IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Коктели
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Коктели

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:44

Лимонада од јагоди – освежителен напиток полн со витамини


Пристигнаа летните горештини, а со нив и очајната потреба за освежување. Во текот на овие денови најважно е редовно да му овозможувате свежина на вашиот организам со течности и неопходни витамини. Еве една интересна комбинација која можете самите да ја испробате. Станува збор за лимонада со јагоди, а рецептот за истата е навистина едноставен.

Состојки:

4-6 лимони
1-1,5 dcl сируп од лимон
200 г. јагоди
неколку листови нане.

Подготовка:

Исцедете ги лимоните, а во блендер измешајте ги јагодите со сирупот. После тоа додадете лимонов сок и минерална вода, и доколку не е доволно слатко, додадете уште сируп. Сервирајте во високи чаши со многу лед и неколку листови нане.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 21:46
Највкусните женски коктели

Pink Lagoon (Розова лагуна)

Ова е нешто што потсетува на летна авантура па додека да дојде летото, научете како да го подготвувате и станете вистински мајстори. Клучно е да ги употребите истите пијалаци кои се наведени во потребни состојки. За декорација земете овошје по ваш избор, или пак украсете го со разни украси за летни коктели.
Слика
Состојки:

60 мл Palm feni
3 капки сируп од малини
3 капки зелен лимон измешан со шеќер

Frozen pink lemonade (Замрзната розова лимонада)

Освежителен коктел со вкус на лимонада и ниска количина на алкохол. Доколку ја одберете вистинската декорација, коктелот ќе изгледа феноменално, но исто е многу важно да ја одберете вистинската пригода и да го конзумирате со добро друштво.
Слика
Состојки:

45 мл вотка со вкус на лимон
1 лажичка шеќер
5 мл свежо исцеден лимон
5 мл сируп Gernadine
кршен мраз

Midnight rose cocktail (Полноќен розов коктел)

Заводлив коктел со овошни компоненти. За украсување на коктелот, одберете било какво овошје со црвена или розова боја.
Слика
Состојки:

30 мл ликер Advocaat
15 мл ликер од јагода
15 мл ликер од цреши
30 мл крем (блага хопла)

Ooh La La (У ла ла)

Не толку јак коктел со блага розова боја, соодветен за во друштво со најблиските пријателки. Коктел за оние со изразена женственост.
Слика
Состојки:

15 мл вотка со вкус на лимон
10 мл Triple Sec (жесток, но и сладок ликер со вкус на портокал)
30 мл џус од ананас
30 мл Спрајт
половина свежо исцеден лимон
1 лажичка ликер Grenadine
1 резанка лимон за декорација
1 марачино цреша

Начин на подготовка на коктелите:

Потребните состојки истурете ги мешалка за коктели заедно со една или неколку коцки мраз (зависно од количината на другите состојки, по можност кршен мраз), мешајте долго и приготвениот коктел сипете го во коктел-чаша. За попрецизно мерење, имајте во предвид дека 30 мл се колку малечка чашка за ракија. Дадените состојки се доволни за една чаша коктел. Колку поинтензивна розова боја ќе добие коктелот, зависи од сирупот кој ќе го додадете. Одберете соодветна декорација овошје, цвет или нешто слично, и уживајте сами или со добро друштво.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 08:36

Викенд пијачка: Домашен чоколаден ликер

Сладок алкохолен пијалок за секоја прилика!

Ретко кој не сака да пие ликер. Дури и жените кои не преферираат алкохол, не можат да одолеат на прекрасниот и густ, сладок ликер. Чаша или две во комбинација со убав колач, вечера или на некоја убава прослава  - нема ништо поубаво. А кога сакате да се опуштите во домот со добар филм, со пријателите можете да ги изненадите и да го подготвите сами. Погледнете како:

Состојки:

- 500 г. шеќер

- 0,5 л. млеко

- 200 г. чоколадо за готвење

- 0,5 л рум

- 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Сварете 500 г. шеќер во еден дел млеко (250 мл. млеко). Варете на тивок оган се додека шеќерот не се стопи сосема. Во преостанатата количина на млекото растопете 200 г. изрендано чоколадо. Промешајте ги чоколадото со шеќерот. Ставете на шпорет да се соединат сите состојки. Тргнете го од оган и додадете ванилин шеќер, па добро промешајте. Кога ќе се олади смесата, домашниот ликер сипете го во шише и оставете го да отстои неколку дена. Пред употребата добро промешајте го, па послужете.

По желба додадете шлаг и уште рендано чоколадо.

Наздравје :)




Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 19:04

ШЕЈК ОД ЛЕШНИЦИ

Потребно:

н 4 лажици мелени лешници
н 2 лажици шеќер во прав
н 6 лажици еурокрем
н 1 лажица мед
н 8 лажици ликер од бадеми
н 800 мл млеко
н 100 мл слатка павлака
н 3 лажици чоколаден прелив

Приготвување: мелените лешници печете ги во тавче без додавање на маснотии, додека не почнат да мирисаат. Истурете ги во чинија, посипете ги со шеќерот во прав и добро измешајте ги. Во миксер изматете ги еурокремот, медот, ликерот од бадеми и млекото. Потоа изматете шлаг од слатката павлака. Земете четири чаши, рабовите навлажнете ги во малку вода и ставете ги во мелените лешници.

Пијалакот сипајте го во чашите и украсете ги со шлагот и чоколадниот прелив.




Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2014 во 17:15
Слатко уживање – најскапите коктели на светот

Нема ништо подобро од скап пијалок на крајот од долг работен ден. А знаеме дека сите сме ги имале тие долги ноќи во кои еден пијалок се претвора во многу, и сметката е поголема од нашата дневница. Но, ако нарачате еден од овие коктели, веројатно ќе ја надминете сметката предвидена за цел месец, а можеби и година!

Винстон

Овој скап австралиски локал тврди дека го нуди најскапиот коктел на светот, кој го нарекуваат Винстон. Во мелбурнскиот клуб 23, еден Винстон ќе ве чини повеќе од 12.000 американски долари. Главната состојка на луксузниот пијалок е коњак, кој датира од 1858 година.


Скапоцениот камен од Пангеа

Технички, овој пијалок е поскап од првиот, но се чини дека креаторите на овој коктел мамат. Со комбинација од фин шампањ и коњак, и украсен со злато и дијаманти, коктелот кој чини скромни 30.000 долари е поскап поради декорацијата, отколку поради вкусот.

Вин Казино

Ако не сте добиле 10 илјади долари на тркалото во Вин Казино и ви треба начин да ги потрошите што побргу, зошто да не се упатите кон првиот шанк и да си нарачате Оно шампањ коктел? Со оглед на тоа што во него има Луј XIII Блек Перл Коњак, едно шише од овој коктел би чинело 90 илјади долари.


Риц коктел

Самото име, Риц хотелот, веднаш ве асоцира на високи цени, зар не? Затоа не би требало да ве изненадува дека барот во Риц-Карлтон во Париз има создадено коктел од околу 1500 долари. Тајната е скап шампањ од 19-тиот век.

Коктелот на богатите

Едно шише од Вудфорд резервиран бурбон ќе ве чини околу 40 долари, зависно од тоа каде ќе го купите. Затоа оваа компанија понудила посебно издание на овој пијалок, кое чини неколку стотина долари. Не поради шеќерот, не поради ментолот... туку поради мразот! Овој пијалок има во себе мраз изваден од исландски глечер, кој чини околу 10.000 долари.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2014 во 16:11

3 замрзнати коктели кои ќе ве вратат во летните ноќи


Пролетта веќе започна, а со неа го донесе и топлото време кое не може, а да не не потсети на прекрасното лето кое е блиску.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-01

Додека уживате во пролетните ноќи, изберете еден од овие 3 замрзнати коктели кои ќе ви помогнат полесно да го дочекате летото кое е пред вас.

Blue Hawaiian

Најдобриот коктел со кој ќе ја замените пролетната со летната вечерна магија. Неговиот овошен, необичен вкус ќе ве направи да се почувствувате како да сте на јахта, а бојата ќе ве потсетува на морето или океанот пред вас.

Се приготвува со една доза рум, две дози сок од ананас, една доза ликер Блу К*ракао, една доза ликер од кокос, сомелен мраз, парче ананас и цреша.

Сите дози ставете ги во блендер и измешајте. Ќе добиете прекрасна сина мешавина. Декорирајте со парчето ананас и цреша. Уживајте!

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-02


Kiwi Colada

Интересен, кисел коктел кој нема да ве остави рамнодушни. Се приготвува со 5 излупени киви, сомелен мраз, ¼ доза рум,  ¼  доза Мидори, три дози ликер од кокос и сок од ананас.

Прво ставете ги кивите во блендер. Потоа додадете ги дозите и мешајте се додека не добиете изедначена млечно - жолта боја.

Прекрасен коктел кој ќе стане ваш омилен откако ќе го пробате.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-03


Black Magic

Покрај неговото необично име, има и необичен вкус кој ќе ве освои со својата обичност.

Се приготвува многу едноставно. Две дози вотка, две дози кофеински ликер и сок од лимон.

Се мешаат заедно во блендер и се додава сомелен мраз доколку сакате. Декорирајте со цреша и уживајте во неговата црна магија.

3-zamrznati-kokteli-koi-ke-ve-vratat-vo-letnite-noki-04



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 17:03
ОСВЕЖИТЕЛНА ЛИМОНАДА СО ЈАГОДИ

Јагодите се неодоливо овошје, лимоните даваат свежина, а оваа комбинација морате да ја пробате.

Со доаѓањето на летните температури се зголемува и потребата за освежување. Ви предлагаме да подготвите неодолив освежителен пијалак кој веројатно ќе стане ваш омилен начин за разладување.

Потребно:

 4-6 лимони
 1-1,5 дл сируп од лимон
 200 г јагоди
 Неколку листови мента (по избор)
 Минерална вода


Подготовка:

 Процедете ги лимоните, а во блендер измиксајте ги јагодите со сирупот. После тоа додајте го лимоновиот сок и минерална вода, а ако не е доволно слатко може да ставите уште сируп.

 Сервирајте во високи чаши со многу лед во кои ќе додадете листови мента.

Осум јагоди со средна големина се доволни во целост да ја задоволат дневната препорачана количина од витамин Ц, затоа што јагодите содржат рекордно повисок процент од овој витамин во однос на јужното овошје.
Лимонот исто така е богат со овој витамин, така што овој напиток е вистинска витаминска бомба која ќе ви даде енергија.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 17:05
ВКУСНИ И ЗДРАВИ ЛЕДЕНИ КОКТЕЛИ

Освежете го организмот и дајте му ја потребната количина на витамини, течности и шеќер. Направете си неодоливи коктели.

Утрото започнете го со микс на лимонада и грејпфрут, кој ќе ви даде енергија во раните утрински часови, на пладне засладете се со неодолив шејк од банана и малини, а ноќе уживајте во неодоливиот вкус на ананас и лимон.

Принципот за правење на овие коктели е прилично едноставен: Исцедете го саканото овошје, додадете исецкан мраз, минерална вода и уживајте во убавите вкусови на свежо овошје.

Не само што овие освежувачки коктели, ќе придонесат за подобрување на фигурата на Вашето тело - ќе ги стопи мастните наслаги и ќе ви помогне да ја намалите тежината.
Еве неколку неодоливи коктели:

Неодоливо освежување:
 Ѓумбир и лимон
 5 парчиња краставица
 Минерална вода

Подготовка: Измиксирајте ги сите состојки, измешајте и додадете исецкан мраз.


Тропски рај:
 Ананас
 Манго
 Малина

Подготовка: Измиксирајте ги сите состојки, измешајте ги и додадете од исецканиот мраз.


Незаменлив цитрус:
 Црвени грејпфрут
 Лимон
 Портокал

Подготовка: Измиксирајте ги сите состојки, измешајте и додадете го исецканиот мраз.


Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 08:19

7 освежувачки рецепти за овошна, пролетна сангрија


Следен пат кога ќе имате потреба да се почувствувате како да сте во Шпанија, само земете ги чашите и бокалот и наточете си сангрија.

7-osvezuvacki-recepti-za-ovosna-proletna-sangrija-01

Да, не е исто како да патувате до Шпанија, но сепак е вкусно и весело. Плус, вкусот, аромата и изгледот на доживувањето може да варира по ваша желба.

Сангрија со јагоди и цитрусна нота

Состојки: 1l розово вино, 100g исчистени јагоди, 1 лимон, 1 портокал, 200ml кисела вода, арома од ванила

7-osvezuvacki-recepti-za-ovosna-proletna-sangrija-02


Сангрија со вотка и капини

Состојки: 1l црно вино, 200g капини, 1 зелен лимон, 25ml вотка со арома на капини, 1 чаша минерална вода

7-osvezuvacki-recepti-za-ovosna-proletna-sangrija-03


Сангрија со праска и мед

Состојки: 1l бело вино, 25ml сок од портокал, 1 лажица мед, 10-12 блендирани кајсии

7-osvezuvacki-recepti-za-ovosna-proletna-sangrija-04


Сангрија со калинка, јаболка и цимет

Состојки: 1l бело вино, 2 исчистени калинки, 2 исчистени јаболка, 1 лажица мед, 2 лажици цимет, 1 цеден портокал, 1 чаша минерална вода

7-osvezuvacki-recepti-za-ovosna-proletna-sangrija-05


Сангрија со лубеница, диња и папаја

Состојки: 1l бело вино, 1 чаша минерална вода, 100g топчиња од лубеница, 100g топчиња од диња, 100g топчиња од папаја, 1 исцеден сок од лимон, 1 исечкан зелен лимон

(Топчињата од лубеница, диња и папаја се вадат со калапи или мала лажица за топки сладолед)

7-osvezuvacki-recepti-za-ovosna-proletna-sangrija-06


Сагрија со јагоди и јаболка

Состојки: 1l бело пенливо вино, ½ цеден лимон, 1 исечкано јаболко, 100g ситно сечкани јагоди, 50ml ликер од јагоди

7-osvezuvacki-recepti-za-ovosna-proletna-sangrija-07


Сангрија со вишни

Состојки: 1l бело пенливо вино, 1/3 чашка Амарето, 100g замрзнати вишни, 1 чаша минерална вода, 1 цеден портокал

7-osvezuvacki-recepti-za-ovosna-proletna-sangrija-08



Изменето од Valerija - 13.Јули.2018 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2014 во 15:44
Clipboard013

Состојки

-100 гр. чоколадо за готвење

-6 жолчки

-2,5 дл. слатка павлака

-200 гр. шеќер

-1 лажица нес кафе

-1 кесичка ванилин шеќер

-5 дл. водка

-малку сол

Подготовка:

1.Во соодветен сад соединете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер со помош на миксер.

2.Слатката павлака загрејте ја додека не зоврие, а потоа тргнете ја од ринглата. Додајте го чоколадото, нес кафето, солта и мешајте се додека чоколадото не се стопи.

3.Во изладената смеса од чоколадо додајте го кремот од жолчки, водката и добро измешајте. Ликерот ставете го во флаша и чувајте го во ладилник.



Изменето од Valerija - 12.Мај.2014 во 15:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2014 во 15:57
Clipboard0616


Ликер од јајца

Состојки:

-10 свежи жолчки

-350 гр. шеќер во прав

-2 кесички ванилин шеќер

-2,5 дл. слатка павлака

-5 дл. вињак

Подготовка:

1.Во соодветен сад соедите ги жолчките и шеќерот во прав со помош на миксер, се додека шеќерот не се стопи.

2.Додајте го ванилиниот шеќер и слатката павлака и смесата матете ја со миксер се додека не добиете крамаста маса.

3.Со непрекинато мешање во смесата додајте го алкохолот.

4.Подготвената смеса три пати процедете ја низ газа, и оставете ја во ладилник да стои до наредното утро, за да изчезне пената од површината.

5.Ликерот наредното утро процедете го низ газа, ставете го во соодветно шише, затворете го и чувајте го во ладилник.



Изменето од Valerija - 12.Мај.2014 во 15:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2014 во 20:56

Време е за забава со розеви коктели

Внесете малку разновидност во забавите што ги приредувате вие или вашите пријатели. Направете нешто поинакво од досега и изненадете ги со розевите коктели, кои девојките со сигурност ќе ги обожаваат.

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-01

Подготовката на овие летни розеви коктели е едноставна и ќе додаде колоритност на забавата. 

1. „Pink Poodle” 

Брз и едноставен коктел за кој ви се потребни: 

  • 2 водки
  • 4 литри сок од боровница
  • мраз 
  • гренадин
  • шеќер

Натопете го врвот на чашата со гренадинот, а потоа натопените чаши обложете ги во шеќерот. Наполнете ги чашите со мраз и додадете ја мешавината од вокта и сокот од боровница. 

 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-1


2. „Hot pink Barbie drink” 

Изненадете ги девојките со овој пијалок кој со сигурност нема да ги остава рамнодушни: 

  • 1 литар кокосов рум 
  • 1 вотка
  • 1 литар сок од боровница
  • 1 литар сок од портокал
  • 1 литар сок од ананас

Сите овие состојки ставете ги во сад во кој ќе можете заедно да ги промешате. Подгответе чаши со мраз и истурете го розевиот пијалок. Не заборавајте на интересни декорации како чадорчиња, необични сламки и слично. 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-2


3. „Pink Lady” 

Самото име кажува дека се работи за софистициран пијалак кој е извонреден за оној помирен тип на забави. 

  • 3/4 џин
  • гренадин
  • белка од јајце во прав
  • 2/3 свежо исцеден лимон
  • свежи цреши 

Мразот и сите состојки измешајте ги заедно, со цел мразот да биде искршен. Сосема на крајот за декорација додадете од свежите цреши. 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-3


4. „Pink Russian” 

За луда и незаборавна забава која продолжува до раните утрински часови се препорачува токму овој коктел, а еве и како да го направите: 

  • 2 мали чашки текила 
  • 1 литар водка
  • 2 мали чашки млеко или крем 

 Најдете розева боја за готвење и додадете малку од неа во сите овие состојки кои заедно ќе ги промешате. Задолжително во чашата ставете многу мраз. 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-4


5. „Pretty in pink” 

Иако звучи нежно сепак не претерувајте бидејќи овој пијалак и не е така нежен како што изгледа. 

  • Шеќерна волна
  • Шампањ 

Пополнете ги чашите со шеќерна волна а, потоа додадете од шампањот. Ќе добиете извонреден и незаменлив вкус. 

vreme-e-za-zabava-so-rozevi-kokteli-poglednete-kako-da-gi-napravite-5

Количеството на алкохол и соковите не мора да биде точно како наведеното, туку можете сами да одлучите. Доколку коктелот не ја добил вистинската боја, тоа значи недостига од сокот. 

Уживајте во вашата забава која сите ќе ја помнат по розевите коктели.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2014 во 08:25

Apricot Sangria - инстант коктел за пречек на летото


Наскоро ќе започне летната сезона на коктели, па затоа побрзајте и бидете први кои ќе го пречекаат летото, прославувајќи со овој инстант коктел кој нема да ви одземе повеќе од 15 минути за подготовка, а ќе ви пружи целодневно уживање во неговиот неверојатен вкус.

apricot-sangria-instant-koktel-za-precek-na-letoto-1

Се подготвува во бокал или поголем сад кој ќе ви биде и повеќе од доволен за прославување.

Подгответе го уште денес, повикајте ги пријателите или семејството и пружете си го задоволството кое го нуди овој вкусен шпански коктел.

Состојки:

  • 750ml црвено вино
  • 3 лажици обичен сируп за коктели
  • 3 портокали исечени на тенки парчиња
  • 6 кајсии од кои 3 без лушпа
  • 2 чаши кисела вода
  • 3 лажици сок од портокал
  • ¼ чаша ракија од кајсија

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно во поголем сад, освен киселата вода и мразот. Потоа оставете ги во фрижидерот околу два часа да се изладат.

Кога ќе го сервирате додадете ја киселата вода и мразот. Може да ја декорирате коктелската чаша со парче портокал.

apricot-sangria-instant-koktel-za-precek-na-letoto-2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2014 во 09:13

Поинакво освежување: Популарното Мохито на 3 нови начини


Летниот коктел кој е најпопуларен изминативе неколку лета сега добива нов изглед и вкус. Комбинацијата на лимета, ментол и рум направете ја уште поосвежителна!

poinakvo-osvezuvanje-popularnoto-mohito-na-3-novi-nacini-01

Не верувате дека е возможно?

Розово Мохито од грејпфрут

Состојки: Шеќер, 6-7 листови ментол, 50ml рум, 30ml карамелизиран шеќер, 10ml сок од црвен грејпфрут, минерална вода, мраз.

Подготовка: На работ на чашата ставете шеќер, а на дното ставете ги листовите ментол. Додајте го карамелизираниот шеќер и мешајте за ментолот да пушти малку сок. Потоа додајте го румот со сокот од грејпфрут и наполнете ја чашата до половина со мраз. Полијте ја минералната вода и украсете со парчиња грејпфрут.

poinakvo-osvezuvanje-popularnoto-mohito-na-3-novi-nacini-02


Мохито со боровинки

Состојки: 1 шолја свежи боровинки, 120ml чист рум, 10 листови ментол, 2 лажици шеќер, сок од 2 лимети, минерална вода.

Подготовка: Во блендер измиксирајте ги боровинките додека не добиете изедначена смеса. Во шејкерот ставете го и ментолот и шеќерот. Додајте го сокот од лимета, румот и добро промешајте.

Ставете лед во чашата, истурете ја мешавината од блендерот и дополнете со минерална вода и украсете со листови ментол.

poinakvo-osvezuvanje-popularnoto-mohito-na-3-novi-nacini-03


Текила мохито

Состојки: 30 листови ментол, 1 лимета, 30ml карамелизиран шеќер, 60ml текила, мраз, минерална вода.

Подготовка: Речиси идентично како основниот Мохито рецепт. Мразот, ливчињата ментол, текилата и шеќерот истурете ги во блендер и мешајте. Лиметата исцедете ја и поделете ја во чашите, ставете го миксот од блендерот и додајте ја минералната вода.

poinakvo-osvezuvanje-popularnoto-mohito-na-3-novi-nacini-04

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.