IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Селски туризам - Репортажи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Селски туризам - Репортажи

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Селски туризам - Репортажи
    Испратена: 03.Јули.2010 во 04:13


с.ВАТАША

Јужно од Тиквешката котлина кон планината Кожуф е распослано селото Ваташа. Сместено е во срцето на питомата Тиквешија, во долината на реката Луда Мара. Реката го дели селото на два дела: источен и западен и е скалесто распоредено од двете страни. Од исток и запад се протегаат високи ридови, од северната страна е Кавадарци, а кон југ се граничи со висорамнината Витачево од каде убаво се гледаат високите огранци на Кожув планина. Низ Ваташа минува главниот асфалтен пат за горните тиквешки села во Бошавијата, а потоа кон рудникот Р'жаново „Мариово" и Меглен - Егејска Македонија.

Атарот на Ваташа е скоро заеднички со атарот на централното место на Кавадарци. Ваташа се наоѓа на надморска височина од 295 м. Населбата е од збиен тип со издолжен облик кон долниот тек на реката Луда Мара.
Под падините на Кожуф планина извира реката Луда Мара која по течението има мали притоки кои ја зголемуваат количината на водата. Од оваа река се наводнуваат крајбрежните бавчи, лозја, житарици а на неа има и воденица која на населението им служи за мелење на брашно за употреба на луѓето и стоката.

Ваташа е позната средновековна населба со христијанско население од збиен тип. Имено како најголемо населено место се спомнува уште 1378 година кога Ваташа била најголема населба во Тиквешко, со голем број, најпрвин кираџии, а потоа дуќанџии. Во 1395 година кога Македонија потпаѓа целосно под турска власт се изменува и ликот на населбата. Голем број на населби добиваат ориентална физиономија со градење џамии, безистени-медреси итн.
Во 1830 година во Ваташа започнува да работи првото световно училиште во Тиквешијата.
Во 1838 година со помош на македонскиот просветител Теодосиј Синаитски, селскиот учител Даскал Камче ја отвора првата печатница во Македонија, токму во Ваташа, во периодот на македонското Просветителство.
Во 1860 година во Ваташа е изградено основното училиште „Даскал Камче".
Во текот на 1901 година при својата неколкунеделна посета на Кавадарци и околината, Гоце Делчев престојува неколку денови и во Ваташа.
Во 1913 година за време на Тиквешкото востание српските војници стрелаат 40 луѓе. Но, со тоа не доаѓа крајот на страдањата. Ваташа е надалеку познато по еден друг крвав настан од Втората Светска војна.

Во април 1941 година селото влегува во бугарската окупациона зона. Од самиот почеток жителите на Ваташа не ја прифаќаат новата монархистичка власт и активно се вклучени во комунистичкото Народно-ослободителното движење.
На 16 Јуни 1943 година во месноста „Чаирот,, бугарскиот фашистички окупатор го изврши едно од најголемите злосторства во текот на Втората светска војна во Македонија.


На тој ден беа стрелани дванаесет младинци од с. Ваташа на возраст од 15 до 27 години, а потоа нивните тела на најѕверски начин се масакрирани (Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп-Ѓорѓиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев).
Во нивна чест е изграден и споменикот во близина на селото, во месноста Моклиште и испеана е народната песна „Ми заплакало селото Ваташа".


На јужниот ѕид на споменикот е запишано: „Смртта стана немоќна пред нашата младост исправена, пред очите наши загледани, уште тоа утро во иднината".
На местото на стрелањето подигнат е спомен парк со површина од 7 ha а во него се посадени 12 јавори како симбол на стреланите младинци.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 04:15

Село Брајчино

Брајчино нуди и прошетка и запознавање со околината со стручно обучени водичи. За странските туристи најатрактивна е шестчасовната прошетка до Големо Езеро, во средиштето на националниот парк Пелистер, на височина од 2.200 метри. Оттаму може да се посетат повеќе села, како Маловиште, Магарево и Нижеполе, кои привлекуваат со своите специфичности.

Поради близината до Преспанско Езеро, за љубителите на водата и птиците интересни дестинации се и островот Голем Град, орнитолошкиот резерват Езерани, како и Подмочани, каде што се наоѓа музејот со најмногубројната колекција на народни носии.

Преспа е подрачје во кое постојат услови и можности за развој на разни форми на алтернативен туризам, посебно на комбинираниот еко и културен туризам. Тоа произлегува од амбиентално-традиционалните карактеристики кои ги имаат селата во регионот. Така во нив се зачувани некои групи од интересни традиционални градби, кои не се на листата на заштитени градби, а кои идеално се вклопуваат во околината - изградени од камен, вклопени во дрвени рамки, со откриени тераси, покриви од ќерамиди и разни помошни структури во дворовите, како фурни, штали, амбари и слично.

Други форми кои имаат можност да се развијат се зимско-спортскиот туризам, планинскиот, здравствениот, манастирскиот, со разни активности како собирање на треви, листови и слично, со што перспективно гледано се избегнува масовниот туризам како помалку атрактивен.

Брајчино е царство на традиционални преспански јадења, како ѓомлезе, питулици, гравче-тавче, циронки, пити и мармелади од јаболка и уште многу неверојатни понуди кои ги има само во Брајчино.

Сите потпелистерски села ги имаат основните услови потребни за почеток на селски туризам: иницијатива на месното население, сместени на падините на Пелистер, културно наследство (камени куќи, цркви), природни богатства (река, планина, шума, езеро), добра поврзаност, јавен транспорт. Патот на брајчинци поминуваше низ многу угорници и удолници, но велат вредеше упорноста.



Специфичната селска архитектура датира од XIX век, а во селото има пет цркви и манастир од XVI век. Во селото се наоѓа рибник со ресторан, а сместувањето се нуди во неколку одлично уредени куќи.

Оддалечено е само 15 минути од Преспанско Езеро, а сместено е во подножјето на планината Баба, во непосредна близина на националниот парк Пелистер. Богато е со извори пенлива вода, висока и зелена шума, планински врвови што пленат со својата убавина, со еколошки јаболка никнати на надморска височина од над 1.000 метри и јагодите што зреат доцна налето - ова е дел од „портфолиото“ на Брајчино, единственото македонско село, кое од ова лето се наоѓа на светската туристичка мапа со подзнак - еколошки туризам.

Затскриено во пазувите на Баба, освежено од пелистерскиот воздух од една страна и заплиснато од преспанското сонце од друга страна, со автентична архитектура и љубезни домаќини (оние што останале бидејќи повеќето од нив се печалбари во прекуокеанските земји), ова место, и по својата местоположба и по убавините што ги нуди, е особено.

Селскиот туризам во Македонија остава задоволството на лицата на домаќините, горди на она што досега успеале да го направат за развојот на еко туризмот во нивното село и љубопитноста на оние другите, гостите од потпелистерските села. Со топло добредојде не однесоа во куќите на Диневски, Шуковски, Костовски, Темелковски, и постарата Николина, за која велат домаќините уште во 80-тите прва започнала со оваа идеја за селски туризам нудејќи му ги на гостите своите специјалитети, мазник и кисело млеко.

Изменето од ФорумскаБаба - 03.Јули.2010 во 04:33
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 04:20
Галичник

Се наоѓа на падините на планината Бистра, околу 10 километри до Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружен со пасишта.

Галичник е познат е по " Галичката Свадба ", традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра "Тешкото" оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на диви кокошки - галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле.

Турски патеписци зборуваат за Галичник во 18 и 19 век за битен економски центар, не само за регионот, туку и на империјата. Кон крајот на 19 век, Галичник бил поголем и од Гостивар. Јордан Хаџи Константинов-Џинот во втората половина на 19 век вели дека селото имало 500 куќи. Ако се земе дека во една куќа би живееле во просек 8 луѓе, тогаш бројот на населението би се движел околу 4000. Галичник во овој период има значително културно влијание во европскиот дел на Турската империја, главно преку своите преродбеници: Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски, Макарија Фрчкоски, Панајот Гиновски и др.

Третиот период во историјата на Галичник е од 1912 до денес. Балканските војни делувале негативно на овчарството, затоа што со Грчката окупација било оневозможено зимување на овците во Егејска Македонија. Сепак, оваа дејност, почнала да стагнира уште во 19 век. Се поголем дел од мажите оделе во печалба, каде се специјализирале во разни занаети: млекарство, пекарство, слаткарство итн. Во 30-те години на 20 век, галичките печалбари веќе имале насобрано големо богатство, а некои од нив биле и милионери во тогашни американски долари. Пример за вакви успешни бизнисмени биле Васе Чоланчески, Софре Лоноски, Аврам Лоноски и Огнен Алаутоски.

Во минатото, економијата на Галичник се базирала на овчарството, додека многу луѓе биле праќани на печалба - да работат надвор од земјата и да пратат дома пари. Денеска, Галичник е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните жештини. Интересно е да се забележи дека официјалниот број на жители на Галичник, преку зима е 2 жители.

Галичник е ценет по квалитетниот Галички кашкавал, како и поради белото сирење. Галичник е познат и по локалната традиционална Архитектура, летната Галичка уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа.

Црквата „Св. Петар и Павле

Во селото постијат две цркви: „Св. Петка“ која потекнува од крајот на XIX век, и централната црква „Св. Петар и Павле“ изградена во 1930 год., а осветена во 1931 год.

Галичка свадба

Галичката свадба се одржува секоја година на Петровден, (втората недела од јули). За разлика од порано, кога на Петровден во Галичник се склопувале и по над 40 бракови, денес свадбата има повеќе културно значење и е еден вид кутлурна манифестација.


Ликовна колонија

Ликовната колонија во Галичник се организира секоја година во месец август. Првата колонија од овој вид била организирана во 1990 година, благодарение на залагањата на сликарот Нове Франговски. Колонијата традиционално се одржува во Хотелот Неда, а е финансиски поддржувана од Министерството за култура на Република Македонија. На 17 одржани колонии твореле уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Романија, Велика Британија, Јапонија, Италија, Унгарија, Германија итн. Уметкичките дела, слики и скулптури, се прикажуваат на секои две години на соодветни изложби.

Овчарски средби

Секоја година на ден-два пред Петровден се одржува т.н. овчарски натпревар во брзо стрижење и молзење, односно Овчарски средби. Освен натореварите во стрижење и молзење на овци има и борба на пеливани. Има изложба и дегустација на сирења и нивно оценување. Учествуваат повеќе фолклорни групи од Македонија од повеќе националности. Овие средби се одржуваат на бачилото „Вардар“.

Архитектурата е една од главните обележја на Галичник. Стрмниот и амфитеатрален терен е искористен за изградба на камени куќи врз изохипсите на теренот. Куќите имаат форма на кубус со благ пирамидален кров.

Галичка носија

Галичката носија, особено женскта галичка носија, е една од најпознатите во Македонија. Се одликува со невообичаено богатство на детали. Исклучително е слична со другите мијачки носии од реканскиот крај (Лазарополе, Тресонче, Сушица, Гари итн.). Во женската носија кои преовладуваат белата боја (накај жолта) и црвената боја.

Белите клашнени облеки, украсени со црни гајтани, се главни одлики на машката мијачка носија. Ова е условено од климатските и стопанските услови во кои тие живееле (живеат) како сточари во планинските предели на планината Бистра, Стогово, Крчин и Кораб.

Галичник денес
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 04:23
Македонски етно- туризам - Село Оровник

Оровник е село во југозападниот дел на Македонија, одалечено на точно 7 km од најпознатите туристички градови во Македонија, Охрид и Струга, расположено точно покрај Охридскиот Аеродром. Има прекрасна местоположба со поглед кон Охридското Езеро, а покрај него поминува еден од најважните магистрални патишта во Република Македонија - патниот правец Охрид-Скопје.

Кога селата Оровник, Подмолје, Вишово, Тројани и некои други населби, настанале, засега, со сигурност не се знае, но со сигурност се знае дека имаат многу старо потекло. Во досега објавените извори првпат Оровник се споменува како Ораховница, па дури и во пописот на Охридскиот санџак од 1582 година (како Раховник) кое го сочинувале 39 семејства и 7 самци, односно со 202 жители христијани и 4 семејства со 20 члена муслимани. Тогаш Подмолје (Подмол) имало 37 семејства и 4 самци со вкупно 189 жители христијани. Селото Вишово било со 20 семејства и 11 самци, со 111 жители христијани, а додека Тројани имало 5 семејства со 25 жители христијани.

Ова укажува дека четирите населби на денешната КО Оровник постоеле многу подолго пред тоа, но дали биле лоцирани на нивните сегашни места не се знае.

Според искажувањата на постари оровничани што ги забележал проф. Бранислав Русиќ во 1948 год, селото Оровник во XVIII век се наоѓало на главниот пат во месноста Лозја. Имало околу 400 куќи и една голема црква, долга 18 метри. Меѓутоа настанало големо пленство и селото опустошело. Слична била судбината и на останатите три населби, па веќе сите кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век станале турски чифлизи, кои биле населувани со македонско христијанско население од другите етнички делови на Македонија, каде што повторно се формирале четирите населби.

За името Оровник егзистира следно предание

Кога Отоманската империја го зазела овој крај, населението се побунило. За одмазда Турците с. Требеништа го истребиле, с. Горенци го изгореле, а селото Оровник, затоа што водачот на народниот отпор бил од него, го изгореле, а потоа го изорале. Оттогаш селото го носи денешното име, како и соседните села што ги носат тие имиња.

Постои и други кажувања за името. Едното е дека на ова подрачје имало многу ореви од каде што селото го добило името. Другото е дека, село со исто име, Оровник, има на источниот брег на езерото Мала Преспа, во Леринско, Егејска Македонија. И тоа било мала населба која настрадала за време на граѓанската војна во Грција. Неговите жители биле насилно протерани од родните огништа, а подоцна во неговиот атар грчката власт населила бегалци од Пинд, кои дотогаш живееле во с. Винени. Има забележани искажувања дека првите во Оровник биле доселени од леринското село Оровник и затоа на новата населба и го дале истото име, Оровник. Ова како и претходните искажувања досега не се научно докажани.

Оровник е стара македонска населба. До 1953 година било стуткано на падините од Чука и Св. Петка со сосема мал број на куќи под селската црква.

Општествениот живот во тоа време главно се одвивал кај чешмата, на сретсело, во продавницата, во Управата, младинскиот дом, во црквата и кај ковачницата.

Ширењето на селото започна во 1954 година , после поројните дождови и поплавата.

Денес селото Оровник е современа населба. Исполнет е просторот од Горна Маала па се до магистралниот пат Охрид - Кичево. Сите Улици низ селото се асфалтирани, има водовод, а во тек е поставувањето на канализациона мрежа која ќе го поврзе Оровник во колекторскиот систем.

Во Оровник, покрај трговските дуќани исто така егзистираат и неколку индустриски објекти (од текстилната и металургиската индустрија) и повеќе самостојни занаетчии (столари, лимари и водоводџии) кои ја даваат стопанската слика на селото.

Туризмот- како егзистенцијален потенцијал за оровчани

Порано, се до 90-тите години од минатиот век, жителите од Оровник, во главно, беа вработени во индустриските фирми во Охрид и Струга. Денес е сосема поинаку. Работа за младите нема, па од тука и малкумина се вработени во индустријата, а останатите се обидуваат својата егзистенција да ја најдат во земјоделието и сточарството. И овие двете, последните, и земјоделството и сточарството се чини дека се моментално без перспективни за развојот на Оровник. Оровник и оровничани од поодамна, но посебно сега, го актуелизираат проблемот со изградба на плажата и средување на крајбрежниот појас во сопствениот атар.

Во Оровник, оровничани живеат во современи објекти за живеење. Сето тоа преставува одличен потенцијал каде можат да се сместуваат туристи од најразлични категории. Оровник преку летната сезона може да смести повеќе од 1000 туристи во приватното сместување. Капацитети има, природни убавини има, комуникации со околните градови и со државата има, недостига малку повеќе разбирање и желба од страна на државните органи да ни се излезе во пресрет, и да ни се овозможи изведба на еден таков проект. Со тој проект би можело, секое домаќинство да заработува доволно, па дури и повеќе отколку кога би работеле во индустријата и земјоделието- велат Оровчани.

Преданија, археологија и религија

Подрачјето на КО Оровник не е до сега систематски испитувано и не се вршени специјални ископувања. При случајни ископи најдени се остатоци од предмети и некрополи. Во непосредна близина се локалитетите Горенци и Требеништа. На југоисток од оровничкиот синор, до манастирот Св. Еразмо се протегала населба или повеќе населби под името Хермелеја, од која се регистрирани локалитетите: Свети Еразмо, Габавски Рид, Чекоштина, Патерица и Козлук. Меѓу овие два простора, Горенци – Хермелеја не можело да нема живот, односно населби. Присутно е преданието дека од месноста Кулиште во Оровник, па се до Градиште, Требенишко Кале постоел пат кој поминувал: Кулиште – Тројанско Поле – Тројани – Чука – Градиште. И денес има контури од тој пат.

Од предметите при случаен наод во 1958 год над самото село во Заводот за заштита на спомениците од културата и Народниот музеј од Охрид е регистрирана една обетка која потекнува од VII и VIII век. Северозападно од селото, во долот Лескоец на неколку места се регистрирани керамички цевки кои се поставувани во правец кон изградените терми. Во месноста Под Лозја, на самата раскрсница на патот Кичево – Охрид и селскиот пат од с. Оровник за с. Мислешево во 1957 год откриена е Илирска некропола. Во локалитетот Селиште на 2,5 км југоисточно од Оровник има купишта од камења од објекти, како и остатоци од два бунари за вода. Во југозападниот дел на овој локалитет има остатоци од едно - корабна црква со ѕидови широки 90 см. Јужно од црквата се протегала некропола која датирала од Средниот развиен век. Меѓу населението од Оровник кружи предание дека токму тој локалитет било старото Оровник, а има и свое предание како било уништено. На овој локалитет во 1953 година пронајден е прстен од месинг.

Во локалитетот Корија – Манастириште, кој се наоѓа на 1 км источно од селото Подмолје има остатоци од сакрална градба и оградено е со суви ѕидови што наведува на тоа дека се работи за манастирски комплекс.

Локалитетот Тројани се наоѓа во подножјето на Тројанска Чука, одалечено 2,5 км источно од Оровник. Месноста е котлина во која било поранешното село Тројани. Таму се и изворите од каде селото Оровник се снабдува со вода за пиење. Северно од изворите се наоѓа некропола од античкиот период. Во 1958 год откриени се неколку гроба во кои се пронајдени една кама и грниња.

На локалитето Вишово има остатоци од камења, а во 1938 биле пронајдени повеќе гробови.

Од светилиштата во Оровник се селската црква Св. Илија, манастирите Св. Петка и Св. Недела, како и Големиот Свет Крст.

Архитектура

Карактеристична архитектура за Оровник е куќа со приземје, ќерал, и еден кат. Во приземјето била сместувана стоката, просторијата за стоката се вика пондила, зимницата, дрвата за огрев, алатите за работа, со еден збор како магацин. На катот има две или повеќе простории и голем чардак. Во една од просториите задолжително има огниште. Тука се приготвувало јадењето, се обработувало млекото, се јадело и служело за дневен престој. Другите простории или одаи биле за спиење, спални соби. Подот од катот е послан со дрвени платици, а преку нив е послана земја, а поретко биле ставани подови од јасикови штици. Чардаците се големи, заградени со штици. На нив или под нив, во ајатот, се чувало есенското семе, пченка, тикви , кромид, суви пиперки итн. Летно време луѓето на чардакот се одморале за време на пладневниот одмор. Внатрешната фасада е од кал, а поретко од вар и песок. Тоалета нема во внатрешноста на куќите. Од градежен материјал се користи: камења за темелите и цоклето, поретко целото приземје, плиќе – тули од кал, дрво, покрив од слама ‘ржаница или со турски ѓерамиди. Асеизмички куќите биле зајакнати со дрвени појаси, отприлика на секој метар височина и поврзување на гредите, чатмите и диреците со дрвени чивии.

Близу до куќата има плевна и кошара, пред кои има големо гумно.

Современата архитектура во Оровник датира од 1963 година навака.

(Од официјалната ВЕБ страна за Оровник)
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 04:28
Село Ниже Поле

Ниже Поле е мало планинско село оддалечено 12 км. од градот Битола. Тоа се наоЃа на работ од Националниот Парк Пелистер со 186 жители (95 мажи и 91 жени). 80% од населението се Власи, 15% се Македонци и 5% се Албанци.

Зачетоците на туризмот и рекреативните активности на Баба планина се забележани уште на почетокот на минатиот век.

Селото Ниже Поле (1060 м.н.в.) се наоЃа на границата со Националниот Парк ,,Пелистер,, и е на само 10 км од градот Битола и представува важна дестинација за рекреативците и другите туристи од регионот и државата, но исто така и соседните земји особено Грција и Албанија.

Бројните излетнички места, планинарски патеки и скијачки терени со кои изобилува околината привлекуваат илјадници посетители преку текот на целата година. Селото Нижополе дава можности за развој на повеЌе видови традиционален или алтернативен туризам и одлични услови за зимски и летен туризам.

Во развојот на туризмот може да се искористи и населението од самото село Нижополе особено за производство на здрава храна или во функција на агро-туризмот.

Иако не постојат прецизни податоци за бројот на посетители проценките укажуваат на тоа дека бројот значително е поголем на пролет и во летната сезона, во текот на викендите и државните празници како и во текот на собирањето на Шумските плодови (диво овошје и печурки).

Рекреативниот туризам

Рекреативниот туризам - е најразвиен. Меѓу рекреативните активности кои можат да бидат практицирани на масивот се: разгледување, пешачење и планинарење.

Со пешачење и разгледување на селото и околината, ќе стапите во директен контакт со месното население, нивната срдечност и топлина. Допрете дел од минатото со посета на локалните цркви, манастири, селски куќи и почувствувајте дел од секојдневието на нижеполчани набљудувајќи ги стадата овци распространети по планинските пасишта...

Сево ова, надополнето со природните пејсажи од кои запира здивот, ви овозможува неповторливо и незаборавно доживување кое ќе ви остане во долго сеќавање.

Пешачките патеки се обележани така што секој посетител или планинар може да ги види најинтереснитепланински делови, историски споменици и природните убавини. Скоро сите патеки се лесни и можат да ги користат поголем број луѓе независно од нивната физичка кондиција

Здравствен туризам

Секогаш чистиот воздух, здравата клима и богатата разновидна вегетација, посебно боровата шума и ледничките езера, придонесуваат Пелистер да претставува туристичка воздушна бања.

Одржувајте го и подобрете го Вашето здравје преку престој во селото Ниже Поле. На една од прошетките низ околината на селото во изобилие Ви се нуди можност да се насладувате на даровите од недопрената природа: капинки, боровинки, малинки, шумски јагоди, шипки, печурки...

За вашето здравје и долговечност искористете ги најдобрите природни лекови: сонце, бистра вода од планинските извори и чист планински воздух.

Културен туризам

Целиот регион изобилува со вековно историско и културно наследство. Културно - историските споменици се специфичен вид на туристичка понуда и добра можност за запознавање со настаните од минатото на овој крај.

Секојдневно Ви се нудат содржини како: посета на културно-историските споменици, запознавање со регионот и нашата земја, негување на традициите и обичаите, надополнети со звукот на народните инструменти. Доколку престојувате во Ниже Поле во летниот период, слејте се со масата луЃе кои го посетуваат селскиот манастир Св. Петка во центарот на селото и запознајте се со верските обичаи присуствувајќи на традиционалниот славски ручек. Посебна атракција е стариот Француски Пат, изграден во Првата Светска Војна од страна на француските војски и кој води до Големо Езеро.

Планински туризам

Пелистерскиот масив со својата близина до градот Битола ги нуди следните типови планински туризам: зимски и летен стационарен туризам, транзитен туризам.

Оние кои не се доволно запознаени со теренот, можат да ги видат сите убавини на планината придружени со водич, кој ќе Ви пренесе дел од своето искуство за флората, фауната и вредноста на местото.

Пешачките патеки се обележани така што секој посетител или планинар може да ги види најинтереснитепланински делови, историски споменици и природните убавини.

Скоро сите патеки се лесни и можат да ги користат поголем број луѓе независно од нивната физичка кондиција.

Рурален еко-туризам

Селото Ниже Поле и селата во потпелистерскиот регион располагаат со богати природни вредности, разновидни археолошки, културни, историски и архитектонски вредности, кои имаат значајна улога во развивањето на руралниот еко-туризам.
Тој претставува спој на вековните природни и културни богатства на селото со желбите на туристите и нивната потреба да доживеат еден поинаков начин на живот различен од нивната средина.

Викенд туризам во текот на зимата изобилува со мноштво активности како: алпско и нордиско скијање, санкање, слободно лизгање.
Снегот во Ниже Поле се задржува од 3-4 месеци со дебел снежен покривач кој овозможува квалитетно скијање. Голем број скијачки патеки започнуваат од Ниже Поле на 1100м н.в. кое служи како собирен центар и е идеално место за ски-почетници. Приредете снежна забава за себе и за своите деца преку санкање и слободно лизгање, притоа користејќи ги услугите и жицарницата во Зимско летниот скијачки центар „Стрежево“.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
nena_princess Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 56
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nena_princess Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 11:28
Може да се рече Селски Најубав Рекреативен Одмор
Секогаш бори се за она што го Сакаш и верувај ќе успееш ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 17:46
С. Стење, Ресенско

Селото Стење се наоѓа на западниот брег на Преспанското Езеро, сместено на западните песочни плажи на Преспанското езеро, во подножјето на планината Галичица. Тоа е претпоследно село од нашата страна, а воедно и последно село до меѓународниот граничен премин Стење со Република Албанија. Стење е дел од општина Ресен. Во него живеат 399 постојани жители во 98 домаќинства.
Стење е богато со природни и културно-историски места. Во самото село се наоѓаат црквите Св. Кирил и Методиј (1911 г.), која се наоѓа во центарот и Св. Атанас (16 в.), на крајот од селото. Плажата во Стење е посебна геолошка реткост – таа се состои од ситен кварцен песок, остаток од глацијалниот период.
На влезот е поставена и табла на која се испишани информации за природните и културните убавини на селото, Преспа и Преспанското Езеро и за островот Голем Град. Во заливот Лиса има панорамски поглед на езерото.


За да го посетите Стење, можете да ја искористите директната автобуска линија Скопје – Битола – Ресен – Стење, која оди секојдневно . Од Ресен до Стење постојат локални автобуски линии. Од Скопје, со автомобил, се доаѓа преку автопатот Скопје - Гевгелија, од којшто треба да се сврти на излезот за Прилеп, а потоа по магистралниот пат да се помине покрај Прилеп, Битола и Ресен, до Стење.

Локални специфики
Кога ќе се најдете во Стење, штета ќе биде да не пробате специјалитет од познатите преспански риби – крап и сушена белвица-циронка. Љубителите на риболовот можат и самите да уживаат во спортскиот риболов долж брегот на Езерото во Стење или, пак, да ги посматраат вештите локални рибари.

Што можете да видите во околината?
За оние коишто сакаат да уживаат во пешачење низ природата, Стење пружа прекрасна можност за такви прошетки – покрај езерото до прекрасниот залив Лиса и селото Коњско, по планинските патеки низ Галичица, по кои можете да стигнете до превојот Пресека, од каде како на дланка се гледаат двете езера (Охридското и Преспанското). На планината ќе имате можност да собирате цвеќиња и лековити билки и чаеви.
Во близина на Стење се наоѓа и надалеку познатиот остров Голем Град до кој можат со чамец да ве прошетаат локалните жители од Стење. Но, сите посети на самиот остров треба да се договорат со Националниот парк “Галичица”. Од културно-историските споменици ви препорачуваме да ги посетите манастирската црква Св. Илија (1921 г.), во заливот Лиса, црквата Св. Петар (19 в.), на островот Голем Град и пештерската црква Св. Петка (19 в.).
Можете да го посетите и градот Ресен и околните села, коишто исто така имаат богата културна понуда. Ви препорачуваме, бездруго, да го посетите рибарското селце Коњско со специфичните стари куќи плетени од фоја, како и приватниот етнолошки музеј во селото Подмочани.
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 17:59
               СМОЛАРЕ
Смоларе е познато по својот Смоларски водопад, највисок во Република Македонија.



Смоларe се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 360 метри. Селото е познато по Смоларскиот Водопад (39,5 метри), најголемиот постојан водопад во Република Македонија. Името е изведено од зборот „смолар“ или човек што се занимава со собирање смола. Прв пат во историските извори ова село се среќава во пописот на населението од 1519 година. Среде село порано се наоѓале два стари јавори, високи околу 30 метри. Денес е останат помладиот јавор, чија старост се проценува околу 300 години. Во нивна близина е лоцирана црквата „Св. Троица“, изградена 1872 година. Порано, крај реката Ломница или Смоларска, постоле шест воденици, а денес се останати само две. Над селото се наоѓа и планинарскиот дом „Беласица“, а познати се и двете чешми: Баба Тренината и Трајковата.Целокупното население во Смоларe е сочинето од Македонци со православна вероисповед.

Црквата -Света Троица


Изменето од Calipso - 03.Јули.2010 во 23:22
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2010 во 18:04
Калишта

На 5 километри југозападно од Струга, веднаш на брегот на езерото лежи селото Калишта, познато по старите цркви и манастири и рибните специјалитети.


Таму, на самиот брег на Охридското езеро, во природен карпест амбиент се наоѓа манастирот Рожденство на Пресвета Богородица, или меѓу народот познат како Калишки манастир. Во склоп на манастирскиот комплекс влегуваат една пештерна и една нова црква посветени на Рождество на Пресвета Богородица, црквата посветена на Светите апостоли Петар и Павле и пештерната црква посветена на Св.Атанасиј.

Најстариот дел на манастирот е пештерната црква Рождество на Пресвета Богородица која е изградена во 14 век. Во самата карпа во која се наоѓа пештерата се наоѓаат и монашки ќелии. Во црквата е пронајдена и икона на Пресвета Богородица уште позната како „Црна Богородица“, која денес се чува во новата црква.

Новата црква е обновена во 1977 година, а темелите датираат од 13 век.

Пештерната црква Св.Атанасиј се наоѓа на 5 минути пеш од манастирските конаци. Изградена е во 13 век.

Манасирот Света Богородица Калишка

Манастирот Света Богородица – Калишка се наоѓа на западниот брег на Охридското Езеро веднаш после селото Калишта. Тој има голем имот од езерото се до ридот над него. Во негова сопственост е хотелот Бисер. Овој манастир е ствропихијален.
Јужно од манастирот се наоѓа пештерна црква Свети Атанасиј. До неа се доаѓа преку камени скали. Се смета дека потекнува од 14 век. На самиот влез во манастирот (од југ) и црквата Свети Петар. Изградена е над самиот извор, кој се смета за света вода. Сегашниот храм е осветен на 8 мај 1997 година. На северната страна од манастирот е светата вода Свети Ананиј. Тука сигурно имало сакрален објект, но при изградбата на хотелот Бисер тоа место е уништено. Би требало тука да се најде некакво обележје или параклис и да се регулира користењето на водата.
Манастирската црква се прикажува дека е од 14 век. Меѓутоа веројатно и во 14 век била подигната врз постар храм. Во текот на своето постоење храмот, а и целиот манастирски комплекс претрпел уривања, оштетувања и возобновувања. Сегашната тврда градба почна да се гради со благослов на првиот архиепископ на МПЦ Неговото Блаженство г. г. Доситеј на 16 јуни 1977 година, а се освети од актуелниот архиепископ во 2003 година.
Во историјата на Струга манастирот Света Богородица – Калишка има важно место. Тој бил и најважно струшко излетничко место. Главната слава му е на Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица (21. ИЏ). Се прави голем панаѓур, кој порано беше важна културна и стопанска манифестација. Со неговото минато и сврзана песната Фанче ојде во Калишта на Охридските трубадури. На панаѓурот доаѓаа и доаѓаат посетители и од поширокото подрачје.


Изменето од ФорумскаБаба - 03.Јули.2010 во 18:05
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2014 во 20:38
Селото Клисура и Долината на кактусите!



Селото Клисура се наоѓа во јужниот дел на Република Македонија на околу 5 км јужно од Демир Капија. До селото се доаѓа преку стариот макадамски пат за Гевгелија кој минува кај железничката станица Клисура. Овде всушност била правата локација на селото кое поради изградбата на пругата било преселено кон запад. Оттука, скршнувајќи кон запад и по уште 3 км асфалтен пат, се стигнува во самото село Клисура. На почетокот ќе ве „пречекаат“ сенките на илјадагодишните јавори под кои можете да се напиете ладна изворска вода која истекува од бројните извори. Во втората половина на XIX век селото Клисура броело околу 600 домаќинства, но тој број постепено опаѓал се до втората половина на XX век, кога речиси целото село било иселено во Демир Капија. Всушност, во Демир Капија сеуште постои клисурското маало. Денес во селото Клисура живеат само две домаќинства од кои пак ќе бидете љубезно пречекани, угостени и запознаени со убавините на оваа недопрена природа, со месноста Краставец, преубавиот манастир Св. Никола како и со природниот феномен кој е необичен за овие простори и кој несомнемо треба да се види и доживее, а тоа е:

Долината на Кактусите

Kaktusi

Вака го нарекуваат местото што се наоѓа веднаш над селото кое како да е послано со тепих од кактуси и со својата убавина ве остава без зборови. Кога на прв поглед ќе ги погледнете изгледаат како кактусите тука да се намерно посадени. Но тие се природно тука и се претпоставува дека нивното семе е донесено од птиците преселници кои наоѓаат засолниште во околните карпи. Благодарение на влијанието на медитеранската клима во овој дел на нашата земја, создадени се услови тие веќе неколку години да се присутни и да се шират на се поголем простор. Човекот пак, со дивото ископување во потрага по егзистенција, станува голема закана за кактусите.  Долината на кактусите и селото Клисура во последните неколку години се се повеќе посетени од домашни и странски туристи кои освен за оваа несекојдневна појава доаѓаат и поради прекрасната природа, планинарењето, планинскиот велосипедизам, риболов и алпинизам по вертикалните варовнички карпи кои се застапени во околината. Затоа, доколку сте во можност посететте го селото Клисура затоа што навистина има што да понуди и што да се види. Особено убаво е да се посети на 23 мај кога мештаните и иселените се враќаат за да ја прослават селската слава Св. Никола.


Автор - Стеван Ристов



Изменето од evangeline - 19.Јануари.2014 во 20:40
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6756
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2014 во 20:43
Лазарополе



Лазарополе претставува едно од највисоките (1350 метри) и најубавите села во Република Македонија. Се наоѓа на прекрасна локација во југозападниот дел на живописната планина Бистра, со извонреден поглед кон долината на Мала (Гарска) Река и планината Стогово.

До селото се доаѓа по добар асфалтен пат од правец на Гостивар и Маврово, скршнувајќи од патот Маврово-Дебар кај месноста Бошков Мост. Оддалеченоста од Скопје изнесува 145 км или околу 2 часа возење, од Гостивар 75 км, а од Дебар 23 км. Лазарополе е сместено во малото карстно поле Коритник, низ чиј средишен дел тече малата Лазарополска Река – десна притока на Гарска Река. Селото има пријатна планинско-континентална клима, со повремени медитерански влијанија кои навлегуваат од долините на Црни Дрим, Радика и Мала Река.

Климата се карактеризира со свежи лета и со благи, не многу сурови зими. Така, додека во жешките летни денови по градовите температурите се искачуваат и над 40 степени целзиусови, во Лазарополе тие ретко надминуваат 30 степени. Овој простор се одликува со најголемо количество на врнежи во Македонија – над 1200 мм што овозможило изобилството на шуми кои го прават воздухот кристално чист, свеж и лековит. Поради тоа, Лазарополе е познато како место со најчист воздух на Балканскиот Полуостров. Оние што прв пат го посетуваат Лазарополе ќе останат воодушевени, а оние што веќе претходно биле знаат дека ова е вистинското место каде ќе можат да најдат душевен мир.
[IMG]
Денес, Лазарополе е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште. Повеќето од нив се враќаат да ги реновираат старите семејни куќи и да ги искористат како прибежиште за одмор од летните жештини. Oфицијалниот број на жители на Лазарполе, преку зима е еден жител. 
Лазарополе е познато и по локалната традиционална архитектура, летната Лазарополска уметничка колонија, како и поради околната недопрена природа. Во духот на богатата црковна традиција, како порано, така и денес овде се прославува големиот празник Илинден. Прославата кулминира со ора на средсело и со звукот на зурлите и тапаните, неизбежни при било каква веселба во овие краишта. Лазарополската носија, особено женската е една од најпознатите во Македонија. Се одликува со невообичаено богатство на детали.
[IMG]
Главна селска црква во Лазарополе е Св. Великомаченик Ѓорѓи. Оваа црква како заштитен знак само ја надополнува живописната глетка на селото. Изградена во 1841 година, претставува монументална градба, опкружена со ѕидини од делкан камен високи 4 метри, на која во 20 век и бил доделен трем. Ентериерот на црквата е дело на легендарниот Димитрие Перкоски (Дичо Зограф) од мијачкото село Тресонче.Лазарополе е место на цркви и свети места кои ги има повеќе, а едно од нив е Св. Петка која е на мала одалеченост од куќите. 
[IMG]
Од неодамна, во селото е отворен хотел од висока категорија – Калин Хотел, кој располага со 16 пространи и вкусно уредени соби, како и одличен ресторан со вкусна храна.

За Лазарополе вистински да го доживеете треба да го посетите. Со својата прекрасна положба, природа, архитектура и уникатност, тоа претставува вистински предизвик за посета, особено во жешките летни денови.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.