IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Балкански Војни,и Македонија во Балканските војни
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Балкански Војни,и Македонија во Балканските војни

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Балкански Војни,и Македонија во Балканските војни
    Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:09


Балканот пред Балканските војни

Нивните вистински цели најдобро се согледуваат преку тајниот анекс на договорот меѓу Србија и Бугарија во кој се предвидуваше поделба на Македонија. Со тајниот анекс од 13 март 1912 година беше запечатена судбината на македонскиот народ за подолг период. Исто така, изјавата на претседателот на српската влада, Милован Миловановиќ: "Ние сме готови на се, и ќе влеземе во секаква комбинација, со бога или со ѓаволот ако притреба, за да го спречиме решавањето на македонското прашање на штета на нашите животни интереси", или изјавата на претседателот на бугарското Народно собрание, Стојан Данев: "Бугарија ја објави војната, зашто македонските Бугари беа изгубени за нејзината кауза, бидејќи тргнаа по својот пат", ги разоткриваат завојувачките цели на балканските сојузници уште пред почетокот на Балканските војни.
                  
                     

ПРВА БАЛКАНСКА ВОЈНА

Од Турција најнапред беше побарано да спроведе реформи во областа и провинциите под нејзина власт, а откако ова барање беше одбиено, балканските сојузници во октомври 1912 година и објавија војна. Војната ја започна Црна Гора на 9 октомври 1912 година, а потоа на 18 октомври се приклучија и преостанатите сојузници, што всушност се смета и за почеток на Првата балканска војна. Добро подготвените сојузнички војски за релативно кратко време ја скршија воената моќ на Турција која беше победена на сите фронтови и беше принудена набргу да побара мир.

Воените операции главно се водеа во Тракија и Македонија, со забележително учество на македонски доброволци. Балканските сојузници успеаја да го исползуваат ентузијазмот и воодушевувањето на Македонците да се борат за слободата на својата земја.

Најмногу македонски доброволци беа регрутирани во бугарската армија. На тракискиот фронт учествуваа 14.000 Македонци организирани во Македонско-одринско ополчение (доброволци). Тие не беа праќани во Македонија поради стравот да не побараат создавање на независна македонска држава.

Македонски доброволци беа регрутирани и во српската и во грчката војска. Тие на некој начин водеа братоубиствена војна и обично дејствуваа како претходница, пред да настапат редовните сојузнички војски.

Посебна улога одигра самостојниот одред на Јане Сандански од 500 четници, составен од реонските чети на Александар Бујнов, Тодор Паница, Таската Серски, Чудомир Кантарџиев и други.

Тие дејствувајќи самостојно прво го освоија градот Мелник со околните места. Во реонот на Мелник и Свети Врач покрај споменативе самостојни чети, под нивна команда се наоѓаа околу 400 мелничани, триста лица од Свети Врач и околу седумдесет востаници од околните села.

Откако ја пробија Рупелиската Теснина, Седмата рилска бугарска девизија и четите под команда на Сандански со 300 востаници, во придружба на четите на Стојо Хаџиев, Димитар Арнаудов, Александар Бујнов и други, како претходница на бугарската коњаница, влегоа во Солун пред настапувањето на бугарските единици. По заземањето на тој важен стратегиски град од грчко-бугарската војска и по влегувањето на одредот на Јане Сандански, за време на една прослава, Сандански ќе се обиде да одржи здравица во чест на слободата и идната автономија на Македонија. Но, при тој свечен момент, брутално беше нападнат од еден бугарски офицер. Во оваа прилика Сандански, а и македонскиот народ, се уверија дека се само искористени од страна на освојувачката политика на соседните балкански држави. Иако Македонија беше ослободена од Турците со големо учество на свои доброволци кои се бореа за автономна држава, нејзината судбина беше решена на Лондонската конференција, односно таа остана окупирана од Србија, Бугарија и Грција.
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:10


ВТОРА БАЛКАНСКА ВОЈНА

По завршувањето на Првата балканска војна довчерашните сојузници започнаа да се прегрупираат поради незадоволството од поделбата на териториите. Србија бараше компензација за загубените територии во Албанија која во 1912 година ја доби својата автономија, а Грција пак бараше делови од Источна Македонија и специјално признание за нејзиното право на Солун.

Бугарија не сакаше да се откаже од македонските територии, туку сакаше да ја приграби цела Македонија за себе. По одбивањето на Бугарија да им отстапи делови од Македонија на Србија и Грција, тие склучија таен договор на први јули 1913 година. Кон договорот се приклучи и Романија која пројави желба да ја поврати од Бугарија провинцијата Јужна Добруџа.

Новото прегрупирање на балканските држави најмногу им одеше во прилог на Австро-Унгарија и Германија кои сакаа да продрат на Балканот и подалеку на Исток. Надевајќи се на помошта од Австро-Унгарија и од Германија, на 29 јуни 1913 година, Бугарија ги нападна српските и грчките војски во Македонија, со што всушност започна Втората балканска војна која исклучиво беше водена на македонска територија.

Во текот на војната Романија и Турција ја искористија поволната можност за успех и на 14 јули од грб ја нападнаа Бугарија, за да ги повратат од неа териториите на Добруџа и Тракија. Нападната од четири страни Бугарија ќе претрпи катастрофален пораз. Војната заврши со Бук*решкиот мировен договор од август 1913 година, на кој беше ревидирана поделбата на Македонија повторно на нејзина штета. Според решенијата на Договорот, поголем дел од територијата на Македонија, што за време на Првата балканска војна и беше дадена Бугарија, со мирот во Бук*решт беше приклучен кон Србија и Грција. Бугарија го задржа Пиринскиот дел на Македонија и дел од Струмичката околија.

Ако имаме предвид дека во тоа време еден дел од Западна Македонија, градот Подградец со околните села, влезе во состав на новосоздадената албанска држава по Балканските војни, Македонија иако ослободедена од турското владеење, ја доживеа четвртата поделба меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија. А последиците беа катастрофални.

Македонскиот народ го доживеа своето национално разединување. Тој беше подложен на асимилаторските политики на своите соседи - поробувачи. Употребата на македонскиот јазик беше строго забранета, дојде дури и до менување на нивните имиња и презимиња со додавање на соодветните додавки.
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:10
Македонското иселеништво во САД, Канада, Швајцарија, а особено во Русија, поставени во далеку поповолни услови од македонскиот народ во земјата, реагираа против постојната поделба на нивната татковина од страна на балканските сојузници.

Од дејноста на целокупната македонска родољубива интелигенција и емиграција во ова време, за истакнување е активноста на петроградската македонска колонија собрана околу списанието "Македонски глас", на чело со Димитрија Чуповски и неговите истомисленици. Чуповски допатува во својата татковина зимата 1912-13 година, обидувајќи се да го организира отпорот против заграбувањето и поделбата на Македонија. Тој оствари средби со видни македонски револуционери, меѓу кои беше и Петар Поп Арсов. Протеран од окупаторите, на враќање во Петроград Чуповски и македонската колонија испратија меморандум до Конференцијата на големите сили за време на Лондонскиот мировен договор, во кој побараа правилно решавање на македонското прашање.

На 20 јули 1913 година е испратен втор меморандум до владите на балканските држави и до Балканскиот комитет во Лондон. Во двата меморандуми се бараше автономија за Македонија и воспоставување на старата Охридска архиепископија.
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 14:09
Originally posted by Boromir Boromir напиша:



Балканот пред Балканските војни

Нивните вистински цели најдобро се согледуваат преку тајниот анекс на договорот меѓу Србија и Бугарија во кој се предвидуваше поделба на Македонија. Со тајниот анекс од 13 март 1912 година беше запечатена судбината на македонскиот народ за подолг период. Исто така, изјавата на претседателот на српската влада, Милован Миловановиќ: "Ние сме готови на се, и ќе влеземе во секаква комбинација, со бога или со ѓаволот ако притреба, за да го спречиме решавањето на македонското прашање на штета на нашите животни интереси", или изјавата на претседателот на бугарското Народно собрание, Стојан Данев: "Бугарија ја објави војната, зашто македонските Бугари беа изгубени за нејзината кауза, бидејќи тргнаа по својот пат", ги разоткриваат завојувачките цели на балканските сојузници уште пред почетокот на Балканските војни.
                  
 


Интересни изјави на дотичните претставници, особено што потоа овие две држави пред сиот свет ќе покажуваат и докажуваат како македонскиот народ всушност е српски, односно бугарски. А ако кон тоа се додадат тајните анекси, чинам дека се кристално јасни намерите на Србија и Бугарија во однос на Македонија.
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 14:13
Убаво ке биде да има линк, скениран оригинален документ или нешто во поткрепа на тие заклучоци.
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 17:06


Карта на спорната зона мегу Бугариjа и Србиjа. Принадлежноста на таа зона следвало да jа реши рускиот цар. Ама нешто работата се е обркала.




Бугарско-српски договор (1912)
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 18:23
Многу лесно бугарите си играа на ти го - дај ми го со чуставата за според нив бугарското население на тие простори?

Ако не била желбата за територија дали така лесно би се откажал од својот народ кој страдал од српската чизма?

Изменето од mungos80 - 17.Февруари.2010 во 18:23
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
чоли Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 2973
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај чоли Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 19:04
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Многу лесно бугарите си играа на ти го - дај ми го со чуставата за според нив бугарското население на тие простори?

Ако не била желбата за територија дали така лесно би се откажал од својот народ кој страдал од српската чизма?


Види сега:.. во оние времина е немало спор што населението во географска Македониjа е било бугарско... Што те буни? Зар си заборавил што е било во сила правилото на возможното, а не на желаното?
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 19:22
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Многу лесно бугарите си играа на ти го - дај ми го со чуставата за според нив бугарското население на тие простори?

Ако не била желбата за територија дали така лесно би се откажал од својот народ кој страдал од српската чизма?


Види сега:.. во оние времина е немало спор што населението во географска Македониjа е било бугарско... Што те буни? Зар си заборавил што е било во сила правилото на возможното, а не на желаното?
 
Vidi sega pa ti - ako drugite se izjasnuvaat vo tugjo ime togas i za Turcite ne bilo sporno deka Bugarite se Turciголема%20насмевка
 
Nikogas Makedoncite ne se izjasnuvale kako Bugari tuku ostanatite gi kategorizirale kako Srbi,Bugari ili Grci poradi sopstveni interesiнамигнување
Кон врв
Pat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1334
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 19:28
Originally posted by чоли чоли напиша:

Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Многу лесно бугарите си играа на ти го - дај ми го со чуставата за според нив бугарското население на тие простори?

Ако не била желбата за територија дали така лесно би се откажал од својот народ кој страдал од српската чизма?


Види сега:.. во оние времина е немало спор што населението во географска Македониjа е било бугарско... Што те буни? Зар си заборавил што е било во сила правилото на возможното, а не на желаното?

Прашањето на Мунгос80 е сосема на место, меѓутоа ти Чоли или не разбираш македонски или се правиш дека не разбираш.
Zero Tolerance For Silence
Кон врв
Александров Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 134
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Александров Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 21:09
Бугарија како згреши во војната никој неможеше
сега да беше жив Фердинанд јас ќе го убиев !

ама и србија играше погано,не го испочитува договореното ...
Кон врв
Александров Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 134
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Александров Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 21:18
Грчка слика за војната
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 21:52
Originally posted by Александров Александров напиша:

Бугарија како згреши во војната никој неможеше
сега да беше жив Фердинанд јас ќе го убиев !

ама и србија играше погано,не го испочитува договореното ...
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2010 во 23:17
Stoa pati sum kazal do sega, pak ke povtoram.
Srbija, Bugarija i Grcija ne ja okupirale Makedonija po balkanskite vojni, bidejki Makedonija ne postoela togas. Tie okupirale delovi od Otomanskata imperija vo toa vreme, delovi od Turcija.
Dosta se lazete medju sebe deka Makedonija bila okupirana.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.