-Renner
 
Сè уште нема информации за заплетот на филмот, но се вели дека одново ќе се измисли шпионскиот жанр - со идеи какви што досега немаме видено. Со оглед на успехот на претходните филмови, не би се сомневале во тоа. Четвртиот дел ќе се снима во Ванкувер, Прага, Дубаи и некои делови на САД.

На режисерското столче ќе биде Бред Бирд, режисерот на „The Incredibles“, на кому ова е му е прв акционен проект. Но, мислењето на овој автор е дека Џон Ву бил бил подобар во таа улога - тој и Том Круз беа одличен тим во вториот дел на „Мисија: Невозможна“. Тука е и Џ.Џ. Абрамс (креаторот на феноменот „LOST“), кој беше режисер на третиот дел - овојпат во улога на продуцент.

Тоа што четвртиот дел го прави толку очекуван е екипата. Имено, овојпат агентот Итан Хант ќе има и машки и женски помошници - како и што треба да биде. Во првиот филм екипата на Итан беше убиена, па наредните два дела тој најчесто беше соло агент, со помош на Винг Рејмс, кој во овој филм ќе има многу поголема улога. Сега, повторно ќе имаме чест да гледаме шпионска екипа - како во старите сериски филмови.
 
Старите „Мисија: Невозможна“ филмови почнаа да се емитуваат во 1966 па се до 1973, со Питер Грејвс во главната улога (освен во првата сезона). Заштитен знак на серијата беше главниот агент, Џим Фелпс, каде добиваше инструкции на касета која се самоуништува. Заплетот во сериите беше Impossible Missions Force (IMF) тимот, мал тим на тајни агенти кои се впуштаат во опасни операции. По успехот на серијата, во 90-тите почнаа да се снимаат и филмовите кои ние ги знаеме.

Премиерата на најновата мисија ќе биде на 16 декември 2011.
 
 
 
Кон врв
FANTASMA Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Август.2010
Статус: Офлајн
Поени: 18
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FANTASMA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2010 во 01:05
SALT - Премиера: 23.Јули.2010
Улоги: Анџелина Џоли,Лив Шрајбер...

Евелин Салт (Анџелина Џоли) е ЦИА агентка која се заколнала на должност,чест и служба на татковината.Кога еден бегалец ја оптужува дека таа е руски шпион,Салт започнува битка за да докаже дека е верна на татковината и дека не ешпионка.
Но за тоа мора да ги употреби сите свои способности и искуство на таен агент за да притоа го заштити и својот сопруг,бидејќи во спротивност и најмоќните сили ќе ја избришат секоја трага од нејзиното постоење.


филмот „SALT„ е преведен на македонски како „Солт„ и на страницата на кино „Милениум„ пишува дека ќе започне со прикажување од 10.Септември.

Јас го гледав дома пред некој ден на ДВД снимка,и филмов премногу ми се допадна и едвај чекам во кино да го гледам.А дали ќе ви се допадне и на вас - сами погледнете.

http://www.youtube.com/watch?v=z41H8J4k-jM

Незнам зошто не се појавува ова од you tube промото на САЛТ.Али како и да е ако не сте го погледнале филмов,според мене многу сте пропуштиле.

А тие што го имаат изгледано филмов и што се воодушевени, им препорачувам да одат во Милениум на 10 Септември до го доживеат филмов целосно.

Изменето од FANTASMA - 06.Септември.2010 во 01:09
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2010 во 02:03
 
 

TITANIC ВО 3Д РЕАЛИЗАЦИЈА

Филмот Titanic на James Cameron конечно ќе добие и своја 3Д верзија. Се очекува да излезе во април 2012 година со што и ќе ја одбележат 10 -годишнината од реалното тонење на бродот.  Според извештајот Los Angeles Times филмот е веќе официјално во изработка. Критичарите и публиката не се секогаш задоволни од фимовите кои имале 3Д римејк. Иако “Clash of the Titans“ и “Alice in Wonderland“ поминаа добро во кино салите, имаше поплаки дека не се баш по мерка на 3Д фимовите, за разлика од “Аvatar“.
 
 
Cameron изјавил дека снимањето на некој филм со 3Д камери е супериорно во однос на конвертирањето на филм во 3Д во пост-продукција. Всушност тој сака комплетно да го отфрли процесот на конвертирање, но ете сепак веќе работи на Titanic 3Д а можеби и на “Terminator“  3Д. 
Cameron не е еднинствениот кој конвертира филмови во 3Д. Peter Jackson неодамна откри дека и тој работи на трилогијата "Lord of the Rings"  исто така и Christopher Nolan изјавил дека ќе го конвертира "Batman 3"
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Септември.2010 во 10:54

Клинт Иствуд го одбил 007


 %20Легендарниот актер, продуцент и режисер Клинт Иствуд откри дека во текот на својата кариера одбил да ги игра...

 

... едни од најпознатите улоги на филмското платно.

Холивудската легенда открива дека му било понудено да го замени Шон Конери во улогата на "агентот 007", откако тој во 1976 година се откажал од снимање на следното продолжение.

Иствуд за "Los Angeles Times" изјавил дека му била понудена солидна сума за да го одигра ликот на Џејмс Бонд, но тој одбил сметајќи дека тоа не е вистинската улога за него.

"За мене овој лик беше препознатлив за некој друг, тоа беше улога на Шон. Не сметав дека е правилно јас да го заменувам", изјавува актерот.

Но, освен оваа улога 80-годишниот актер открива дека не сакал да биде ни Супермен, улогата која подоцна му припаднала на Кристофер Рив.

Клинт Иствуд вели дека не се чувствувал пријатно во хеланки и наметка, па така решил дека и оваа улога не е доволно добра за него.

"Отсекогаш повеќе ми се допаѓале ликови кои се поврзани со реалноста", додава актерот, кој свесно ги одбил светски познатите улоги.

%20


Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Септември.2010 во 00:48
Еве добра манифестација...за кој сака Руски филмови
Вториот дел од "Ние сме од иднината" го изгледав пред некој ден вреди да се види интересно филмче...
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Септември.2010 во 08:43
ВЕЧЕРВА ВО КИНОТЕКАТА ФИЛМ НА РЕЖИСЕР СО ЗЛАТНА ПАЛМА

"Цар" од Лунгин во Неделата на руски филмови
 
                     

На Неделата на руски филмови во Кинотеката на Македонија, вечерва (20 ч.) е филмот "Цар", произведен минатата година, од режисерот Павел Лунгин. Лунгин Павел Семјонович (61) е руски сценарист и режисер, добтник на Златна палма во Кан во 1990 година за режија на "Такси блуз".
Тој е роден во Москва, каде што на Државниот универзитет завршил на одделот кинематографија. Од почетокот на 90-тите живее во Франција каде што снима филмови, но работи и во Русија.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2010 во 13:47


“Мајки“ селектиран за Берлинскиот филмски фестивал

Уште еден огромен успех на филмот “Мајки“ на Милчо Манчевски по светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто, филмот е селектиран за Берлинале, еден од трите најголеми филмски фестивали од А класа во светот (покрај Кан и Венеција). 61-то издание на Берлинале ќе се одржува од 10 до 20 февруари 2011 година.

“Мајки“ на Берлинале ќе има европска премиера и тоа во престижната програма Панорама, која заедно со програмата Кензен во Кан е убедливо најсилната селекција за авангарден уметнички филм во светот.
 
Фактот дека “Мајки“ е уште сега избран за Берлинале особено добива на значење ако се има предвид дека селекцијата се врши меѓу 3.000 филмови од целиот свет и дефинитивниот избор ќе биде објавен во периодот декември до јануари.
 
Откако пред 30 години на Берлинале е создадена програмата Панорама, во неа биле прикажани филмовите на најголемите светски филмски автори, од Жан Лик Годар до Оливер Стоун. Програмата Панорама нема натпреварувачки карактер, туку единственото признание е Наградата на публиката за која гласаат и која ја доделуваат гледачите.
 
Бидејќи веќе имаше светска премиера во Торонто, “Мајки“ не може да конк*рира и во натпреварувачката селекција за Златната мечка на Берлинале.
 
Учеството на “Мајки“ на Берлинале е од огромно значење не само за македонската кинематографија туку и за културата на Македонија воопшто, зашто овој голем фестивал лани, на јубилејното 60-то издание, имаше над 300.000 гледачи и над 20.000 акредитирани гости и новинари од 120 земји во светот.
 
Согласно регулативите на Берлинскиот филмски фестивал, “Мајки“ не може да се прикажува на другите европски фестивали до февруари следната година. Но “Мајки“ доби посебно одобрение за прикажување на Меѓународниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки во Битола, како и за редовна дистрибуција и киноприкажување во Македонија. “Мајки“ ќе го отвори фестивалот Браќа Манаки на 16 октомври во Битола, а истовремено во Скопје ќе игра на редовниот репертоар во киното Милениум.
 
 “Мајки“ е четврт филм на Милчо Манчевски и е македонски кандидат за оскар. Филмот е македонско-француско-бугарска копродукција. Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев, Марина Поп Панкова, Петар Мирчевски, Горан Трифуновски, Благоја Спиркоски, Борис Чоревски, а за прв пат на филм се појавуваат Емилија Стојковска и Милијана Богдановска.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, продукциски дизајнер Дејвид Манс, костимограф Елизабета Монталдо, дизајнер на маска Марио Микисанти, монтажер Жаклина Стојчевска, дизајнер на тонот Питер Балдок, кастинг директор Маја Младеновска, а музиката е на Игор Василев Новоградска. Продуцент е Кристина Калас, а копродуценти се Тиери Ленувел, Мари-Пјер Масиа и Методиус Петриков.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.