IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Општо > Животински и растителен свет
  Активни теми Активни теми RSS - Животни кои оставиле трага во историјата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Животни кои оставиле трага во историјата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 17:47

Многу малку се знаеше за влијанието на вселенските летови врз живите суштества.

Се мислело дека тие не можат да го преживеат лансирањето или условите во отворената Вселена. Затоа, советските инженери гледале на мисиите со кучиња како подготовка за мисиите со човечки екипаж.

Сите кучиња користени во советската вселенска програма биле ситни по раст, од недефинирана (мешана) раса, за кои се мислело дека побрзо можат да се приспособат на сурови услови и кои, секако, требало да бидат доволно мали за да се сместат во капсулата. Лајка имала две години и за летот била избрана само 9 дена пред лансирањето.

 

Лајка сместена во капсулата

Постојат повеќе приказни за тоа како и зошто баш Лајка била избрана за тој лет. Едни велат дека била избрана заради својот изглед - советскиот всленски пионер мора да биде фотогеничен!, додека други велат дека била избрана затоа што докторите се сожалиле на друго куче, избрано претходно за тој лет: бидејќи не можело да се дизајнира летало за враќање назад, летот значел сигурна смрт.
Сателитот што ја однесе Лајка во Вселената бил изграден за помалку од еден месец откако СССР го лансираше првиот вештачки сателит на Земјата, Спутник, на 4 октомври 1957 година.

 

Лајка при едно од лабораториските тестирања

При планираното лансирање се појавиле технички проблеми и во последен момент летот бил откажан, по што Лајка останала во капсулата цели три дена, а бидејќи било ладно, докторите ја загревале капсулата однадвор. Кога Лајка стигнала во орбита, докторите со олеснување заклучиле дека отчукувањата на срцето и крвниот притисок, кои при лансирањето се покачиле, се вратиле на нормала. Лајка се хранела со специјална храна сместена во контејнер. Според советските извештаи, таа била еутанизирана по една недела. Но, откако Советскиот Сојуз се распадна била откриена вистинската приказна: Лајка навистина требало да биде еутанизирана со инјекција, но таа умрела од прегревање на капсулата по само неколу часа во орбита.

Неколку други кучиња загинале во неуспешните летови претходно, додека во подоцнежните летови имало и доста успешни мисии со безбедни враќања на Земјата, како кучињата Белка и Стрелка во август 1960 година. По уште неколку летови со кучиња, СССР го испрати и првиот човек во вселената, Јуруј Гагарин, на 12 април 1961 година........да
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2010 во 17:51

  
Лајка

 

На 3-ти ноември 1957 година, со вселенскиот брод „Спутњик 2“, беше лансирано во вселената првото живо суштество од Земјата - кучето Лајка.

Покрај Лајка, во вселената и пред и после тоа биле лансирани различни животни, најчесто кучиња, за кои се определувале во СССР или мајмуни, во САД.

Прво животно кое се нашло во бестежинска состојба бил мајмунот Алберт, кој во 1948-ма година бил лансиран на висина од 63 километри со американска ракета.

Од советска страна, две кучиња биле лансирани во 1951-ва година, на висина од 100 километри.

Меѓутоа, Лајка е првото животно што кружело во вселенска капсула околу Земјата, на висина од 1.600 километри. Загинала во текот на летот.

Првото име на Лајка било Кадравка. Била мешанец, делумно фокс териер, кои се познати по тоа што многу лаат. За време на летот, од вселенскиот центар биле следени работата на нејзиното срце, притисокот и ритамот на дишење.

Уште не се знае како точно загинала Лајка. Според некои извори, прво се онесвестила поради недостаток од кислород, а според други, во последниот оброк што го јадела имало отров.

Во 2002-ра година, еден од учесниците во проектот изјавил дека Лајка умрела неколку часа по полетувањето поради здравствени тешкотии и страв од бучавата за време на лансирањето.

Кучките Стрелка и Белка во август 1960-та година станаа првите животни што орбитирале околу Земјата, а потоа живи и здрави се спуштиле назад.

Потоа, во март 1961-ва година, истото тоа го направила и Ѕвездочка, која летала заедно со дрвен модел на човек.

Првиот човек во вселената, Јуриј Гагарин, полетал три недели подоцна.

Американците во орбитата лансирале само едно животно. Тоа бил шимпанзото Енос, кој полетал во ноември 1961-ва година.

Целта на лансирањето била да се испита капсулата со која во февруари 1962-ра година во орбитата бил лансиран Џон Глен, првиот Американец во вселената...........................среќа

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2010 во 18:34
Flipper%20photo%20by%20Erik%20%20Muskushttp://usuarios.multimania.es/virpilopez/hpbimg/delfines%20para%20la%20wep%20de%20vir%207.jpg


Fliper  ....филмска звезда како главна улога во детска серија.....да


Изменето од bijonse1 - 19.Април.2010 во 18:42
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2010 во 18:40
мајмун <---------ovoj e najvazen

edinka koja svatila deka planetata moze da bide negova

a sega e koj prv kogo kje sjebe nie planetata ili planetata nas

za мајмун koj sakal i stanal Gospod edno аплауз


Изменето од anakin - 19.Април.2010 во 19:47
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
pagane Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 21.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 13044
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pagane Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2010 во 18:40
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2010 во 21:43

Букефал (Βουκέφαλος -Букефалос)

http://faq.macedonia.org/images/alexander.mosaic.small.jpghttp://1.bp.blogspot.com/_TmrcineXBAk/Sg8e0vvxoII/AAAAAAAAAAM/Zu4McTOWrAw/s320/aleksandar-bukefal.gif http://nikolicjelena.files.wordpress.com/2008/11/horse-110.jpg

бил најмилиот коњ на Александар Македонски. Името преведено значи "Воловска глава". Според легендата, можел да го јавне само Александар.

Букефал умрел за време на битката кај индиската река Хидасп, во 326 година п.н.е, на возраст од 30 години што е длабока старост за еден коњ дури и во денешно време. Александар, за спомен на него, на тоа место го основал градот Букефала(денес Џалалпур).

Според пишувањата на Плутарх....

Букефал е опишан како голем црн коњ со голема бела ѕвезда на неговото чело. Имал сини очи и неговата раса била една од најиздржливите. Според легендата, Александар во тоа време (10-то годишник) бил единствениот на кого Букефал му се покорил. Коњот прво бил понуден на Филип II Македонски од страна на Филониј, трговец на коњи, за цена од 13 таланти, што биле многу пари во тоа време. Бидејќи никој неможел да го скроти коњот Филип се откажал од купувањето. Но Александар се понудил сам да плати за коњот доколку успее да го скроти. Тој приметил дека Букефал се плаши од својата сенка, па го свртел кон сонцето за да неможе да ја гледа. Така коњот се смирил и Александар успеал да го јавне. Легендата зборува дека од тој момент Букефал и Александар биле неразделни и заедно учествувале во сите битки.......да



Изменето од bijonse1 - 19.Април.2010 во 21:44
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2010 во 19:21

Image

Нападите врз луѓето од страна на животните со фатален крај се толку ретки што филмот Ајкула (Jaws) просто изгледа како неправедно оцрнување на тие интересни рипки. Животните напаѓаат луѓе само ако се чувствуваат загрозени, или ако се навистина гладни, или ако човекот го задева животното со стап. Очигледно животните не се врткаат наоколу прикрадувајќи се и убивајќи луѓе  само поради некаква психопатска возбуда.

Барем не повеќето...Знаете, Ајкула е сниман според вистински настан. Тоа е еден од застрашувачките ретки случаи кога некое животно едноставно систематски убивало многу луѓе. Како што се следниве случаи...

#5.
Лавовите Човекојадци од Цаво (The Tsavo Man-Eaters)

Image

Време: 1898 година.

Место: долж 1.000 милји долгата железничка линија која се протегала преку британска источна Африка, наречена „Железничката линија Кенија – Уганда“ (Kenya-Uganda Railway). Бидејќи Британците биле премногу зафатени со пиење чај и решавање на прашања околу градењето на пругата, се ползувале од работната сила на илјадници Сики, од кои што многумина умреле градејќи ја.

Image

Приказната:

Едноставната причина за овие немили случувања била- лошата навика. Животните едноставно се навикнале на дневната порција од човечко месо, лесен плен за гологлавите лавови од Цаво. Така, еден пар мажјаци развиле афинитет кон луѓето, во прехрамбена смисла.

Image

Лавовите човекојадци од Цаво ги тероризирае работннците на железничката пруга Кенија-– Уганда цели девет ужасни месеци.

Како убивале:

Треба да ни биде јасно: овие бизарни лавови-скинхеди не убивале во самоодбрана, ниту штителе територија. Тие се прикрадувале во кампот за време на ноќта, упаѓале во работничките шатори и ги напаѓале  заспаните работници, кои врискајќи биле одвлекувани во ноќта. Вистински хорор!

Сите тие долги месеци за време на случувањата, работниците и нивните британски газди се обидувале на секој можен начин да ги сопрат лавовите: испраќале ловџиски потери (при што ловџиите или се враќале со празни раце или и самите биле масакрирани); граделе џиновски огради од трња; поставувале стапици, но ништо од тоа не вродило со плод. Лавовите биле вешти и во надминувањето на  пречките исто како што биле вешти и во убивањето – родени убијци. За време на тие крвави месеци лавовите убиле и изеле 135 работници.

Image

Како умреле лавовите:

После сите тие месеци на убивања,  прескокнување пречки,  огради и избегнувања на стапици како некакви ликови од хорор филм, лавовите човекојадци од Цаво најпосле биле сотрени. Како и во секој добар класичен хорор филм, тие не умреле лесно.

Човекот заслужен за нивната смрт, Џон Хенри Петерсон (John Henry Patterson) го застрелал едниот лав пет пати со пушка со калибар .303 за времето на цел еден ден во рамките на кој што тој бил гонет од лавот. За вториот пак му биле потребни осум к*ршуми (од кој што едниот директно в глава) за да го убие.

Image

Само да се потсетиме, тие 13 к*ршуми со кои што биле застрелани двата лава  биле испукани во самоодбрана. Не ги ловел тој лавовите, туку тие него. Е сега, или тој бил ужасно лош стрелец, или лавовите навистина му имале пик.

#4.
Инцидентот со кафеавата мечка во Санкебеци (The Sankebetsu brown bear incident)

Image

Време: Декември 9- 14, 1915

Место:

Санкебецу, Јапонија. И тоа не онаа Јапонија која што денес ја знаеме, со семожните видео игри и раздвижени мравјалници од вредни и работни луѓе. Во 1915. поголемиот дел на Јапонија го сочинувале мали и летаргични земјоделски заедници.

Image

Приказната:

Едно ноемвриско утро, една кафеава мечка Усури, тешка 360 килограми доскитала на поседот на семејството Икеда во селото Санкебацу Рокусен – сава. Мечката избегала по само неколку минути , но се вратила после неколку дена во соседната куќа и растргнала едно бебе пред да ја одвлечка негувателката на бебето во блиската шума каде што ја изела.

Image

Ловџиска потера тргнала во потрага по мечката во која што мечката била пронајдена и застрелана, но само ранета, по што таа успеала да избега. Следната ноќ мечката повторно се вратила во друга куќа и убила уште тројца. Овојпат, пеесет локални чувари успеале да дотрчаат во куќата за да се борат со мечката. Ако сте гледале хорор филм, имате представа како завршила таа битка.

Image

Мечката-убиец од Санкебацу успеала да избега уште еднаш и да се изгуби во ноќта,.

Начинот на кој што мечката убивала:

Ќе го кажеме следново за оваа мечка: таа не оставала недојаден оброк. Дури и остатоците ги складирала за подоцна. При враќање дома, безуспешната потера нашла остатоци од една од жртвите (глава и делови од нозе) закопани во снегот, за да останат свежи за подоцна.

Во текот на два дена мечката- катастрофа лишила од живот шестмина луѓе (меѓу коишто и една трудница). Дури и луѓето од локалната полиција биле толку преплашени што ги напуштале своите пунктови. Само ветераните од војната со Русија ја имале храброста да останат.

Image

Како умрела мечката:

Локалните власти наскоро сфатиле дека имаат само еден избор – да го повикаат Јамамото Хеикичи (Yamamoto Heikichi) експерт во лов на мечки со репутација на легенда. За несреќа, Јамамото ја трампал својата пушка за алкохол неколку дена порано. Тој ја одбил молбата со образложение дека тој повеќе би сакал да си го минува времето пиејќи.

На крај, селаните некако успеале да го убедат Јамамото да дојде и да ги спаси од напаста. Како помош му бил доделен и ескадрон од 60 обучени стрелци. Дури и со екипа од 60 луѓе елитни ловци во потера, биле потребни неколку дена за да се улови мечката и да се заврши со неа еднаш за секогаш. При аутопсијата извршена врз мечката биле пронајдени остатоци од жртвите во внатрешноста на ѕверот тежок 379 килограми

#3.
Слонот самотник од Абердер Форест(The Rogue Elephant of Aberdare Forest)

Image

Време: 40-те години од минатиот век.

Место:

Абердер Форест, Британска Иточна Африка (Aberdare Forest, British East Africa). Циркусот и Дизни ги претставуваат слоновите како нежни џинови, а всушност понекогаш нивното однесување личи на однесувањето на дрогиран и збунет адолесцент.

Приказната:

Насилниот африкански слон, познат како Слонот пакосник од Абердер Форест (Rogue Elephant of Aberdare Forest) го минувал своето време во повеќемесечно дивеење низ селата и фармите во областа. Слоновите самотници се далеку од тоа да бидат невообичаема појава, но овој сепак бил поголем дибек од останатите самотници.

Image

Слонот избегнал (или убил) неколку локални ловци во повеќе наврати и нападнал повеќе села чисто онака, колку нешто да се прави. Но тој никогаш не напаѓал едно исто село два пати, па така неговите движења биле непредвидливи и било невозможно да му се влезе во трага.

Локалните жители спаот го нашле во Џ.А. Хантер (J.A. Hunter.), голем ловец на своето време. Познат е како водич на повеќе сафари експедиции во рамките на кои биле убиени преку илјада носорози. Тие го замолиле да им помогне да го најдат и убијат слонот пакосник, и Хантер не можејќи да му одолее на таков предизвик, се согласил.

Image

Како убивал слонот:

Џ.А. Хантер ги документирал своите разговори со домородците за нападите на слоновите самотници. Тој запишал: „Двајца домородци се враќале дома една вечер, кога забележале голема црна маса која стоела неподвижно пред нив во сенките. Луѓето почнале да викаат за да го исплашат и избркаат животното. Одеднаш тоа излегло од сенката и ги збркало со огромна брзина...Човекот кого што слонот успеал да го фати, го згазнал со едната нога, а со сурлата го растргнал на парчиња. Потоа го втапкал трупот во земјата и си заминал.“

Смртта на слонот:

Слонот му бегал на Хантер два дена и намерно ја наведувал потерата на незгоден терен, присилувајќи ги да ползат низ трња и коприви.

Image

На крај, Џ.А. Хантер успеал да докаже дека тој е посупериорната убивачка машина. За време на аутопсијата врз слонот, тој нашол к*ршум забиен во центарот на нерви во на неговиот десен туск, што според Хантер било причината за насилното однесување на слонот. Со оглед на кариерата на Хантер, во која што тој испотепал едно чудо животни само за забава, човек да се праша, што ли па го мачело Хантер?

#2.
Вистинската АЈКУЛА.

Image

Време: 1916

Место: Брегот Џерси (The Jersey Shore).

Image

Приказната:

Нападите на ајкулата на брегот Џерси е првиот пример за „Ајкула манија“ во американската историја. Тие настани се предвесниците на настани како ужасното лето на ајкулата . Нападите се инспирација за познатиот роман на Питер Бенчли (Peter Benchley) Челуст (Jaws) кој што Стивен Спилберг го преточи во филмот кој што ние подобро го знаеме како Ајкула.

Од први до дванаесетти јули таа година, човекојадната ајкула го тероризирала крајбрежјето на Џерси. Чудовиштето нападнало петмина луѓе, убивајќи четворица од нив. Наскоро целата област ја опфатила паника и крајбрежјето претрпело загуба од 250 000 долари во екот на туристичката сезона, кое што во тоа време било голема сума на пари.

Image

Најпосле, локалните жители возвратиле. Се собрале стотици од нив опремени со мрежи, динамит и пушки, но кампањата била сто проценти неуспешна. Не успеале да убијат ниту една ајкула. Во меѓувреме, кротителот на лавови Мајкл Шлејзер (Michael Schleisser) на крајбрежјето на Менхетн успеал да улови голема бела ајкула со утроба полна со човечки остатоци. Ајкулата тежела 147 килограми и била долга 2,2 метри. Бидејќи веќе престанале нападите по 14. јули, луѓето сфатиле дека опасноста поминала.

Како убивала ајкулата:

Некои експерти биле на мислење дека ајкулата од Џерси не била од видот големи бели ајкули (Carcharodon carcharias). Местото на движење било некаректиристично за неа, и виновникот за барем неколку од нападите се сметало дека е некоја ајкула од видот на ајкулата бик (Carcharhinus leucas). Неодамна излегоа повеќе интересни детали за тие кобни случувања.

#1.
Крокодилот Густав (Gustave the Crocodile)

Image

Време: сегашно

Место: Бурунди, една од најнесреќните земји на најнесреќниот континент на планетата. Несреќните жители на оваа земја морале да преживеат безброј граѓански војни и два геноциди. Земја во која што немирите се дел од секојдневието. И згора на тоа, жителите на земјата биле следени и систематиски убивани од најголемиот сериски убиец на сите времиња.

Image

Приказната:

Густав се родил некаде пред 66 години, веројатно во близина на реката Нил во Бурунди. Повеќето крокодили од генерацијата на Густав се веќе уловени, но огромниот крокодил Густав некако успеал да ја избегне таа судбина.

Image

Крокодилите не престануваат да растат низ целиот свој живот; се додека редовно се снабдуваат со храна стануваат се поголеми и поголеми. Нормалниот нислки крокодил е долг околу 4 метри. За Густав се верува дека е долг повеќе од 6 метри и е со тежина околу 900 килограми. Локални власти тврдат дека убил триста луѓе досега.

Како убивал:

Обично крокодилите ловат големи животни како зебри и бафала, но Густав бил посветен на јадењето луѓе. Или уште попрецизно кажано, тој бил посветен на убивањето луѓе. Според очевидците Густав би се втурнал во група од повеќе луѓе, но ретко би изел еден цел човек, туку би гризнал еден и би продолжил понатаму. Изгледа како едноставно да уживал во самиот чин на убивање. Во Бурунди станала вообичаена слика да се наоѓаат недојадени остатоци од жртвите кои што Густав ги оставал зад себе.

Како умрел:

Не умрел. Се појавил повторно во 2008, и според известувањата се уште жив и здрав и расположен за убивање, и неговата листа на жртви се зголемува. Овој достоен потомок на диносаурусите како да е бесмртен. Се уште ја практикува неговата болна навика, и луѓето едноставно ништо не му можат.


Send%20to%20friend
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2010 во 18:18
Китит Кеико
Во еден норвешки фјорд почина славниот кит, кој играше главна ролја во хитот "Слободниот Вили". Кеико, како што е неговото уметничко име (крстен е во еден аквариум во Мексико), имал 27 години. Бил долг околу шест метри, а тежок шест тони. Просечен животен век на орките, родот на кој припаѓал овој кит, инаку е 35 години.

Во 1998 година Холивуд потроши 350 илјади фунти на рехабилитација на Кеико - беше оспособуван да живее во слобода и оставен на Гренланд. Но, тој набргу се пресели во фјордот Такнес, 870 милји подалеку од местото каде што бил оставен. Тајната е во големото присуство на луѓе во овој фјорд, на чие присуство навикнал. Норвежаните биле по традиција добри домаќини, а децата го сметале за општ миленик. Зоолозите подолго време ја лекувале неговата пневмонија со пеницилини, но немало успех - тие сметаат дека Кеико е навикнат на топлите мексикански води и дека студените брегови на Норвешка биле "погрешен дом" за него. Кеико е, всушност, жртва на навиката да не се дели од луѓето.

Овој кит сними три филма под името Вили и тие на продуцентите им донесоа профит од 19 милиони долари.

Кон врв
dejanpp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 893
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај dejanpp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2013 во 10:08
domasnite zivotni i tradicionalniot nacin na cuvajne domasni zivotni sozdal genetska forma vo karakterot na covekot.mnogu vreme covekot prezivuval od domasnite zivotni pa taka ziveejci so niv gi zasakal i od niv vosprimeal niza naviki i nacini na gledajne na svetot duri i mnogu mudrosti covekot gi naucil od domasnite zivotni.denes covekot e svesen za ovaa i zatoa ima doneseno strog zakon za cuvajne na domasni zivotni vo karantin.
   vo zaostanatite regioni kako makedonija dolgo vreme ova ke bide problem poradi niskiot standard na ziveejne kako vo ruralniot del taka i posiroko i ke stvara problemi vo odnosite pomejdzu lujdzeto i funkcionirajneto na drzavniot sistem.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2013 во 23:53
Рин Тин Тин, германски овчар кој за време на Првата Светска војна бил најден од некој војник Lee Duncan, кој го дресирал и му овозможил ангажман во немите филмови. Рин Тин Тин станал голема ѕвезда и настапил во 27 холивудски филмови, стекнувајќи светска слава. Во 1929 год. можел да освои најмногу гласови за првиот Оскар за најдобар глумец, меѓутоа Академијата на крај сепак заклучила дека таа награда треба да ја добие човечко суштество.



Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2014 во 20:13
Хачико-куче од расата Акита.Влегува во историјата
по својата огромна лојалност кон својот сопственик.Откако тој
ќе почине секој ден продолжува да го чека на железничката станица
цели десет години додека и тоа не почине.Изграден му е и споменик
на самата станица уште во 1935 година.Во 2009 година има и екранизација
на приказната...Го имав изгледано но деновиве најверојатно ќе си го репризирам...


Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2014 во 23:04
Ни на крај на памет не бев дека сопственикот на кучето бил Ричард Гир.
Инаку и Eight below е екранизација на вистинско случување кое колку што јас сум прочитала
баш и не било со хепи енд тага
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2014 во 23:27
Иако добро одглуме Ричард Гир,и како увек има среќа и за убава партнерка
можеше да го адаптираат повеќе на оргиналната приказна и Јапонија.
А и Eight below e добар,со Пол Волкер во главна улога.На
телевизија го имаше пред може и една година.Но не знаев дека е
вистинска приказна.
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21942
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2014 во 00:29
еве ја вистинската приказна
http://en.wikipedia.org/wiki/Antarctica_%281983_film%29

и филмот


Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.