IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Aрхитектура и дизајн
  Активни теми Активни теми RSS - Замоци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Замоци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 22:11

Најубавите дворци на светот


Најпознатите дворци биле инспирација за многу бајки, легенди, и митови. Некои од нив се Камелот на кралот Артур и замоците на Пепелашка и на Заспаната убавица, чии мотиви може да се најдат во парковите низ светот.

Dvorac Konvi

Уживајте во преубавите фотографии од некои од најубавите дворци во светот.

Казр Карана 

Казр Карана е еден од најпознатите пустински дворци, сместен во денешен југоисточен Јордан.

Kazr Karana

Изграден на крајот од 7-от век, овој замок претставува еден од најраните примери на исламската архитектура во регионот. Поради ограничувањето со снабдување со вода, дворецот Казр Карана се користел повремено, а се смета дека бил место за состанок на Бедуините.

Конви

Дворецот Конви е изграден меѓу 1283 и 1289 година, за време на воените походи на кралот Едвард I во северен Велс.

Konvi dvorac

Шест години подоцна дворецот го опседнал последниот принц од Велс. Опсадата траела неколку месеци кога снемале залихи од храна, така што дворецот и градот не биле освоени. Проценето е дека на изградба да дворецот и на одбраната на градот се потрошени околу 15.000 фунти (што денес би изнесувало 162 милиони).

Бран

Сместен во Романија, дворецот Бран обично се нарекува „дворецот на Дракула“, иако Влад Цепеш никогаш не го сметал за свој дом.

Дворецот првпат е користен во 1378 година во борба против Отоманското царство, а подоцна станал царинарница меѓу Трансилванија и Валахија.

Dvorac Bran

Влад Цепеш, историска личност искористена во романот на Брам Стокер, всушност никогаш не живеел во Бран, но поминал два дена заклучен во темница во кулата кога Трансилванија била под Турците.

Хајделберг

Дворецот се наоѓа во ридовите северно од Хајделберг, на висина од 80 метри, од каде има поглед кон стариот дел на германскиот град.

Рушевините од замокот се вбројуваат меѓу најважните ренесансни градби северно од Алпите, а нивната историја била бурна откако е изграден првиот замок во 13-от век.

Hajdelberg

За време на Триесетгодишната војна во 17-от век Французите сосема го уништиле, а во 1764 година во дворецот удрил гром, па неговиот камен е користен за градење нови куќи во Хајделберг.

Благодарение на многубројните градби и на реновирањето, денес дворецот се одликува со различни архитектонски стилови што му дава посебен шарм.

Високиот Кенигсберг 

Дворецот Високиот Кенигсберг е сместен на стратешка положба на високото брдо од каде се гледа рамнината Алсатиан во планините Вогези во Франција.

Visoki Kenigsberg

Користен е од средниот век, па до Триесетгодишната војна, кога шведските војници го запалиле и го ограбиле дворецот по опсадата од 52 дена. Потоа неколку стотина години бил запуштен.

Во 1899 година германскиот цар Вилхелм II го вратил во првобитната состојба, а Франција го запленила дворецот по Првата светска војна.

Шијон

Сместен на преубаво место меѓу брегот на Женевското езеро и Алпите, дворецот Шијон е најпосетен историски споменик.

Замокот се состои од 100 посебни градби кои постепено се поврзувани и сега прават целина.

&amp;amp;#352;ijon

Во средината на 12-от век во дворецот живеел грофот од Савоја, а за време на 13-век замокот значително бил проширен.

Дворецот никогаш не бил под опсада, но сменил многу сопственици.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 22:15

Француски дворец – олицетворение на аристократија и на луксуз


Spektakularni-francuski-dvorac

Американски дизајнер на ентериер го купи овој прекрасен дворец во долината на Лоара и го трансформира во исклучителен, аристократски дом. Замокот е изграден во 1764 година, а дизајнерот Тимоти Кориган го преуредил за да одговара на оригиналниот ентериер. Во ентериерот преовладуваат класични елементи. 

Spektakularni francuski dvorac slika2

Луксузот се огледува на сите страни. Од големиот салон, како и од многуте други простории, има поглед кон раскошната градина, која француската влада ја реставрира и ја отвора за јавноста 6 пати годишно. Декорацијата на ѕидот е богата, а орнаментите ги врамуваат прозорците и вратите.

Spektakularni francuski dvorac slika3

Во таканаречениот Кинески салон може да се видат оригинално насликани ѕидни панели од 18-от век, кои прикажуваат сцени од животот во Кина, онака како што го замислувале од Западот.

Главната трпезарија е формална, а ѕидовите се во розова-пинк боја. Помалата трпезарија е украсена со таписерии од 17-от век и витрина од дрво од роза, како и англиска маса од 19-от век со столчиња во стилот на Луј XVI.

Spektakularni francuski dvorac slika4Spektakularni francuski dvorac slika5

Кориган во кујната ги задржал оригиналните елементи, како што е каминот од гранит, а ѕидовите ги украсил со бакарни садови и порцелански чинии.

Лустерите во ентериерот се многу раскошни и повеќето датираат од 19-от век. Уметничките дела, како што се сликите и скулптурите, исто така датираат од 18-ти и од 19-ти век.

Spektakularni francuski dvorac slika6Spektakularni francuski dvorac slika7

Spektakularni francuski dvorac slika8



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2014 во 16:57

Alcazar Caste in Segovia, Spain




Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2014 во 07:05

Нојшванштајн - замок во Минхен кој ќе ве остави без зборови


Нојшванштајн во превод  „нова лебедова карпа“ е замок во Минхен кој воодушевува со својата инфраструктура и внатрешен ентериер.

nojsvanstajn-zamok-vo-minhen-koj-ke-ve-ostavi-bez-zborovi-01

Во замокот не било дозволено да влегуваат посетители, но после смртта на неговиот сопственик кралот Лудвиг во 1886, тој бил отворен за јавноста. Оттогаш до денес замокот бил посетен од над 50 милиони луѓе. Денес дворецот е во сопственост на покраината Баварија.

Дворецот се состои од стражарница, пергола, витешки дом со квадратна кула, и утврден замок со две кули на западниот крај. Целата композиција има театрален ефект, како од надворешноста, така и во внатрешноста.

Влијанието на кралот е насекаде очигледно, особено бидејќи бил силно заинтересиран и зел активно учество во дизајнот и украсувањето.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 13:05

The Swallow's Nest, Украина

Овој мал декоративен дворец е сместен на југот на Украина меѓу Јалта и Алупко,а изграден е на карпа на височина од 130 метри.

Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2014 во 15:14
Фасцинантна зимска идила: Најубавите дворци во Европа

Зимата веќе на големо пристигнала во северната хемисфера, а снежната идила во одредени краишта на Европа секогаш нуди живописни пејзажи во кои што маестралните градби се издигнуваат во посебно светло.

Сакате оваа зима да уживате во снегот и воодушевувањето на неверојатни градби?! Тогаш одлучете се вашето зимување да го поминете разгледувајќи ги најубавите дворци во Европа, кои под снежната покривка, изгледаат уште попрекрасно. 

Имено, интернет порталот ”TravelOverTheGlobe” објавил листа од најубавите дворци во Европа, на па списокот се најдоа маестралните градби од Велика Британија, Германија, Чешка, Шпанија и други земји. 

Доколку не сте во можност да ги посетите, преку фотографиите во продолжение барем за миг заминете на магичната прошетка. 

1. Дворецот “Neuschwanstein” во Германија


2. Дворецот “Howard” во Јоркшир


3. Дворецот “Alcazar of Segovia” во Шпанија


4. Дворецот “Swallow’s Nest” во Украина


5. Дворецот “Chateau de Pierrefonds” во Франција


6. Дворецот “Rochester” во Англија


7. Дворецот “Schloss Moritzburg” во Германија


8. Дворецот “Prague Castle” во Чешка


9. Дворецот “Balmoral Castle” во Велика Британија


10. Дворецот “Miranda” во Белгија


11. Палатата “Catherine” во Русија


12. Дворецот “Hohenschwangau” во Германија


13. Дворецот “Craigievar” во Шкотска


14. Дворецот “Alnwick” во Нортамберленд


15. Дворецот “Peleș” во Романија



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 10:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2015 во 05:02
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:16

Бајките во реалноста: Најубавите дворци во светот


Дворците се едни од најважните историски градби во светот, а со сигурност спаѓаат и во категориите на најубави и најимпресивни.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.1-

Овие дворци послужиле како инспирација за многу бајки, приказни, легенди и истите биле предмет на дискусии со векови токму заради нивниот имагинативен изглед.

Погледнете ги најубавите дворци во светот:


1. Neuschwanstein, Германија

На врвот на самиот рид, се наоѓа еден од најпрекрасните дворци на светот Нојшваншајн, кој изгледа како да е излезен од бајка. Овој дворец вил изграден по заповед на кралот Лудвиг II, кој наредил истиот да биде срушен после неговата смрт, но за среќа тоа не се случило. Светот добил уште една градба за восхит, а Волт Дизни токму од овој дворец добил инспирација за дворецот на „Заспаната убавица”.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-


2. „Chateau de Chaumont”, Франција

На 200 километри јужно од Парис, во природна оаза се наоѓа прекрасниот дворец „Chateau de Chaumont”. Овој дворец е изграден уште во 10-тиот век, а имало повеќе наредби за негово рушење, но за среќа до денес останал недопрен.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.2


3. „Alnwick Castle”, Англија

Дворецот е изграден во далечната 1096 година, а неговата цел била да ја заштити северната граница на Англија од Шкотска. Овој дворец променил неколку сопственици, а на крај дошол во рацете на познатото семејство Перси.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.3


4. „Alcazar de Segovia”, Шпанија

Станува збор за средновековен дворец кој се наоѓа во стариот шпански град Сеговиа, а изграден е во 2-от век пред новата ера. Сигурно ќе се согласите дека токму овој дворец е како излезен од бајките.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.4


5. „Bojnicky zamok”, Словачка

Средновековен дворец како од приказните за принцези, се наоѓа во градот Бојнице во Словачка. Денеска е најпосетениот самостоен музеј кој годишно е посетен од 200.000 туристи.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.6


6. „Hluboka”, Чешка

Дворецот Хлубока е еден од најпознатите и најубавите дворци во Чешка. Изграден е во градот Хлубока во Чешка. Неговиот денешен изглед е инспиран од дворецот „Windsor” во Англија.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.7


7. „Castelul Peles”, Романија

На крајот од прекрасната шумска патека, на врвот на гребенот во Карпатите, се наоѓа прекрасниот нео-ренесансен дворец Пелеш. Овој дворец е еден од најпознатите и најубавите во државата, а неговото формално отворање било одржано во 1883 година.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.8


8. „Balmoral Castle”, Шкотска

Дворецот Балморал е шкотска резиденција на кралската фамилија уште кога принцот Алберт го купил истиот за кралицата Викторија во 1852 година. После смртта на кралицата, Едвард VII го наследил дворецот, а заради неговата големина и убавина, кралицата Викторија го нарекувала „прекрасен рај”

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.9


9. „Rodenborg Castle”, Данска

Дворецот Росенборг се наоѓа во Копенхаген во Данска, а првобитно е изграден во 1606 година како летниковец. Овој ренесансен дворец денес се смета за еден од најдобрите примери на многу архитектонски проекти.

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-10


10. „Castell Conwy”, Велс

Станува збор за редок дворец, кој и понатаму дава едно средновековно доживување на воената архитектура. Неговиот најдобар и наједноставен опис е: „Дворецот Конви, по сите стандарди е еден од највеличенствените потврди на средновековна Европа.”

bajkite-vo-realnosta-najubavite-dvorci-vo-svetot-.11

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 10:19

 „Castelul Peles”, Романија
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 14:32


 Замоци и тврдини опкружени со вода, Zamoci i tvrdini opkruzeni so voda, Zamokot Matsumoto vo Japonija, Замокот Matsumoto во Јапонија
Замокот Matsumoto во Јапонија



Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 14:33

 

 Замоци и тврдини опкружени со вода, Zamoci i tvrdini opkruzeni so voda, Zamokot Beloeil vo Belgija, Замокот Beloeil во Белгија
Замокот Beloeil во Белгија



Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 14:34
 Замоци и тврдини опкружени со вода, Zamoci i tvrdini opkruzeni so voda, Zamokot Egeskov vo Danska, Замокот Egeskov во Данска
Замокот Egeskov во Данска


Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 14:35
 Замоци и тврдини опкружени со вода, Zamoci i tvrdini opkruzeni so voda, Палатата Frederiksborg во Данска, Palatata Frederiksborg vo Danska
Палатата Frederiksborg во Данска
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 103848
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 14:36
 Замоци и тврдини опкружени со вода, Zamoci i tvrdini opkruzeni so voda, Zamokot Fagaras vo Romanija, Замокот  Fagaras во Романија
Замокот Fagaras во Романија


Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 14:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.