IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 22>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 14:17
EEG


Egzaktni egzemplar gluposti
navije sebe kao sat,drka kao da jebe...u sekunde
Izgled kao zid,pravolinijski savršen
proklet za ljubav,lep za suze i dobar za seks

Slažu se kao figure...ne tre*am ti reći
da se priča o muškosti,jeli?

Sve se u duljini meri
I muškost,i osmeh...čitav jebeni svet
Duša i ponos su nešto drugo,savijaju sebe u kockasti svet
oštri kao uglovi...tuge i boli

Savijena tela,igraju se ljušticama praznina
znaš da govorim o strasti,jeli?







“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 19:31

Горам како фитил без газија
црниот чад,од воздухот,прави лоши спомени
Ќе ме смениш...не знам
ќе ставиш некој нов отров...посакувам

Убавите сребрени оклопи без витези
натопени во плувачки од глупости немаат спомени
Сјајот останува за коњите
без зборови за љубените

Можам да мислам за себе сешто...


“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 20:42


Сите знаат што се
зошто тогаш се прашуваат што сме
Оти им треба себепокажување?
...оти не им е доста?

Импресии,печати и потписи
убаво наредени зборови кои не знаат за доста
Кога целиот свет тоне во ноќ
кога секогаш го сонуваш истиот сон

Знаеш што си оти знаеш да зборуваш
колку глупаво и во бестрага се понатака
Не знам дека знаеш колку сум уморен да те слушам
оти не знам дека знаеш колку ти се восхитувам









“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 22:40
Можам да мислам за тебе  сешто
и ти за мене по нешто....
знам за себе многу
ама исто така и толку незнам 
имам тајни кои само јас си ги знам
има и тајни кои и ти ми ги знаеш...
и за крај  
мој незнаен јунаку
има работи за кои не сме ни свесни
дека би можеле да ги направиме....!!!
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2014 во 13:29

„Две страни на лицето“

 

Таму некаде на црно-бел ѕид во темнината,

Постои портрет со две страни на лицето,

Едната блеска со магична светлина што шепоти,

Другата се излева во мракот молчеливо.

 

Таму некаде на црвено – бела постелнина,

Постои страст со две страни на лицето,

Едната мирно спие потоната во мека перница,

Другата воздивнува, гризе и бакнува без срам.

 

Тука некаде во тефтер со сино –бели корици,

Постои  приказна со две страни на едно лице,

Едната раскажува за талкач по темни сокаци,

Другата завршува наопаку со почеток наместо со крај.

 

Тука некаде на половина од патувањето,

Стојам и јас неуморно менувајќи четири годишни доба,

Барајќи трага, од дугата половина на моето лице

За да стане едно, еден ден, во овој живот кој е само еден..... 



Изменето од Blue Scarlet - 04.Април.2014 во 16:10
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2014 во 19:44

„Кругови“

 

Без срам,

Се будам разголена во дождливи утра,

Не скокам да се покријам, сокријам , да замижам,

Пред желбата да се покорам и потклекнам.

 

Без страв,

Се предавам на разгорена страст,

Не се плашам од темни сокаци, напуштени улици,

Огнот во мене продолжува да гори.

 

Без сон,

Ноќите поминуваат во благословена тишина,

Не барам тивки шепотења,гласни крици ,

И мислите се напишани немо, неизговорени.

 

Без срце,

Талкам наоколу со векови во концентрични кругови,

Помислив дека го најдов, потскокнав па застанав,

Не било моето, се препознав ... или можеби не?

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2014 во 15:51

„Нешто“

 

Се прашувам што да се прави,

Со желбата која ми ја гори утробата

А сепак ме остава со празни раце и нема уста,

Додека гледам како времето полека одминува.

Зарем твоето постоење е докажано

Без тело кое зрачи со топлина додека крвта врие,

Без да посегнеш по раката која одамна ја пружив

И останав таква пеплосана, во сив камен претворена.

Кој ми дава право да пишувам за туѓи чувства,

Иако во нив ги плетам и преплетувам своите,

Јас не знам кој си ти иако одамна те нареков свој,

Дури и кога ти се обраќам без знаеш зошто и кога.

Еднаш се стави себеси во навика, во обична играчка,

Поминаа денови, месеци, година-две не умире,

Постоише и утрово и ноќеска и вчера и денес,

И јас сум сеуште иста затоа што сум сеуште жива.

Подолжувам да молчам дури и кога зборувам гласно,

Мислите ми умираат пред да полетаат слободно,

Времето зема данок мерен во заборав на празна хартија,

Јас чувствувам дека имав нешто, сакав нешто , ЗНАМ.

Но како го нарекував?  Кој беше тој? Постои ли сеуште?

Е тоа веќе не го знам ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 13610
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2014 во 23:42
 

Ако требаше да бидам единствената
и ако повторно бев несудената
Врз кого ќе си ја истресеше милоста ?
Кога требаше да ме погледнеш 
немоќен да ме избегнеш
а не ни помислуваш да се изустиш
Како да ти возвратам, а да не се изнамачам ?

Сите редови ги изедначуваш
сите чекори ти се пелцовани
А јас ...јас само се проретчувам.....
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2014 во 20:01

„ Одговор “

 

Утрово посакав да пишувам на име без адреса,

На лик без лице како одговор на бледо писмо,

Седната да вжештен камен под уморно сонце

Да средам несредени мисли во една реченица или две.

 

Денеска посакав да кажам и јас едно лесно „збогум“

Стотина пати изговорено, три пати повеќе помислено,

За да си најдам уште еден нов изговор како одговор,

Зошто уште сум тука и зошто уште те чекам.

 

Вечерва пак ќе посакам да сакам како некогаш,

Две раце кои ќе се обиткаат околу мене држејќи ме цврсто

Дури и кога ќе го свртам грбот детски намуртено и луто,

Да знам дека ме сакаш како што умеам јас да сакам.

 

Денеска немам одговор на неодговорена порака,

Истипкана набрзина без можност за двоумење,

Имам одговор само на она помислено „збогум“

- Вечност – па колку и да е осамена и тешка ....  

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2014 во 21:01
Kome se predajes kada vodis ljubav sa mnom?
-Tebi voljeni
Kada dozivljavas najvece zadovoljstvo orgazma...i tad?
-Orgazmi nisu pricljivi, ko zna oce li ih neko precutati...
Volis me?
-Ne, nemogu unistiti nesto tako ljepo.Cini mi se da ces nestati istim trenom kada pozelim da budes moj
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2014 во 13:25

„Врисоци и Тишина“

 

Мило мое,

Не не убива времето кое одминува во тишина или врисоци,

Не убива мечтање по молозвучен шепот  во вид на воздишки,

Кога трепериш од студ а посакуваш да трепериш од допир,

Умира едено парче душа од изгладнетост.

 

Обвинувања нафрлани во купишта без датум и број,

Прекриени со прашина затоа што никој не сака да ги допре,

Нема отпечатоци, мои, твои , нечии, сечии, не битно

Ќе се сопнеш од нив кога поминуваш со крената глава.

 

Заталкавме тврдоглави држејќи го секој својот правец,

Без мапа и без држење за рака со затворени очи,

Моето утро започнува со твојата ноќ како за инает

Да не држи подалеку од допир кој ќе не разбуди и спои.

 

Нема  преведувач на едноставни зборови без моќ,

Кога нема поглед , израз и насмевка за објаснување,

Ќе прашаш пак: Зошто престанав да те барам?

Зошто е тишината виновна за нов врисок?

 

Мило мое,

Едноставните нешта бараат тела како помагала,

Без многу филозофии, без измислен свет,

Плитка и кратка, наречи ја, љубовна приказна

И врисоци од страст за долга и пријатна тишина.

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2015 во 22:36

“уште еден ден...убиен
по незнам кој пат силуван
од тела,од ракувања...од бакнувања
ќошот на таванот е омилено место за моите облечиња
блуден од погледи
пијан од мириси
ненаспан од воздишки
...убава е ноќта кога ти спиеш во неа„



Изменето од Joshua_Tree - 09.Април.2015 во 22:38
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2015 во 22:39
“...не е дека ги мразам луѓето или јас се правам богзнае што.Едноставно,ги „пијам на екс„ како добра чашка алкохол,па после тоа имам сериозен разговор со самиот себе од типот:
-Па добро бе,види го овој,што убаво си го наполнил животот до даска!
-Види се ти,не изгледаш на ништо,немаш ништо и не сакаш ништо!
-Оти така...можеби и сеуште не си го нашол смисолот на твоето постоење.
-Бла,бла,бла...полн си со глупости!
-Смисолот не доаѓа од небо,луѓето се раѓаат со него заедно во пакет.Некаде е малку скриен па ќе да е потребно време додека го најдат во себе.
Ај доста околу тоа...каде застанав
Мажјаците ми се интересни животинки со нивните филмови со супер-херои или супер-антихерои...или еј,да знаш само колку ме сакаат жените дерман немам од нив....има уште филмови,а?
-Има,има!
Жените...ах тие чудесни суштества,ми го вртат животот со брзина на светлината.Многупати се навраќам на нив и не верувам дека ќе недостасуваат...“

(извадок од она што го чкрткам па можеби и ќе личи на нешто на крајот)
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6471
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2015 во 22:10
„...и се е само одвратно голтање на времето сегашно,времето идно...понекогаш е толку убаво кога е празно.Во ноќите,во темниците,во креветот...со тебе кога спиеш,го исклучувам копчето за присуство во овој неодоливо досаден свет па за забава сум ти,тој...којзнае кој.Сто пати во еден ден умирам и уште толку повеќе сеуште сум жив.
-Знаеш ли да ми кажеш зошто,по ѓаволите,уште има такви кои веруваат дека имаат света мисија да живеат?
-Љубов,пари,убавини со илјада прашалници?
Се е дајми-нати...капи низ прсти како вода,пријателу...она што сме денес утре е само една голема лага.Нема остатоци,се оди во неповрат!Дури и сеќавањата на минатото ти изгледаат во перспектива наназад како парталче илјада пати испрано во детергент...“

Изменето од Joshua_Tree - 06.Мај.2015 во 22:16
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.