IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Пештерни цркви и манастири
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пештерни цркви и манастири

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Пештерни цркви и манастири
    Испратена: 03.Јули.2010 во 19:15
Пештерни цркви и манастири

Пештерна црква е црква изградена во пештера.

Спојот на пештера и црква е навистина необичен и несекојдневен како за спелеолозите, кои ги проучуваат пештерите, така и за археолозите кои ги проучуваат сите траги врз кои печат оставила човечката рака. Невообичаен предизвик представуваат посебно за историчарите на уметноста, но и за сите оние кои ги почитуваат древните култури. Како редок феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да го привлечат вниманието и на светската јавност.
За пештерни цркви обично се користеле природни пештери, понекогаш сместени високо во карпите, кои ако било потребно, можеле дополнително да се преградат со ѕид од кршен камен. Подоцна кај некои од нив се доградувале и конаци. Во пештерни цркви спаѓаат и голем број на монашки испосници.
Започнати да се појавуваат околу деветтиот, некаде во периодот помеѓу 13 и 14 век настанале првите живописи кои можат точно да се датираат по трагите што на нив ги оставиле анонимните мајстори од т.н. ,,сликарки тајфи". Тоа биле иконописци кои припаѓале на помалку или повеќе карактеристични сликарски школи кои гравитирале на територијата на Балканот и затоа фреските во некои од пештерните цркви се сродни со фреско-сликарството во најпознатите манастири во Македонија. Така преку возвишениот енигматичен стил, во насликаните ансамбли можат да се следат уметничките тенденции кои провејуваат во средновековното сликарство.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 19:18
ПЕШТЕРНИТЕ ЦРКВИ ВО МАКЕДОНИЈА

Македонија е библиска земја со огромно богатство на цркви, манастири, лековити води и чудотворни икони. Бројот и разноликоста на преку 155 комплетно сочувани манастири и деведесеттина кои се во различна фаза на изчезнување ни сугерираат минато на луѓе чија историја е исполнета со создавање, уметност и спиритуалност.

Доцната антика и преминот кон средниот век завршил со распадот на Римското царство на Источно и Западно. Територијално и временски овој период оставил неизбришливи траги врз археолошкиот и уметничкиот пејсаж на Македонија, со оглед на фактот што нашата земја отсекогаш била крстосница помеѓу културниот Запад и мистичниот Ориент. Место каде секогаш бил присутен дуализмот на страдања и воскреснувања. Како што духот се издигнува над пропаста, како што денот ја победува ноќта.

Оттука започнува историјата на Византија која како моќна држава опстанала се до падот на Цариград под Турците, оставајќи зад себе непроценливо културно-историско богатство преточено (покрај архитектурата) најмногу во богатата палета на икони и треперливото фреско-сликарство во црквите и манастирите кои битисувале во овој период.

Почнувајќи од палеолитот, преку другите праисториски култури, периодот од времето на старите Грци, Римјаните, целиот Среден век па се до денеска, останати се траги во многу наши пештери. Некои од нив се ставени во рангот на археолошки наоѓалишта и со самото тоа се заштитени со законот. Во нив спаѓаат и т.н. пештерни цркви.

Веројатно восхитот и фасцинантноста се само дел од чувствата кои не преплавуваат кога се соочуваме со овие енигматски христијански зданија. Изградени на влезот од некои пештери или во нивната внатрешност, пештерните цркви мамат воздишки и стравопочит со својата импозантност, долготрајност и пред се мистичност.

Спојот на пештера и црква е навистина необичен и несекојдневен како за спелеолозите, кои ги проучуваат пештерите, така и за археолозите кои ги проучуваат сите траги врз кои печат оставила човечката рака. Невообичаен предизвик претставуваат посебно за историчарите на уметноста, но и за сите оние кои ги почитуваат древните култури. Како редок феномен со својата уметничка и историска вредност успеваат да го привлечат вниманието и на светската јавност.

За пештерни цркви обично се користеле природни пештери, понекогаш сместени високо во карпите, кои ако било потребно, можеле дополнително да се преградат со ѕид од кршен камен. Подоцна кај некои од нив се доградувале и конаци. Во пештерни цркви спаѓаат и голем број на монашки испосници. Поединечните испосници упатуваат на пустинаци кои се занимавале со мистика, чудотворство и пророкување, или можеби монаси кои сакале во посебен мир нивната душа да тргне по патот на светлината и да го најде својот дом блиску до Бога.

Почетоците на пештерното живописание

Започнати да се појавуваат околу деветтиот, некаде во периодот помеѓу 13 и 14 век настанале првите живописи кои можат точно да се датираат по трагите што на нив ги оставиле анонимните мајстори од т.н. ,,сликарки тајфи. Тоа биле иконописци кои припаѓале на помалку или повеќе карактеристични сликарски школи кои гравитирале на територијата на Балканот и затоа фреските во некои од пештерните цркви се сродни со фреско-сликарството во најпознатите манастири во Македонија.
Честопати за овој тип на монументи отсуствуваат пишани извори, па денеска поради недостапноста на повеќето од нив, како и поради продирањето на атмосверските влијанија во внатрешноста, отежнато е нивното проучување, анализирање и евентуална заштита. Најбројни околу крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро, засега се регистрирани преку 50 пештерни цркви на територијата на Република Македонија, кои ги има и во долните текови на Бабуна, Црна Река, но и во Источна Македонија. Помеѓу нив спаѓаат Св. Марко и Св. Лазар на Тиквешкото Езеро, Св. Архангел Михаил, Св. Спас, Успение на Богородица, Св. Еразмо, Св. Богородица Пештанска крај Охрид (со најголем зачуван ансамбл), Св. Спас, Св Евла (Ресен), Монашка пештера и Црквиче (општина Чашка) и многу други.

Вечниот сон, мој духовен дом

Секако дека за сега ќе остане тајна кои биле луѓето што на вака мистичен начин ја пресликале својата духовност на ѕидовите од карпите!?? Гледајќи го сликарството во целост, ликовните карактеристики откриваат раце на вешти зоографи кои одлично го познавале својот занает, и со вонвременска љубов сликајќи ги познатите сцени од Светото писмо и Евангелијата, ги преточиле во непознати уметнички дела полни со вдахновение. На овој човек уметник и верник, суштинската концепција му била можеби, да подигне храмови на непристапни и осамени места како дел од величенствениот поход кон кралството на вечноста.

И воопшто не зачудува зголемениот интерес на странските туристи во Македонија кои доаѓаат специјално само за да ги видат пештерните цркви, а тие пак како ретка културна вредност остануваат да бидат неми сведоци на нашата средновековна култура и уметност. Сега не ни преостанува ништо друго, туку од нив да направиме препознатлив бренд, фино да ги спакуваме и да ги понудиме на светскиот пазар.

извор: www.arheo.com.mk

Изменето од ФорумскаБаба - 03.Јули.2010 во 23:15
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 19:20

Пештерна црква - Свети Атанасие

Во непосредна близина на манастирот Калишта, јужно од него, срасната со околните карпи, се наоѓа пештерната црква, посветена на Александрискиот архиепископ -Атанасија. Во внатрешноста е сочуван најголемиот ансамбл на средновековното сликарство во Струшко. Иако не се зачувани пишувани извори, стилските белези на овие фрески недвосмислено упатуваат на нивното датирање во седумдесетите години од 14. век.

Гледајќи го сликарството во целост, зачуваните ликови на светителите и неколкуте композиции од Големите Празници, со помош на ликовните карактеристики на овој живопис, ни откриваат рака на вешт зограф, кој одлично го познавал својот занает, а со голема љубов ги сликал познатите ликови што го илустрираат Светото Евангелие. Дел од живописот бил насликан и во 19. век.


Изменето од ФорумскаБаба - 03.Јули.2010 во 23:26
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 19:24
Пештерна црква Св. Лазар - с. Бегниште

Пештерната црква посветена на Св. Лазар се наоѓа на околу 5 км, југозападно од село Бегниште, кавадаречко, над самиот брег од сегашната акомулација на Црна Река. Лоцирана е во карпест и во сув предел на околу 30 метри височина од нивото на Тиквешкото Езеро, на самиот влез во пештерата со пречник околу десетина метри, која веројатно служела за упориште на анахоретите.

Остатоци од градбата и сликарството во црквата Св. Лазар, XIV век

Богородица Платитера, олтарна апсида

Богородица од Благовештението, источен ѕид - од јужната страна на апсидата

Пештерата ја формират две каверни и тоа: источна, пред која е подигната црквата, со должина околу 16м. и длабока околу 8 м., и југозападно, која на влезот е широка околу 1,5 м. и длабока околу 20 м. Висината на пештератаварира околу 6-8 м.



Пред создавањето на Тивешкото Езеро, по долината на Црна (1964-1968 год.) , нејзината положба била високо над кањонот на реката Каменица во близина на селото Сопиште по кое го добила и името Сопишка црква.
За разлика од минатото, денес до пештерата се пристигнува по земјен пат кој води од селото Бегниште и по водите на Тиквешкото Езеро, до устието на реката Каменица (која порано се слеваше во реката Црна, а денес во Тиквешкото Езеро), а потоа по прилично стрмен и карпест предел. Остатоците од пештерната црква Св. Лазар се видливи доколку сте во непосредна близина и подзастанете со чамец во водите на езерото.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 19:28
Маркова пештерна црква - с.Драдња

Пештерната црква посветена на Св. Никола, позната како Маркова црква, се наоѓа на оддалеченост од околу 1,5 км југозападно од с. Драдња, во стрмен и карпест предел, во сува пештера со длабочина од околу 20 м, висока околу 9 м, која наликува на готичка катедрала. Пристапот до црквата е многу тежок. Теренот пред и под пештерата е обраснат со високо и ниско зеленило кое е многу густо, кое ја отежнува проодноста. Влезот во природната пештера е сместен на вертикална карпа високо издигната на околу 12 метри над теренот. Денес до него може да се дојде само со планинарско искачување.

Внатрешниот простор на Маркова пештерна црква


Св. Никола во патронска ниша на западната страна на црквата

Црквата е изградена на влезниот дел од пештерата што ги детерминира димензиите и поставеноста на самиот објект. Таа е двоспратна т.е. се состои од приземен дел кој служел за поминување и кат - просторот на црквата-капела, на кој се качувало преку дрвени скали од внатрешната страна на пештерата. Црквата е со ориентација исток-запад.

Марковата пештерна црква претставува значаен прилог за историјата на анахоретското сликарство од средновековниот период, а воедно и потврда за динамичен и монашки живот по долината на Црна.

Денес на црквата не се забележливи било какви подоцнежни градежни или слкиарски интервенции. За да се сочуваат остатоците од овој значаен објект во фаза е заштитен конзерваторски зафат.

Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 19:32
Пештерна црква Св. Спас, с. Евла, Ресен

Под подножјето на Галичица од Преспанска страна се наоѓа црквата св. Спас, до која може да се стигне со секакво патничко возило доколку временските услови го дозволуваат тоа. Најблиско село до манастирот е Евла, кое се наоѓа на неколку километри одалеченост. На празникот Св. Спас кој секоја година се прославува на различен датум на ова место доаѓаат луѓе од целата Преспа, како и посетители од околните села кои припаѓаат под охридскиот регион кои одлучиле да дојдат пеш во оваа прекрасна црква.




Таа е единствена пештерска црква во преспанско-пелагониската епархија. Вистинското место на црквата "Спаса" било подалеку од селото, сега викано (стара Спаса), но кога Турците го испоганиле според преданијата, иконата што била таму жителите ја нашле на неколку километри од селото Евла, каде што била подигната црквичка, веднаш до пештерата до која само лежечки се приоѓа за да се наполни лековита вода од изворот што го има под планината.
Местото кај Свети Спас е мошне уредено, покрај другото и со финансиска поддршка на некогашните негови жители. Посетителите постојано се распрашуваат за Светиот камен кој се наоѓа до црквата.

Се распрашуваат дали и натаму луѓето се провираат низ него. Тие излегуваат низ едната дупка, а влегуваат низ другата. Најмладите за закрепнување и здравје, другите за добивање на пород. Над стените каде што се наоѓа пештерата е изграден крст во комплексот на црквата, како и конаци и прифатилишта за многубројни посетители. А такви доаѓаат од разни страни, со желби и надежи да им се остварат соништата и советите дека не треба да бидат малодушни и без верба за среќа и здравје.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2010 во 14:57
Пештерна црква Св. Еразмо, крај Охрид

ArialВо средновековниот Охрид на Св. Еразмо му е посветена една пештерна црква, близу до брегот на Езерото, би рекле во самата утроба на Габавскиот Рид, на кој се откриени културни напласти и од предхристијанскиот период, како што е се уште загадочната тврдина со киклопски ѕидови од времето на македонските кралеви.
На околу 200 метри југоисточно од манастирскиот комплекс, откриена е старохристијанска базилика од III - IV век, исто така посветена на Св. Еразмо.

На речиси два километра од излезот на Охрид, во правец на Струга, од десната страна на главниот па, високо во ридот, во тврдите камени карпи издлабена е пештерната црква "Свети Еразмо". За да се стигне до неа, треба да се помине низ педесетметарска патека, која од едната страна е обрабена со камен ѕид, а од другата со дрвја и грижливо дгледувани цвеќиња. На нејзиниот почеток е изградена чешма која, се верува, ги мие гревовите.

Живописот во пештерната црква е сочуван во три сликарски фази, а во најстарата од нив е идентификуван ликот на Св. Еразмо и тој потекнува од XIII век. Најголемо внимание во оваа пештерна црква привлекува ликот на еден владетел, претстава во која различни научни дејци го препознаваат солунскиот цар Теодор, византискиот император Михајло VIII Палеолог или пак неговиот син Андроник II Палеолог.
Co нашите најнови истражувања се потврди дека тука се работи за ликот на епирскиот деспот, а подоцна солунскиот цар Теодор I Ангел -Дука, кој од страна на Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан е крунисан за цар, во црквата Св. Јован Богослов - Канео. Во 2000 година на локалитетот Плаошник е откриено депо на негови монети, кои претставуваат раритет на денешните простори на Македонија.
Осаменоста на оваа пештерна црква на овој дел од брегот на Охридското Езеро - на патот Охрид - Струга - како и стеснетоста на корисниот простор и некои други елементи укажуваат дека се работи за поединечни испосници или пак сосема мало калуѓерско братство коешто живеело во малите конаци покрај самата пештера.




Изменето од ФорумскаБаба - 15.Јули.2010 во 15:03
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 15:51
Црквата Св.Архангел Михаил во Радожда меѓу најстарите пештерски цркви

Црквата Св.Архангел Михаил е сместена на бреговите на Охридското Езеро , во исклучителен амбиент во природна пештера високо во карпите над струшкото село Радожда.

Оваа пештерска црква се состои од два дела во кои има богат фрескоживопис, кој повеќе е зачуван во вториот дел на црквата.

Според стилот на зачуваните фрески, овој живопис датира од крајот на 14 или од почетокот на 15 век. Но, во вториот дел на црквата, под слојот на постојните фрески  постои постар живопис, кој говори дека оваа пештерска црква е изградена можеби и пред 14 век. Стручната анализа на ликот на Архангел Михаил на јужниот ѕид води кон тоа дека овој живопис највероватно потекнува од 13 век. Творецот на оваа фреска со невидена префинетост го моделирал ликот на светецот, што тој може да се вброи во најдобрите зографи од тој период.

Посебна реткост е и фреската која прикажува дел од композицијата ,,Вознесение Христово,, која според сознанијата е проширена во 14 и 15 век на вдлабнатината на една карпа.

Црквата Св.архангел Михаил поради местото на кое се наоѓа е вистинска атракција за посетителите.


Кон врв
revoltirana Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај revoltirana Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2010 во 23:39
POZDRAV Golem i najgolem plus za ovaa statija, posbeno onie koi se potrudile da napisat za pesterskite crkvi kaj nas vo Makedonija..

Ke ima sto da citkam sega a bogami i da naucam i posetam vo skoro vreme

ODLICNO
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 15:42

pesterni-crkvi-1

Пештерните цркви, кои се јавуваат во 9 век или порано, а чии живописи се главно датирани во 13 и 14 век, се тесно поврзани со христијанското учење - исихазм. Тоа дава печат и на целокупниот некогашен живот во Македонија. Тука, во разни пештери, се појавиле многу пустинаци кои се занимавале со мистика, чудотворство и пророкување. Особено околу Охридското Езеро, Тиквешко езеро, реката Бабуна, Кумановко - Кратовски крај ,  никнувале црквички - пештери во кои живееле и дејствувале исихастите.

pesterni-crkvi-2

Да споменеме неколку од нив: новооткриената пештерна црква Св. Никола кај кампот Љубаништа, стотина метри северно од с. Трпејца, на една карпа се наоѓа фреска со ликот на Св. Никола; во туристичкиот камп Градиште во карпа се наоѓаат остатоци од монашко живеалиште; стотина метри северно од него се наоѓа пештерната црква Богородица Пештанска; над синдикалното одморалиште “Орце Николов” се наоѓа пештерната црква Св. Стефан;

pesterni-crkvi-3

само стотина метри западно од оваа црква се гледаат во една карпа остатоци од живопис; пештерната црква посветена на Воведение Богородичино, во карпите под црквата Св. Јован Богослов - Канео во Охрид, на плажата Лабино во една мала пештера каде што извира извор, се наоѓаат остатоци од живопис; северно од неа,на околу двесте метри, во една длабнатина, луѓето одвреме навреме палат свеќи и според искажувањето на постарите рибари од Канео, кога ќе оделе на риболов велеле дека одат да ги фрлат мрежите кај Св. Спас; на почетокот на плажата Грашница има поголема пештера, до неодамна со остатоци од живопис; западно од Охрид, на околу два километри се наоѓа пештерната црква Св. Еразмо; само стотина метри на запад од неа се наоѓа едно монашко живеалиште во внатрешноста со исцртан крст; пештерната црква Успение на Богородица во Калишта; на стотина метри јужно од неа се наоѓа пештерната црква Св. Атанасие; потоа Св. Архангел Михаил кај с. Радожда и др.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,311 секунди.