IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Солунските Атентатори
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Солунските Атентатори

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Солунските Атентатори
    Испратена: 15.Февруари.2010 во 23:30
Солунските атентати се серија бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на „Гемиџиите“, анархистичка револуционерна група составена од македонски студенти во Солун. Целта на овие напади е да се нападне европскиот капитал во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на „големите сили“ врз македонското прашање. Корените и идејното оформување на гемиџиите се во директна врска со тајниот кружок во Пловдивската гимназија од 1896 година. Организатори и раководители на Кружокот биле Слави Мерџанов, Михаил Герџиков и Петар Манџуков. Кружокот бил под влијание на руското народништво и нихилизмот. Во 1897 година повеќе од членовите на Кружокот се нашле на студии во Женева. Таму вопоставиле контакт со руските револуционери. Гемиџиите сметале дека тие, како индивидуалисти, како револуционери коишто се готови да се саможртвуваат без притоа да имаат потреба од ангажирање на широките народни маси, ќе можат секој момент да ги реализираат своите планови, само ако имаат доволно парични средства.

“Гемиџиите” се група македонски револуционери, анархисти по убедување. Сите се ученици во Бугарската Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Повеќето се младинци на возраст од 18 до 22 години: Јордан Поп Јорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Александар Левков, Алексо Минов, сите од Велес, како и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Унгарката Ана Шапец и други.

Изменето од Boromir - 15.Февруари.2010 во 23:35
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 23:31
Цел на атентатите

Не можејќи да го поднесат страдањето на својот народ од турската тиранија, тие решаваат да направат изјава, да го популаризираат македонското прашање во Европа. Решаваат дека за таа цел, објект на нивните напади треба да биде европскиот капитал и сопственост во Турција, и по можност да се всее колку што може повеќе хаос во градот извршувајќи напади врз државни објекти. Гемиџиите се стремеле да ја заинтересираат европската јавност за состојбата во Македонија и преку индивидуални акции да ги предизвикаат големите сили да интервенираат во прилог на ослободувањето на нивната татковина од турското владеење.

Во 1902 година, тие стапуваат во контакт со Борис Сарафов тогаш на чело на Комитетот на Македонските братства во Бугарија, Манџуков, Мерџанов и Петар Соколов заминале во Цариград со цел да го убијат султанот Абдул Хамид. Откако се увериле дека не постојат никакви шанси за успешно изведување на атентатот, тие пристапиле кон нов план што опфаќал уривање на отоманската банка во Цариград. Мерџанов го известува Јордан Поп Јорданов - Орцето, идејниот водач на гемиџиите и овој презел мерки за организирање на слична акција во Солун. Со парите, тие најмуваат куќа веднаш наспроти „Банк Отоман”, и цела година групата копа тунел под земјата што води кон основите на банката. Во исто време, копањето на цариградскиот тунел одело многу бавно. Набрзо дошло до откривање на каналот како резултат на предавство во почетокот на 1901 година. Помеѓу другите документи кои паднале во рацете на османските власти, се наоѓал и опширниот извештај за копањето на цариградскиот канал. Така, ова предавство однело уште две жртви: Славе Мерџанов и Петар Соколов. Во пролетта 1902 година гемиџиите успеале да обезбедат триста килограми динамит и го довршиле каналот до османската банка во Солун. Иако Гемиџиите планирале што побргу да ги извршат нападите, добиле инструкции од Даме Груев да почекаат и да ја синхронизираат нивната акција, заедно со предстојното востание (Илинденско востание).Груев бил категоричен против тоа Гемиџиите да дејствуваат на своја рака, односно самостојно, додека Борис Сарафов им дал и морална и материјална поддршка.

Групата решава атентатите да започнат на 28 април 1903 година. Планот составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен: да се потопи францускиот брод; да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија од којшто се осветлувал градот; да се дигне во воздух Отоманската банка; да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темнина требало да биде знак за почетокот на акцијата. Секој точно знаел каква била неговата задача во ределеното време за акција. Условот бил апсолутна волја за смрт за започнатото дело да се смета за успешно.

Изменето од Boromir - 15.Февруари.2010 во 23:36
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 23:32
Атентатите
Зградата на "Банк Отоман"

На 28 април на солунското пристаниште Павел Шатев го потопува со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција излегла двојно успешна, бидејќи бродот бил запален, а патниците сите до еден спасени.

Истата вечер Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов го креваат во воздух возот на линијата Истанбул-Солун. И при оваа акција нема жртви, но е предизвикан општ хаос во железничкиот сообраќај.

На 29 април Константин Кирков поставува два килограми динамит на цевките со гас за осветлување и на водоводните цевки на Солун. Целиот град е во темница и без вода. Во целиот град владее паника, хаос и страв.

Сè се одвива како што е планирано.

Десетина минути после изгаснувањето на осветлувањето, Jордан Попјорданов (Орце) ја крева во воздух зградата на „Банк Отоман“ во градот.

Во истото време Милан Арсов фрла бомба во кафеаната „Алхамбра“, а Владимир Пингов фрла бомба пред вратата на Топхането (турската државна управа) и е застрелан од војници.

Костантин Кирков фрла бомба пред солунскиот „Гранд хотел“.
Гвадалкивир во пламен

На 30 април Кирков прави обид да ја крене во воздух солунската телеграфско-поштенската станица, но е убиен од многубројната турска полиција.

Истиот ден во борба со турската војска и полиција загинува и Jордан Попjорданов.

На 1 мај, Илија Трчков фрла неколку бомби на централната улица в Солун.

Димитар Мечев фрла бомба пред хотелот „Египет“, а Георги Богданов ја крева во воздух кафеаната „Ноја“. Мечев и Трчков се убиени од турската полиција, а Богданов е уапсен.

Истиот ден Цветко Наумов прави обид да го убие солунскиот валија Хасан Фехти паша. Откако не успева, атентаторот се самоубива активирајќи бомба.
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 23:32
Одгласи
Судењето на уапсените атентатори

Планот на Гемиџиите бил успешно извршен. Сите дипломатски претставници во Солун ги известувале своите влади за солунските настани. Билансот на атентатите бил следен: директно од динамитот на гемиџиите настрадале "Гвадалкивир", Банк Отоман, гасоводните цевки, Гранд Хотел Солун, кафеаните "Ал хамбра" и "Ноја" и "Бошнак-ан". Бил урнат Германскиот клуб, кафеаната "Египет", како и неколку други локали.

Така завршува акцијата на македонските атентатори, кои во продолжение на четири дена сеат ужас кај турската власт и населението. Во битка со војската и полицијата се убиени Орце Попјорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Наумов. Уапсени се Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие отпрвин се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со затвор во Фезан (Африка). Меѓу другото, избувнале немири што ги создале фанатизираните муслимани. Тие оделе во толпи низ градот и го убивале недолжното христијанско население. Властите успеале донекаде да ги смират толпите, но речиси без причина почнале да малтретираат и да апсат единствено по сопствени произволни проценки. Во општата рација на османските власти биле затворени околу 2.000 лица и некои членови на ЦК на чело со неговиот претседател Иван Гарванов, а биле запленети и доста документи. Покрај членови на ЦК биле затворени и поголем број членови на ТМОРО, со што таа претрпела силен удар.

Гемиџиите – млади македонски револуционери, исполнувајќи ги успешно своите цели, успеваат да ја извршат најголемата терористичка акција на своето време.
Кон врв
Vercingetorix Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 421
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vercingetorix Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2010 во 23:33
Гвадалкивир во пламен!

Судењето на гемиџиите!

Отоманската банка!

Тунелот до отоманската банка!

Изменето од Boromir - 15.Февруари.2010 во 23:41
"И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти тој е Блгарин иљи Србин" - Темко Попов
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 20:25
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
lav4eto Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 1540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lav4eto Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 20:32
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Слика од закопот на Марко Бошнаков на 14 февруари 1908 година

За прв пат се појавува оваа слика.


Пишува 1907- знаеме дека тешко ти оди бугарскиот, ама барем годините се исти на сите jазици...намигнување
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 20:56
Тоа останува на историчарите,види убаво дека и Шатев вели : „ „Тука сибирските студови се заменуваат со неподносливи жештини и длабока песок“, раскажува Шатев. На 7 февруари 1908 година, на само неколку месеци пред амнестијата и ослободувањето, се разболел од мочуришна треска. Умрел седум дена подоцна, на 14 февруари, од срцев удар. „Исто онака како што ги поднесе спокојно и ладнокрвно сите маки, сите угнетувања, сите ограничувања и неволји, исто така тивко и ладнокрвно ја пречека и смртта. За него таа беше вечно успокојувачки сон, по долги физички и морални измачувања што ги претрга во текот на петгодишното затвореништво во солунскиот централен затвор и во Фезан. Погребот се изврши уште истиот ден попладне“, забележал Шатев во своите спомени за заточението.„

Е сега колку мене ми оди тешко бугарскиот тоа е друга работа,иако не знаев дека и бројките да ти биле бугарски.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 20:58
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 21:11
Originally posted by mungos80 mungos80 напиша:

Слика од закопот на Марко Бошнаков на 14 февруари 1908 година

За прв пат се појавува оваа слика.


Имаш тука нешто заплеткано.

Пред гроба на солунскија атетатор Марко Бошнаков/?/ в Сахара ..../?/ на 14. II. 1907 г.

Од каде е сликата?

Кој ја надпишувал си пишувал со ....

Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 21:19
Каснаковски да ти кажам или не???

Што да ти кажам кога јас лажам,така да не.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
Каснакоски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Каснакоски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 21:28
Абе многу си докачлив како и модераторот. Кога сум ти кажал дека лажеш?

Знаеш дека од сите форумски членови, не само тука, а воопшто, најмногу тебе те ценам, оти даваш документи.
За да се знае кое како било, треба да ги знаеме сите детајли.
Кажии за снимката. Оти се гледа и нешто во правописот, кое е сумливо.

ПС - или сомнително???



Изменето од Каснакоски - 09.Ноември.2010 во 21:29
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2010 во 21:58
Originally posted by Каснакоски Каснакоски напиша:

Абе многу си докачлив како и модераторот. Кога сум ти кажал дека лажеш?

Знаеш дека од сите форумски членови, не само тука, а воопшто, најмногу тебе те ценам, оти даваш документи.
За да се знае кое како било, треба да ги знаеме сите детајли.
Кажии за снимката. Оти се гледа и нешто во правописот, кое е сумливо.

ПС - или сомнително???



Да не барам стари постови,а што се однесува до сликата се е оригинал,нема ништо сомнително,единствено можи да е грешка на авторот.А кој е автор е тоа нека е тајна за почеток.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
mungos80 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
АНАРХИСТ

Регистриран: 21.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mungos80 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2010 во 01:41
Гемиџијата Марко Бошнаков

Марко Бошнаков е роден во 1878 година во Охрид. Станува член на кругот на "Гемиџиите", додека учи во Солунската бугарска машка гимназија, и учествува во солунските атентати во 1903 година. Тој изнајмува дуќан спротив Отоманската банка, од каде е прокопан тунелот до основите на банката, која подоцна била разурната.Уапсен е и е предаден на специјален воен суд, заедно со Павел Шатев, Ѓорѓи Богданов и Милан Арсов. Првично се осудени на смрт, а потоа казната им е заменета со доживотен затвор.Марко Бошнаков умира на 14 февруари 1908 година во Мурзук, кој се наоѓа во либиската провинција Фезан.









Македонската јавност благодарение на познатиот историчар Никола Целаковски може подетално да се запознае со животот и делото на гемиџијата .Имено авторот во својата книга „Гемиџијата Марко Бошнаков„ преку фондот „Борис Бошнаков„ ни презентира 38 извештаи на А.Шопов тогашен бугарски трговски агент во кој детално се зборува за случувањата за време на солунските атентати ,потоа 8 писма и една фотографија.

Во еден од извештаите под број 312 од 22 април 1903 година меѓу другото се вели:

„...Еден млад човек по име Јордан,заседнал во едно италијанско семејство каде што често час се прикажувал за Србин час за Бугарин.тој игра важна улога во динамитските подготовки....Овие анархистички активности и динамитски акции се против интересите на македонската кауза.„



Веста за смрта на Марко Бошнаков е забелажана и во некрологот кој го издава „Охридското друштво за помош„,во кое се вели:

„На 14 фебруари т.г. во турските затвори во Триполи - Африка -,далеку од Татковината,роднините и пријателите ,склопил очи уште еден херој за македонската слобода,уште една скапа жртва од онаа редица борци,едни од кои ги оставија своите коски по македонските гори со пушка во раце,а други во влажните турски зандани по разни краишта на империјата„





Оваа фотографија е доста интересна затоа што освен што се јавува за прв пат таа има една информација која е различна од официјалната дата на смрта на Марко Бошнаков,имено авторот на сликата како дата заведува 14 фебруари 1907 година што остава простор за понатамошна анализа на историчарите.

Во 1994 година во негова чест во Охрид беше откриена спомен плочата во неговата родна куќа,но останува една дамка во грижата кон посмртниот остаток кој Павел Шатев го донесол како аманет на Бошнаков.



„Ако телото ми се тркала, немојте да дозволите тоа да се случи и со главата“.

Остатоците, т.е. главата на Марко Бошнаков била сместена во украсно дрвено ковчеже и била погребена на гробиштата во црквата ‘Св. Богородица Перивлепта‘. Но помеѓу двете светски војни, поради отстранување на влага во црквата, извршено е отстранување на земја од северната, од источната и од западната страна, при што било извршено и отстранување на гробовите што се наоѓале на овој простор. Посмртните остатоци од сите гробови, меѓу кои и остатоците од Марко Бошнаков, биле пренесени во црквата ‘Св. Константин и Елена‘, која потоа станала еден вид костурница. Во периодот околу 1960 година сите остатоци биле погребени во источното двориште на црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид. Од негрижа, оваа заедничка гробница нема обележје, како да не постои“.Во црквата денес нема никој, а таа стои заклучена. Се наоѓа на педесетина метри од црквата „Св. Богородица Перивлепта“, под патчето што води до училиштето „Св. Климент Охридски“. Во дворот на црквата, токму на нејзината источна страна, има една надгробна плоча на која некогаш било напишано име, ама сега не се распознава. Под нозете, во обраснатата со трева земја се наоѓаат коските на сите починати од гробиштата на „Св. Богородица“ чиј мир бил нарушен меѓу двете војни. Меѓу нив би требало да е и главата на Бошнаков.
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.