IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Ѓорги Павлов Чуранов
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ѓорги Павлов Чуранов

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Ѓорги Павлов Чуранов
    Испратена: 10.Јуни.2010 во 08:26
Ѓорги Павлов Чуранов е еден од плејадата македонски синови кои му служат на ВМРО и целосно му се посветуваат на македонското ослободително дело во борбата за слободна Македонија.Ѓорги Чуранов е роден во далечната 1854 година во Смилево,покрстен односно стапува во редовите на ВМРО на ден Божиќ 1894 година зачленет лично од Даме Груев.Ѓорги Чуранов бил избран за председател на Селскиот комитет на ТМОРО во Смилево,горски началник и војвода на Смилевскиот реон.Чуранов посебно бил задолжен за снабдувањето со оружје и муниција на четите во демирхисарско,неговата организациона поставеност била една од најразвиените селски организации во Битолскиот револуционерен округ.Како што раскажува сега починатиот Јован Костовски Чуранов бил задолжен од Даме Груев,да формира во селото бомболеарница.За оваа цел Чуранов заедно со со браќата Крстевци(Павле и Мито) изработиле една бомболеарница во Смилево, но поради големата фреквенција на селото во тоа планинско подрачје,тешко можело де се сокрие чадот.Затоа наместо бомболеарница тие формираат работилница за поправка на пушки и револвери кој со голем успех работела до 2 август 1903 год.Во текот на Илинденското востание Чуранов со неговата чета префрла извесни количества со брашно во Крушевско и Демирхисарско,а учествува и во неколку судири со турската војска.
Особено сакам да ги напоменам тврдењата на смилевчанецот Ј.Костовски кој вели дека Даме Груев имал голема доверба во Чуранов и го сметал за еден од најблиските соборци.За пожртвуваноста на Ѓ.Чуранов и неговата посветеност на ВМРО говори и овај изнесен факт-Чуранов бил и голем финансиер на организацијата па така во март 1903 Чуранов доброволно го собира целиот наќит од неговото семејство односно сите златни наполеони кои како обичај биле давани за неговите деца-Кузе,Елена,Васил и Димко и ги дава за пушки за Организацијата.Еве што вели Ѓ.Чуранов во неговите необјавени спомени-Навистина премногу ми беше тешко кога ги дадов последните златници кои им ги одзедов на моите деца, но желбата да се ослободиме од мрачното робство беше во мене посилна од се.Во необјавените спомени на Ѓ.Чуранов тој раскажува и за податоците за турските воени гарнизони кои заедно ги собирале со Борис Сарафов.Во ВМРО со одобрение на Ѓорги Чуранов ќе стапи и неговиот малолетен внук Веле Чуранов кој ќе се одликува со голема храброст и патриотизам,имено Веле Чуранов овај млад комита ќе го изврши атентатот врз Смаил Ага во март 1903.

Како еден од најпосветените и најдоверливи личности на Организацијата Ѓ.Чуранов ќе ја има таа чест во неговата куќа да биде одржан Смилевскиот конгрес.Ѓорги Чуранов умира во 1951 г. во неговото родно Смилево.Овие податоци кои ги објавувам се само дел од револуционерното дејсвување на овај голем македонски деец,чии спомени за жал не се објавени.

Изменето од mungos80 - 10.Јуни.2010 во 08:27
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2010 во 08:29
Во текот на првите месеци на 1903 година се заредиле низа важни настани што на соодветен начин се одразиле и во Струшко. Се одржал фамозниот Солунски конгрес на ВМРО, свикан од внатрешни врховисти и пројавени предавници на македонскиот народ. Потоа се одржува и Смилевскиот конгрес во куќата на горскиот началник Георги Павлов Чуранов што, иако под претседателство на големиот револуционер Даме Груев, минал во бурна атмосфера и во отворени судири меѓу делегатите од одделни револуционерни реони, од кои некои биле подготвени a некси не биле за вооружено востание. Охридските делегати, што го претставувале и Струшко, се искажале против објавувањето на востанието, заради положбата на теренот. Сепак, одлуката паднала. Конгресот го определил бескомпромисниот централист Христо Узунов за началник на револуционерните чети во Охридско и Струшко.
        Веднаш по враќање од Смилевскиот конгрес, Хрисго Узунов се зафаќа со забрзано подготвување на реонот за активно учество во вооруженото востание против Турското царство. Комитетите продолжиле да купуваат оружје и по планините создале илегални складцшта и засолништа. На 14 мај 1903 година, до охридското и струшкото раководство пристигнува окружното на Главниот штаб на востаничките сили, раководен од Даме Груев (1871-1906). Тоа окружно препорачува к*рирските врски од Струга до Главниот штаб да бидат воспоставувани "преку Ресенско или преку Демирхисарско".
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 15:16
Наутро тргнавме за Смилево. Но, пред нас, уште во рани зори, тргнале за селото смилевчани-пазарџии кои откако дознале дека ќе одиме за селото им, побрзаа да не испреварат и да предупредат своите. Прекин на бурата река на село Обедник (турско село немаше и )автомобилот ни не можеше да ја помине и остана да ни чека. Смилевчани предвидели тоа и не чекаа со коњи. Наближивме селото. Исто така при првите кривииа на патот по нагорништето пред селото слушнавме да отеква камбаната. Само стигнавме на височината и некаде од првата улица се подесие огромна маса народ со широко развети бугарски трибагреници. Громко "ура" се разнесе наоколу и започнаа братска прегратки и бакнежи. Селаните, облечени Велигденски, се стичаа отвред. Еј го на чело на нова група бавно се приближува престарелиот водач на востанието Георги Чуранов, татко на нашиот другар Козма Георгиев. Прегратка, плач ... Една по друга се вбројуваа сестрите и браќата на Козма за поздрав. Возгласи "Да ни е вечна слобода!" се разнесуваат един по друг. Целото множество ликува, а камбаните бијат ли биjат! И така до доцна. Козма држи говор на своите сосељани, млади и стари во густа маса го обкружаваа, носат го на раце и т.н. - Додека конечно тргнавме назад за Битола. Испратени од целиот народ до крајот на селото со извици "ура"!

Средбата на бугарската војска
---
Што ли е станало после 1944 г. со Георги Чуранов и неговиот син Козма (Кузе) Георгиев? Дали са били кичени со табели "соработници со окупаторот"?

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 18:17
Чоли дојди во с.Смилево ќе ја видиш куќата и целата фамилија на Чуранов а во дворот на црквата во самото село е неговиот гроб.

И немој да ме смееш затоа што ги познавам Чурановци.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 18:24
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Чоли дојди во с.Смилево ќе ја видиш куќата и целата фамилија на Чуранов а во дворот на црквата во самото село е неговиот гроб.

И немој да ме смееш затоа што ги познавам Чурановци.

Интересно ми е што се е случило со Кузе Чуранов (Козма Георгиев). Можеби ке намериш податоци?
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 18:27

Илинденските водачи во Смилево
1. Кметот на Битола - Ненчев 2. Георги Попхристов 3. Свештеник Тома Николов 4. Георги Чуранов 5. Ген. Иван Маринов 6. Атанас Лозанчев 7. инж. Христо Станишев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 18:29
Пријателе сликите ги поставив јас па немој со мој камења погла да се маваш,а тој е од првиот брак на Чуранов,покасно се оженил уште еднаш во Македонија.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 18:34
Еве и Смилево - убаво китно. Пред селото не пречекаа со цвеќе селани и селанки заедно со пеленачетата си. Камбаните биеха постојано. Меѓу селото се беше собрала главната група посрештачи, или право кажано целото село. Повеќето од жените се облечени во прочуената по својата убавина Смилевска носиjа. Од сите страни се сипеа цвеќета - гороцвет, цвет од вишни, цреша, јаболко. Во средината на главното јадро на посрещачите видовме еден старец, кој се обиде да направи неколку чекори кон нас. Спушти се кон него и нашиот другар Козма. Крена раце Старецот да го засени својот син, кого не беше видел од дваесет и три години, стави главата на рамената, а конечно својата - врз главата на својот син. И така син и татко заридаха, без да можат да си продумат ниту думица. Пред таа слика и посрещачи и пречекувани онемехме. По малку старецот фати за рака својот син и го поведе. Свечено биеха камбаните и повторно завалеха цвеќета. Пред својата куќа синот конечно прозбори:

          - Нашите мисли беа постојано са вас и за вас, бидејќи и вие сте мислиле постојано за нас, во очекување на овој ден на слободата.

           Доцна во текот на денот напуштивме Смилево.
Село Смилево
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2010 во 18:41
Чоли немој да ме смееш,еве јас сум од Смилево,па повели сред село да објасниш кој сме.

Ако ти е страв не бери гајле ќе им кажам дека си наш ама со испран мозок.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Стефан Чуранов Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стефан Чуранов Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2011 во 19:31
Здравейте, казвам се Стефан Чуранов. Георги Чуранов ми е пра-дядо. Ще разкажа какво знам.
Децата от първата му жена са били 5.
Едното (незнам как се казва, вероятно Константин) остава в Македония, умира млад. Има 3-ма сина, внуци на Георги Чуранов - Милош, Душко и Георги. Двама от тях са ръководители на исторически музеи в Битоля и Скопие, а третото дете работи като архитект в САЩ. Майката (Велика) умира докато бягат в България след въстанието. Козма (Кузе),Елена,Васил и Димитър(Димко)се преселват и заживяват в София.
Козма няма деца. Опитва се да учителства в София, но не му разрешават. Напуска София и дълги години учителства в Лехчево и Медковец в България(Врачанска област). Имам снимка която ще сканирам и ще пусна в wikipedia. Незнам точно коя година умира, но имам снимки от погребението и мога да ги пусна някъде.
Елена учи и завършва история в София. Жени се за известен и голям историк Андрей Цветков. Имат две деца - Бистра и Лилия.
Бистра Цветкова се професор историк. Има много написани книги отнасящи се за региона и Македония. Някъде около 1980 година катастрофират заедно с мъжа си. Тя оживява, но след като и казват, че мъжът и е починал тя се самоубива скачайки от балкон в болницата.
Лилия Цветкова доктор на медицинските науки ръководител на санаториума в Овча Купел, София. Тя също не е между живите, но незнам кога е починала. Със сигурност 1994 беше още жива.

                  
Кон врв
Стефан Чуранов Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стефан Чуранов Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2011 во 19:50
Васил Чуранов има 5 деца. Коца, Любка, Милан, Милош и Иван. Заживял е в Поморие (Анхиало). По късно се връща в Македония. Милан, Милош и Иван остават в България подкрепяни от Козма Георгиев.
Любка (Любица)завършва история в София заедно с братовчедка си Бистра, има дете, но по политически причини е изгонена в Македония където работи като учителка.
Коца остава в София. Има две деца - Георги и Бистра.
Преди 20-на години Любица беше в София. Дошла да види сестра си Коца, която беше тежко болна.

Изменето од Стефан Чуранов - 20.Август.2011 во 19:50
Кон врв
Стефан Чуранов Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стефан Чуранов Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2011 во 19:58
Димитър (Димко) Чуранов се установява в София. Жени се за Кръстинка от Варна. Завършва право в София и работи като съдия, адвокат и юрист в София. Има син Константин Чуранов - внук на Георги Чуранов, инженер, състезател по баскетбол,заслужил майстор на спорта в България, участник на олимпиада в Хелзинки 52. Починал 2011.
Константин Чуранов има двама сина - Димитър и Стефан пра-внуци на Георги Чуранов.
Димитър Чуранов има дъщера на 11години - Никол пра-пра-внучка на Георги Чуранов.
Стефан Чуранов има син - Константин, бебе на 20дена пра-пра-пра внук на Георги Чуранов.




Изменето од Стефан Чуранов - 20.Август.2011 во 20:01
Кон врв
Стефан Чуранов Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Стефан Чуранов Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2011 во 20:10
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Чоли дојди во с.Смилево ќе ја видиш куќата и целата фамилија на Чуранов а во дворот на црквата во самото село е неговиот гроб.

И немој да ме смееш затоа што ги познавам Чурановци.

Аз съм стефан Чуранов, пра-внук на Георги Чуранов и внук на Димко Чуранов.
Бих ви помолил, ако е възможно да ни свържете с семейство Чуранови, и ако е възможно да посетим с. Смилево да видим къде са корените на нашето семейство.

Поздрави.
Стефан Чуранов.
malkaakula@gmail.com

Изменето од Стефан Чуранов - 20.Август.2011 во 20:10
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2011 во 00:31
Добеовечер Стефан. Пред се ти посакувам добредојде и пријатни дискусии на овој форум.
Официјален јазик е македонскиот јазик и неговото писмо, но, бидејќи ти си нов член овде, нема да е проблем да пишуваш и на бугарски, јас ќе ти ги преведувам постовите на македонски.

Бидејќи во твојот случај станува збор и за семејна ситуација, засега ќе ги оставам постовите да останат така како што се напишани, можеби некој од Смилево и Битола ќе може да помогне. Ако имаш и во другите македонски градови роднини, напиши слободно, можеби некои членови и од тие градови би можеле да помогнат.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,171 секунди.