IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски културни амбасадори
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски културни амбасадори

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонски културни амбасадори
    Испратена: 15.Јануари.2010 во 12:48
Бидејќи нема ваква тема во која на едно место ќе бидат ставени најзаслужните преставници на Македонската култура во светот од било која област,а отворам оваа со цел секој од нас да прочита и научи по нешто за луѓето кои имаат огромен придонес во преставувањето на нашата земја во светот.Повод за темава ми даде статијата од Идивиди за Благој Нацоски.


Премиерен настап на Благој Нацоски во Минхен

Моментно најангажираниот културен амбасадор на Македонија во светот, Благој Нацоски, Новата 2010 ја започна онака како што ја заврши претходната година. Со серија настапи и гостувања. Вечерва тој ќе дебитира во Баварската државна опера во Минхен каде ќе настапи во улогата на Ферандо во операта “Така прават сите“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Нашиот тенор е првиот Македонец кој настапува во најпрестижната оперска куќа во Германија.

За вешерашниот настап, тој вели:

- Во улогата на Ферандо се враќам по пауза од две години. Таа е моја омилена улога и навистина сум пресреќен што токму со неа ќе дебитирам во оваа престижна куќа. И покрај многубројните претстави на “Така прават сите” кои ги имам испеано, деновиве откривам многу нови нешта кои можам да ги додадам во интерпретацијата. На тој начин, Ферандо го чувствувам уште повеќе “мој“ и никако не ми досадува да го изведувам.

За Благој Нацоски настапот претставува петта продукција на операта “Така прават сите”. Претходно, со неа настапувал во оперските куќи во: Џенова, Клагенфурт, Цирих и Штутгарт..

По вечерашниот настап, тој ќе замине во САД. За првпат во својата кариера ќе настапи во Операта во Сиетл, во улогата на Фентон во операта “Фалстаф” од Џузепе Верди.



Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2010 во 19:44
Да не го заборавиме тука и Симон Трпчевски да

http://kajgana.com/files/imagecache/nodeImage/simon-trpcevski_2570_1260.jpg
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 01:10




ТОШЕ ПРОЕСКИ
(25 Јануари 1981-16 Октомври 2007)
Најголемиот амбасадор на Македонија
Македонскиот ангел,една од најголемите ѕвезди  на балканската музичка сцена каде беше доживуван како заштитен знак на Македонија.
Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Макфест во 1997 година.
Во текот на неговата кратка но ѕвездена кариера соработува со познати балкански и светски музички имиња.Џеф Бек,Григор Копров,Жељко Јоксимовиќ,Леонтина Вукмановиќ,Марина Туцаковиќ,Бора Ѓорѓевиќ,Миро Буљан,Антонија Шола,Тони Цетински,Ања Рупел,Phoebus...
Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на добрата воља на УНИЦЕФ
Момчето  со ангелски глас и најголемо срце...
Момчето кое во душата имаше љубов за сите....








Изменето од Andjelina - 16.Јануари.2010 во 01:10
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2010 во 10:53
 Фикс..баш убава тема  ...среќа

Macedonian baritone Boris Trajanov named UNESCO Artist for Peace

 
 
Добитник на наградата за животно дело, баритонот Борис Трајанов. Прилеп, неговиот роден град, е горд на него.
 
 
 

Амбасадорот на мирот на УНЕСКО студираше лирика со својот татко Гога Трајанов, Бисерка Цвеич (Белград) и Пиер Миранда Фераро (Милано). После неговото дебитирање на сцената во скопската Опера во 1986 до 1991, македонскиот баритон стана член на Држав ниот Театар во Карлсруе до септември 1996. Од 1996 тој е слободен уметник.

      Борис Трајанов е добитник на повеќе меѓународни награди за пеење. За време на неговата дваесетгодишна кариера тој настапувал во повеќе од 80 реномирани оперски куќи во Европа (Италија, Франција, Холандија, Германија, Австрија, Норвешка, Велика Британија и други), како и во САД, Бразил, Јужна Африка и Јужна Кореа. Тој настапувал во 45 главни улоги во повеќе од 700 оперски претстави.

      Во новиот милениум тој настапува во водечка улога во повеќе од 20 продукции во Италија:( Рим, Болоња, Палермо, Парма, Калгари, Пиза, Равена, Бари...), но исто така и во Германија (Хамбург, Франкфурт...), Австрија (Виена, Грац...), Монте Карло, Москва, Сеул/ Јужна Кореа, Операта во Израел, Марсеј и Пацифик Операта во САД.

      Во Февруари 2005 тој беше награден со УНЕСКО Уметник на мирот – титула за извонредната кариера како реномиран оперски пеач и за неговата хуманитарна големина. Тој беше учес ник на Гала Концертот 60 Години УНЕСКО во Париз, Франција на 16 ноември 2005, УНЕСКО Гала Вечера во декември 2007 во Париз и Њујорк................

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2010 во 11:00
 
 
 
 
 
 

Vlatko Stefanovski was born in 1957 in Prilep / Macedonia in a theatrical fam-ily. He started playing guitar at the age of 13. In his late teens he formed the group LEB I SOL which became one of the most important names in the mu-sic scene of former Yugoslavia. The band played a particular style of fusion music, a blend of Macedonian traditional irregular rhythms and contemporary rock. LEB I SOL released 14 albums and toured around the world....

Интересно е тоа што Влатко има неверојатна техника на гитара...и создава богат звук исполнет со имагинација...Контактирал со многу светски музички уметници ...како на пр. Allan Holdsworth i John McLaughlin..........

Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2011 во 23:19
ПЛЕВНЕШ, ГОРАН СТЕФАНОВСКИ,МИЛЧО...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2011 во 15:21


Покрај сите други спомнати е и нашиот познат гитарист Владимир Четкар, кој воодушевува низ светот со својата гитара.

THE MAGIC HILL OF LIHNID (OHRID) да

Исто и Гоце Смилевски, писателот кој е добитник на европска награда за својот последен роман.


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 14:52
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Гоце Смилевски, писателот кој е добитник на европска награда за својот последен роман.



Најголемиот светски издавач откупи македонски роман!

“Американскиот неделник "Паблишерс викли" во најновиот број пренесува дека најголемиот светски издавач "Пингвин" од Њујорк ќе го објави романот "Сестрата на Зигмунд Фројд" од Гоце Смилевски - ова е и првиот македонски роман откупен од оваа престижна издавачка куќа.“

Браво за Гоце! да
И да ги спомнеме тука неколкуте наши културни (почесни) амбасадори низ светот, кои работат на промоција на македонската култура - волонтерски и доброволно.

Македонските културни амбасадори



Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јануари.2011 во 14:53
Кирил Џајковски... 

Кочани оркестар...многу се популарни низ Европа...


Игор и Ана Дурловски....



Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2011 во 21:44
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 11:57


Струмичкиот поет Никола Маџиров да

Поезијата на Маџиров најчитана во САД

 

 

Поетската книга на Никола Маџиров „Остатоци од друг свет“ (Remnants of Another Age) објавена во САД од американската значајна издавачка куќа „БОА Едишнс“ се најде меѓу десетте најпродавани и најчитани поетски книги од европски автори на светскиот книжевен вебсајт „Амазон“, веднаш зад поетските книги на Рилке, Рембо, Маларме и Аполинер, а пред Песоа, Де Гонгора, Херман Хесе и други автори. „Амазон“ го претставува Никола Маџиров како еден од најмоќните поетски гласови на новата европска поезија. Книгата е објавена двојазично - на англиски и македонски јазик и вклучува рецензии од една од најзначајните живи американски поетеси Каролин Форше, како и на неколкукратниот и годинешен кандидат за Нобелова награда за литература Адам Загајевски и добитникот на Златниот венец на поезијата Томаж Шаламун. Преводот на англиски јазик го направија Пеги и Греам Рид, Магдалена Хорват и Адам Рид. Наскоро Никола Маџиров ќе замине на месечна поетска турнеја низ неколку значајни американски универзитети, вклучително и на Њујоршкиот Универзитет, како и на Џорџтаун Универзитетот во Вашингтон.

 

 


Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2011 во 10:08




 
  Дуке Бојаџиев големо%20гушкање

Македонскиот музичар со меѓународно реноме, Дуке Бојаџиев доби огромен аплауз и овации за оддржаниот концерт во Њујорк на една од најпрестижните светски сцени, Карнеги Хол, што се оддржа на 16. Април.

Минатата сабота се случи досега најамбициозното претставување на современата авторска и изворна македонска музика во “центарот на светот“. 

“Имавме магична вечер со преполна сала. Самата акустика, прекрасната публика и атмосферата сите не’ понесе на едно љубовно патување. Не можев да бидам поинспириран и посреќен од фактот дека свирам со најдрагите музичари со кои соработувам последниве 10 и повеќе години, музичари од секое ќоше на планетава и ги изведуваме моите најдраги и најинспирирани нумери во феноменалниот амбиент на Карнеги Хол“, рече Бојаџиев по завршување на концертот.


Дуке Бојаџиев заедно со пријателите го изведе својот проект “Love is the way“ и теми од филмот “Сенки“ на Милчо Манчевски, “Војната заврши“ на Митко Панов и “Созерцание“ на Иво Трајков.

На концертот му гостуваа врвни истакнатите музичари и соработници, Анџела Мекласки – вокал, нејзиниот сопруг Пол Кантелон – виолина, холивудскиот актер Иан Букенан – поезија, Ара Динкјиан – уд,  потоа нашиот кларинетист Васко Дуковски, пијанистката Јасна Поповиќ, Оливие Самуилан на виола, вокалистите Влада Томова и Крсте Роџевски, во придружба на  гудачкиот квартет “Атака“ и перкусионистите Матијас Кунзли и Мат Килмер.  

Меѓу публиката на распродадениот концерт имаше и многу македонци, но и пријатели и соработници на нашиот музичар, меѓу кои и холивудската ѕвезда Хедер Грахам. 

Проектот беше поддржан и од Министерството за култура на Македонија.


Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 09:54
Ферус Мустафов...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 02:38


Песната „По нас“ на Никола Маџиров беше прогласена за песна на денот во Америка од Академијата на американски поети
. ѕвезда


 
%20  

ТУРНЕЈА НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ НИЗ САД

На тој начин таа беше достапна до стотици илјади читатели во сите американски држави. Песната е преземена од книгата на Маџиров „Остаток од друг век“, која беше објавена во САД од реномираната издавачка куќа „БОА едишнс“ пред околу два месеци и која за краток период доживеа одлични реакции од читателите и од критиката.

Американскиот поет Роберт Пик пишува: „Песните на Маџиров ми го одземаат здивот - сензитивни, умни опсервации, секогаш со длабока потсвесност за егзистенцијалниот копнеж“. Маџиров ја претстави книгата во повеќе од десет универзитети низ САД, почнувајќи од универзитетот „Џорџтаун“ во Вашингтон, преку универзитетот „Њујорк“, универзитетот „Северен Тексас“ и универзитетот во Сан Диего. Во Њујорк, тој читаше заедно со поетесата и соработничка на Ален Гинзберг и Боб Дилан, Ен Валдман, а во другите градови со значајните имиња на американската современа поезија Чејз Твичел, Валжина Морт, Илја Камински и др. Најголемото читање се случи на универзитетот „Џонс Хопкинс“, на меморијалното поетско читање „Џошуа Рингл“ во Музејот на современа уметност во Балтимор, кое се одржува еднаш годишно. Маџиров во преполната сала читаше со една од најзначајните живи американски поетеси Каролин Форше.

Тој е прв странски поет во четиринаесетгодишната историја на овој поетски настан што влезе во кругот на Рингл-поети како Џон Ешбери, Били Колинс, Роберт Пински, Шерон Олдс и други американски автори.

Есенва, неговата поетска книга на германски јазик ќе се објави во една од најзначајните германски издавачки куќи „Ханзер Ферлаг“, како најмлад автор во поетската едиција „Лирик кабинет“ заедно со нобеловецот Дерек Волкот, кинескиот поет Беи Дао, Швеѓанецот Ларс Густафсон, како и американските поети Џон Ешбери и Чарлс Симик.


Еве ја и песната:

По нас


Еден ден некој ќе ги здипли нашите ќебиња

и ќе ги прати на хемиско чистење

од нив да го истрие последното зрнце сол,

ќе ги отвори нашите писма и ќе ги реди по датуми

наместо по исчитаност.

 

Еден ден некој ќе го размести мебелот во собата

како шаховски фигури на почеток од нова игра,

ќе ја отвори старата кутија за чевли

во која ги чуваме паднатите копчиња од пижамите,

недотрошените батерии и гладта.

 

Еден ден ќе ни се врати болката во 'рбетот

од тежината на хотелските клучеви и

сомнежот со кој рецепционерот ни го подава

далечинскиот управувач.

 

Туѓите сожалувања ќе тргнат по нас

како месечина по заталкано дете.

 




Изменето од Анастеа - 24.Април.2011 во 02:38
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.