IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Односите Македонија-Бугарија 1944-1990 година
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Односите Македонија-Бугарија 1944-1990 година

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
Автор
Порака
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 09:44
БУГАРСКАТА ОПСЕСИЈА:
МАКЕДОНИЈА ВО БУГАРСКАТА ПОЛИТИКА ВО ХХ ВЕК

Бугарските ставови кои се однесуваат на Македонија се една од малкуте карактеристики на бугарската современа политика што се неизменети и покрај сите промени на режимите. Со краткотраен прекин во годините веднаш по Втората светска војна, бугарските влади секогаш го формулираа, повеќе или помалку отворено, своето верување за бугарското потекло на Македонците и за историски неправедното оттргнување на територијата на Македонија од "Мајка Бугарија". Дури и за време на комунистичкото уредување, кога Бугарија беше сметана за "најблизок сојузник на Москва" и беа одложени/ запрени сличните идеи за измена на границите, "македонското прашање" беше тема којашто создаваше несогласувања меѓу Софија и Москва. Советските челници го користеа овој проблем како средство во својата политика на Балканот, особено при преговарањето со контроверзниот југословенски лидер маршалот Тито.

Овој релативно краток опис нема намера да се занимава со проблемот за потеклото на Македонците. Тоа е работа која може да се реши само со објективно историско истражување за тоа колку се разликува населението кое живее меѓу реката Места и Албанските планини, меѓу Егејското море и линијата Дупница- Ќустендил- Куманово на север, од другите народи кои во втората половина на 19 век се сметале дека имаат бугарско потекло, но е задача којашто многу ја надминува целта на овој напис. Проблемот на национално идентификување на населението од географскиот регион на Македонија, кој беше поделен меѓу Бугарија, Грција и Југославија, беше посилно наметнат со развојот на комунистичкото бунтовништво на Балканот. Дури и малкумина меѓу истакнатите членови на комунистичките партии, кое беа секции на Комунистичката интернационала во триесеттите години, која пак делуваше како специјален оддел на советската разузнавачка и надворешна политика, знаеја за тајната одлука на извршните тела на Коминтерната донесена есента 1933 во Москва за создавање на "македонска нација" 1 . Се чини во најмала рака чудно што никој од тогашните бугарски претставници во Коминтерната, како Антон Иванов, Станке Димитров и идниот генерален секретар на Коминтерната Ѓорѓи Димитров, што беа дојдени од Пиринска Македонија, никогаш не се посомневаа во своето бугарско потекло додека покорно ги прифаќаа одлуките на Коминтерната. Сојузничкиот договор од Јалта за меѓусебно распределување на " сферите на влијание" ги внесе Југославија, а особено Бугарија, во советската "сфера". Така Титовите партизани, познати по својот герилски отпор, се здобија со неспорна моќ и на Конференцијата во Јајце во 1943 година ги прогласија одлуките за Федерална Југославија, составена од шест републики, меѓу кои и Македонија, којашто претходно беше нарекувана Јужна Србија или Вардарска Македонија. Тогаш никој (па ни Грција што беше особено чувствителна по тоа прашање во други пригоди), не се противеше ниту на основањето на таа единка во федералната југословенска држава, ниту на способноста на режимот во Скопје и Белград да го окончаат обединувањето на териториите надвор од Вардарска Македонија.


Првите години од комунистичкото уредување во Бугарија: значителен пресврт        



Бугарија излезе од Втората светска војна со намален суверенитет: како поранешен сојузник на Германија мораше да отстапи дел од своите територии на соседите. Покрај тоа, "комунистичкиот интернационализам" ги обврза новите раководители на Бугарија да се подготват да доделат концесии на своите југословенски "колеги", кои беа алчни да ги припојат Пиринска Македонија, но и целата Бугарија кон југословенската федерација. Се додека нивните барања беа поддржувани од Москва, не постоеше сила којашто можеше да го спречи тоа. Од крајот на 1944 година беа испраќани учители од Скопје да го "забрзаат" изучувањето на новоизумениот македонски јазик кај локалното население, а за време на пописот во 1946 жителите беа присилувани да се декларираат како "Македонци". Сето ова треба да се разбере само во контекст на комунистичкиот систем на присила и притисок, кадешто многу нешта во животот на поединецот -образование, работа, унапредување, зависи од тајната карактеристика за секого, не само за членовите на КП: дали може да му се верува политички или е недоверлив 2 . На Десеттата пленарна седница на КП (одржана 9-10 август 1946 год.) беше донесена необична/ чудна одлука да се подготви македонизирање на населението во Пиринска Македонија и уште повеќе, да се предаде таа територија од Бугарија на Југославија.Како делегат на таа седница, Евтим Георгиев дрско изнесе во својот говор: "Ја усвоивме задачата да ја всадиме македонската свест кај населението" (цитат од: Црнушанов 1992: 359). Година и пол подоцна, на 21 април 1948, на специјална седница на Централниот комитет се разгледаа проблемите при споведувањето на одлуките од 10-тата Пленарна седница. Според зборовите на секретарот на партискиот комитет во Петрич " По Декларацијата од 10-тиот Пленум, јас и другите другари станавме Македонци (!)... За време на пописот употребивме притисок. Регионалниот комитет заклучи дека во нашата област има 66-70% Македонци. Ние го засиливме дејствувањето и стигнавме до 90% Македонци". Го засиливме дејствувањето: дали треба уште да се објаснува? Права личност, началникот на локалната полиција Никола Рачев, на истиот состанок дава појаснување: "Создавањето македонската свест се постигнуваше со присилба.... за време на пописот на населението во пиринскиот регион нашата служба ги принуди со примена на сила луѓето да се изјаснат како Македонци" (Ибидем). Дури спорот/кавгата меѓу Сталин и Тито ја смени политиката на присилно македонизирање- и повторно беше одлучено без никакво испитување, консултации или отворена дискусија, како луѓето да се стока: еден ден партискиот шеф одлучува сите да се овци, а следниот ден другиот вели- не, вие сте крави...

Проблемот со Македонците, особено со оние од нејзиниот бугарски дел сепак не може да се врзе само за каприците на еден или друг авторитарен лидер 3. Како основа за овие размислувања се зема фактот дека многуте спротивставени притисоци довеле до ситуација каде во исто семејство браќата, татковците или потомците се сметаат себеси од различна етничка припадност 4. Значајно е да се спомене и дека за многу од Бугарите во секојдневниот говор "Македонец" значи едноставно Бугарин, со корени од географскиот реон на Македонија, кои го прават еднакво прифатлив како да е од Пловдив, Варна или друг регион. На ум треба да се има и дека со децении бегалците од трите дела на Македонија, кои денес припаѓаат на три различни држави, се населувале низ целата земја и никој не ги смета за "странци", како што е случајот со други поблиски или подалечни националности: Турци, Грци, Романци, Срби, Руси, Полјаци и други.

Ваков беше основниот став на скоро сите бугарски влади по осамостојувањето на Бугарија од Отоманската империја, со важниот исклучок во периодот на пресвртот 1946-49 што беше објаснет погоре, како и во многу помала мерка во времето на режимот на земјоделскиот популист А. Стамболиски по Првата светска војна и на воениот режим од 1934 (на пример, подетално во Махон, 1998). Бугарија водеше четири разурнувачки војни со основна цел да воспостави своја власт врз целата територија, позната како Македонија -војни кои доведоа до серија катастрофални исходи и кои, една по друга, ја направија целта уште поневозможна. Во 50-тите и особено во 60-тите години Комунистичката партија на Бугарија постепено отстапуваше од традиционалната политичката линија како резултат на значајни внатрешни промени -најнапред, во долготрајното владеење на Тодор Живков (1954-1989), беа заменети со локални кадри политичките емигранти од СССР, кои по 1944 ги зазедоа најистакнатите места во партиската, владината и воената администрација и во полицијата веднаш по 1944. Сепак, во целина овој потег не доведе до напуштање на потчинувањето на политичкиот к*рс што го наложуваше Москва, особено во меѓународните односи, како што се случи во соседна Романија под Г. Г. Деж и особено под Н. Чаушеску. Без многу врева беа одземени сите лични карти во коишто беше наведена македонска националност. Секое отворено флертување околу македонското прашање треба да се разгледува како резултат на согласноста од Моска и би можело да се објасни со периодите на влошување на односите меѓу советското водство и Маршал Тито.

Интервенцијата на Варшавскиот пакт 1968 во тогашна Чехословачка го прекина,не само подобрувањето на односите меѓу Бугарија и Југославија, која беше особено гласен критичар на мешањето во внатрешните проблеми на некоја земја, туку и доведе до зголемување на бугарската пропаганда кон Скопје. Истата година Т. Живков за прв пат официјално го посети главниот град на бугарскиот дел на Македонија Благоевград (поранешна Горна Џумаја) и одржа забележителен говор. Предложи организирање на референдум во двете земји придружено со други чекори. Многу од претходно забранетите "националистички" книги во врска со Македонија и специјална збирка документи од архивата, подготвена од Бугарската академија на науките во два тома и како намалена верзија (за подоцна да биде полесно шверцувана преку граница), беа препечатени или печатени за широка циркулација. Врв на оваа политика беше помпезната прослава на 1300 години на бугарската државност, кога беше истакната славата на историските територијални освојувања на бугарскита цареви пред отоманско-турската окупација.


Одржување на линијата независно од политичките промени      



По 1989 Бугарија започна со бавното и мачно враќање кон демократските и граѓански вредности од кои се откажа за време на комунистичкиот режим. И националната и етничката политика беа подложени на трансформација, особено напуштањето на асимилаторскиот настап кон турската и другите националности. За прв пат во својата современа историја Бугарија можеше да води независна надворешна политика ослободена од идеолошки стеги. Особено важен чекор беше признавањето на Република Македонија: Бугарија беше првата земја која со признавањето го прифати и официјалното име на оваа поранешна југословенска република. Оваа конроверзна одлука, донесена со јасни политички намери, но без консултација со тогашниот бугарски министер за надворешни работи, разбуди некои заборавени несогласувања и конфронтации. Мораше да се објави специјално објаснување, дотогаш единствено во дипломатската пракса: дека Бугарија ја признава макадонската држава, но не и македонскиот народ и јазик (види Лефебр 1995). Беа потребни неколку години за да се изнајде решение за проблемот со јазикот, којшто го попречи спроведувањето на голем број важни и взаемно корисни билатерални договори. Дури со доаѓањето на власт на новата генерација политичари без поврзаност со комунистичкото минато, и во Софија и во Скопје, се овозможи надминување на проблемот и прифаќање на историски воспоставената реалност и на правото на автономна одлука на народот, без надворешно наложување.

Од друга страна, официјалните ставови и неформалното однесување кон малубројните бугарските граѓани наклонети кон Македонија останаа непроменети. Ниту историските тврдења, ниту стратешките, одн. патриотски изјави не го оправдуваат тврдоглавото одбивање на бугарските власти да ги регистрираат македонските културни организации во Бугарија. Основните судови во Софија и Благоевград и Врховниот суд постојано ги одбиваат барањата за регистирање на вакви организации според Законот за лица и семејства од 1949 година што се уште важи. Овој закон, наменет за сосема поинаква поинаква општествена состојба, е поодамна застарен да се справи со сложеното шаренило на граѓанското општество кое е во подем во Бугарија. Во отсуство на јасна правна дефиниција за тоа што е профитна, а што непрофитна дејност, кој може да се нарече приврзаник, а кој не, секој одделен судски совет одлучува дали да се дозволи регистрацијата или не 5. Чест е случајот истоветно барање да биде одбиено од еден, а прифатено од друг суд и воопшто најчесто проблемите на многу подносители се попречени со вообичаените бирократски компликации. Сепак исклучок се неколку македонски организации. Во 1990 год, веројатно најконтроверзната година за Бугарија на заплетканиот пат до демократијата, на Сојузот на македонските културни друштва, што постоеше за време на комунистичкиот режим, не му беше тешко да се пререгистрира и подоцна во своето име дури да го вклучи и името Внатрешна македонска револуционерна организација (ВМРО), којашто долго време била обвинувана за "фашистичка" 6. ВМРО стана политичка партија, иако не беше како таква регистрирано, го отфрли непотребниот додаток на "Сојуз на македонските ..." во името и денес е десничарскиот дел коалиција на власт, Сојуз на демократските сили. Во време кога националистичките партии залудно се обидувале да се зајакнат врз основа на, како што се оценувало, силното и раширено анти-руско чувство, па и со помош на поранешните тајни служби, се појави ВМРО која привидно ја исполни потребата за таква партија. Младите членови на ВМРО носеа традиционални црвено-црни знамиња и факели, беа најпрепознатлив дел од секој патриотски митинг и највоинствено учествуваа во анти- комунистичките немири во зимата 1996-97 год. Градоначалниците и советниците во локалните власти од ВМРО се прочуја со воспоставувањето рестриктивни мерки за младите, како на пр. ограничување на дозволеното време за останување надвор од дома навечер. Челниците на ВМРО зазедоа екстремно воинствена позиција против т.н. "секти" (се подразбира секој што не припаѓа на бугарското православно христијанство) и употребија насилство (тепање, тортура) против проповедниците на верата на Мормоните и на Јеховините сведоци. Красимир Каракачанов, лидерот на ВМРО, се обиде да го спречи како претставник во Парламентот укинувањето на смртната казна. Овој тип тактики се повеќе ја спротивставуваат ВМРО со јасната европска определба на коалицијата на власт и би можеле наскоро да доведат до нивно отпуштање како коалиционен партнер. 7

Според една анкета спроведена низ целата земја од Националниот центар за истражување на јавното мислење (НЦИОМ), дури и по релативно забележливото присуство на ВМРО во настаните од зимата 1996-97 кои доведоа до политички пресврт, партијата е се уште нејасна и збунувачка организација (64,9% се "без мислење" за неа, а 13,8% "немаат слушнато" за неа). Оттука, само 21,3% од населението знаат за ВМРО, а и нивното мислење е поделено, како што се гледа и од табелата:


ШТО МИСЛИТЕ ЗА ВМРО?      



(само оние кои изразиле мислење) -НЦИОМ,1997
1.      Организација што придонесува за демократијата      33%
2.      Треба да се затвори, не ја одобрувам      22%
3.      Патриотска организација       9%
4.      Насилна, екстремна, фашистичка организација      9%
5.      Безначајна, без некакво влијание       6%
6.      Сомнителна      4%
7.      Македонска организација      3%
8.      Националисти кои се грижат за Бугарија      3%
9.      Друго      11%



Оттука следува дека без нејасното "организација која придонесува за демократијата", позитивниот став кон ВМРО се сведува на патриотска и националистичка организација, додека негативниот се усмерува кон ликот на ВМРО како насилна, екстремистичка, фашистичка или само "сомнителна" организација (слика наметната од комунистичката пропаганда) и бараат да се укине без посебен повод. Повеќето од противниците на ВМРО се стари над 60 години, одн. оние што ја паметат терористичката активност на ВМРО во дваесеттите и по 1930 година. Покрај наведените, среќаваме и мал процент испитаници кои ја сметаат неа за македонска организација, но не е јасно дали тоа значи организација на Бугарите од Македонија или на Македонците. Интересен е фактот дека мислењата се поделени по регионите: додека во градот Софија, југозападна Бугарија (т.е. Пиринска Македонија), голем дел од централна Бугарија, како и во регионите Варна, Видин и Силистра претежно се добиени потврдни одговори на анкетата (12 региони), во други 11 региони (јужна Бугарија- Родопите), Бургас, североисточна Бугарија (без Варна, Добрич и Силистра) и Монтана повеќето испитаници се определиле за негативен став, а останатите 5 региони се "неутрални". Може да се заклучи дека во првата група се среќаваат поурбанизирани региони, каде населението е со повисоко образование, додека вторите региони се со компактни групи турско, и воопшто, муслиманско население. Исклучок од оваа група е Монтана која ги нема овие карактеристики, но е регион каде населението е најчесто ориентирано кон левицата, односно кон партии од комунистички тип. Резултатите на анкетата покажуваат дека ВМРО е далеку од партија каква што тврди дека е "се-бугарска и низ целата земја" и тешко би добила значителна поддршка доколку на избори би излегла сама, надвор од некаква поширока коалиција. За нас е интересно да се заклучи дека базата на ВМРО е главно во Пиринска Македонија. Иако во земјата се гледа на ВМРО како на лабава организација која предизвикува конфликти, токму овде населението никако не може да заборави каков вид наследство ВМРО се обидува да оживи, а нејзиниот ригиден став за бугарскиот корен на локалното население 8 тешко би можел да остане неспомнат. Во пиринскиот дел се забележува и најголемиот гласачки успех дел на ВМРО којшто не треба да се потцени, дури и ако се земат за вистинити гласините за корупција, непотизам, подмитување (на пр. давање стипендии на студенти во замена за приврзаност и поддршка).

Последните локални избори во октомври 1999 беа одбележени исто така со обидот на ВМРО да настапи надвор од владејачката коалиција на Сојузот и на Демократските сили, којшто резултираше со релативен успех со избор на 130 членови во обласните совети. Партијата тврди дека има 30000 членови и 500 локални организации низ земјата. Незадоволни од своето претставување во Парламентот, т.е. со 2 члена во рамки на фракцијата на Обединетите демократски сили, ВМРО планира да излезе сама на следните парламентарни избори во 2001, што ќе биде преземање голем ризик со оглед на поддршката од само 0,5% што ја добија на скорешните анкети.

Според неколкумина македонски активисти од Пиринска Македонија основна причина за исклучително нискиот процент на население од регионот што се идентификува како македонско е стравот. Тоа е поука од немилосрдните борби и крвопролевања, чиишто жртви во овој век беа илјадници невини луѓе- најнапред од турските окупатори кои владееле до 1912 год., потоа од суровите соперништва во ВМРО од почетокот на веков до средината на 1930-тите (кои се бореле под мотото Бог простува, ВМРО-не), од 1941-44 од антикомунистичката жандармерија, а по 1944 од многу вештите и ефективни комунистички тајни служби. Не е толку редок случајот да се открие двојна, или дури тројна, верност кај населението од граничните области, создавана низ генерации, што не е за чудење бидејќи граничните линии често се поместувале (слични случаи се наоѓаат при распад на поголеми држави од империјален тип кај народите што биле поделени меѓу повеќе држави).

Сепак ништо не ги оправдува властите кои безмилисно и со завист го сузбиваат секој обид на малубројните "Македонисти" (н. забелешка во оригиналот Macedonianists, можни варијанти "Македонисти", "про-Македонци": потекнува од насловот на споменатото дело Ц'рнусанов, Коста (1992). Македонизм'т и с'противата на Македонија сресту него . Софиа: Ст. Кл. Охридски University Piblishing House) да го манифестираат својот идентитет, официјално или приватно. Неколкуте "групации" на ОМО "Илинден", организации што често меѓусебно се оспоруваат, беа сузбивани со ненадмината ревност, почнувајќи од одбивањето на судот да ги регистрираат, упадите на полицијата во нивните простории, конфискувањето нивни изданија и копир-машини. Секоја година во април патот кон Рожденскиот манастир беше сведок на сцена што ретко другаде можеше да се види: бројни полициски сили беа присутни за да ги спречат неколкуте десетици "Македонисти" да положат цвеќе на гробот на својот омилен херој Јане Сандански. Секако, формално гледано имаа повод судовите да ги забранат овие организации, коишто во статутите имаа наведено цели како повлекување на "окупаторските" бугарски трупи од Пиринска Македонија, поминување на црквите во регионот под контрола на Македонската православна црква (патем, се уште непризнаена според православниот обред) и тн. Многу покомплициран е случајот со ОМО "Илинден" ПИРИН (Партија за стопански развој и интеграција на населението). Таа беше пријавена за регистрација како политичка партија кај единствениот надлежен суд за работи на политичките партии, Софискиот градски основен суд, кадешто беше одобрена (Предмет број 12802/1998). Во статутот на партијата се внимателно избегнати споменувањето на македонското малцинство, ниту стремеж за отцепување или анти-бугарски аспирации. Сепак, повеќе од 60 претставници во Парламентот, претставници на сите политички групи -редок случај на таква едногласност -поднесоа тужба до Уставниот суд да се забрани ОМО Илинден ПИРИН. Судот го разгледуваше предметот подолго од една година, по што и овозможи на партијата да учествува на локалните избори во октомври 1999. Таа доби околу 3500 гласа во регионот на Благоевград (нешто повеќе од 1%), а нејзиниот претседател Иван Сингартиски беше избран за градоначелник на своето место Мусомиште ( близу до градот Гоце Делчев), а уште неколку кандидати станаа советници во локалните совети, од кои најзначајно е малото место Кресна. Зарем ова не е најочигледен доказ за можноста и дострелот на каузата на Македонистите! И покрај тоа, Уставниот суд одлучи да ја забрани партијата некој месец подоцна, со неодржливо повикување на аналогија со другите ОМО и со повторување на обвинувањата, што траат веќе со децении, дека амбасадата на поранешна југословенска Федерација во Софија ги помага со финансии "македонијанските" активности 9 .

Како што претходно споменавме, во случајот на Македонците во Бугарија една работа е особено зачудувачка, а тоа е голамета разлика во официјалните податоци со кои оперираат бугарската, македонската и често меѓународната статистика: од занемарливи 0,08% според официјални бугарски податоци, до релативно значителни 3,5% (200 000-350 000) според многу други извори 10. Речиси целосното отсуството на какви било истражувачки напори на ова поле е оправдано од ставот на властите дека нема зошто да се трошат силни пари на така ситен проблем! Од друга страна, вака дискутабилната тема може да се очекува да биде интересна за независните научници, ослободени од идеолошки контрола и за интелектуалците од обете соседни земји, Бугарија и Македонија, што сигурно би придонело за зголемување на меѓусебната доверба и подобрување на односите. Ништо од ова нема да биде остварено ако проблемот продолжи да се третира како неприкосновена табу тема.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 09:45
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 10:04
Многу убав текст, Мунгосе. Дали го прочита?

Само со едно не се сложувам

Челниците на ВМРО зазедоа екстремно воинствена позиција против т.н. "секти" (се подразбира секој што не припаѓа на бугарското православно христијанство)

Кога се каже СЕКТИ не се подразбира тоа што е објаснето. Друго е.

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 16:37
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Многу убав текст, Мунгосе. Дали го прочита?

Само со едно не се сложувам

Челниците на ВМРО зазедоа екстремно воинствена позиција против т.н. "секти" (се подразбира секој што не припаѓа на бугарското православно христијанство)

Кога се каже СЕКТИ не се подразбира тоа што е објаснето. Друго е.


Ајде ти прочитај го јас сигурно кога го поставив сум го прочитал.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 17:15
Значи се согласуваш со напишаното? Јас -да. Кажав ти што е само погрешно, тоа за објаснувањето на зборот „секти“.

Во други твои постови пишуваш сосема различни работи, па не поверував дека си го прочитал.


Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 17:18
А што се подразбира под секти тука? И јас разбрав дека се работи за верски секти.
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 17:33
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Значи се согласуваш со напишаното? Јас -да. Кажав ти што е само погрешно, тоа за објаснувањето на зборот „секти“.

Во други твои постови пишуваш сосема различни работи, па не поверував дека си го прочитал.



јас читам се и се она што заслужува внимание го споделувам со членовите на форумот.Има многу места каде не се согласувам.

Интересно е зошто ВМРо никогаш не станува бугарска партија на цела територија како кај нас туку остана само за во пирин???
Што мислиш ти???
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 17:41
Нели е ВМРО, НЕ Е ВБРО.

Ама си имала секогаш до 1934 г. парламентарна група.

А со Пиринско управувала се до 19 мајскиот преврат.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 17:48
Не мешам политика туку историја.

Одговорот е истиот што ти го дава и Џолев тие Македонци со Македонците од Пирин не се исти.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 18:00
Значи Шатев не е ист. Преправач бил, знаев јас.
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2010 во 18:04
Каснаковски оние „Македонци“ од целата бугарија што се исти како денешните грци не се исти со Македонците од етничка Македонија кој биле под турски јарем.
А Шатев е од тие под турски јарем.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 00:59
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 14:36
Ајде бугари кажете нешто за книгата?Или роката ви се исуши додека ја читахте.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Септември.2010 во 15:08
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Рубен Леви


Пишувам јас дека а Бугарин а Србин за Македонец исто му се фаќа - треба малку да се слуша
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 6>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.