IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Супи и чорби
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Супи и чорби

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 14:14
Originally posted by емил емил напиша:

Или на бугарски кажано кус-кус голема%20насмевка 

 

 

заб:на сликата гледај белото


баш на тоа мислев
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2010 во 21:04
Крем супа од грашак и сланина
 
Грашакот се вари во вода со супена коцка сосе сланината т.е позелно е само месо да биде, без мрсно додека не омекне убаво.
После се сипува во блендер, или со рачен блендер се пасира за да се добие како пире каша, убава, мазна зелена.
Се сипува хопла малку да се разреди и воала, моќе да се слузи.
Во друга варијанта моќе да се искористи и грав онаков крупен мек Италијански, вариш, па блендираш ,па хопла.
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јули.2010 во 02:03
Originally posted by ФорумскаБаба ФорумскаБаба напиша:

Originally posted by емил емил напиша:

Или на бугарски кажано кус-кус голема%20насмевка 

 

 

заб:на сликата гледај белото


баш на тоа мислев



Jasno sega... ...Ce da sum videl negde...kus-kus...
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2010 во 05:06

Ароматична супа од печурки

Ароматична%20супа%20од%20печурки
 

Потребни состојки:

  • 20 милилитри Суво бело вино
  • малку   Сол
  • 400 грама Печурки
  • малку   Мешан зачин
  • 70 милилитри Маслиново масло
  • малку парче Лимон
  • 1   Главица лук
  • 1   Јајце 

Подготвување:

Главицата црн лук исчистите и ситно исецкајте ја. Печурките исчистете ги на тенки ливчиња.

Загрејте го маслиновото масло во длабок огноотпорен сад, додадете ситно исецкан црн лук и динстајте додека лукот не стане стаклест, водејки сметка да не порумени.

Потоа вмешајте ги печурките и мешајте 1-2 минути.

Сипете вино и 4 шољи вода, поклопете и варете на тивок оган 20 минути.

Потоа додадете исецкан малд лук и зачини, измешајте, поклопете и варете уште 15 минути.

Посолете и побиберете. Пенесто изматете ги јајцата со малку сол.

Оддвојте малку чорба и сосема малку лесно додавајте наизменично по малку лимонов сок и чорба во јајцата.

Оваа смеса полека сипајте ја во чорбата, цело време мешајќи, поклопете и оставете да отстои 10 минути. Пред служењето посипете со свеж бибер и малку мешан зачин.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 00:22

 supa od tikvicki

Ладна%20чорба%20од%20тиквички


Потребни состојки:

  • малку   Црн бибер
  • 900 грама Тиквичка
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 6   Першун страка
  • 3 чешниња Лук
  • 1 лажица/ци Кари
  • 150 грама Кисела павлака
  • 1   Густин лажичка


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.


Краток текст:

Тиквичките содржат разни нутритиенти, кои го поттикнуваат здравјето на организмот. Високиот удел на вода, ги прави тиквичките идеален продукт за диета, а за потполно искористување ма лековитите својства, се препорачува да се консумираат тиквички со кора.

Диеталните влакна, кои генерално се во кората, ги редуцираат високите количества холестерол и го штитат крвниот систем.

Лабараториските истражувања, утврдиле дека фитонутрионентите во сокот од тиквичките, имаат антиканцерогени својства, бидејќи го спречуваат мутирањето на клетките.

Екстрактите од тиквички ги редуцираат симптомите на бенигната хипертрофија на простатата, а тој ефект се засилува во комбинација со другиот зеленчук.

Подготвување:

Тиквичките исечете ги на коцкички.

Лукот исчистете, па сомелете или изрендајте го.

Першунот измијте го и исчистете го.

Истопете го путерот и динстајте го лукот околу 3 минути.

Додадете го карито и кратко пропржете.

Потоа вмешајте ги исечканите тиквички, 4 шољи вида, сол и бибер.

Поклопете и варете околу 20 минути.

Кога тиквичките ќе омекнат испасирајте чорба во блендер или притиснете ја низ густо сито.

Сипете ја павлаката и додадете сол и бибер по потреба.

Растопете густин во малку вода и вмешајте го во врелата чорба.

Оставете неколку секунди да се згусне, повремено мешајќи.

Убаво измешајте.



Изменето од sneska_v - 05.Август.2010 во 00:23
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 05:04
   Ладна супа од јогурт   



Потребни состојки
* 1 долга краставица
* 1 чаша / 250 мл павлака
* 1 чаша / 200 мл јогурт
* 2 лажици / 30 г бел оцет
* 1 лажица / 15 мл вински оцет
* 2 лажици / 30 г свежо сецкано нане
* 1 чешне лук
* сол и црн бибер


Начин на подготовка

Излупете ја и изрендајте ја целата краставица.

Промешајте ја павлаката, јогуртот и два вида на оцет дедека текстурата не стане кремаста па во садот со јогуртот и павлата па додадете ја ренданата краставица, нането, лукот и зачинете по вкус.

Покријте ја и оставете ја во фрижидер 3 часа.

Пред послужување супата се промешува и ако е потребно и се додава дополнителни зачини по вкус. Украсете со парчиња краставица, лисја од нане и мелен пипер.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Август.2010 во 05:06
Компир чорба со јајце   



Потребни состојки
- малку Црн бибер
- малку Сол
- 70 грама Путер
- 500 милилитри Млеко
- 750 милилитри Вода
- 700 грама Компир
- 3 Јајца/це


Начин на подготовка

Излупените компири исечете ги на коцкички и сварете ги.

Потоа испасирајте ги, ставете сол и бибер по вкус и додадете го путерот.

Варете ги 15-тина минути.

Во меѓувреме, изматете ги јајцата, полека ставајте ги во чорбата што врие постојано мешајќи.

Чорбата служете ја топла.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 15:01

Крем супа од тиква и ф'стаци

Крем%20супа%20од%20тиква%20и%20фстаци
 

Потребни состојки:

  • 500 грама Тиква
  • малку   Сол
  • 60 грама Путер 

Подготвување:

Тиквата исецкајте ја, исчистете ја од семките и варете ја во сад со вода.

Кога ќе омекне, водата исцедете и зачувајте ја настрана, а тиквата убаво испасирајте ја.

Потоа вратете ја тиквата во водата во кои предходно се вареше, додадете го путерот, убаво измешајте па варете уште малку, односно додека не се добие убава крем супа.

Ф'стаците излупете ги, исецкајте ги со нож на ситни коцкички и пред послужувањето додадете ги на супата.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Август.2010 во 17:57

Рибина супа

Рибина%20супа
 

Потребни состојки:

  • 100 грама Ослиќ
  • 10 грама Ориз
  • 20 грама Моркови
  • 5 милилитри Маслиново масло
  • 5 грама Кромид 

Подготвување:

Морковот и кромидот се чистат, мијат и сечкаат, па се варат во врела вода, заедно со маслото.

Зеленчокот се вари, а кога ќе омекне се додава чистената риба.

Се вари на умерена температура додека не омекне. Кога ќе биде готово - сварено, се вади рибата посебно, а посебно зелчукот.

Супата се процедува, и во неа се става да се вари оризот.

На една чинија се чисти рибата од коските и заедно со зеленчукот, се додава во супата.

Се вари уште 5 мин.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Август.2010 во 22:58


Студена супа со компир

Потребно


4 компири излупени и пресечени

1 исечен праз

2 шолји вода

1 лажиче исечкан магдонос

¼ лашиче бибер

2 шолји посно млеко

2 лажичиња пченкарно брашно

¼ шолја насечкан млад кромид

Подготовка

Ставете го компирот,празот ,водата,магдоносот и биберот во тенџере. Се покрива и се вари на тивко додека компирот и празот омекнат, а потоа измиксирајте. Вратете ги во супата. Измешајте го пченкарното брашно со  млекото ,додека не добиете глатка маса и ставете ја во супата. Оладете ја супата пред сервирање. Служете ја во мали чинии ,украсена со парчиња од младиот кромид.                                               

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 04:21

Крем супа со сирење

Потребно:

800 мл вода
2 лажички зачинал
3 жолчки
2 лажички нишесте
200 г кисела павлака
300 г сирење

Приготвување: во вриената вода додадете го зачиналот и на тивок оган варете пет минути. Во меѓувреме измешајте ги жолчките, нишестето и киселата павлака. Извадете го тенџерето од ринглата и со мешање додавајте ја смесата од жолчките. На крај, додадете го сирењето исечено на коцкички и сето тоа кратко проварете го. Крем супата послужете ја со потпечен леб.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2010 во 16:26

Су­па за лет­ни­те го­реш­ти­ни

Пот­реб­но:

800 г крас­та­ви­ци
400 мл јо­гурт
500 мл во­да
1 зе­лен­чу­ко­ва коц­ка за су­па
2 чеш­ни­ња лук
2 ла­жи­ци сеч­ка­но мла­до кро­мит­че
1 ла­жи­ца сит­но сеч­кан маг­до­нос

При­гот­ву­ва­ње: ста­ве­те ја зе­лен­чу­ко­ва­та коц­ка за су­па во ври­е­на­та во­да, па ва­ре­те ја пет ми­ну­ти. Во елек­трич­на сеч­кал­ка ста­ве­те ги крас­та­ви­ци­те исе­че­ни на пар­чи­ња, јо­гур­тот, по­ло­ви­на од ко­ли­чес­тво­то су­па и ис­тол­че­ни­от лук. Па­си­рај­те го се­то тоа до­де­ка не до­би­е­те гус­та, ком­пак­тна сме­са. Во ис­па­си­ра­на­та сме­са ста­ве­те го ос­та­то­кот од су­па­та. По­си­пе­те ја су­па­та со мла­до­то кро­мит­че исе­че­но на тр­кал­ца и со сит­но сеч­ка­ни­от маг­до­нос. Пред да ја пос­лу­жи­те, доб­ро из­ла­де­те ја во фри­жи­дер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2010 во 15:15

Супа од цвекло

 
Состојки:

1 килограм цвекло
1 литар вода
1 лажица масло
1 главица црвен кромид
Свеж магдонос
Мајчина душица

1. Излупете и исчистете го цвеклото, потоа излупете го црвениот кромид и мајчината душица. Прелијте ги со вода и варете додека цвеклото не омекне.

2. Исцедите ги состојките и добра испасирајте ги. Испасираното цвекло прелијте го со вода, посолете, додадејте масло и зачини, а потоа оставете го да се вари уште десетина минути.

3. При послужувањето додадете го исечканиот магдонос.
/
Кон врв
abnormalen Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 05.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 168
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај abnormalen Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2010 во 15:45
jadete supa za da poraasnete!
Gluposta e najneobična od site bolesti - od nea NE pati bolniot tuku, SITE OSTANATI!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,422 секунди.