IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Правниот статус на јазиците во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Правниот статус на јазиците во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Правниот статус на јазиците во Македонија
    Испратена: 19.Февруари.2010 во 03:01
Поттикнат од една дебата, чинам дека треба да имаме и тема за дискусија поврзана со правниот статус на јазиците во Република Македонија, македонскиот јазик, како службен јазик, како и дургите јазици, различни од македонскиот јазик. Чинам дека дебатата треба да ја започнеме со тоа што предвидува највисокиот општ правен акт, Уставот на Република Македонија во однос на употребата на јазиците


А М А Н Д М А Н  V

1. 1. На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член.
Личните документи на граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се издаваат на македонски јазик и неговото писмо, како и на тој јазик и неговото писмо во согласност со закон.
Кој било граѓанин кој живее во единиците на локалната самоуправа вокоја најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, во комуникацијата со подрачните единици на министерствата, може да употреби кој било од службените јазици и неговото писмо.Подрачните единици надлежни за тие единици на локална самоуправа одговараат на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмо што го употребува граѓанинот.Секој граѓанин во комуникација со министерствата може да употребува еден од службените јазици и неговото писмо, а министерствата одговараат на македонски јазик и
неговото кирилско писмо, како и на службениот јазик и писмото што го
употребува граѓанинот.
Во органите на државната власт во Република Македонија службен јазик различен од македонскиот јазик, може да се користи во согласност со закон.
Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од граѓаните во единиците на локалната самоуправа, одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа.
2. Со овој амандман се заменува членот 7 од Уставот на Република Македонија.
Кон врв
Zelenikovo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 16.Јуни.2018
Статус: Офлајн
Поени: 466
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zelenikovo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2019 во 22:08

после една деценија темава е сувишна бидејќи правно Македонскиот Јазик веќе не е (во моментов) културен столб на Македонска Држава туку сервомаусдонска статистика за едикои граѓани на сервомаусдонија, жалосно но реално, колку долго никој не би знаел да прогнозира без да промаши некоја варијабалина, неретко велам треба да се имаат во предвид и третосветско-воени варијабили, и впрочем многу што постојно ќе ресетираат ...

често знам да речам дека концептот нација е месонска ујдурма та од таму многу и не ме боли дали истиот е ресетиран вака или онака, но некого насила да го турнеш кон таков рисит а имајќи предвид дека денес поебноста на Народите сестрано е национално стандардизирана, та навистина ова што го сторија зајковци со ерга-омнесот е невидено, но бидејќи низ вековите сме биле револуционери во многу клучни моменти во светската историја, та еве и сега тоа сме, иако насила и заради идни европски наднационални агенди а како урнек за следење или попрво набљудување ...

инаку Македонскиот Јазик сега сред мултикулти граѓански концепт е и' подерогиран, него да останевме Република Македонија бар за себе - а сите други јазици исто да беа државни, вака сега тој е последната алка во однос идентитетот, а знаејќи како истиот е под здрав удар на глобализацијата виа скопјанизација јасно е дека ќе издише кај и да е и тој во сите свои убаини, но ако е за утеха ни светов нема вечно да постои та гледајте колку можете поведро на ерга-омнес еутаназијата, ако нешто можете да мсените арно, а ако не не си паѓајте постојано во депресија, искористете ја волјата за други начини за истерување на свокте правдини ...



Изменето од Zelenikovo - 06.Март.2019 во 22:18
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.